предизвик Archives - Република https://republika.mk/tema/predizvik/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 16:07:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предизвик Archives - Република https://republika.mk/tema/predizvik/ 32 32 Оваа поза е вистински предизвик кој бара цврсто столче и силна рамнотежа https://republika.mk/intima/ovaa-poza-e-vistinski-predizvik-koj-bara-tsvrsto-stolche-i-silna-ramnotezha/ Sat, 05 Oct 2024 19:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=819957

Позата предизвик бара цврсто столче, но и силна рамнотежа.

Партнерката клекнува на столчето, а мажот пенетрира одзади. Притоа, тој треба цврсто да ја држи половината на партнерката за таа да не падне од столчето.

The post Оваа поза е вистински предизвик кој бара цврсто столче и силна рамнотежа appeared first on Република.

]]>

Позата предизвик бара цврсто столче, но и силна рамнотежа. Партнерката клекнува на столчето, а мажот пенетрира одзади. Притоа, тој треба цврсто да ја држи половината на партнерката за таа да не падне од столчето.

The post Оваа поза е вистински предизвик кој бара цврсто столче и силна рамнотежа appeared first on Република.

]]>
Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnichka-od-skopje-alarmira-detsata-si-ja-pritiskaat-dijafragmata-do-onesvestuvane-poradi-tik-tok-predizvik/ Thu, 26 Sep 2024 20:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=820017

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.

Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне, раскажа наставничката.

The post Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.
Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне, раскажа наставничката.

The post Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>
Вештачката интелигенција и нејзината правна регулација https://republika.mk/kolumni/veshtachkata-inteligentsija-i-nejzinata-pravna-regulatsija/ Mon, 02 Sep 2024 19:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=812466

Петар Поп-Арсов

Вештачката интелигенција е веќе тука, со нас и речиси насекаде околу нас. Нѐ слуша, гледа, ни помага, но во исто време нѐ насочува и управува со фокусот на нашето внимание. Таа се повеќе и повеќе ги избира, селектира и управува информациите што ги добиваме. Нејзиното влијание на изборот што го правиме и начинот на кој што функционираме како поединци и како општество станува се поголемо.

Постојаниот и брз напредок на вештачка интелигенција инспирираа и надеж и двоумење кај бројни експерти од оваа област, но истовремено предизвикува и загриженост кај експерти од други општествени области кои го карактеризираат начинот на функционирање на современата цивилизација.

Како можеме најдобро да ја искористиме оваа нова моќ за да му помогнеме на нашиот начин на функционирање, и уште поважно, како можеме тоа да го направиме одговорно? Тоа се прашања кои што се наметнуваат и кои мора секогаш да одат заедно во пакет. Само одговорниот развој и примена на вештачката интелигенција можат да бидат опција која ќе даде позитивен ефект.

Постојат многу спротивставени мислења во однос на развојот на вештачката интелигенција. Некои се оптимистички, некои песимистички, а некои дури и со катаклизмични предвидувања. Експертите за вештачка интелигенција генерално се согласуваат дека треба да има повеќе дискусии и соработка околу етиката на вештачката интелигенција и нејзината правна регулатива. Вештачката интелигенција е област која што ќе трпи постојани измени во чекор со напредокот на технологијата, и која што во исто време ќе мора да биде следена од соодветна правна регулатива чиј што развој ќе може да го следи развојот и напредокот на вештачката интелигенција.
Навистина голем предизвик!

Во однос на правната регулатива поврзана со вештачката интелигенција, општ е заклучокот дека во моментов постои еден вид на ситуација карактеристична за времето на Дивиот Запад. Нема закон! Тоа е јасно илустрирано во изјавата на Елон Маск, еден од луѓето кои што создадоа бизнис империи благодарение на севкупниот напредок на технологијата: „Сè повеќе сум склон да мислам дека треба да има некаков регулаторен надзор, можеби на национално и меѓународно ниво, само за да се осигураме дека не правиме нешто многу глупаво. Мислам дека со вештачката интелигенција го повикуваме демонот“.

