празнична трпеза Archives - Република https://republika.mk/tema/praznichna-trpeza/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 09:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png празнична трпеза Archives - Република https://republika.mk/tema/praznichna-trpeza/ 32 32 Да нема сирење и пилешко: Кои правила важат за храната на новогодишната ноќ? https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/da-nema-sirene-i-pileshko-koi-pravila-vazhat-za-hranata-na-novogodishnata-nok/ Sat, 30 Dec 2023 09:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=728117

На новогодишната трпеза обично има многу различни специјалитети, и солени и слатки, но некои јадења е подобро да ги прескокнете баш тој ден за да ве следи среќа во новата година. Овие јадења не треба да бидат на менито ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Пилешко и мисирка

Ако не сакате среќата да ви одлета, тогаш подобро е да избегнувате пилешко и мисиркино месо на новогодишната ноќ. Птиците, кога ги чистат пердувите, гледаат наназад. Тоа може да значи дека тие живеат во минатото. Ако сакате месо, тогаш свинското месо е подобар избор, бидејќи свињите однапред ја копаат земјата.

Краби, јастози и ракчиња

За Нова година не подготвувајте салати и храна со ракови, доколку не сакате да се соочите со многу неуспешна 2023 година. Овие животни се движат наназад или настрана, а не напред. Не треба целосно да се откажете од морската храна, туку да ја замените со риба, како лосос или туна.

Школки

Кога сме кај ракчињата, добро е да се напомене дека не треба да се подготвуваат ниту школки. Тие се сметаат за лоша среќа на трпезата, бидејќи ја земаат храната од дното на океанот.

Воздушен леб

Избегнувајте воздушен леб на новогодишната трпеза. Големиот број отвори за воздух во лебот се сметаат за знаци на смрт. Можете да јадете само кружен леб, најубаво погача, бидејќи круговите претставуваат среќа.

Ориз

На трпезата не смее да има ниту храна во бела боја, бидејќи во кинеската традиција се смета дека носи лоша среќа и ја симболизира смртта. На новогодишната вечера треба да се заборават тофу, јајца, ориз, карфиол и бело сирење. Подобро е да се подготвува храна со посилни бои, како зелена и жолта, кои означуваат среќа и просперитет. Портокалите носат среќа, па може да се послужат и по главниот оброк.

Банани

Бананите се предвесници на лоши настани, пишува порталот „Делиш“. Подобро би било оние кои ги сакаат да се откажат од бананите до следната година.

The post Да нема сирење и пилешко: Кои правила важат за храната на новогодишната ноќ? appeared first on Република.

]]>

Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците https://republika.mk/zivot/zdravje/koga-jadete-i-ruska-i-meso-si-pravite-bomba-vo-stomakot-d-r-dejan-sovetuva-kako-da-se-hranite-za-vreme-na-praznitsite/ Wed, 04 Jan 2023 20:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=581942

Ние сме народи кои живеат многу лошо, вели проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина, објаснувајќи Балканците постојано мислат на тоа што ќе јадат и како ќе се прејадат, а тоа особено се гледа за време на зимските празници.

Кога доаѓа Нова година ние едноставно сме преотоварени со тоа што сè ќе имаме на маса. Па размислуваме кога да се купи, од која продавница, колку..., вели тој.

Единствен начин да си помогнеме себе и на организмот, вели, е да престанеме да внесуваме толку голема количина храна.

Сè зависи од нас, да си ставиме прст на чело колку ќе изедеме, но најважно од сè, што јадеме и како го комбинираме. Ако веќе јадеме од печењето, да си кажеме „добро, јадам месо, но нема да јадам и мезе, значи денес нема сувомеснато и кашкавал“, или „нема да јадам и зелник со месото и без руска салата“. Кога јадете руска салата со месото, вие си правите таква бомба во телото што не може да се свари, а потоа се создаваат гасови, од кои некои излегуваат надвор, ама повеќето остануваат во системот. Замислете си ги гасовите како оставена храна на тераса и таа скапува, смрди... Баш така гасовите испаруваат, од тоа несварено месо излегува метан, влегува во циркулацијата, органите ти се преоптоварени... Така го преоптоварувате и телото и имунолошкиот систем, објаснува д-р Чубрило.

