предлог-буџет Archives - Република https://republika.mk/tema/predlog-budzet/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Dec 2022 20:23:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предлог-буџет Archives - Република https://republika.mk/tema/predlog-budzet/ 32 32 Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-go-utvrdi-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023-godina/ Wed, 14 Dec 2022 20:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=585741

Владата на денешната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.

Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието на Република Македонија кадешто беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, информираа од владината прес-служба.

 

The post Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.
Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието на Република Македонија кадешто беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, информираа од владината прес-служба.
 

The post Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/odbieni-ushte-26-amandmani-na-predlog-budzetot-za-2023-godina/ Fri, 09 Dec 2022 14:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=583750

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година разгледа вкупно 26 амандмани од кои два беа повлечени од предлагачите, а 24 не беа усвоени. Најголем дел од амандманите се однесуваа на изградба и реконструкција на локални патишта.

Комисијата меѓу другите со пет гласа „за“ и „шест“ против не го прифати амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 22 милиони денари за изградба на пречистителна станица заради која, како што кажа во образложението, не е можно приклучување на канализациската мрежа која е изградена во 2016 година во населеното место Чифлик, општина Чешиново Облешево. Со три гласа „за“ и седум „против“ беше одбиен и амандманот поднесен од пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ за обезбедување средства за трансфер на средства за здруженија на граѓани, училишта и научни институции за проекти од областа на животната средина. Како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски двата амандмани не се прифатливи, бидејќи за средства за таа намена може да се аплицира преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Комисијата во моментов е на редовна едночасовна пауза по која треба да продолжи расправата на шестиот од вкупно предвидените седум дена за амандманска расправа за Предлог-буџетот по што тој треба да се најде на пленарна седница. Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

 

The post Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година разгледа вкупно 26 амандмани од кои два беа повлечени од предлагачите, а 24 не беа усвоени. Најголем дел од амандманите се однесуваа на изградба и реконструкција на локални патишта. Комисијата меѓу другите со пет гласа „за“ и „шест“ против не го прифати амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 22 милиони денари за изградба на пречистителна станица заради која, како што кажа во образложението, не е можно приклучување на канализациската мрежа која е изградена во 2016 година во населеното место Чифлик, општина Чешиново Облешево. Со три гласа „за“ и седум „против“ беше одбиен и амандманот поднесен од пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ за обезбедување средства за трансфер на средства за здруженија на граѓани, училишта и научни институции за проекти од областа на животната средина. Како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски двата амандмани не се прифатливи, бидејќи за средства за таа намена може да се аплицира преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Комисијата во моментов е на редовна едночасовна пауза по која треба да продолжи расправата на шестиот од вкупно предвидените седум дена за амандманска расправа за Предлог-буџетот по што тој треба да се најде на пленарна седница. Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.  

The post Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Заврши првиот ден од комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-prviot-den-od-komisiskata-rasprava-po-predlog-budzetot-za-2023-godina/ Wed, 23 Nov 2022 17:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=577447

Собраниската Комисија за финансирање и буџет доцна попладнево ја заврши денешната расправа за Предлог-буџетот за 2023 година, а продолжението на 52-та седница е закажано за в петок во 11 часот. За опозицијата буџетот не е развоен туку инфлациски, кризата не е увезена, а за лошата економска состојба на државата е највиновна Владата. За пратениците од владејачкото мнозинство Предлог-буџетот за 2023 година соодветствува на глобалната економска криза која го зафати светот поради војната во Украина, што неминовно се одрази и на нашата држава.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, реплицирајќи му на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, кој забележа дека нашата држава има највисока инфлација во однос на државите од регионот и оти за тоа не е виновна само војната во Украина, рече дека е ова е четврти по ред Буџет, вклучително и ребалансот за 2020 година, кој Собранието го носи во услови на криза.

Претходните години, ја имавме пандемијата, а сега светската економска криза. Не префрлуваме вина, не избегнуваме одговорност. Но, тоа е нашата реалност. Не можеме да кажеме дека нема криза во услови кога таа владее во Европа. Ако погледнеме во што се состои буџетскиот дефицит од 700 милиони евра, ќе видиме дека 250 милиони евра се за мерки за ублажување на ефектите од кризата. Да немаше енергетска криза, дефицитот ќе беше за толку помал. Да не мислевме на развој на инфраструктурни проекти, да не беше Коридорот 8, немаше да предвидиме 250 милиони евра и да не беа каматите од долговите кои беа акумулирани од минатото, немаше да имаме дополнителни 210 милиони евра. Ние всушност, немаме нов дефицитот, освен овие три работи, рече Бесими.

