предмет Archives - Република https://republika.mk/tema/predmet/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 18:18:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предмет Archives - Република https://republika.mk/tema/predmet/ 32 32 Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/antikoruptsiska-ke-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-mkts/ Mon, 04 Mar 2024 17:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=751223

30 хонорарци од МКЦ се само дел од оние кои ќе чекаат да се избере претседател и пратеници во Собранието за да продолжат со работа. Кафулето не е единственото што нема да работи. Без предавачи останува и Планетариумот како и продавницата „Апотека“.

Во изјава за МТВ од Антикорупциска, од каде беа лиферувани препораките по кои треба да се водат јавните институции, а на кои се повикува директорот во врска со последните случувања во оваа јавна институција, посочија дека ќе отворат предмет по допрен глас.

Хонорарците ќе треба да ја почекаат одлуката на Комисијата. Во Изборниот законик одредбите се однесуваат за нови вработувања, отпуштања, почнување нови проекти и друго во предизборниот период, и ќе важи во следните 2,5 месеци за институциите.

https://republika.mk/vesti/kultura/so-odluka-na-direktorot-beni-shakiri-od-mkts-otpushteni-30-honorartsi-zatvoreno-e-kafuleto-otkazhani-se-site-nastani-do-kraj-na-izborite/

 

The post Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ appeared first on Република.

]]>

30 хонорарци од МКЦ се само дел од оние кои ќе чекаат да се избере претседател и пратеници во Собранието за да продолжат со работа. Кафулето не е единственото што нема да работи. Без предавачи останува и Планетариумот како и продавницата „Апотека“. Во изјава за МТВ од Антикорупциска, од каде беа лиферувани препораките по кои треба да се водат јавните институции, а на кои се повикува директорот во врска со последните случувања во оваа јавна институција, посочија дека ќе отворат предмет по допрен глас. Хонорарците ќе треба да ја почекаат одлуката на Комисијата. Во Изборниот законик одредбите се однесуваат за нови вработувања, отпуштања, почнување нови проекти и друго во предизборниот период, и ќе важи во следните 2,5 месеци за институциите. https://republika.mk/vesti/kultura/so-odluka-na-direktorot-beni-shakiri-od-mkts-otpushteni-30-honorartsi-zatvoreno-e-kafuleto-otkazhani-se-site-nastani-do-kraj-na-izborite/  

The post Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ appeared first on Република.

]]>
ОЈО Кавадарци отвори истрага против албански државјанин за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-kavadartsi-otvori-istraga-protiv-albanski-drzhavjanin-za-teshka-soobrakajna-nesreka-kaj-drenovo/ Sun, 01 Oct 2023 09:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=686760

Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого, како што појаснуваат од Обвинителството, „постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик“.

На регионалниот пат Р1103 Кавадарци - мотел Дреново, на 29 септември, осомничениот под дејство на алкохол во крвта, управувал со товарно возило „Форд транзит“ во сопственост на кавадаречка фирма. Кога пристигнал кај местото викано „Лазово мовче“, пред него се движела работна машина – трактор со приколка. На место забрането за престигнување, обележано со полна линија, во близина на кривина во лево, осомничениот започнал да го престигнува тракторот и тоа без да ја прилагоди брзината на возилото. Со предниот дел од камионот, при престигнување удрил во задниот дел на приколката, се вели во соопштението од Обвинителството.

Тракторот излетал од коловозот во лево, а камионот се извртил странично на спротивната сообраќајна лента, удирајќи во автомобил „Мини купер“ со прилепски регистарски ознаки кој доаѓал од спротивен правец.

Во несреќата, како што појаснуваат од Обвинителството, возачот на тракторот се здобил со тешка телесна повреда, со телесни повреди се здобил и возачот на прилепскиот автомобил, а шоферот на камионот го напуштил местото на настанот.

- Бидејќи постои опасност од бегство, по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице, соопштија од Обвинителството.

