предизвикување Archives - Република https://republika.mk/tema/predizvikuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 13:48:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предизвикување Archives - Република https://republika.mk/tema/predizvikuvanje/ 32 32 Ѝ дал на другарка му да пука од службениот пиштол, таа си објавила и на Инста https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dal-na-drugarka-mu-da-puka-od-sluzhbeniot-pishtol-taa-si-objavila-i-na-insta/ Tue, 30 Jul 2024 13:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=801746

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа, објави МВР.

https://youtu.be/4brV_WCeeZs?si=lKelV7NCs7Bi-r39

Дополнително, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Ова е втора кривична пријава за полициски службеници кои пукале со службените оружја надвор од работното време во неколку дена:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-politsajtsi-pukale-so-avtomatski-pushki-od-merak-podneseni-im-se-krivichni-prijavi/

The post Ѝ дал на другарка му да пука од службениот пиштол, таа си објавила и на Инста appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа, објави МВР.
https://youtu.be/4brV_WCeeZs?si=lKelV7NCs7Bi-r39 Дополнително, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. Ова е втора кривична пријава за полициски службеници кои пукале со службените оружја надвор од работното време во неколку дена: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-politsajtsi-pukale-so-avtomatski-pushki-od-merak-podneseni-im-se-krivichni-prijavi/

The post Ѝ дал на другарка му да пука од службениот пиштол, таа си објавила и на Инста appeared first on Република.

]]>
Пукал сред Струмица: Полицаец ќе се гони за предизвикување општа опасност https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukal-sred-strumitsa-politsaets-ke-se-goni-za-predizvikuvane-opshta-opasnost/ Tue, 02 Jul 2024 13:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=792794

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 29.06.2024 околу 06.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на ул.„Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал, велат од МВР.

Исто така, пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, велат од МВР.

The post Пукал сред Струмица: Полицаец ќе се гони за предизвикување општа опасност appeared first on Република.

23-годишник фатен како потпалува семејна куќа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/23-godishnik-faten-kako-potpaluva-semejna-kuka/ Thu, 30 May 2024 09:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=783111

Вчера во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post 23-годишник фатен како потпалува семејна куќа appeared first on Република.

Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација https://republika.mk/vesti/ekonomija/moze-da-se-zgolemat-platite-bez-da-se-predizvika-inflacija/ Fri, 08 Apr 2022 13:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=485614

Поранешниот премиер Никола Груевски, во нов коментар на Фејсбук, ги отфрла тврдењата на Владата на Ковачевски ека не може да се зголемуваат платите во јавниот сектор бидејќи со тоа ќе се предизвика инфлација.

Деновиве е актуелно прашањето поточно барањето за зголемување на платите во јавниот сектор во Македонија, како и одговорот на власта дека нема да има покачување заради опасност од инфлација. Тоа е погрешна теза која наликува на изговор.
1. Во периодот додека бев премиер (а претходно во една прилика и како министер за финасии), платите во администрацијата се покачија неколку пати надвор од оние годишни усогласувања на платите со инфлацијата и трошоците за живот и тоа беше направено вклучително и во услови на голема светска финасиска и европска должничка криза и рецесии. Немаше ефект на инфлацијата, или барем не некој сериозен ефект.
2. Ефект на инфлацијата може да има ако тоа зголемување на плати се направи од квантитативни емисии/подршки/стимулации (популарно меѓу народот наречени “печатење пари”), или државни задолжувања кои посериозно и по трајно би го зголемиле буџетскиот дефицит, нешто што никој не го бара сега, ниту пак тоа ќе се случи.
Заштеди и прераспределба во буџетот од едни на други позиции е она што е во опција и тоа неможе да има или барем не некои сериозни инфлаторни ефекти. Некаде и нетреба специјални мерки за заштеди бидејќи неефикасноста во извршување на буџетот ќе заврши дел ИД работата.
Всушност преку-умерените квантитативните подршки независно дали одеа како неселективна распределба на чекови како готовински подршка за населението или квантитативни стимул за изведба на јавни работи но и делумно заради задоцнетите реакции на монетарната политика (централните банки), пред се во најсилните економии во светот заради очигледно погрешното верување на голем број економисти во светот дека инфлацијата ќе е многу привремена и неколку месечна појава, се создаде почетокот на овој проблем во светот, а кој е директно поврзан со кризата предизвикана од последиците од Ковид-19. Подоцна на тоа се надоврзаа повеќе други фактори и причини.
На крајот цената ја плаќа општото население преку инфлацијата. Таа во случајот е еден вид на данок кој е многу рецесивен данок, па дури и ако имаме рамен данок во земјата.
3. Не зголемувањето на платите во услови на околу 9% инфлација на годишно ниво може да доведе до пад на куповната моќ на населението, што би водело кон пад на потрошувачката и ризици од рецесија предизвикани од тоа.
Ова посебно затоа што и пред овој период имаше одредена инфлација и континуирано зголемување на трошоците за живот кои со измена на законите по доаѓањето на новата власт беа недсодветно и нефер третирани.
4. Државниот буџет заради зголемувањето на цените на светските берзи на метали, енергенси, храна, транспорт, разни услуги кои заради прекинот на некои ланци на испорака поскапеа, итн сега прибира повеќе приходи од царини и даноци, особено ДДВ, па оттука има логика дел или сите тие вишоци над проекцијата а создадени со зголемувањето на цените, да се пренасочат во повисоки плати на јавниот сектор, кој сигурно ќе изврши притисок и на приватниот сектор, каде основниот фокус треба да биде во зголемувањето на продуктивноста на трудот.

