празник Archives - Република https://republika.mk/tema/praznik/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 07:03:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png празник Archives - Република https://republika.mk/tema/praznik/ 32 32 Ден на македонската револуционерна борба https://republika.mk/vesti/makedonija/den-na-makedonskata-revolutsionerna-borba/ Wed, 23 Oct 2024 07:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=830021

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија.

Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.

Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети.

Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Владина делегација во 11 часот ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје, исто како и собраниската делегација составена од потпретседателот, Антонијо Милошоски и пратеничката Емилија Ангелова.

Државната награда „23 Октомври“ ќе биде, исто така, доделена денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија во 12 часот.

Добитник на наградата „23 Октомври“ годинава е поетот Славе Димоски, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

The post Ден на македонската револуционерна борба appeared first on Република.

]]>

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско. Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција. По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Владина делегација во 11 часот ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје, исто како и собраниската делегација составена од потпретседателот, Антонијо Милошоски и пратеничката Емилија Ангелова. Државната награда „23 Октомври“ ќе биде, исто така, доделена денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија во 12 часот. Добитник на наградата „23 Октомври“ годинава е поетот Славе Димоски, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

The post Ден на македонската револуционерна борба appeared first on Република.

]]>
Честит празник: Македонија го одбележува Денот на народното востание – 11 Октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/den-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 06:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=825378

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност.

По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата.

Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски - Питу и на Могилата на непобедените.

Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.

Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје.

Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.

На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувлaдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

The post Честит празник: Македонија го одбележува Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност. По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата. Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски - Питу и на Могилата на непобедените. Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово. Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје. Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава. Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувлaдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

The post Честит празник: Македонија го одбележува Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Доаѓа продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани https://republika.mk/zivot/servisi/doaga-prodolzhen-vikend-petok-neraboten-den-za-site-gragani/ Tue, 08 Oct 2024 12:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=824234

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

На 11 Октомври се чествуваат 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ . Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

The post Доаѓа продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството на граѓаните им го честита Денот на народното востание. На 11 Октомври се чествуваат 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ . Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

The post Доаѓа продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа голем празник: Еве што да направат жените за Мала Богородица https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa/ Thu, 19 Sep 2024 08:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=817689

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември.

Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

The post Ни доаѓа голем празник: Еве што да направат жените за Мала Богородица appeared first on Република.

]]>

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

The post Ни доаѓа голем празник: Еве што да направат жените за Мала Богородица appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа слободен ден: 28 август, неработен за граѓаните од православна вероисповед https://republika.mk/zivot/servisi/ni-doaga-sloboden-den-28-avgust-neraboten-za-graganite-od-pravoslavna-veroispoved/ Fri, 23 Aug 2024 08:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=809286

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република  Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

The post Ни доаѓа слободен ден: 28 август, неработен за граѓаните од православна вероисповед appeared first on Република.

]]>

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република  Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

The post Ни доаѓа слободен ден: 28 август, неработен за граѓаните од православна вероисповед appeared first on Република.

]]>
Мицкоски по повод христијанскиот празник Преображение Господово во посета на црквата ,,Преображение” во Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-povod-hristijanskiot-praznik-preobrazhenie-gospodovo-vo-poseta-na-tsrkvata-preobrazhenie-vo-gostivar/ Mon, 19 Aug 2024 09:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=807885

Денеска по повод христијанскиот празник Преображение Господово бев во посета на црквата ,,Преображение" во Гостивар. За многу години!, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски по повод христијанскиот празник Преображение Господово во посета на црквата ,,Преображение” во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Денеска по повод христијанскиот празник Преображение Господово бев во посета на црквата ,,Преображение" во Гостивар. За многу години!, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски по повод христијанскиот празник Преображение Господово во посета на црквата ,,Преображение” во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Oва сите ги интересира: Eве какво ќе биде времето за викендов https://republika.mk/zivot/servisi/ova-site-gi-interesira-eve-kakvo-ke-bide-vremeto-za-praznichniot-vikend/ Fri, 02 Aug 2024 20:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=802892

Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Како што информираат од УХМР, во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер.

Времето утре претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени

The post Oва сите ги интересира: Eве какво ќе биде времето за викендов appeared first on Република.

]]>

Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Како што информираат од УХМР, во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер. Времето утре претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9 Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени

The post Oва сите ги интересира: Eве какво ќе биде времето за викендов appeared first on Република.

