правобранител Archives - Република https://republika.mk/tema/pravobranitel/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 13:24:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правобранител Archives - Република https://republika.mk/tema/pravobranitel/ 32 32 Народниот правобранител стартува со иницијативата за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-startuva-so-initsijativata-za-promeni-za-lekuvaneto-vo-stranstvo-po-sluchajot-so-leonid/ Mon, 26 Feb 2024 13:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=748563

На иницијативата за промена на Законот за здравственото осигурување и одредбите од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство ќе почне да се работи неделава, најавија од кај Народниот правобранител откако на младиот Леонид Индов му беше одбиено барањето за рехабилитација во Виена од страна на ФЗО.

Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации.

Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“  е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид. Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука.

Андоновски додава ова не е единствениот ваков случај, каде ФЗО потфрлил.

Таткото на Леонид, Бранко Индов најави дека деновиве  ќе поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО. Андоновски посочува дека веќе контактирале со семејството и им дале насоки и совети и очекуваат второстепената комисија на ФЗО да ја прифати жалбата.

The post Народниот правобранител стартува со иницијативата за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид appeared first on Република.

]]>

На иницијативата за промена на Законот за здравственото осигурување и одредбите од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство ќе почне да се работи неделава, најавија од кај Народниот правобранител откако на младиот Леонид Индов му беше одбиено барањето за рехабилитација во Виена од страна на ФЗО. Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации. Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“  е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид. Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука. Андоновски додава ова не е единствениот ваков случај, каде ФЗО потфрлил. Таткото на Леонид, Бранко Индов најави дека деновиве  ќе поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО. Андоновски посочува дека веќе контактирале со семејството и им дале насоки и совети и очекуваат второстепената комисија на ФЗО да ја прифати жалбата.

The post Народниот правобранител стартува со иницијативата за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид appeared first on Република.

]]>
Халил Буфи назначен за државен правобранител за Дебар и Центар Жупа https://republika.mk/vesti/makedonija/halil-bufi-naznachen-za-drzhaven-pravobranitel-za-debar-i-tsentar-zhupa/ Sat, 27 Jan 2024 10:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=737431

По две и пол децении повторно е назначен државен правобранител во Дебар, кој во рамки на своите надлежности ќе ја покрива и општина Центар Жупа.

По предлог на Комисијата за именувања, за државен правобранител е именуван Халил Буфи, досегашен виш соработник на претседателот на Основниот суд во Дебар, со 17- годишно работно искуство во оваа судска институција.

Ова за мене е голема чест, но, секако и одговорност. Оваа институција во Дебар функционирала до 1998 година, по што надлежностите ги презема државниот правобранител од Струга. Враќањето на надлежностите во Дебар секако се добредојдени и за моите сограѓани, кои полесно и без многу мака ќе ги извршуваат своите потреби. Максимално ќе се залагам да ја оправдам довербата, вели Буфи за МИА.

Буфи (42) потекнува од позната дебарска фамилија на претставници на судската фела. Неговиот татко Ештреф Буфи, кој е познат судија во пензија, долги години беше претседател на Основниот суд во Дебар, како и прв човек на Апелацискиот суд во Гостивар. По неговите стапки оди и неговиот син Верон Буфи, кој е адвокат.

The post Халил Буфи назначен за државен правобранител за Дебар и Центар Жупа appeared first on Република.

]]>

По две и пол децении повторно е назначен државен правобранител во Дебар, кој во рамки на своите надлежности ќе ја покрива и општина Центар Жупа. По предлог на Комисијата за именувања, за државен правобранител е именуван Халил Буфи, досегашен виш соработник на претседателот на Основниот суд во Дебар, со 17- годишно работно искуство во оваа судска институција.
Ова за мене е голема чест, но, секако и одговорност. Оваа институција во Дебар функционирала до 1998 година, по што надлежностите ги презема државниот правобранител од Струга. Враќањето на надлежностите во Дебар секако се добредојдени и за моите сограѓани, кои полесно и без многу мака ќе ги извршуваат своите потреби. Максимално ќе се залагам да ја оправдам довербата, вели Буфи за МИА.
Буфи (42) потекнува од позната дебарска фамилија на претставници на судската фела. Неговиот татко Ештреф Буфи, кој е познат судија во пензија, долги години беше претседател на Основниот суд во Дебар, како и прв човек на Апелацискиот суд во Гостивар. По неговите стапки оди и неговиот син Верон Буфи, кој е адвокат.