The post Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски, во нов коментар на Фејсбук, ги отфрла тврдењата на Владата на Ковачевски ека не може да се зголемуваат платите во јавниот сектор бидејќи со тоа ќе се предизвика инфлација. Деновиве е актуелно прашањето поточно барањето за зголемување на платите во јавниот сектор во Македонија, како и одговорот на власта дека нема да има покачување заради опасност од инфлација. Тоа е погрешна теза која наликува на изговор. 1. Во периодот додека бев премиер (а претходно во една прилика и како министер за финасии), платите во администрацијата се покачија неколку пати надвор од оние годишни усогласувања на платите со инфлацијата и трошоците за живот и тоа беше направено вклучително и во услови на голема светска финасиска и европска должничка криза и рецесии. Немаше ефект на инфлацијата, или барем не некој сериозен ефект. 2. Ефект на инфлацијата може да има ако тоа зголемување на плати се направи од квантитативни емисии/подршки/стимулации (популарно меѓу народот наречени “печатење пари”), или државни задолжувања кои посериозно и по трајно би го зголемиле буџетскиот дефицит, нешто што никој не го бара сега, ниту пак тоа ќе се случи. Заштеди и прераспределба во буџетот од едни на други позиции е она што е во опција и тоа неможе да има или барем не некои сериозни инфлаторни ефекти. Некаде и нетреба специјални мерки за заштеди бидејќи неефикасноста во извршување на буџетот ќе заврши дел ИД работата. Всушност преку-умерените квантитативните подршки независно дали одеа како неселективна распределба на чекови како готовински подршка за населението или квантитативни стимул за изведба на јавни работи но и делумно заради задоцнетите реакции на монетарната политика (централните банки), пред се во најсилните економии во светот заради очигледно погрешното верување на голем број економисти во светот дека инфлацијата ќе е многу привремена и неколку месечна појава, се создаде почетокот на овој проблем во светот, а кој е директно поврзан со кризата предизвикана од последиците од Ковид-19. Подоцна на тоа се надоврзаа повеќе други фактори и причини. На крајот цената ја плаќа општото население преку инфлацијата. Таа во случајот е еден вид на данок кој е многу рецесивен данок, па дури и ако имаме рамен данок во земјата. 3. Не зголемувањето на платите во услови на околу 9% инфлација на годишно ниво може да доведе до пад на куповната моќ на населението, што би водело кон пад на потрошувачката и ризици од рецесија предизвикани од тоа. Ова посебно затоа што и пред овој период имаше одредена инфлација и континуирано зголемување на трошоците за живот кои со измена на законите по доаѓањето на новата власт беа недсодветно и нефер третирани. 4. Државниот буџет заради зголемувањето на цените на светските берзи на метали, енергенси, храна, транспорт, разни услуги кои заради прекинот на некои ланци на испорака поскапеа, итн сега прибира повеќе приходи од царини и даноци, особено ДДВ, па оттука има логика дел или сите тие вишоци над проекцијата а создадени со зголемувањето на цените, да се пренасочат во повисоки плати на јавниот сектор, кој сигурно ќе изврши притисок и на приватниот сектор, каде основниот фокус треба да биде во зголемувањето на продуктивноста на трудот.

The post Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација appeared first on Република.

]]>