Руската салата сама по себе не е „забранета“, но ако веќе ја јадете, д-р Чубрило советува да ја јадете само со кифлички, можеби и некаква пита.

Немојте и месо, и кашкавал, и сарма, тоа е најлошата комбинација, затоа што сè тоа е масти и протеини. Сармите може да се каснат со малку леб, малку туршија. Туршијата е многу здрава работа, на пример киселите краставички, феферонка, но тоа е единственото нешто што оди во комбинацијата со сарма, вели докторот.

The post Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците appeared first on Република.

Празните столови и чинии на празничната трпеза https://republika.mk/kolumni/praznitte-stolovi-i-chinii-na-praznichnata-trpeza/ Thu, 29 Dec 2022 20:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=591633

Ламбе Арнаудов

Наближуваат весели празнични денови полни со радост и искрени желби за здравје, среќа и бериќет, но и заедничко семејно одбележување на Рождеството Исусово Божиќ што најторжествено се слави во кругот на најблиското семејство.

Новогодишната и Божикна кошничка благодарејќи на овие дилетанти и апаши од власта, граѓаните и верниците кои најмногу го слават Бога, чинам најскромно ќе ги поминат овие светли денови, но нивната внедрена духовност и чествување на празниците ќе им ги разгали срцата и осветли душата и ќе бидат многу, многу посреќни од, на овој голем ден таканаречените верници егзибиционисти.

Но нешто друго ми беше зборот. Не можам, а да не се присетам на празните столови и чинии на празничните трпези, на кои и оваа година ќе фалат главите на семејствата, онеправдани од човек-нечовек, домаќините кои веќе шест години не ја почувствувале топлината на домот, љубовта на семејството и празничната атмосфера на заедничката трпеза исто толку време, докрај непотполна.

Фали главата на семејството без никаква причина и вина, освен што премногу ја сакале својата татковина и го бранеле Уставниот поредок на Република МАКЕДОНИЈА.

Во тоа време, еден СЛАБАК – мизерија од човек, предавник, кривоплатеник и арамбаша кој со своите зулумќари, жеден за власт и неограничена моќ си стави на врат ѓаволов печат, ги погази сите човекови вредности, се вооружи со лакомост, гордост, завист и над сé со самољубие и со одмаздничка еруптивна суровост, удри на Уставобранителите, нивните семејства, истомисленици и до темел ја разорна македонската држава, го понижи својот народ, го разнебити идентитетот на родот свој.

Принуди кукавици кокошкари и награди среброљупци, ги собра во својата ОРДА на беззаконие и врз грбот на овие големи синови на МАКЕДОНИЈА – УСТАВОБРАНИТЕЛИ го разурна и опустоши македонското општество и го претвори во феуд со кој уште владее преку своите од него назначени вазали и послушници.

Почитувани јунаци УСТАВОБРАНИТЕЛИ, НИЕ вашите сострадалници ви порачуваме: Доаѓа време на праведност и правда. Доаѓа време на израмнување на сметките. Многу скоро ќе бидете со своите најмили, вашите бебиња кои сега се првоодделенци, основците сегашни тинејџери, со вашите родители со понекоја повеќе брчка на челата и побелени влакна од жал, чемер и јад за своите чеда јунаци што ги нагризуваат вашите страдни и напатени срца и души.

Доаѓа време кога друг многу почесен човек, вреден и достоен ќе ги подели картите.
Асовите, најсилните карти ќе ги подели на најважните, највредните со ист генетски код патриотски како вашиот, а тоа е НАРОДОТ.

НАРОДОТ секогаш знае што да направи за себе и кому да му додели довербата.
Ваквите како овие досега, никогаш повеќе нема да ги гледате на политичкото небо што заради нивната неспособност е темно, но не толку да не може да се види ѕвездата која ќе го осветли патот на вистината и убавината.

Сепак, порачувам до сите вие, сегашниот и поранешен премиер, претседател на МАКЕДОНИЈА, јавни обвинители, судии, лажни сведоци и сведоци соработници, полициски службеници вовлечени во оваа гнасна игра и министри: Имате последна шанса да исперете голем дел од вашите ГРЕВОВИ кон народот, татковината и пред сé кон овие страдалници на чии семејства и лично ним им одзедовте НЕПРАВЕДНО огромен и најсладок дел од животот што им го дарил ГОСПОД правејќи се поголеми од НЕГО.

