предадено Archives - Република https://republika.mk/tema/predadeno/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 11:44:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предадено Archives - Република https://republika.mk/tema/predadeno/ 32 32 Телото на Навални предадено на неговата мајка https://republika.mk/vesti/svet/teloto-na-navalni-predadeno-na-negovata-majka/ Sun, 25 Feb 2024 12:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=748102

Руските власти го предадоа телото на опозицискиот блогер Алексеј Навални на неговата мајка, објави во саботата неговата портпаролка Кира Јармиш.

Семејството на Навални и неговиот тим со денови бараа од властите да го предадат неговото тело, откако водечкиот дисидент почина минатата недела во сибирска казнена колонија на 47-годишна возраст под неразјаснети околности. Но и покрај тоа, семејството и неговите соработници бараа да им биде предадено телото.

„Телото на Алексеј е предадено на неговата мајка. Голема благодарност до сите што тоа го побараа заедно со нас“, наведува Јармиш.

Мајката на Навални, која отпатува во затворот на далечниот север на Русија, каде што беше затворен нејзиниот син откако дознала за неговата смрт, сè уште е во блискиот град Салехард, додаде портпаролката.

„Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши погребот. Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа семејството да ја одржи церемонијата како што сака и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом ќе дознаеме нешто“, додава Јармиш.

Помина повеќе од една седмица откако во затворот почина поранешниот жесток руски националист кој во 2014 година ги запрепасти своите западни поддржувачи со изјавата дека црноморскиот полуостров Крим е руски иако изминатите 60 години беше во составот на Украна, стана познат опозициски блогер и на Западот беше препознаен како најголем противни на рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, неговата смрт предизвика остри реакци од западните челници кои го сметаа за политички затвореник, без разлука на пресудите за финасиски махинации, кршење на условите за условна слобода, непочитување на судот и други прекршоци.

Западните лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални по годините на, како што ја нарекоа, неоправданата затворска казна. Во Русија идниот месец ќе се одржат претседателски избори, на кои се очекува Путин, како веќе речиси две децении, лесно да победи.

The post Телото на Навални предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Руските власти го предадоа телото на опозицискиот блогер Алексеј Навални на неговата мајка, објави во саботата неговата портпаролка Кира Јармиш. Семејството на Навални и неговиот тим со денови бараа од властите да го предадат неговото тело, откако водечкиот дисидент почина минатата недела во сибирска казнена колонија на 47-годишна возраст под неразјаснети околности. Но и покрај тоа, семејството и неговите соработници бараа да им биде предадено телото. „Телото на Алексеј е предадено на неговата мајка. Голема благодарност до сите што тоа го побараа заедно со нас“, наведува Јармиш. Мајката на Навални, која отпатува во затворот на далечниот север на Русија, каде што беше затворен нејзиниот син откако дознала за неговата смрт, сè уште е во блискиот град Салехард, додаде портпаролката. „Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши погребот. Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа семејството да ја одржи церемонијата како што сака и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом ќе дознаеме нешто“, додава Јармиш. Помина повеќе од една седмица откако во затворот почина поранешниот жесток руски националист кој во 2014 година ги запрепасти своите западни поддржувачи со изјавата дека црноморскиот полуостров Крим е руски иако изминатите 60 години беше во составот на Украна, стана познат опозициски блогер и на Западот беше препознаен како најголем противни на рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, неговата смрт предизвика остри реакци од западните челници кои го сметаа за политички затвореник, без разлука на пресудите за финасиски махинации, кршење на условите за условна слобода, непочитување на судот и други прекршоци. Западните лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални по годините на, како што ја нарекоа, неоправданата затворска казна. Во Русија идниот месец ќе се одржат претседателски избори, на кои се очекува Путин, како веќе речиси две децении, лесно да победи.

The post Телото на Навални предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>