The post ОЈО Кавадарци отвори истрага против албански државјанин за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого, како што појаснуваат од Обвинителството, „постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик“. На регионалниот пат Р1103 Кавадарци - мотел Дреново, на 29 септември, осомничениот под дејство на алкохол во крвта, управувал со товарно возило „Форд транзит“ во сопственост на кавадаречка фирма. Кога пристигнал кај местото викано „Лазово мовче“, пред него се движела работна машина – трактор со приколка. На место забрането за престигнување, обележано со полна линија, во близина на кривина во лево, осомничениот започнал да го престигнува тракторот и тоа без да ја прилагоди брзината на возилото. Со предниот дел од камионот, при престигнување удрил во задниот дел на приколката, се вели во соопштението од Обвинителството. Тракторот излетал од коловозот во лево, а камионот се извртил странично на спротивната сообраќајна лента, удирајќи во автомобил „Мини купер“ со прилепски регистарски ознаки кој доаѓал од спротивен правец. Во несреќата, како што појаснуваат од Обвинителството, возачот на тракторот се здобил со тешка телесна повреда, со телесни повреди се здобил и возачот на прилепскиот автомобил, а шоферот на камионот го напуштил местото на настанот. - Бидејќи постои опасност од бегство, по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице, соопштија од Обвинителството.

The post ОЈО Кавадарци отвори истрага против албански државјанин за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори предмет: Ќе се испитува како се избрани фирмите за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-otvori-predmet-ke-se-ispituva-kako-se-izbrani-firmite-za-nadzor-na-izgradbata-na-koridorite-8-i-10/ Tue, 28 Mar 2023 13:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=624711

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет до допрен глас за обвинувањата за несоодветен избор на компанија што ќе врши надзор над изградбата на коридорите 8 и 10 и не ја исклучува можноста да направи предистрага. Откога пред две недели посочија дека ги следат информациите, денеска објавија дека предметот е распределен кај обвинител.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите во медиумите поврзани со изградбата на автопатите, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејства и ќе изврши проверки по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

За вршење надзор над изградбата на коридорите 8 и 10, Владата се обврза да му плати 22,3 милиона евра на конзорциумот предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“ со објаснување дека надзорот ќе го вршат меѓународни експерти. Иако италијанската компанија е носител на конзорциумот, повеќето од предвидените 22,3 милиона евра ќе бидат за домашните компании „Електра солушн“ и „Евроконсалтинг“ оти е предвидено тие да завршат најголем дел од работите. „Електра солушн“ е компанија што произведувала долна облека, кусо време се занимавала со услуги поврзани со информатичка технологија и компјутери, а од лани како дејност пријавила други градежно-инсталатерски работи и никогаш досега не вршела надзор. Лиценцата за вршење надзор ја извадиле по распишување на огласот за коридорите во рекордно кус рок.

За другата домашна компанија, пак, „Евроконсалтинг“, опозицијата и некои од медиумите алармираа дека е сопственост на лице со криминално досие, Бранислав Димитриевиќ, уапсен во Хрватска во април 2021 година, врз основа на потерница од Интерпол. Неговиот син, Зоран Димитриевиќ, раководител во компанијата од 2021 година, го има и компанијата „Ептиса“ како лидер на тимот на француско-шпанскиот конзорциум, која исто така е дел компаниите што ќе вршат надзор за коридорите.

Владата минатата недела на 8 март го потпиша договорот и покрај предупредувањата во медиумите и острите критики од опозицијата. Првиот вицепремиер, Артан Груби, кој е дел од владиниот тим за коридорите, по потпишувањето на договорот, замоли да не се лепат етикети на избраните компании и повика секој што има какви било информации и сомневања, да ги достави до Јавното обвинителство.

Спорните компании ќе вршат надзор над работата на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој за 1,3 милијарда евра треба да изгради четири автопатски делници од коридорите 8 и 10.