Како до правна регулатива во оваа област и дали темпото кое што го наметнува развојот на вештачката интелигенција може да биде следено од постоечкиот бавен и комплексен систем на креирање, усвојување и имплементирање на правната регулатива. Тука не се мисли само на национално ниво, туку повеќе се мисли на правната регулатива на континентално и глобално ниво кои на крајот од денот ќе претставуваат обединувачка правна платформа за националните законодавства во оваа област.

Советот на Европа беше меѓу првите, можеби и првата меѓународна организација која се зафати работа во оваа област. Развојот на вештачката интелигенција наметна потреба и обврска врз Советот на Европа, при што улога што ја има во однос на заштитата и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото во реалниот свет да ја фокусира и во дигиталната средина и виртуелниот свет со цел промовирање и заштита на вредностите и стандардите на оваа организација кои претставуваат составен дел на националните законодавства на земјите членки, вклучително и на Македонија.

После неколкугодишна работа на експерти од различни области кои работеа во различни формати и работни групи формирани од Советот на Европа, на 17 мај 2024 година беше усвоена Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото од страна на Комитетот на министри. Овој докумнет ќе биде отворен за потпишување во рамки на Конференцијата на министри за правда која што ќе се оддржи во Вилнус (Литванија) на 5 септември оваа година. Значи за три дена од сега ќе бидат ставени првите потписи со кои ќе започне процесот на потпишување и ратификација на правната рамка во областа на вештачката интелигенција поврзана со заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Досегашната пракса покажа дека од моментот на усвојување, преку моментот на отпочнување на процесот на потпишување и ратификација, па се до моментот на влегување во сила на една конвенција поминуваат по неколку, а некогаш и многу повеќе од неколку години. Дали темпото со кое се развива вештачката интелигенција ќе ги мобилизира националните влади и парламенти да ја забрзаат постапката или ќе дозволат овој документ да биде прегазен од времето, ќе видиме.
Човековата цивилизација влегува во ново ниво на функционирање при што досегашната бавност во заокружувањето на процесите од моментот на креирање, преку усвојувањето до моментот на стапување во сила веќе претставува вистински луксуз кој во однос на прашањата поврзани со вештачката интелигенција не можеме да си го дозволиме.

Навистина ќе биде штета да се дозволи еден ваков документ да чека со години на неговото влегување во сила. Тоа е документ кој што се заснова на целта на Советот на Европа да постигне поголемо единство меѓу земјите членки во однос на почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото, конкретно во областа на вештачката интелигенција.

Тоа е документ кој што во предвид го зема забрзаниот развој на науката и технологијата, како и длабоките промени кои настануваат благодарение на вештачка интелигенција.

Тоа е конвенција која препознава дека активностите во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција можат да понудат невидени можности за заштита и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото, но во исто време нејзиниот текст искажува загриженост поради опасноста од одредени активности во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција кои можат да го загрозат човековото достоинство, индивидуалната автономија, човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Текстот искажува загриженост и во однос на ризиците од дискриминација и нееднаквост во дигитален контекст, особено загриженост која што вклучува системи за вештачка интелигенција. Постои загриженост поради опасноста од злоупотреба на системите за вештачка интелигенција за репресивни цели и кршење на меѓународното право за човекови права. Тука се мисли и на произволните или незаконски практики на надзор и цензура кои ја нагризуваат приватноста и индивидуалните автономија.
Каде е Македонија во оваа приказна?
Тука е некаде, внатре, ама гледа од страна. Дали ќе бидеме дел од земјите кои што на 5 септември ќе го стават потписот на овој документ? Ќе видиме! Тоа зависи од тоа колку претставниците од Министерството за правда биле инволвира во процесот на креирање и усвојување на оваа конвенција во текот на сите овие години додека се подготвуваше текстот, и од тоа на кој начин го претставиле документот пред оние кои што носат одлуки.

