предлози Archives - Република https://republika.mk/tema/predlozi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 20:05:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предлози Archives - Република https://republika.mk/tema/predlozi/ 32 32 Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата за измени на Законот за медиуми https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenieto-onlajnmedia-gi-poddrzhuva-predlozite-na-vladata-za-izmeni-na-zakonot-za-mediumi/ Tue, 12 Nov 2024 20:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=836949

На годишното Собрание членовите на здружението Онлајнмедиа.мк ги прифатија предложените измени во Законот за медиуми кои Министерството за дигитална трансформација ги објави на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи на Македонија).

Измените и дополнувањата на Законот за медиуми се во насока на усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и внесување на онлајн медиумите (интернет порталите) во законот.

„После повеќегодишни напори на поголем дел од професионалните онлајнмедиуми, преку нашето здружение успеавме да дојдеме до посакуваното законско решение за дефинирање и на онлајн медиумите-интернет порталите како медиуми, како што е тоа веќе дефинирано во законот за телевизиите, за дневните весници, за радио станиците… Нашите предлози станаа дел од овие измени и дополнувања, во согласност со европското законодавство. Според сите наши контакти со пратеничките групи во Собранието, очекуваме усвојување на овие измени“, информираат од здружението.

Еве ги предложените и прифатени измени: Во член 1 од Законот за медиуми, во член 2, став 1 во точката 1 после зборот „телевизијата,“ и пред зборот „телетекст“ се додаваат зборовите „онлајн медиуми – интернет портали“:

Точката 3 се менува и гласи: Издавач на медиум е правно лице кое врши дејност на издавање на печатен медиум, емитување на радио и телевизиски програми (радиодифузери) или публикување информативни содржини преку онлајн медиуми – интернет портали, како и физичко или правно лице кое врши агрерирање вести на посебни интернет страници или мониторирање на медиумите на начин што остварува приходи од давање на овие онлајн услуги.

Во член 5 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи: Правно или физичко лице може во Република Македонија да врши дејност на публикување информативни содржини во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат преку онлајн медиум – интернет портал, доколку дејноста ја впише во Централниот регистар на Република Македонија, има седиште и уредништво во Република Македонија, има најмалку две (2) лица во редовен работен однос и поседува мк-домејн.

По ставот (5), кој станува став (6), се додава нов став (7), кој гласи: Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали содржи податоци за фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; име и презиме на одговорното лице на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; името на онлајн медиумот – интернет порталот; податоци за сопственикот на мк-домејнот.“

Во член 6 се додава нов став (3) кој гласи: Издавач на онлајн медиум – интернет портал е должен да преземе соодветни мерки со помош на технички средства или со адекватна заштита за ограничување, да оневозможи пристап на малолетните лица до електронски публикации со порнографска содржина, како и текстуална, вербална или визуелна содржина со која се глорифицираат физички, вербални или психолошки облици на садизам и слични видови насилство.

Во член 14 во ставот (1) зборовите во заградата „на пример примерок од печатен медиум и телевизиска емисија“ се заменуваат со зборовите „на пример примерок од печатен медиум, телевизиска емисија и во делот за импресум на онлајн медиумот – интернет порталот“.

The post Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата за измени на Законот за медиуми appeared first on Република.

]]>

Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии… https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-minister-za-vnatreshni-raboti-mutsunski-za-nadvoreshni-dimitrieska-kochoska-za-finansii/ Sun, 16 Jun 2024 19:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=788260

Досегашиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии  потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на владата ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече, привршуваат преговорите со коалициските партнери за другите ешалони.

Во ресоротот одбрана Мицкоски за министер го предлага Владо Мисјаловски,  пратеник и поранешен министер за транспорт, за вицепремиер и министер за транспорт  партискиот потпретседател Александар Николовски, за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски, а Златко Пирински министер за локална самоуправа.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство,  професорката Весна Јаевска во образование и наука, во култура и туризам актерот Зоран Љутков, за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Предлог за вицепремиер за политички систем  е Љупчо Димовски, лидерот на коалицискиот партнер на Социјалистичка партија, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите за односи со заедниците , Шабан Салаиу за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

-Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден бидејќи состојбите се очајни, рече Мицкоски, истакнувајќи дека при изборот на кадровскиот потенцијал се водел од принципите за чесност и посветеност кои целосно ќе се вложат во реализација на зацртаните цели.

Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија. Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

The post Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии… appeared first on Република.

]]>

Досегашиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии  потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на владата ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече, привршуваат преговорите со коалициските партнери за другите ешалони. Во ресоротот одбрана Мицкоски за министер го предлага Владо Мисјаловски,  пратеник и поранешен министер за транспорт, за вицепремиер и министер за транспорт  партискиот потпретседател Александар Николовски, за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски, а Златко Пирински министер за локална самоуправа. Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство,  професорката Весна Јаевска во образование и наука, во култура и туризам актерот Зоран Љутков, за спорт ракометарот Борко Ристовски. Предлог за вицепремиер за политички систем  е Љупчо Димовски, лидерот на коалицискиот партнер на Социјалистичка партија, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите за односи со заедниците , Шабан Салаиу за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. -Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден бидејќи состојбите се очајни, рече Мицкоски, истакнувајќи дека при изборот на кадровскиот потенцијал се водел од принципите за чесност и посветеност кои целосно ќе се вложат во реализација на зацртаните цели. Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија. Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

The post Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии… appeared first on Република.

]]>