предложен нацрт-закон за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/predlozhen-natsrt-zakon-za-kultura/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Jan 2023 09:41:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предложен нацрт-закон за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/predlozhen-natsrt-zakon-za-kultura/ 32 32 Предложениот нацрт-закон за култура е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, реагираат од СКРМ https://republika.mk/vesti/kultura/predlozheniot-natsrt-zakon-za-kultura-e-svoeviden-presedan-svojstven-za-diktaturi-kvazidemokratii-i-hibridni-drzhavi-reagiraat-od-skrm/ Mon, 09 Jan 2023 09:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=594834

Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираат од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата.

Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само загарантирани со Уставот, туку и темелните вредности на ЕУ, кон кои Македонија како држава постојано декларира дека се стреми.

Објавен тивко-тивко на ЕНЕР на 29 декември 2022 година пред новогодишните празници, како честитка на сите вработени во јавниот сектор, со овој предлог-закон јасно е утврдено кој го има главниот збор во државата во однос на платите на вработените во јавниот сектор, а тоа е Министерството за финансии како capo di tutti capi, пишува во фејсбук статусот на СКРМ.

- Според член 20 став 3, Министерството за финансии е органот кој ќе ги предлага коефициентите. Ќе ги предлага врз основ на стратешки утврдени приоритети за секоја година, а приоритетите ќе ги прави Владата, на предлог на Министерството за финансии. Еден затворен, магичен круг. Висината на бодот ќе ја одредува собранието, со што државата се поставува како уберкапиталист со максимална моќ над вработените. Со ова е сузбиено уставното право дека сите имаме право на соодветна заработувачка;

- Државата ќе има право и да ви ги намали платите, а тоа да биде законски, бидејќи таа ги креира коефициентите и вредноста на коефициентите;

- Според член 20 став 4, во услови на криза војна или вонредна состојба, државата ќе може да ви ги намали платите колку сака и како сака и тоа да биде законски - да ви ги укине уставните права и да не одговара за тоа;

- Улогата на синдикатите е минимализирана и сведена на еден претставник од можни пет, кој ќе може да учествува во некаква формирана комисија на платните потсистеми за анализа и класификација на работните места. Кој ќе одредува кој претставник од кој синдикат да биде во таа комисија? Погодувате - повторно Министерството за финансии;

Како Синдикат на културата и потписници на еден од најдобрите и проевропски колективен договор во државата, со истатата Влада од која доаѓа и нашата драга министерка за култура, со вчудоневидување дознавме дека:

- Со член 41 се замрзнува растот на платите поврзани со вредноста на минималната плата во државата; според член 26 став 5 државата може да ги прогласи за ништовни некомпатибилните Колективни договори. Па, се надеваме дека конечно нашата министерка за култура ќе биде задоволна и среќна, бидејќи КД за култура со закон ќе биде укинат, а постои можност и да се намалат „енормните" плати во културата, па таа веќе нема да се чувствува непријатно на седниците на влада пред своите колеги-министри и повеќе колегите нема да ѝ префрлаат дека нејзиниот сектор има „енормно големи плати".

Секако, со предвидените зголемувања на платите во министерствата за 30% искрено се надеваме дека нејзината плата како министер конечно ќе биде поголема од платата на првенецот.

Сега и државата конечно може да здивне, нема да мора да се мачи да бара дупки и начини како да го заобиколи КД за култура, да нѐ убедува на наратив за штедење, криза, солидарност, одложување (додека од друга страна троши непродуктивно, но што знаеме ние со "енормните" плати од културата)... Едноставно, со овој закон повеќе нема да го спроведува КД според кој сите синдикати во државава се стремат да ги уредат своите и тоа ќе биде според закон. Можеби и ќе си донесе свој КД, по нејзин вкус.

Вработените во институциите од културата по 30 мизерни и бедни години и конечно по 2 години на релативна стабилност, се навредени од ваквиот деспотски однос, се чуствуваат предадени и изиграни и најавуваат дека ќе ги искористат сите механизми за одбрана на својот КД, своите уставно загарантирани права и вистински ќе застанат зад европските вредности, зад кои оваа држава очигледно само декларативно е заложена, велат од СКРМ.

Според СКРМ, наместо во ЕУ, се враќаме во робовладетелство, каде што ќе треба да работиме под услови што ќе ги одреди камшикот. Затоа во државата фалат доктори, професори, инженери...

Затоа што 30 години партиите им ги одредуваат условите за работа. Затоа нема кој да напише учебник, кој да се грижи за децата, за животната средина, за енергијата... Ако државата сака во ЕУ, ќе ѝ требаат професионалци во секоја област. Тие треба да бидат почитувани и соодветно платени. Работењето под наметнати услови не е европска вредност. Принципот 'земи или остави' ни избрка илјадници квалитетни луѓе, овозможи речиси целосна партизација на јавниот сектор, додека граѓаните 30 години плаќаат за систем составен од професионалци, кои ќе им дадат професионална услуга. Илјадници наши професионалци сега работат во Европа, а овде на децата нема кој да им каже каде е запад, кое е знамето на Австрија, Словенија, Франција.
Ги повикуваме сите синдикати да застанат цврсто против овој штетен Закон и заедно да го одбраниме синдикализмот во оваа држава, велат од СКРМ.