]]>
Денеска се празнува Св. великомаченица Недела https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-se-praznuva-sv-velikomachenitsa-nedela/ Sat, 20 Jul 2024 10:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=798702

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули.

Денеска е Св. великомаченица Недела.

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца.

Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос.

Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.

The post Денеска се празнува Св. великомаченица Недела appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули. Денеска е Св. великомаченица Недела. Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.

The post Денеска се празнува Св. великомаченица Недела appeared first on Република.

]]>
Денес ги славиме Свети Кирил и Методиј: Се верува дека ова никако не смее да се направи! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/denes-gi-slavime-sveti-kiril-i-metodij-se-veruva-deka-ova-nikako-ne-smee-da-se-napravi/ Fri, 24 May 2024 08:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=781329

Оваа година празникот посветен на Кирил и Методиј се паѓа во петок, што значи дека секој верник би требало да пости. Исто така, сите обврски по дома би требало да ги оставите за друг ден, бидејќи на овој празник не се пере, не се шие, ниту се прават какви било други тешки задачи.

Кирил и Методиј биле браќа од Солун, кои ги ширеле писменоста и христијанството меѓу неписмените Словени во кнежевството на Велика Моравија и Панонија.

Со својата работа тие помогнале за културниот напредок на Словените, поради што останале запаметени како „словенските апостоли“.

Со преводот на литургиските и библиските книги, Кирил и Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. Нивните ученици Климент и Наум го составиле писмото кирилица.

Кај Македонците, Русите, Украинците, Бугарите, Словаците и Чесите, денот на Свети Кирил и Методиј е културен Ден на словенската писменост и култура.

The post Денес ги славиме Свети Кирил и Методиј: Се верува дека ова никако не смее да се направи! appeared first on Република.

]]>

Оваа година празникот посветен на Кирил и Методиј се паѓа во петок, што значи дека секој верник би требало да пости. Исто така, сите обврски по дома би требало да ги оставите за друг ден, бидејќи на овој празник не се пере, не се шие, ниту се прават какви било други тешки задачи. Кирил и Методиј биле браќа од Солун, кои ги ширеле писменоста и христијанството меѓу неписмените Словени во кнежевството на Велика Моравија и Панонија. Со својата работа тие помогнале за културниот напредок на Словените, поради што останале запаметени како „словенските апостоли“. Со преводот на литургиските и библиските книги, Кирил и Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. Нивните ученици Климент и Наум го составиле писмото кирилица. Кај Македонците, Русите, Украинците, Бугарите, Словаците и Чесите, денот на Свети Кирил и Методиј е културен Ден на словенската писменост и култура.

The post Денес ги славиме Свети Кирил и Методиј: Се верува дека ова никако не смее да се направи! appeared first on Република.

]]>
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј https://republika.mk/vesti/makedonija/den-na-seslovenskite-prosvetiteli-sveti-kiril-i-metodij/ Fri, 24 May 2024 06:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=781315

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамки на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“, а имаше и аудиенција кај папата Франциск.

Во пресрет на Денот на 24 Мај, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, вчера положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повод Денот на сесловенските просветители, на Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ беа одржани Првите Кирилометодиеви научни средби. Научните средби се во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „св. Климент Охридски“ со цел одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зачувување и афирмирање на вековните македонски историски и црковни традиции.

Со низа манифестации и настани, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се одбележува во Охрид. Чествувањата ќе бидат заокружени вечер во црквата „Св. Софија“ со концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ на растечката генерација музичари од класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Предвидена е и беседа за свети Кирил и Методиј на проф. д-р Красимира Илиевска. Во „Св. Софија“ ќе биде прикажан документарниот филм „Кирилицата – Кодот на Македонија“ од проф. д-р Илија Велев.