Досегашната пракса кажува дека ние како земја никогаш не учествуваме во кршењето на мразот и меѓу првите да го ставиме својот потпис, но затоа и потоа, како по правило, потпишувавме и ратификувавме буквално сѐ по ред. Веројатно така ќе биде и сега. Ќе се држиме до златната средина иако ова прашање заслужува поголема ажурност и будност.

Минатиот месец во македонската јавност се отвори прашањето за правно регулирање на криптовалутите. Зошто истовремено да не се турка и прашањето за правното регулирање на вештачката интелигенција? Тоа ќе биде многу полесно во услови кога Советот на Европа ја подготви и усвои основата која што може да се применува во понатамошниот процес на правната регулација на прашањата поврзани со вештачката интелигенција.

The post Вештачката интелигенција и нејзината правна регулација appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Вештачката интелигенција е веќе тука, со нас и речиси насекаде околу нас. Нѐ слуша, гледа, ни помага, но во исто време нѐ насочува и управува со фокусот на нашето внимание. Таа се повеќе и повеќе ги избира, селектира и управува информациите што ги добиваме. Нејзиното влијание на изборот што го правиме и начинот на кој што функционираме како поединци и како општество станува се поголемо. Постојаниот и брз напредок на вештачка интелигенција инспирираа и надеж и двоумење кај бројни експерти од оваа област, но истовремено предизвикува и загриженост кај експерти од други општествени области кои го карактеризираат начинот на функционирање на современата цивилизација. Како можеме најдобро да ја искористиме оваа нова моќ за да му помогнеме на нашиот начин на функционирање, и уште поважно, како можеме тоа да го направиме одговорно? Тоа се прашања кои што се наметнуваат и кои мора секогаш да одат заедно во пакет. Само одговорниот развој и примена на вештачката интелигенција можат да бидат опција која ќе даде позитивен ефект. Постојат многу спротивставени мислења во однос на развојот на вештачката интелигенција. Некои се оптимистички, некои песимистички, а некои дури и со катаклизмични предвидувања. Експертите за вештачка интелигенција генерално се согласуваат дека треба да има повеќе дискусии и соработка околу етиката на вештачката интелигенција и нејзината правна регулатива. Вештачката интелигенција е област која што ќе трпи постојани измени во чекор со напредокот на технологијата, и која што во исто време ќе мора да биде следена од соодветна правна регулатива чиј што развој ќе може да го следи развојот и напредокот на вештачката интелигенција. Навистина голем предизвик! Во однос на правната регулатива поврзана со вештачката интелигенција, општ е заклучокот дека во моментов постои еден вид на ситуација карактеристична за времето на Дивиот Запад. Нема закон! Тоа е јасно илустрирано во изјавата на Елон Маск, еден од луѓето кои што создадоа бизнис империи благодарение на севкупниот напредок на технологијата: „Сè повеќе сум склон да мислам дека треба да има некаков регулаторен надзор, можеби на национално и меѓународно ниво, само за да се осигураме дека не правиме нешто многу глупаво. Мислам дека со вештачката интелигенција го повикуваме демонот“. Како до правна регулатива во оваа област и дали темпото кое што го наметнува развојот на вештачката интелигенција може да биде следено од постоечкиот бавен и комплексен систем на креирање, усвојување и имплементирање на правната регулатива. Тука не се мисли само на национално ниво, туку повеќе се мисли на правната регулатива на континентално и глобално ниво кои на крајот од денот ќе претставуваат обединувачка правна платформа за националните законодавства во оваа област. Советот на Европа беше меѓу првите, можеби и првата меѓународна организација која се зафати работа во оваа област. Развојот на вештачката интелигенција наметна потреба и обврска врз Советот на Европа, при што улога што ја има во однос на заштитата и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото во реалниот свет да ја фокусира и во дигиталната средина и виртуелниот свет со цел промовирање и заштита на вредностите и стандардите на оваа организација кои претставуваат составен дел на националните законодавства на земјите членки, вклучително и на Македонија. После неколкугодишна работа на експерти од различни области кои работеа во различни формати и работни групи формирани од Советот на Европа, на 17 мај 2024 година беше усвоена Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото од страна на Комитетот на