православен календар Archives - Република https://republika.mk/tema/pravoslaven-kalendar/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 07:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png православен календар Archives - Република https://republika.mk/tema/pravoslaven-kalendar/ 32 32 Денеска помислете желба, Свети Нестор ќе ви ја исполни https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-pomislete-zhelba-sveti-nestor-ke-vi-ja-ispolni/ Sat, 09 Nov 2024 07:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=835765

Православната црква го празнува денот на Светиот маченик Нестор, кој бил ученик на Свети Димитриј, чиј ден се славеше вчера.

Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави. Неможејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого. Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година.

Според преданијата, на сите оние кои денеска искрено ќе се помолат на Свети Нестор ќе им биде исполнета секоја желба.

 

The post Денеска помислете желба, Свети Нестор ќе ви ја исполни appeared first on Република.

]]>

Православната црква го празнува денот на Светиот маченик Нестор, кој бил ученик на Свети Димитриј, чиј ден се славеше вчера. Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави. Неможејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого. Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година. Според преданијата, на сите оние кои денеска искрено ќе се помолат на Свети Нестор ќе им биде исполнета секоја желба.  

The post Денеска помислете желба, Свети Нестор ќе ви ја исполни appeared first on Република.

]]>
Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М https://republika.mk/zivot/semejstvo/od-makedonskoto-tsrkovno-kalendarche-ova-se-najubavite-imina-na-bukvata-m/ Tue, 22 Oct 2024 16:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=824720

Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј - Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени.

Марин - Името е со латинско потекло, и значи - од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина - Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога.

Меглена - Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.

The post Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М appeared first on Република.

]]>

Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј - Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени. Марин - Името е со латинско потекло, и значи - од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина - Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога. Меглена - Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.

The post Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М appeared first on Република.

]]>
Денеска е Преподобен Мартинијан https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-prepodoben-martinijan/ Mon, 26 Feb 2024 08:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=748340

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари.

Денеска е Преподобен Мартинијан.

Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезаре¬ја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.

The post Денеска е Преподобен Мартинијан appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари. Денеска е Преподобен Мартинијан. Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезаре¬ја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.

The post Денеска е Преподобен Мартинијан appeared first on Република.

]]>