Светите Кирил и Методиј иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, Црквата одредила и заедничко празнување на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

The post Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамки на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“, а имаше и аудиенција кај папата Франциск. Во пресрет на Денот на 24 Мај, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, вчера положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод Денот на сесловенските просветители, на Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ беа одржани Првите Кирилометодиеви научни средби. Научните средби се во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „св. Климент Охридски“ со цел одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зачувување и афирмирање на вековните македонски историски и црковни традиции. Со низа манифестации и настани, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се одбележува во Охрид. Чествувањата ќе бидат заокружени вечер во црквата „Св. Софија“ со концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ на растечката генерација музичари од класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Предвидена е и беседа за свети Кирил и Методиј на проф. д-р Красимира Илиевска. Во „Св. Софија“ ќе биде прикажан документарниот филм „Кирилицата – Кодот на Македонија“ од проф. д-р Илија Велев. Светите Кирил и Методиј иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, Црквата одредила и заедничко празнување на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид. Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

The post Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Следува уште по еден продолжен викенд во мај и во јуни https://republika.mk/zivot/sleduva-ushte-po-eden-prodolzhen-vikend-vo-maj-i-vo-juni/ Tue, 14 May 2024 11:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=777953

Следниот неработен ден 24 мај (петок) Денот на Свети Кирил и Методиј.

Потоа како неработен ден е празникот Илинден кој се празнува на 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед: 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

The post Следува уште по еден продолжен викенд во мај и во јуни appeared first on Република.

]]>

Следниот неработен ден 24 мај (петок) Денот на Свети Кирил и Методиј. Потоа како неработен ден е празникот Илинден кој се празнува на 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. За граѓаните од православна вероисповед: 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

The post Следува уште по еден продолжен викенд во мај и во јуни appeared first on Република.

]]>
Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто од денес е добро да поверувате во Бог https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/denes-e-mal-veligden-na-edna-nedela-po-najgolemiot-praznik-se-slavi-tomina-nedela-eve-zoshto-od-denes-e-dobro-da-poveruvate-vo-bog/ Sun, 12 May 2024 09:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=777180

Во недела е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

The post Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто од денес е добро да поверувате во Бог appeared first on Република.

]]>

Во недела е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

The post Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто од денес е добро да поверувате во Бог appeared first on Република.

]]>
Денеска е Ѓурѓовден: Ако го направите ова, ќе дојде љубов и богатство! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-gurgovden-ako-go-napravite-ova-ke-dojde-lubov-i-bogatstvo/ Mon, 06 May 2024 11:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=774692

Ѓурѓовден се празнува денеска, 6 мај, а овој празник се зема како граница меѓу зимата и летото. Претходно во текот на денот, киднаперите ги напуштија засолништата каде што се криеја во текот на зимата и отидоа во шумата на закажаната локација за да продолжат со киднапирањето. Затоа меѓу народот има изрека „Ѓурѓевданк – хајдучка средба“.

По Божиќ, Ѓурѓовден е празникот со најмногу обичаи. Повеќето од нив се однесуваа на здравјето, плодноста, млекарството, здравјето на домаќинствата, бракот, бракот…

Во пресрет на Ѓурѓовден се плетат венци од Ѓурѓовден, крин и млечна трева, а со него се украсени портите и влезната врата од куќата. Тие венци стојат над вратата цела година до следниот Ѓурѓовден. Кога ќе заврши ткаењето на венецот, вообичаено е да се развие круг во тивката вечер и по месечевата светлина.

На некои места на Ѓурѓовден луѓето одат во природа, заедно на Ѓурѓовден мугрите. Храната и пијалокот се специјално подготвени за оваа пригода. Луѓето често се радуваат до пладне. Во мугрите на Ѓурѓовден, младите се опкружени со врбови гранки за да бидат напредни како врбите, китовите да бидат здрави како гераниумите, копривите, копривите да горат болести и селенот за да им мириса на душата на селен.

На водата ѝ се припишувале и магични својства. Капењето и миењето со Ѓурѓовденска вода гарантираат здравје во текот на целата година. Се капеше на денот на празникот, пред изгрејсонце.

Летната сезона започнува на Ѓурѓовден, што е добра можност да се допре до саканата личност. А во тоа помогна и магијата која девојките ја практикуваа пред брак.

Овој таканаречен магичен лов за мажи зависел од место до место. Во околината на Високо, девојчињата земаа мамка, за да ги намамат момчињата по нив и да „брзаат“ за мажите да ги преферираат.

Забележан е и обичајот девојка на Ѓурѓовден да трча низ свињарник со намера да ги исплаши свињите. Се верувало дека момчињата, како свињи, ќе трчаат околу неа и по неа.

Пченка за благосостојба

Се верува дека стебленцето набрано на Велики петок има чудотворна моќ, но парче леб мора да се стави на местото каде што е извлечено. Венец од таа пченка порано се ставаше околу вратовите на овците, но денес се практикува во деловните книги, учебниците, под тастатурата или под кој било предмет што помага за стекнување материјално богатство.