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ!

Да се симне проклетството што заради вас клетници нé снајде сите, во прв ред, вашите невини жртви.

Зошто ако не се покаете, нема ни прошка. Тогаш сé останува отворено и во знак на универзалната, глобална изрека која сликовито ја објаснува ВИСТИНАТА.
НЕ ПРАВИ ЗА ДА НЕ НАЈДЕШ!

The post Празните столови и чинии на празничната трпеза appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Наближуваат весели празнични денови полни со радост и искрени желби за здравје, среќа и бериќет, но и заедничко семејно одбележување на Рождеството Исусово Божиќ што најторжествено се слави во кругот на најблиското семејство. Новогодишната и Божикна кошничка благодарејќи на овие дилетанти и апаши од власта, граѓаните и верниците кои најмногу го слават Бога, чинам најскромно ќе ги поминат овие светли денови, но нивната внедрена духовност и чествување на празниците ќе им ги разгали срцата и осветли душата и ќе бидат многу, многу посреќни од, на овој голем ден таканаречените верници егзибиционисти. Но нешто друго ми беше зборот. Не можам, а да не се присетам на празните столови и чинии на празничните трпези, на кои и оваа година ќе фалат главите на семејствата, онеправдани од човек-нечовек, домаќините кои веќе шест години не ја почувствувале топлината на домот, љубовта на семејството и празничната атмосфера на заедничката трпеза исто толку време, докрај непотполна. Фали главата на семејството без никаква причина и вина, освен што премногу ја сакале својата татковина и го бранеле Уставниот поредок на Република МАКЕДОНИЈА. Во тоа време, еден СЛАБАК – мизерија од човек, предавник, кривоплатеник и арамбаша кој со своите зулумќари, жеден за власт и неограничена моќ си стави на врат ѓаволов печат, ги погази сите човекови вредности, се вооружи со лакомост, гордост, завист и над сé со самољубие и со одмаздничка еруптивна суровост, удри на Уставобранителите, нивните семејства, истомисленици и до темел ја разорна македонската држава, го понижи својот народ, го разнебити идентитетот на родот свој. Принуди кукавици кокошкари и награди среброљупци, ги собра во својата ОРДА на беззаконие и врз грбот на овие големи синови на МАКЕДОНИЈА – УСТАВОБРАНИТЕЛИ го разурна и опустоши македонското општество и го претвори во феуд со кој уште владее преку своите од него назначени вазали и послушници. Почитувани јунаци УСТАВОБРАНИТЕЛИ, НИЕ вашите сострадалници ви порачуваме: Доаѓа време на праведност и правда. Доаѓа време на израмнување на сметките. Многу скоро ќе бидете со своите најмили, вашите бебиња кои сега се првоодделенци, основците сегашни тинејџери, со вашите родители со понекоја повеќе брчка на челата и побелени влакна од жал, чемер и јад за своите чеда јунаци што ги нагризуваат вашите страдни и напатени срца и души. Доаѓа време кога друг многу почесен човек, вреден и достоен ќе ги подели картите. Асовите, најсилните карти ќе ги подели на најважните, највредните со ист генетски код патриотски како вашиот, а тоа е НАРОДОТ. НАРОДОТ секогаш знае што да направи за себе и кому да му додели довербата. Ваквите како овие досега, никогаш повеќе нема да ги гледате на политичкото небо што заради нивната неспособност е темно, но не толку да не може да се види ѕвездата која ќе го осветли патот на вистината и убавината. Сепак, порачувам до сите вие, сегашниот и поранешен премиер, претседател на МАКЕДОНИЈА, јавни обвинители, судии, лажни сведоци и сведоци соработници, полициски службеници вовлечени во оваа гнасна игра и министри: Имате последна шанса да исперете голем дел од вашите ГРЕВОВИ кон народот, татковината и пред сé кон овие страдалници на чии семејства и лично ним им одзедовте НЕПРАВЕДНО огромен и најсладок дел од животот што им го дарил ГОСПОД правејќи се поголеми од НЕГО. ОСЛОБОДЕТЕ ГИ! Да се симне проклетството што заради вас клетници нé снајде сите, во прв ред, вашите невини жртви. Зошто ако не се покаете, нема ни прошка. Тогаш сé останува отворено и во знак на универзалната, глобална изрека која сликовито ја објаснува ВИСТИНАТА. НЕ ПРАВИ ЗА ДА НЕ НАЈДЕШ!