министри. Овој докумнет ќе биде отворен за потпишување во рамки на Конференцијата на министри за правда која што ќе се оддржи во Вилнус (Литванија) на 5 септември оваа година. Значи за три дена од сега ќе бидат ставени првите потписи со кои ќе започне процесот на потпишување и ратификација на правната рамка во областа на вештачката интелигенција поврзана со заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Досегашната пракса покажа дека од моментот на усвојување, преку моментот на отпочнување на процесот на потпишување и ратификација, па се до моментот на влегување во сила на една конвенција поминуваат по неколку, а некогаш и многу повеќе од неколку години. Дали темпото со кое се развива вештачката интелигенција ќе ги мобилизира националните влади и парламенти да ја забрзаат постапката или ќе дозволат овој документ да биде прегазен од времето, ќе видиме. Човековата цивилизација влегува во ново ниво на функционирање при што досегашната бавност во заокружувањето на процесите од моментот на креирање, преку усвојувањето до моментот на стапување во сила веќе претставува вистински луксуз кој во однос на прашањата поврзани со вештачката интелигенција не можеме да си го дозволиме. Навистина ќе биде штета да се дозволи еден ваков документ да чека со години на неговото влегување во сила. Тоа е документ кој што се заснова на целта на Советот на Европа да постигне поголемо единство меѓу земјите членки во однос на почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото, конкретно во областа на вештачката интелигенција. Тоа е документ кој што во предвид го зема забрзаниот развој на науката и технологијата, како и длабоките промени кои настануваат благодарение на вештачка интелигенција. Тоа е конвенција која препознава дека активностите во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција можат да понудат невидени можности за заштита и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото, но во исто време нејзиниот текст искажува загриженост поради опасноста од одредени активности во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција кои можат да го загрозат човековото достоинство, индивидуалната автономија, човековите права, демократијата и владеењето на правото. Текстот искажува загриженост и во однос на ризиците од дискриминација и нееднаквост во дигитален контекст, особено загриженост која што вклучува системи за вештачка интелигенција. Постои загриженост поради опасноста од злоупотреба на системите за вештачка интелигенција за репресивни цели и кршење на меѓународното право за човекови права. Тука се мисли и на произволните или незаконски практики на надзор и цензура кои ја нагризуваат приватноста и индивидуалните автономија. Каде е Македонија во оваа приказна? Тука е некаде, внатре, ама гледа од страна. Дали ќе бидеме дел од земјите кои што на 5 септември ќе го стават потписот на овој документ? Ќе видиме! Тоа зависи од тоа колку претставниците од Министерството за правда биле инволвира во процесот на креирање и усвојување на оваа конвенција во текот на сите овие години додека се подготвуваше текстот, и од тоа на кој начин го претставиле документот пред оние кои што носат одлуки. Досегашната пракса кажува дека ние како земја никогаш не учествуваме во кршењето на мразот и меѓу првите да го ставиме својот потпис, но затоа и потоа, како по правило, потпишувавме и ратификувавме буквално сѐ по ред. Веројатно така ќе биде и сега. Ќе се држиме до златната средина иако ова прашање заслужува поголема ажурност и будност. Минатиот месец во македонската јавност се отвори прашањето за правно регулирање на криптовалутите. Зошто истовремено да не се турка и прашањето за правното регулирање на вештачката интелигенција? Тоа ќе биде многу полесно во услови кога Советот на Европа ја подготви и усвои основата која што може да се применува во понатамошниот процес на правната регулација на прашањата поврзани со вештачката интелигенција.

The post Вештачката интелигенција и нејзината правна регулација appeared first on Република.

]]>
Матурант загина во океан откако скокна од крузер поради „Тик ток“ предизвик https://republika.mk/vesti/svet/maturant-zagina-vo-okean-otkako-skokna-od-kruzer-poradi-tik-tok-predizvik/ Wed, 31 May 2023 08:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=646359

Американската крајбрежна стража и бројни агенции со денови ги пребаруваа водите на океанот кај Бахамите во потрага по млад човек, откако тој доцна вечерта скокна од крузер и исчезна.