Во текот на вечерта треба повторно да отидете на местото каде што е собрано ова чудесно растение, да запалите оган и да почекате до полноќ. Потоа, според оние кои присуствувале, на небото се појавила кратка блескава светлина, која набрзо ги збогатила сите што ја виделе.

Ритуалното миење ги отстранува магиите

Ѓурѓовден е идеален за изведување ритуали кои отстрануваат магии, фрлаат црна магија и ги отстрануваат магиите направени во текот на претходните пет месеци. За таа цел обично се врши „ритуално перење“: околу садот во кој е вапсано првото велигденско јајце (се разбира црвено) се обвиткуваат стебленцата од пченка, оман и лавица, а потоа во него се истура вода и оставена преку ноќ на прагот или покрај растение, за во зори да се слева росата во неа.

На Ѓурѓовден сите домаќини се мијат со оваа вода за да си ја тргнат магијата, со мислата дека доброто го победува злото. Исто така, во пресрет на празнувањето треба да се остават два-три професионални омана пред куќата, па кога ќе бидат росани, внесете ги во собата и закачете ги да се исушат. Сувото растение подоцна се користи во разни љубовни ритуали, а се верува дека чудотворна моќ има и босилекот кој набрал роса ноќта спроти Ѓурѓовден.

The post Денеска е Ѓурѓовден: Ако го направите ова, ќе дојде љубов и богатство! appeared first on Република.

]]>

Ѓурѓовден се празнува денеска, 6 мај, а овој празник се зема како граница меѓу зимата и летото. Претходно во текот на денот, киднаперите ги напуштија засолништата каде што се криеја во текот на зимата и отидоа во шумата на закажаната локација за да продолжат со киднапирањето. Затоа меѓу народот има изрека „Ѓурѓевданк – хајдучка средба“. По Божиќ, Ѓурѓовден е празникот со најмногу обичаи. Повеќето од нив се однесуваа на здравјето, плодноста, млекарството, здравјето на домаќинствата, бракот, бракот… Во пресрет на Ѓурѓовден се плетат венци од Ѓурѓовден, крин и млечна трева, а со него се украсени портите и влезната врата од куќата. Тие венци стојат над вратата цела година до следниот Ѓурѓовден. Кога ќе заврши ткаењето на венецот, вообичаено е да се развие круг во тивката вечер и по месечевата светлина. На некои места на Ѓурѓовден луѓето одат во природа, заедно на Ѓурѓовден мугрите. Храната и пијалокот се специјално подготвени за оваа пригода. Луѓето често се радуваат до пладне. Во мугрите на Ѓурѓовден, младите се опкружени со врбови гранки за да бидат напредни како врбите, китовите да бидат здрави како гераниумите, копривите, копривите да горат болести и селенот за да им мириса на душата на селен. На водата ѝ се припишувале и магични својства. Капењето и миењето со Ѓурѓовденска вода гарантираат здравје во текот на целата година. Се капеше на денот на празникот, пред изгрејсонце. Летната сезона започнува на Ѓурѓовден, што е добра можност да се допре до саканата личност. А во тоа помогна и магијата која девојките ја практикуваа пред брак. Овој таканаречен магичен лов за мажи зависел од место до место. Во околината на Високо, девојчињата земаа мамка, за да ги намамат момчињата по нив и да „брзаат“ за мажите да ги преферираат. Забележан е и обичајот девојка на Ѓурѓовден да трча низ свињарник со намера да ги исплаши свињите. Се верувало дека момчињата, како свињи, ќе трчаат околу неа и по неа. Пченка за благосостојба Се верува дека стебленцето набрано на Велики петок има чудотворна моќ, но парче леб мора да се стави на местото каде што е извлечено. Венец од таа пченка порано се ставаше околу вратовите на овците, но денес се практикува во деловните книги, учебниците, под тастатурата или под кој било предмет што помага за стекнување материјално богатство. Во текот на вечерта треба повторно да отидете на местото каде што е собрано ова чудесно растение, да запалите оган и да почекате до полноќ. Потоа, според оние кои присуствувале, на небото се појавила кратка блескава светлина, која набрзо ги збогатила сите што ја виделе. Ритуалното миење ги отстранува магиите Ѓурѓовден е идеален за изведување ритуали кои отстрануваат магии, фрлаат црна магија и ги отстрануваат магиите направени во текот на претходните пет месеци. За таа цел обично се врши „ритуално перење“: околу садот во кој е вапсано првото велигденско јајце (се разбира црвено) се обвиткуваат стебленцата од пченка, оман и лавица, а потоа во него се истура вода и оставена преку ноќ на прагот или покрај растение, за во зори да се слева росата во неа. На Ѓурѓовден сите домаќини се мијат со оваа вода за да си ја тргнат магијата, со мислата дека доброто го победува злото. Исто така, во пресрет на празнувањето треба да се остават два-три професионални омана пред куќата, па кога ќе бидат росани, внесете ги во собата и закачете ги да се исушат. Сувото растение подоцна се користи во разни љубовни ритуали, а се верува дека чудотворна моќ има и босилекот кој набрал роса ноќта спроти Ѓурѓовден.