The post Халил Буфи назначен за државен правобранител за Дебар и Центар Жупа appeared first on Република.

]]>
Од Државното правобранителство појаснуваат: Правобранителот Стафа поднесе оставка од лични причини https://republika.mk/vesti/makedonija/od-drzavnoto-pravobranitelstvo-pojasnuvaat-fehmi-stafa-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-lichni-prichini/ Tue, 23 Aug 2022 15:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=543342

Од Државното правобранителство информираат дека државниот правобранител, Фехми Стафа, до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.

Јас, државен правобранителМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница - стои во оставката од Стафа.

Од Владата потврдија дека на владината седница е разрешен државниот правобранител. Стафа беше именуван за државен правобранител на 22 август 2018 година.

The post Од Државното правобранителство појаснуваат: Правобранителот Стафа поднесе оставка од лични причини appeared first on Република.

Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-razreshi-drzavniot-pravobranitel-fehmi-stafa/ Tue, 23 Aug 2022 15:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=543334

На владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата за „Фокус“. Допрва се очекува образложение за ваквата одлука.

Тој на функцијата дојде во 2018 година како кадар на Алтернатива, а шестгодишниот мандат требаше да му истече во 2024 година.

Правобранителот Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот „Трансмет“, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и за досегашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

The post Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа appeared first on Република.

]]>

На владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата за „Фокус“. Допрва се очекува образложение за ваквата одлука. Тој на функцијата дојде во 2018 година како кадар на Алтернатива, а шестгодишниот мандат требаше да му истече во 2024 година. Правобранителот Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот „Трансмет“, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и за досегашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

The post Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Граѓаните најмногу се жалат на судството и извршителите https://republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-gragjanite-najmnogu-se-zalat-na-sudstvoto-i-izvrshitelite/ Tue, 29 Mar 2022 13:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=480404

Дури една третина од претставките кои се однесуваат на правосудството и изминатата 2021 година биле за постапките на извршителите – покажува годишниот извештај на Народниот правобранител.

Од таму велат дека високите камати се еден од главните проблеми со кои се соочуваат ранливите категории во Македонија, а во социјална држава не е дозволиво каматата да биде три пати поголема од основниот долг. Најавија дека ќе бараат измени на законот со кој таа би се ограничила најмногу до 100% од основниот долг.

Сведоци сме дека има граѓани кои заради основен долг и постојаното зголемување на каматата скоро цел живот стануваат должници према доверителите преку извршителите. Не се во состојба заради минималните примања да го исплатат долгот и износот на каматата и на тој начин тие стануваат цел живот должници.- Насер Зибери.

Значаен број на претставки има и за казнето-поправните установи. Народниот правобранител Зибери вели во затворите и воспитно поправните домови поради високиот број на затвореници, голем дел од нив се принудени да спијат на душеци во ходници, а не била обезбедена основна здравствена заштита ниту пак образовна настава за малолетниците. Зибери најави и дека порача дека ќе побара дислокација на малолетничките во затворот Идризово бидејќи тие биле загрозени од полнолетните осуденички.

Условите во кои се задржани честопати ги прекршуваат елементарните законски правила а тоа е контакт со возрасни осуденички, честопати доведени до ситуација да бидат и загрозени, заканети а тука посебно изостанува и делот на овозможување на здравствена заштита бидејќи амбулантниот дел во затворот е во затворениот дел .- Насер Зибери.

Непочитувањето на основните човекови права според извештајот на народниот правобранител и минатата година останале главен проблем. Од вкупно 2.085 прифатени претставки во 755 било констатирано кршење на човековите права.

The post Народен правобранител: Граѓаните најмногу се жалат на судството и извршителите appeared first on Република.