Станува збор за 18-годишниот Камерон Робинс, кој во средата околу 23.30 часот скокнал во океанот без појас за спасување, облечен само во костум за капење поради предизвик.

На видеото се гледа како неговите соученици се во шок и се обидуваат да му помогнат со совет да се фати за бовата (пловечкиот знак), но водата го носи во друга насока и тој исчезнува во темнината.


Во моментот кога младиот човек од Луизијана скокнал во морето, бродот бил во близина на Атол, ненаселен остров кој се наоѓа североисточно од Насау. Робинс бил средношколска бејзбол ѕвезда, а на бродот ја славел својата матура со десетици други ученици од другите средни училишта во Батон Руж.

The post Матурант загина во океан откако скокна од крузер поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>

Американската крајбрежна стража и бројни агенции со денови ги пребаруваа водите на океанот кај Бахамите во потрага по млад човек, откако тој доцна вечерта скокна од крузер и исчезна. Станува збор за 18-годишниот Камерон Робинс, кој во средата околу 23.30 часот скокнал во океанот без појас за спасување, облечен само во костум за капење поради предизвик. На видеото се гледа како неговите соученици се во шок и се обидуваат да му помогнат со совет да се фати за бовата (пловечкиот знак), но водата го носи во друга насока и тој исчезнува во темнината. Во моментот кога младиот човек од Луизијана скокнал во морето, бродот бил во близина на Атол, ненаселен остров кој се наоѓа североисточно од Насау. Робинс бил средношколска бејзбол ѕвезда, а на бродот ја славел својата матура со десетици други ученици од другите средни училишта во Батон Руж.

The post Матурант загина во океан откако скокна од крузер поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>
Почина 13-годишно дете кое испи 14 апчиња „бенадрил“ како Тик ток предизвик https://republika.mk/vesti/svet/pochina-13-godishno-dete-koe-ispi-14-apchina-benadril-kako-tik-tok-predizvik/ Tue, 18 Apr 2023 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=631685

Тринаесетгодишно момче почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија „бенадрил“ поради предизвик на Тик ток. Трагедијата се случила во американската сојузна држава Охајо.

Таканаречениот „Бенадрил предизвик“ на Тик ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети „бенадрил“, кој предизвикува халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.

Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако тинејџерот голтнал големо количество од лекот за алергија, а во меѓувреме неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.

Тоа беше премногу за неговото тело. По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува, изјави таткото Џастин Стивенс за Еј-би-си 6.

Таткото вели дека ќе се посвети на предупредување на младите и нивните родители за опасностите што се шират на социјалните мрежи. Тој самиот објави фотографии од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата, за да ја прошири свеста.

Ќе направам сè што можам за да не се случува некои други деца и родители да поминуваат низ истото, вели таткото на Џејкоб.

The post Почина 13-годишно дете кое испи 14 апчиња „бенадрил“ како Тик ток предизвик appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишно момче почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија „бенадрил“ поради предизвик на Тик ток. Трагедијата се случила во американската сојузна држава Охајо. Таканаречениот „Бенадрил предизвик“ на Тик ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети „бенадрил“, кој предизвикува халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи. Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако тинејџерот голтнал големо количество од лекот за алергија, а во меѓувреме неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.
Тоа беше премногу за неговото тело. По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува, изјави таткото Џастин Стивенс за Еј-би-си 6.
Таткото вели дека ќе се посвети на предупредување на младите и нивните родители за опасностите што се шират на социјалните мрежи. Тој самиот објави фотографии од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата, за да ја прошири свеста.
Ќе направам сè што можам за да не се случува некои други деца и родители да поминуваат низ истото, вели таткото на Џејкоб.

The post Почина 13-годишно дете кое испи 14 апчиња „бенадрил“ како Тик ток предизвик appeared first on Република.