The post Празните столови и чинии на празничната трпеза appeared first on Република.

]]>
Оваа храна не ја гответе на 31 декември: Носи несреќа, а во една намирница буквално „се давиме“ https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ovaa-hrana-ne-ja-gotvete-na-31-dekemvri-nosi-nesreka-a-vo-edna-namirnitsa-bukvalno-se-davime/ Thu, 29 Dec 2022 09:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=591305

На новогодишната трпеза обично има многу различни специјалитети, и солени и слатки, но некои јадења е подобро да ги прескокнете баш тој ден за да ве следи среќа во новата година. Овие јадења не треба да бидат на менито ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Пилешко и мисирка

Ако не сакате среќата да ви одлета, тогаш подобро е да избегнувате пилешко и мисиркино месо на новогодишната ноќ. Птиците, кога ги чистат пердувите, гледаат наназад. Тоа може да значи дека тие живеат во минатото. Ако сакате месо, тогаш свинското месо е подобар избор, бидејќи свињите однапред ја копаат земјата.

Краби, јастози и ракчиња

За Нова година не подготвувајте салати и храна со ракови, доколку не сакате да се соочите со многу неуспешна 2023 година. Овие животни се движат наназад или настрана, а не напред. Не треба целосно да се откажете од морската храна, туку да ја замените со риба, како лосос или туна.

Школки

Кога сме кај ракчињата, добро е да се напомене дека не треба да се подготвуваат ниту школки. Тие се сметаат за лоша среќа на трпезата, бидејќи ја земаат храната од дното на океанот.

Воздушен леб

Избегнувајте воздушен леб на новогодишната трпеза. Големиот број отвори за воздух во лебот се сметаат за знаци на смрт. Можете да јадете само кружен леб, најубаво погача, бидејќи круговите претставуваат среќа.

Ориз

На трпезата не смее да има ниту храна во бела боја, бидејќи во кинеската традиција се смета дека носи лоша среќа и ја симболизира смртта. На новогодишната вечера треба да се заборават тофу, јајца, ориз, карфиол и бело сирење. Подобро е да се подготвува храна со посилни бои, како зелена и жолта, кои означуваат среќа и просперитет. Портокалите носат среќа, па може да се послужат и по главниот оброк.

Банани

Бананите се предвесници на лоши настани, пишува порталот „Делиш“. Подобро би било оние кои ги сакаат да се откажат од бананите до следната година.

The post Оваа храна не ја гответе на 31 декември: Носи несреќа, а во една намирница буквално „се давиме“ appeared first on Република.

Само три работи се потребни на маса: Не е битна големата и скапа гозба, туку славата да се обележи достоинствено https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/samo-tri-raboti-se-potrebni-na-masa-ne-e-bitna-golemata-i-skapa-gozba-tuku-slavata-da-se-obelezi-dostoinstveno/ Fri, 11 Nov 2022 16:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=572861

Почна сезоната на славите, а тоа е време кога се собираме со своите најмили и со нив го славиме заштитникот на куќата.

Иако е во христијански дух славата да се одбележи скромно, последниве децении сме сведоци на вистински гозби кои се прават во чест на семејсниот празник, а неретко се случува домаќините од тоа да направат спектакл, па често викаат и свирачи за да го одбележат тој ден.Тука се и подароците кои гостите ги им носат на домаќините, а кои од година в година стануваат се полуксузни, а понекогаш и прилично чудни. Се случува жените од славеничката куќа на подарок да добијат долна облека, козметика, есцајг или нешто слично, а децата луксузни играчки.