Инаку, вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари и се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или на 42,7 милијарди денари.

Вкупните расходи се планирани во износ од 324,8 милијарди денари што е за 36,3 милијарди денари повеќе во однос на Буџетот за 2022 година.

Пред почетокот на денешната 52 седница на Комисијата за финансирање, Бесими симболично му го предаде Буџетот на Стојаноски во знак на, како што рече, досегашната добра соработка.

Предлог-буџетот за 2023 година е единствена точка од дневниот ред на Комисијата која може да расправа вкупно 10 дена. Денеска заврши првиот ден од расправата, а второто продолжение ќе биде в петок во 11 часот.

The post Заврши првиот ден од комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет доцна попладнево ја заврши денешната расправа за Предлог-буџетот за 2023 година, а продолжението на 52-та седница е закажано за в петок во 11 часот. За опозицијата буџетот не е развоен туку инфлациски, кризата не е увезена, а за лошата економска состојба на државата е највиновна Владата. За пратениците од владејачкото мнозинство Предлог-буџетот за 2023 година соодветствува на глобалната економска криза која го зафати светот поради војната во Украина, што неминовно се одрази и на нашата држава. Министерот за финансии Фатмир Бесими, реплицирајќи му на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, кој забележа дека нашата држава има највисока инфлација во однос на државите од регионот и оти за тоа не е виновна само војната во Украина, рече дека е ова е четврти по ред Буџет, вклучително и ребалансот за 2020 година, кој Собранието го носи во услови на криза.
Претходните години, ја имавме пандемијата, а сега светската економска криза. Не префрлуваме вина, не избегнуваме одговорност. Но, тоа е нашата реалност. Не можеме да кажеме дека нема криза во услови кога таа владее во Европа. Ако погледнеме во што се состои буџетскиот дефицит од 700 милиони евра, ќе видиме дека 250 милиони евра се за мерки за ублажување на ефектите од кризата. Да немаше енергетска криза, дефицитот ќе беше за толку помал. Да не мислевме на развој на инфраструктурни проекти, да не беше Коридорот 8, немаше да предвидиме 250 милиони евра и да не беа каматите од долговите кои беа акумулирани од минатото, немаше да имаме дополнителни 210 милиони евра. Ние всушност, немаме нов дефицитот, освен овие три работи, рече Бесими.
Инаку, вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари и се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или на 42,7 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани во износ од 324,8 милијарди денари што е за 36,3 милијарди денари повеќе во однос на Буџетот за 2022 година. Пред почетокот на денешната 52 седница на Комисијата за финансирање, Бесими симболично му го предаде Буџетот на Стојаноски во знак на, како што рече, досегашната добра соработка. Предлог-буџетот за 2023 година е единствена точка од дневниот ред на Комисијата која може да расправа вкупно 10 дена. Денеска заврши првиот ден од расправата, а второто продолжение ќе биде в петок во 11 часот.

The post Заврши првиот ден од комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Предлог буџетот на Собранието за 2023 година утврден на 574 милиони денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budzetot-na-sobranieto-za-2023-godina-utvrden-na-574-milioni-denari/ Wed, 31 Aug 2022 14:51:15 +0000 https://republika.mk/?p=546142

Буџетскиот совет на Собранието на денешната седница го утврди Предлог буџетот на Собранието за 2023 година во износ од 574 милини денари, со оценка дека тоа е во согласност со реалните потреби на законодавниот дом, а со цел навремено и квалитетно извршување на неговите надлежности.

Финансиската проекција за буџетот на Собранието за 2023 година е во функција на реализацијата на целите и приоритетите кои се утврдени со Стратешкиот план на законодавниот дом за периодот 2023 – 2027 година, и ќе биде доставен до Претседателот на Собранието и до Министерството за финансии.

Како што информира на седницата заменик генералниот секретар на Собранието Мики Милковски, буџетот во 2022 година од предвидените 610 милиони денари со отстапување на дел од средствата со ребалансот беше намален за 20 милиони денари и изнесуваше 590 милиони денари, а овогодишното димензионирање на буџетот е помал за уште 16 милиони денари со што се прифатени определените средства од Министерството за финансии кои се намалени заради кризата.

Ставката во делот на плати за пратениците и вработените во службите во Парламентот е исто така намалена и наспроти 2022 кога изнесувала 247 милиони денари, сега се предвидени 232, што е за 15 милиони денари. Ваквото намалување се должи на движењето на кадарот, односно заминување на вработени од службите или нивно пензионирање.

