предатор Archives - Република https://republika.mk/tema/predator/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 08:55:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предатор Archives - Република https://republika.mk/tema/predator/ 32 32 Македонска компанија под санкции од САД поради шпионски софтвер https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonska-kompanija-pod-sanktsii-od-sad-poradi-shpionski-softver/ Wed, 06 Mar 2024 08:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=751758

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.

Покрај „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа.

Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.

Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

The post Македонска компанија под санкции од САД поради шпионски софтвер appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“. Покрај „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа. Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.
Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

The post Македонска компанија под санкции од САД поради шпионски софтвер appeared first on Република.

]]>
Обвинителството една недела глуво за масовното прислушкување и шпионскиот софтвер од фирмата на Црната листа https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-edna-nedela-gluvo-za-masovnoto-prislushkuvane-i-shpionskiot-softver-od-firmata-na-tsrnata-lista/ Sat, 22 Jul 2023 07:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=664123

Една недела обвинителството на СДСM и ДУИ молчи за скандалот со шпионски софтвер „Предатор“ кој има за цел прислушкување на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионски софтвер „Предатор“.

Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер предатор во Скопје. Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност. Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт. Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД. И шефот на грчкото разузнавање јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Македонија. И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание? Ковачевски и СДС мора да одговорат пред цела македонска јавност, која е целта за шпионскиот софтвер во Македонија? ЈО веднаш да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушкуваат? Ковачевски и владата ќе одговараат за злосторничко здружување против безбедноста и приватноста на граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Обвинителството една недела глуво за масовното прислушкување и шпионскиот софтвер од фирмата на Црната листа appeared first on Република.

Грчките медиуми го демантираат Ковачевски дека во Македонија не се користи шпионскиот софтвер „Предатор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/grchkite-mediumi-go-demantiraat-kovachevski-deka-vo-makedonija-ne-se-koristi-shpionskiot-softver-predator/ Wed, 19 Jul 2023 06:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=662912

„Грчки медиуми тврдат дека македонската ОТА незаконски го поседува и користи контроверзниот софтвер за следење на интернет активности Предатор. Овој софтвер, кој има капацитет да ги следи сите интернет активности на сите граѓани во Македонија, е веќе подолго време во фокусот на јавноста во регионот и пошироко, па дури и НАТО го смета за проблематичен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Избија и скандали со прислушување на опозициски политичари токму со овој софтвер, па логично се поставува прашањето дали истиот софтвер бил користен од ОТА, Владата или било кој друг да следи граѓани. Да биде скандалот поголем на пратенички прашања Димитар Ковачевски одговорил дека шпионскиот софтвер Предатор не е користен во Македонија. Од друга страна грчките медиуми кажуваат нешто друго, а Владата, МВР и ОТА упорно молчат и ја прикриваат темата“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

„Тоа може да значи дека Ковачевски излажал и дека може контроверзниот софтвер се злоупотребува за прислушкување и следење на граѓаните во Македонија. ОЈО молчи како мачка да им го прегризала јазикот“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова се сериозни индиции кои треба да се проверат и истражат, бидејќи се работи за потенцијално кршење на човекови права на граѓаните.

– Имајќи ја предвид можноста на овој софтвер буквално сите граѓани ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека за оваа афера мора да има одговори, бидејќи, како што соопштуваат, по промената на власта сето тоа ќе се провери и открие, а во случај да имало злоупотреби тогаш ќе има одговорност и за тие кои злоупотребувале, но и за тие кои тоа го прикривале и штителе.

The post Грчките медиуми го демантираат Ковачевски дека во Македонија не се користи шпионскиот софтвер „Предатор“ appeared first on Република.

Грчката влада призна дека му продала шпионски софтвер на Судан https://republika.mk/vesti/balkan/grchkata-vlada-prizna-deka-mu-prodala-shpionski-softver-na-sudan/ Thu, 20 Apr 2023 15:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=632535

Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис призна дека владата на Нова демократија дала дозвола за извоз на нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан, кој сега се соочува со драматична граѓанска војна, пренесува грчкото радио „Реалфм“.

Во изјава за „Реалфм“, Варвициотис инсистира дека извозната дозвола дадена за извоз на „предатор“ во Судан нема никаква врска со граѓанската војна во земјата.

„Ова не ја предизвика граѓанската војна во Судан, вели грчкиот министер.

Неговата изјава ја разоткри грчката влада која досега го негираше извозот, а владиниот портпарол Јанис Ојконому ги нарече прашањата од Сириза за ова прашање како „заговор“.

Сириза во неделата ја праша владата во Атина дали го извезла нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан откако пишувањата на „Њујорк тајмс“ и на „Инсајд стори“ за прашањето за извозните дозволи ја поттикнаа и Европската комисија да побара објаснување.

Претходно месецов беше објавено дека обвинителот на ЕУ започнал истрага за т.н. „Предаторгејт“, вклучувајќи го и прашањето за извозните дозволи. Според два различни извори на „Еурактив“, обвинителот во последните неколку недели добил конкретни информации од грчките новинари кои го истражуваат скандалот со прислушувањето.

Според сведоци на обвинителството грчката влада го олеснила ширењето на шпионскиот софтвер „предатор“ на „Интелекса“ во земји како Саудиска Арабија, Судан, Мадагаскар и Бангладеш со издавање дозволи за извоз преку грчкото Министерство за надворешни работи. Обвинителот на ЕУ испитува дали грчката влада ја прекршила Регулативата (ЕУ) 2021/821 за т.н. производи со „двојна употреба“ (производи за кои е потребна посебна дозвола за извоз затоа што може да се користат и за предизвикување штета) за да ја фаворизира грчката компанија „Интелекса“.

The post Грчката влада призна дека му продала шпионски софтвер на Судан appeared first on Република.

]]>

Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис призна дека владата на Нова демократија дала дозвола за извоз на нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан, кој сега се соочува со драматична граѓанска војна, пренесува грчкото радио „Реалфм“.
Во изјава за „Реалфм“, Варвициотис инсистира дека извозната дозвола дадена за извоз на „предатор“ во Судан нема никаква врска со граѓанската војна во земјата. „Ова не ја предизвика граѓанската војна во Судан, вели грчкиот министер. Неговата изјава ја разоткри грчката влада која досега го негираше извозот, а владиниот портпарол Јанис Ојконому ги нарече прашањата од Сириза за ова прашање како „заговор“. Сириза во неделата ја праша владата во Атина дали го извезла нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан откако пишувањата на „Њујорк тајмс“ и на „Инсајд стори“ за прашањето за извозните дозволи ја поттикнаа и Европската комисија да побара објаснување. Претходно месецов беше објавено дека обвинителот на ЕУ започнал истрага за т.н. „Предаторгејт“, вклучувајќи го и прашањето за извозните дозволи. Според два различни извори на „Еурактив“, обвинителот во последните неколку недели добил конкретни информации од грчките новинари кои го истражуваат скандалот со прислушувањето. Според сведоци на обвинителството грчката влада го олеснила ширењето на шпионскиот софтвер „предатор“ на „Интелекса“ во земји како Саудиска Арабија, Судан, Мадагаскар и Бангладеш со издавање дозволи за извоз преку грчкото Министерство за надворешни работи. Обвинителот на ЕУ испитува дали грчката влада ја прекршила Регулативата (ЕУ) 2021/821 за т.н. производи со „двојна употреба“ (производи за кои е потребна посебна дозвола за извоз затоа што може да се користат и за предизвикување штета) за да ја фаворизира грчката компанија „Интелекса“.