The post Предложениот нацрт-закон за култура е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, реагираат од СКРМ appeared first on Република.

]]>

Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираат од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата. Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само загарантирани со Уставот, туку и темелните вредности на ЕУ, кон кои Македонија како држава постојано декларира дека се стреми.
Објавен тивко-тивко на ЕНЕР на 29 декември 2022 година пред новогодишните празници, како честитка на сите вработени во јавниот сектор, со овој предлог-закон јасно е утврдено кој го има главниот збор во државата во однос на платите на вработените во јавниот сектор, а тоа е Министерството за финансии како capo di tutti capi, пишува во фејсбук статусот на СКРМ.
- Според член 20 став 3, Министерството за финансии е органот кој ќе ги предлага коефициентите. Ќе ги предлага врз основ на стратешки утврдени приоритети за секоја година, а приоритетите ќе ги прави Владата, на предлог на Министерството за финансии. Еден затворен, магичен круг. Висината на бодот ќе ја одредува собранието, со што државата се поставува како уберкапиталист со максимална моќ над вработените. Со ова е сузбиено уставното право дека сите имаме право на соодветна заработувачка; - Државата ќе има право и да ви ги намали платите, а тоа да биде законски, бидејќи таа ги креира коефициентите и вредноста на коефициентите; - Според член 20 став 4, во услови на криза војна или вонредна состојба, државата ќе може да ви ги намали платите колку сака и како сака и тоа да биде законски - да ви ги укине уставните права и да не одговара за тоа; - Улогата на синдикатите е минимализирана и сведена на еден претставник од можни пет, кој ќе може да учествува во некаква формирана комисија на платните потсистеми за анализа и класификација на работните места. Кој ќе одредува кој претставник од кој синдикат да биде во таа комисија? Погодувате - повторно Министерството за финансии; Како Синдикат на културата и потписници на еден од најдобрите и проевропски колективен договор во државата, со истатата Влада од која доаѓа и нашата драга министерка за култура, со вчудоневидување дознавме дека: - Со член 41 се замрзнува растот на платите поврзани со вредноста на минималната плата во државата; според член 26 став 5 државата може да ги прогласи за ништовни некомпатибилните Колективни договори. Па, се надеваме дека конечно нашата министерка за култура ќе биде задоволна и среќна, бидејќи КД за култура со закон ќе биде укинат, а постои можност и да се намалат „енормните" плати во културата, па таа веќе нема да се чувствува непријатно на седниците на влада пред своите колеги-министри и повеќе колегите нема да ѝ префрлаат дека нејзиниот сектор има „енормно големи плати". Секако, со предвидените зголемувања на платите во министерствата за 30% искрено се надеваме дека нејзината плата како министер конечно ќе биде поголема од платата на првенецот.
Сега и државата конечно може да здивне, нема да мора да се мачи да бара дупки и начини како да го заобиколи КД за култура, да нѐ убедува на наратив за штедење, криза, солидарност, одложување (додека од друга страна троши непродуктивно, но што знаеме ние со "енормните" плати од културата)... Едноставно, со овој закон повеќе нема да го спроведува КД според кој сите синдикати во државава се стремат да ги уредат своите и тоа ќе биде според закон. Можеби и ќе си донесе свој КД, по нејзин вкус. Вработените во институциите од културата по 30 мизерни и бедни години и конечно по 2 години на релативна стабилност, се навредени од ваквиот деспотски однос, се чуствуваат предадени и изиграни и најавуваат дека ќе ги искористат сите механизми за одбрана на својот КД, своите уставно загарантирани права и вистински ќе застанат зад европските вредности, зад кои оваа држава очигледно само декларативно е заложена, велат од СКРМ. Според СКРМ, наместо во ЕУ, се враќаме во робовладетелство, каде што ќе треба да работиме под услови што ќе ги одреди камшикот. Затоа во државата фалат доктори, професори, инженери... Затоа што 30 години партиите им ги одредуваат условите за работа. Затоа нема кој да напише учебник, кој да се грижи за децата, за животната средина, за енергијата... Ако државата сака во ЕУ, ќе ѝ требаат професионалци во секоја област. Тие треба да бидат почитувани и соодветно платени. Работењето под наметнати услови не е европска вредност. Принципот 'земи или остави' ни избрка илјадници квалитетни луѓе, овозможи речиси целосна партизација на јавниот сектор, додека граѓаните 30 години плаќаат за систем составен од професионалци, кои ќе им дадат професионална услуга. Илјадници наши професионалци сега работат во Европа, а овде на децата нема кој да им каже каде е запад, кое е знамето на Австрија, Словенија, Франција. Ги повикуваме сите синдикати да застанат цврсто против овој штетен Закон и заедно да го одбраниме синдикализмот во оваа држава, велат од СКРМ.

The post Предложениот нацрт-закон за култура е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, реагираат од СКРМ appeared first on Република.

]]>