Прво треба да се појасни дека славата означува сеќевање на покојните, но исто така служи и за духовно помирување и смирување со блиските. Тоа е време кога доколку имало некакви недоразбирања во семејството меѓу блиските сето тоа треба да се реши и да се седне на трпезата со духовен мир и без гневни чувства кон најмилите. Накусо, славата е состанок на љубовта, велат свештениците.

Покрај ова, луѓето иако велат дека ја почитуваат славата, забораваат на најважната работа, а тоа е на денот на куќната слава да одат в црква.

Поголемиот број луѓе, тоа го занемарува и целото внимание го насочува кон прославата на која се трудат на гостите да им понудат што побогата и разновидна гозба. Сепак ништо од тоа не е потребно.

Најважно е на масата да има свеќа - во знак на сеќавање на покојните, славски колач - кој ја претставува жртвата и поради кој е многу важно сами да го месите, а не да го купите, и пченица - која не се принесува за покој на душата на светителот, туку за покој на душата на претците кои ја славеле пред нас.

Што се однесува до подароците, порано, кога биле многу поскроми времињата, за подарок на домаќините им се носело нешто што гостите сами го изработиле: колачи, тесто, леб, но и вино, ракија, јаболка, брашно… Така што и во денешно време многу попригодно би било на домаќинот да му подарите шише со пијалок, кафе и слично.

Суштината е во скромноста и во тоа да не се ставаме во големи трошоци. Тоа не е потребно. Современите луѓе се повеќе ги зголемуваат расходите за слава, па оние кои се погодени од економската криза размислуваат и да не ја прославуваат славата доколку не можат на гостите да им понудат обилна гозба.

Тоа, се разбира, е голема грешка - славата треба да се прославува достоинствено и скромно.

The post Само три работи се потребни на маса: Не е битна големата и скапа гозба, туку славата да се обележи достоинствено appeared first on Република.

]]>

Почна сезоната на славите, а тоа е време кога се собираме со своите најмили и со нив го славиме заштитникот на куќата. Иако е во христијански дух славата да се одбележи скромно, последниве децении сме сведоци на вистински гозби кои се прават во чест на семејсниот празник, а неретко се случува домаќините од тоа да направат спектакл, па често викаат и свирачи за да го одбележат тој ден.Тука се и подароците кои гостите ги им носат на домаќините, а кои од година в година стануваат се полуксузни, а понекогаш и прилично чудни. Се случува жените од славеничката куќа на подарок да добијат долна облека, козметика, есцајг или нешто слично, а децата луксузни играчки.
Прво треба да се појасни дека славата означува сеќевање на покојните, но исто така служи и за духовно помирување и смирување со блиските. Тоа е време кога доколку имало некакви недоразбирања во семејството меѓу блиските сето тоа треба да се реши и да се седне на трпезата со духовен мир и без гневни чувства кон најмилите. Накусо, славата е состанок на љубовта, велат свештениците.
Покрај ова, луѓето иако велат дека ја почитуваат славата, забораваат на најважната работа, а тоа е на денот на куќната слава да одат в црква. Поголемиот број луѓе, тоа го занемарува и целото внимание го насочува кон прославата на која се трудат на гостите да им понудат што побогата и разновидна гозба. Сепак ништо од тоа не е потребно. Најважно е на масата да има свеќа - во знак на сеќавање на покојните, славски колач - кој ја претставува жртвата и поради кој е многу важно сами да го месите, а не да го купите, и пченица - која не се принесува за покој на душата на светителот, туку за покој на душата на претците кои ја славеле пред нас. Што се однесува до подароците, порано, кога биле многу поскроми времињата, за подарок на домаќините им се носело нешто што гостите сами го изработиле: колачи, тесто, леб, но и вино, ракија, јаболка, брашно… Така што и во денешно време многу попригодно би било на домаќинот да му подарите шише со пијалок, кафе и слично. Суштината е во скромноста и во тоа да не се ставаме во големи трошоци. Тоа не е потребно. Современите луѓе се повеќе ги зголемуваат расходите за слава, па оние кои се погодени од економската криза размислуваат и да не ја прославуваат славата доколку не можат на гостите да им понудат обилна гозба. Тоа, се разбира, е голема грешка - славата треба да се прославува достоинствено и скромно.