 

The post ОЈО отвори предмет: Ќе се испитува како се избрани фирмите за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет до допрен глас за обвинувањата за несоодветен избор на компанија што ќе врши надзор над изградбата на коридорите 8 и 10 и не ја исклучува можноста да направи предистрага. Откога пред две недели посочија дека ги следат информациите, денеска објавија дека предметот е распределен кај обвинител.
„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите во медиумите поврзани со изградбата на автопатите, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејства и ќе изврши проверки по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
За вршење надзор над изградбата на коридорите 8 и 10, Владата се обврза да му плати 22,3 милиона евра на конзорциумот предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“ со објаснување дека надзорот ќе го вршат меѓународни експерти. Иако италијанската компанија е носител на конзорциумот, повеќето од предвидените 22,3 милиона евра ќе бидат за домашните компании „Електра солушн“ и „Евроконсалтинг“ оти е предвидено тие да завршат најголем дел од работите. „Електра солушн“ е компанија што произведувала долна облека, кусо време се занимавала со услуги поврзани со информатичка технологија и компјутери, а од лани како дејност пријавила други градежно-инсталатерски работи и никогаш досега не вршела надзор. Лиценцата за вршење надзор ја извадиле по распишување на огласот за коридорите во рекордно кус рок. За другата домашна компанија, пак, „Евроконсалтинг“, опозицијата и некои од медиумите алармираа дека е сопственост на лице со криминално досие, Бранислав Димитриевиќ, уапсен во Хрватска во април 2021 година, врз основа на потерница од Интерпол. Неговиот син, Зоран Димитриевиќ, раководител во компанијата од 2021 година, го има и компанијата „Ептиса“ како лидер на тимот на француско-шпанскиот конзорциум, која исто така е дел компаниите што ќе вршат надзор за коридорите. Владата минатата недела на 8 март го потпиша договорот и покрај предупредувањата во медиумите и острите критики од опозицијата. Првиот вицепремиер, Артан Груби, кој е дел од владиниот тим за коридорите, по потпишувањето на договорот, замоли да не се лепат етикети на избраните компании и повика секој што има какви било информации и сомневања, да ги достави до Јавното обвинителство. Спорните компании ќе вршат надзор над работата на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој за 1,3 милијарда евра треба да изгради четири автопатски делници од коридорите 8 и 10.  

The post ОЈО отвори предмет: Ќе се испитува како се избрани фирмите за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>
ДКСК отвори предмет за Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-otvori-predmet-za-grubi/ Mon, 27 Feb 2023 12:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=613732

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста, посочија од ДКСК на редовната седница.

Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во врска и со последниот случај за злоупотреба на службени возила од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“.

Од ДКСК и порачаа на Владата дека има етички кодекс по којшто може да постапува.

Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување, велат од ДКСК.

Тие додаваат дека власта може и да не одговори на препораките на ДКСК, но сето ова влегува во извештаите на Европската комисија, особено во овој период, кога се одвива скринингот.

The post ДКСК отвори предмет за Груби appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство. Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста, посочија од ДКСК на редовната седница. Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во врска и со последниот случај за злоупотреба на службени возила од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“. Од ДКСК и порачаа на Владата дека има етички кодекс по којшто може да постапува. Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување, велат од ДКСК. Тие додаваат дека власта може и да не одговори на препораките на ДКСК, но сето ова влегува во извештаите на Европската комисија, особено во овој период, кога се одвива скринингот.

The post ДКСК отвори предмет за Груби appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-otvori-predmet-za-eksperimentalnoto-lekuvanje-vo-zan-mitrev-od-klinikata-velat-deka-stanuva-zbor-za-nevistiniti-kvalifikacii/ Mon, 18 Jul 2022 13:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=530684

Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ од Скопје, по синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Од клиниката „Жан Митрев“ реагираат дека станува збор за невистинити квалификации кои се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите. Тие велат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.

Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се вели во кусото соопштение од ОЈО Скопје.

Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија. Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.

Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на клиничката болница 'Жан Митрев', каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев“, велат тие.

Според нив, болницата успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во неколку случаи.

Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот Ковид-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи, велат од Клиниката Жан Митрев.

The post ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации appeared first on Република.

]]>

Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ од Скопје, по синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Од клиниката „Жан Митрев“ реагираат дека станува збор за невистинити квалификации кои се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите. Тие велат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.
Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се вели во кусото соопштение од ОЈО Скопје.
Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија. Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.
Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на клиничката болница 'Жан Митрев', каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев“, велат тие.
Според нив, болницата успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во неколку случаи.
Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот Ковид-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи, велат од Клиниката Жан Митрев.

The post ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации appeared first on Република.

]]>