]]>
Предизвикот од Тик-Ток го чинеше живот: Малиот Арчи почина, по исклучување на апаратите на кои беше приклучен https://republika.mk/vesti/svet/predizvikot-od-tik-tok-go-chineshe-zivot-maliot-archi-pochina-po-iskluchuvanje-na-aparatite-na-koi-beshe-prikluchen/ Sat, 06 Aug 2022 13:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=537412

Момчето Арчи Баретсби исклучен е од апаратите за одржување во живот околу 15 часот денеска, а како што пренеусваат британските медиуми, со него до последниот момент, било неговото семејство.

Холи Денс и Пол Батерсби вчера ја изгубија последната правна битка нивното момче да биде пренесено од Кралската лондонска болница на друго место.

Тие сакале во мир „да ги поминат последните моменти“ – без медицински сестри и доктори. Родителите се обратиле до Апелацискиот суд и се обиделе да ја оспорат пресудата од Врховниот суд, но жалбата била отфрлена.

Врховниот суд пресудил дека тој потег не е во најдобар интерес за Арчи, нарекувајќи ги разликите како „големи и непредвидливи“.

Семејството на Арчи тогаш побарало помош од Европскиот суд за човекови права, но неговите судии кажале дека нема да интервенираат со примена на „привремени мерки“ дозволени во „посебни“ случаи.

Им било кажано дека неговата терапија за одржување во живот ќе биде повлечена во 11 часот, се наведува во најавата на групата „Christian Concern“.

Мајката на Арчи, Холи Денс, верува дека тој се здобил со оштетување на мозокот поради учество во предизвик на социјалните мрежи, откако го пронашла без свест во нивната куќа на 7 април 2022 година.

Трендот е познат како „предизвик на затемнувањето“, односно како предизвик на задушување, предизвик на паѓање во несвест и е еден од најновите во низата опасни трендови кои се појавуваат на ТикТок.

Предизвикот веќе резултирал со смрт на осумгодишната Лалани Ерика Рене Валтон од Тексас и деветгодишната Ајрлин Џејлин Аројо од Висконсин.

The post Предизвикот од Тик-Ток го чинеше живот: Малиот Арчи почина, по исклучување на апаратите на кои беше приклучен appeared first on Република.

]]>

Момчето Арчи Баретсби исклучен е од апаратите за одржување во живот околу 15 часот денеска, а како што пренеусваат британските медиуми, со него до последниот момент, било неговото семејство. Холи Денс и Пол Батерсби вчера ја изгубија последната правна битка нивното момче да биде пренесено од Кралската лондонска болница на друго место. Тие сакале во мир „да ги поминат последните моменти“ – без медицински сестри и доктори. Родителите се обратиле до Апелацискиот суд и се обиделе да ја оспорат пресудата од Врховниот суд, но жалбата била отфрлена. Врховниот суд пресудил дека тој потег не е во најдобар интерес за Арчи, нарекувајќи ги разликите како „големи и непредвидливи“. Семејството на Арчи тогаш побарало помош од Европскиот суд за човекови права, но неговите судии кажале дека нема да интервенираат со примена на „привремени мерки“ дозволени во „посебни“ случаи. Им било кажано дека неговата терапија за одржување во живот ќе биде повлечена во 11 часот, се наведува во најавата на групата „Christian Concern“. Мајката на Арчи, Холи Денс, верува дека тој се здобил со оштетување на мозокот поради учество во предизвик на социјалните мрежи, откако го пронашла без свест во нивната куќа на 7 април 2022 година. Трендот е познат како „предизвик на затемнувањето“, односно како предизвик на задушување, предизвик на паѓање во несвест и е еден од најновите во низата опасни трендови кои се појавуваат на ТикТок. Предизвикот веќе резултирал со смрт на осумгодишната Лалани Ерика Рене Валтон од Тексас и деветгодишната Ајрлин Џејлин Аројо од Висконсин.

The post Предизвикот од Тик-Ток го чинеше живот: Малиот Арчи почина, по исклучување на апаратите на кои беше приклучен appeared first on Република.

]]>