The post Денеска е Ѓурѓовден: Ако го направите ова, ќе дојде љубов и богатство! appeared first on Република.

]]>
Недела е убав празник, се верува дека птиците ќе дојдат од југ дури и да врне снег https://republika.mk/zivot/servisi/nedela-e-ubav-praznik-se-veruva-deka-ptitsite-ke-dojdat-od-jug-duri-i-da-vrne-sneg/ Thu, 04 Apr 2024 12:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=761947

Во недела го празнуваме големиот празник Свето Благовештение, празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Недела е убав празник, се верува дека птиците ќе дојдат од југ дури и да врне снег appeared first on Република.

]]>

Во недела го празнуваме големиот празник Свето Благовештение, празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви! На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените. Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Недела е убав празник, се верува дека птиците ќе дојдат од југ дури и да врне снег appeared first on Република.

]]>
Коле Ангеловски: Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава https://republika.mk/vesti/kultura/kole-angelovski-golem-praznik-za-nas-teatardhiite-ni-doaga-kako-kukna-slava/ Wed, 27 Mar 2024 08:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=759174

Денеска е 27 март, Светски ден на театарот. Автор на македонската порака во чест на Светскиот ден на театарот е филмскиот и театарски актер, театарски режисер, Коле Ангеловски. Ја пренесуваме во целост неговата порака.

27 Март – Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра), па потоа коктелче, баш како на куќна слава.

Јас имав посебна среќа што нa 27 март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театар Комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија.

Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на македонскиот театар.

Првиот, кога Македонија, во рамките на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на претставата. Сценограф, костимограф, композитор (за секоја претстава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа сè што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и сèфункционираше како што треба.

Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна.

Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави, проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.

Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а сè помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, претставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарницата, со среќна и насмеана публика.

Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10, 20 отсто, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село – тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни.

Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот „Комеди Франсез“ има постојано вработена трупа.

Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи.

И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски… Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот – „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси…

Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс за евентуално да бидат примени…

Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава…

Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!

https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=fAfClpc_Gs2dU6td

The post Коле Ангеловски: Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава appeared first on Република.

]]>

Денеска е 27 март, Светски ден на театарот. Автор на македонската порака во чест на Светскиот ден на театарот е филмскиот и театарски актер, театарски режисер, Коле Ангеловски. Ја пренесуваме во целост неговата порака. 27 Март – Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра), па потоа коктелче, баш како на куќна слава. Јас имав посебна среќа што нa 27 март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театар Комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија. Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на македонскиот театар. Првиот, кога Македонија, во рамките на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на претставата. Сценограф, костимограф, композитор (за секоја претстава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа сè што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и сèфункционираше како што треба. Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна. Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави, проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати. Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а сè помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, претставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарницата, со среќна и насмеана публика. Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10, 20 отсто, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село – тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни. Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот „Комеди Франсез“ има постојано вработена трупа. Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи. И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски… Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот – „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси… Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс за евентуално да бидат примени… Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава… Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР! https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=fAfClpc_Gs2dU6td

The post Коле Ангеловски: Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава appeared first on Република.

]]>
Прости ми, простено нека ти: Денеска е Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prosti-mi-prosteno-neka-ti-deneska-e-prochka-praznik-za-proshtevane-i-ochistuvane-od-grevovite/ Sun, 17 Mar 2024 07:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=755512

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Обичаи – амкање и простување

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

The post Прости ми, простено нека ти: Денеска е Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите appeared first on Република.

]]>

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден. „Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости. За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Обичаи – амкање и простување На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите. Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

The post Прости ми, простено нека ти: Денеска е Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите appeared first on Република.