Во контекст на енергетската криза во делот на комуналните услуги и греење предвидени се за три милиони денари помлаку средства од годинава, или вкупно 60 милиони денари. При тоа вкалкурирано е драстичното зголемување на цената на електричната енергија, но ги следат и препораките на Владата за штедење и во тек се мерки и активности за штедење на струјата.

Собраниските служби изготвија предлог план којшто веќе почна да се спроведува во насока на заштеда на електрична енергија во Собранието. Сметките за електрична енергија навистина енормно се зголемени и ова е голема ставка од буџетот која зафаќа многу средства, заради тоа е планиран ваков износ којшто сметаме дека со штедење ќе биде доволен да се покрие наредната година, а доколку има потреба ќе има и ребаланс за што ќе се одлучува на седница на Буџетскиот совет, рече Милковски.

Во делот на капиталните инвестиции во 2023 година планирани се 15 милиони денари за реновирање на салите за седници на собраниските комисии.

Во однос на договорните услуги зголемување има кај ставката за осигурување на недвижноста, односно на зградата на Парламентот.

На прашање од пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Милковски изјави дека во Предлог буџетот не е вкалкулирано покачувањето на платите на вработените во собраниската служба побарано од синдикатот во износ од околу 2800 денари, а доколку има одлука во таа насока ќе треба Буџетскиот совет да донесе соодветна одлука за тоа прашање.

На седницата беа усвоени и одлуките за Предлог на стратешки план на Собранието за периодот 2023-2027 година и Предлог-одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2023 година. Ова е една од првите активности на Парламентот по завршувањето на колективниот одмор.

The post Предлог буџетот на Собранието за 2023 година утврден на 574 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Буџетскиот совет на Собранието на денешната седница го утврди Предлог буџетот на Собранието за 2023 година во износ од 574 милини денари, со оценка дека тоа е во согласност со реалните потреби на законодавниот дом, а со цел навремено и квалитетно извршување на неговите надлежности. Финансиската проекција за буџетот на Собранието за 2023 година е во функција на реализацијата на целите и приоритетите кои се утврдени со Стратешкиот план на законодавниот дом за периодот 2023 – 2027 година, и ќе биде доставен до Претседателот на Собранието и до Министерството за финансии. Како што информира на седницата заменик генералниот секретар на Собранието Мики Милковски, буџетот во 2022 година од предвидените 610 милиони денари со отстапување на дел од средствата со ребалансот беше намален за 20 милиони денари и изнесуваше 590 милиони денари, а овогодишното димензионирање на буџетот е помал за уште 16 милиони денари со што се прифатени определените средства од Министерството за финансии кои се намалени заради кризата. Ставката во делот на плати за пратениците и вработените во службите во Парламентот е исто така намалена и наспроти 2022 кога изнесувала 247 милиони денари, сега се предвидени 232, што е за 15 милиони денари. Ваквото намалување се должи на движењето на кадарот, односно заминување на вработени од службите или нивно пензионирање. Во контекст на енергетската криза во делот на комуналните услуги и греење предвидени се за три милиони денари помлаку средства од годинава, или вкупно 60 милиони денари. При тоа вкалкурирано е драстичното зголемување на цената на електричната енергија, но ги следат и препораките на Владата за штедење и во тек се мерки и активности за штедење на струјата.
Собраниските служби изготвија предлог план којшто веќе почна да се спроведува во насока на заштеда на електрична енергија во Собранието. Сметките за електрична енергија навистина енормно се зголемени и ова е голема ставка од буџетот која зафаќа многу средства, заради тоа е планиран ваков износ којшто сметаме дека со штедење ќе биде доволен да се покрие наредната година, а доколку има потреба ќе има и ребаланс за што ќе се одлучува на седница на Буџетскиот совет, рече Милковски.
Во делот на капиталните инвестиции во 2023 година планирани се 15 милиони денари за реновирање на салите за седници на собраниските комисии. Во однос на договорните услуги зголемување има кај ставката за осигурување на недвижноста, односно на зградата на Парламентот. На прашање од пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Милковски изјави дека во Предлог буџетот не е вкалкулирано покачувањето на платите на вработените во собраниската служба побарано од синдикатот во износ од околу 2800 денари, а доколку има одлука во таа насока ќе треба Буџетскиот совет да донесе соодветна одлука за тоа прашање. На седницата беа усвоени и одлуките за Предлог на стратешки план на Собранието за периодот 2023-2027 година и Предлог-одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2023 година. Ова е една од првите активности на Парламентот по завршувањето на колективниот одмор.

The post Предлог буџетот на Собранието за 2023 година утврден на 574 милиони денари appeared first on Република.

]]>