]]>
Денеска беше сончево и ведро, а подобро е да врнеше: Еве каква година не очекува https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-beshe-sonchevo-i-vedro-a-podobro-e-da-vrneshe-eve-kakva-godina-ne-ochekuva/ Wed, 14 Feb 2024 19:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=744198

Верниците денес го слават Свети Трифун.

Тој живеел во третиот век, а е роден во Кампсада, во Фригија. Неговите родители биле многу побожни и таа побожност ја пренеле на својот син.

Во својот живот се занимавал со чување на гуски, но бидејќи и бил верен на Христовата вера, Бог го обдарил со чудотворна моќ, и тој со своите молитви лекувал многу болни од разни болести.

Според преданијата Свети Трифун, помеѓу останатите ја исцели и Горда, ќерката на римскиот цар Гордијан, која страдала од некоја тешка душевна болест, која ниту еден лекар не можел да ја излекува.

Царот поради тоа богато го наградил, а тој сите тие дарови им ги подарил на сиромашните. За време на рискиот цар Дециј , Трифун претрпел страшно мачење и на крај умрел.

Свети Трифун се смета за заштитник на нивите, градините и лозјата и полињата.

Постои верување дека ако на овој ден паѓа дожд или снег, ќе биде плодна и дожделива година, а ако е ведро, годината ќе биде сушна и неродна.

Се верува дека Свети Трифун ја штити лозата од град и штетности и дека на овој ден треба да почне градинарството. Во некои краеви се поврзува за заштита од глодарите па постои обичај за отворање на ормарите преку ноќ.

Постои верување дека Трифун на својот празник во земјата фрла факел и од тој ден снегот почнува да се топи.

The post Денеска беше сончево и ведро, а подобро е да врнеше: Еве каква година не очекува appeared first on Република.

]]>

Верниците денес го слават Свети Трифун. Тој живеел во третиот век, а е роден во Кампсада, во Фригија. Неговите родители биле многу побожни и таа побожност ја пренеле на својот син. Во својот живот се занимавал со чување на гуски, но бидејќи и бил верен на Христовата вера, Бог го обдарил со чудотворна моќ, и тој со своите молитви лекувал многу болни од разни болести. Според преданијата Свети Трифун, помеѓу останатите ја исцели и Горда, ќерката на римскиот цар Гордијан, која страдала од некоја тешка душевна болест, која ниту еден лекар не можел да ја излекува. Царот поради тоа богато го наградил, а тој сите тие дарови им ги подарил на сиромашните. За време на рискиот цар Дециј , Трифун претрпел страшно мачење и на крај умрел. Свети Трифун се смета за заштитник на нивите, градините и лозјата и полињата. Постои верување дека ако на овој ден паѓа дожд или снег, ќе биде плодна и дожделива година, а ако е ведро, годината ќе биде сушна и неродна. Се верува дека Свети Трифун ја штити лозата од град и штетности и дека на овој ден треба да почне градинарството. Во некои краеви се поврзува за заштита од глодарите па постои обичај за отворање на ормарите преку ноќ. Постои верување дека Трифун на својот празник во земјата фрла факел и од тој ден снегот почнува да се топи.

The post Денеска беше сончево и ведро, а подобро е да врнеше: Еве каква година не очекува appeared first on Република.

]]>
Џафери го честита Богојавление: Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-chestita-bogojavlenie-mudro-zrelo-i-odgovorno-da-gi-nadmineme-predizvitsite/ Fri, 19 Jan 2024 08:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=734579

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна. Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници. Да бидеме заедно и едногласни, придонесувајќи за целта која ја посакуваме и заслужуваме - Република  Македонија, напредна, успешна и полноправна членка на европското семејство на народи. Нека овој празник ги растера темните и неизвесни облаци, нека ги облагороди мислите и поттикне солидарност, сочувство и искреност во секој од нас. Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните и за Република Македонија, се вели во честитката од претседателот на Собранието.

The post Џафери го честита Богојавление: Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици. Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна. Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници. Да бидеме заедно и едногласни, придонесувајќи за целта која ја посакуваме и заслужуваме - Република  Македонија, напредна, успешна и полноправна членка на европското семејство на народи. Нека овој празник ги растера темните и неизвесни облаци, нека ги облагороди мислите и поттикне солидарност, сочувство и искреност во секој од нас. Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните и за Република Македонија, се вели во честитката од претседателот на Собранието.

The post Џафери го честита Богојавление: Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците appeared first on Република.

]]>
Бог се јави, денеска е Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bog-se-javi-deneska-e-bogojavlenie-voditsi-den-koga-vodite-stanuvaat-osveteni-i-lekoviti/ Fri, 19 Jan 2024 07:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=734554

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16)

Овој настан се нарекува Боголавление (Епифанија – јавување). Во почетокот на празнувањето на Богојавление, во овој празник биле слеани повеќе спомени, меѓу кои и Раѓањето Христово. „Во четвртиот век празниците биле одделени, така што Христовото раѓање било пренесено на 25 декември, на денот кога паганите го празнувале богот на Сонцето, а христијаните го празнуваат Сонцето на правдата.“

Крштевањето се изведува преку потопување во водата. На тој начин верникот излегува од водата измиен од гревовите. „Според Јован Дамаскин, Христос се крсти за да ги уништи главите на демоните во водата, бидејќи постоело сфаќање дека демоните живеат во водата; за да го измие гревот и да го погреба целокупниот стар Адам во водата, за да го освети Крстителот затоа што не го освети Претечата Христа туку Христос го освети Претечата, кога последниов ја стави својата рака врз Христовата глава; за да го исполни законот; затоа што Он Самиот го даде и не требаше да испадне негов престапник, за да ја открие тајната на Света Троица, бидејќи во тој час имаме јавување на Света Троица; за да стане образец на нашето крштение коешто е совршено крштение и се врши со вода и Дух Свети.“

Со своето крштевање во реката Јордан Исус ги освети водите. И денеска на денот Богојавление се извршува осветување на водите „Така по осветувањето водата престанува да биде вода на падот и станува вода на обновување, бидејќи се соединува со несоздадената благодат Божја“.

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…

The post Бог се јави, денеска е Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити appeared first on Република.

]]>

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл. Празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16) Овој настан се нарекува Боголавление (Епифанија – јавување). Во почетокот на празнувањето на Богојавление, во овој празник биле слеани повеќе спомени, меѓу кои и Раѓањето Христово. „Во четвртиот век празниците биле одделени, така што Христовото раѓање било пренесено на 25 декември, на денот кога паганите го празнувале богот на Сонцето, а христијаните го празнуваат Сонцето на правдата.“ Крштевањето се изведува преку потопување во водата. На тој начин верникот излегува од водата измиен од гревовите. „Според Јован Дамаскин, Христос се крсти за да ги уништи главите на демоните во водата, бидејќи постоело сфаќање дека демоните живеат во водата; за да го измие гревот и да го погреба целокупниот стар Адам во водата, за да го освети Крстителот затоа што не го освети Претечата Христа туку Христос го освети Претечата, кога последниов ја стави својата рака врз Христовата глава; за да го исполни законот; затоа што Он Самиот го даде и не требаше да испадне негов престапник, за да ја открие тајната на Света Троица, бидејќи во тој час имаме јавување на Света Троица; за да стане образец на нашето крштение коешто е совршено крштение и се врши со вода и Дух Свети.“ Со своето крштевање во реката Јордан Исус ги освети водите. И денеска на денот Богојавление се извршува осветување на водите „Така по осветувањето водата престанува да биде вода на падот и станува вода на обновување, бидејќи се соединува со несоздадената благодат Божја“. Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…

The post Бог се јави, денеска е Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа последниот неработен ден годинава: Во 2024 ќе имаме дури 10 споени викенди https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doaga-posledniot-neraboten-den-godinava-vo-2024-ke-imame-duri-10-spoeni-vikendi/ Fri, 01 Dec 2023 13:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=718355

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

01 јануари (понеделник), Нова Година,
07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
01 мај (среда), Ден на трудот
06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
02 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед

06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед

01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (сабота), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

The post Ни доаѓа последниот неработен ден годинава: Во 2024 ќе имаме дури 10 споени викенди appeared first on Република.

]]>

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ 01 јануари (понеделник), Нова Година, 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 01 мај (среда), Ден на трудот 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 02 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. За граѓаните од православна вероисповед 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (петок), Богојавление (Водици), 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ 27 јануари (сабота), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (четврток), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

The post Ни доаѓа последниот неработен ден годинава: Во 2024 ќе имаме дури 10 споени викенди appeared first on Република.

]]>