правна држава Archives - Република https://republika.mk/tema/pravna-drzava/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Jun 2022 10:19:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правна држава Archives - Република https://republika.mk/tema/pravna-drzava/ 32 32 Што ни кажа Ахмети за правната држава кога ни кажа дека ги молел СЈО и ОЈО да бараат, но не нашле криминал во ДУИ? https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-ni-kaza-ahmeti-za-pravnata-drzava-koga-ni-kaza-deka-gi-molel-sjo-i-ojo-no-ne-nashle-kriminal-vo-dui/ Tue, 07 Jun 2022 10:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=512122

Али Ахмети е ист или почнува да станува бледа копија на Зоран Заев, пишува Пресинг ТВ во анализа на последното интервју на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Осврнувајќи се на неговата изјава дека од се срце барал СЈО и ОЈО да отворат истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно до локално ниво, па уште и да почнат од него, Пресинг ТВ повлекува паралела со изјавите на Зоран Заев, кој рака на срце, за сѐ и во сѐ се колнеше кога лажеше.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-dui-ochigledno-nema-kriminal-i-korupcija-ahmeti-gi-molel-sjo-ojo-da-otvorat-sluchai-za-dui/

Потценувајќи ја интелигенцијата на народот, поранешниот премиер и лидер на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев, се утепа од ставање на десната рака на своето срце за милион поводи. Од промената на државното име, па преку промената на Уставот со цел промена на државното име, па во македонската жица на своите претци и деца, во 30.000 просечна месечна плата, за искрените намери во барањето гласови на македонските Албанци, за борба против корупцијата, за реформи во правосудниот систем… Кој ќе памети веќе што сѐ не ветуваше, што сѐ не излезе лага, важно левата рака му беше на срцето. Тоа не се заборава. Ама затоа и денес сме таму каде што бевме според сите релевантни показатели од сферата на економијата, па до реформите, особено во правосудството во кое довербата на населението е одвај 8%. А, тоа ни го соопшти никој друг, туку американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, пишува во анализата.

А, што, всушност, свесно или несвесно ни кажа Али Ахмети?

Многу е лошо кога човек од калибарот на Али Ахмети игра на картата на кратко паметење, а уште полошо е кога ќе сака да се претстави како причестена девица Марија.

Али Ахмети ни кажа дека и обвинителството и судството се под длабока контрола на власта во која влегува и неговата партија. И што е уште поважно, дека неговата ДУИ, за жал, ја има издигнато корупцијата на многу повисоко, институционално ниво, при што од суштинско значење е партискиот настап од позиција на сила и моќ!

Ајде да прашаме и да го потсетиме, на пример, зошто беа сменети судиите од процесот за изборни нерегуларности на претставници на ДУИ, што стана со дивоградбата наспроти амбасадата на САД, што стана со укажувањата на Антикорупциската комисија за автомобилот од 70.000 евра на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, што стана со дивоградбите во Сарај, што стана со дивоградбата кај Мавровка, што стана со намерното не плаќање од страна на бившата тетовска градоначалничка Теута Арифи по загубен судски спор, што на Општина Тетово ѝ донесе загуба од еден милион евра, што стана со цела зграда дивоградба во Општина Чаир, што стана со распределбата на буџетски пари за тетовските портали наклонети кон ДУИ, што стана со несудената конзулка во Њу Џерси во Њујорк, што стана со заменикот началник на БЈБ, кој ослободи лице кое пукало врз полицајци…

Па, има ли подобар показател за злоупотребата на моќта на ДУИ од последните настани во Собранието на РМ?! Барањето за простотилакот на спикерот Талат Џафери, манифестиран преку пцости и омаловажување на вработените во највисокиот законодавен дом не стигна да се најде ни на дневен ред на собраниска седница! Големиот командант Форино, алијас претседател на Собранието на РМ, Талат Џафери, како жена се сокри во бурка! Колку да може само да гледа со очите, што се случува во Собранието. Ама, неговиот простотилак не може ни бурка да го сокрие. Ќе остане запаметено дека тој е првиот и единствен собраниски спикер, кој пцуел, навредувал и омаловажувал вработените! И тоа не може да го избрише никаква реторичка еквилибристика од типот дека не ги пцуел вработените, туку нивното неработење.

Кога нема ништо попаметно да каже, подобро е Ахмети да молчи, барем за корупцијата. И аман веќе од рака на срце или со изјави од срце.

The post Што ни кажа Ахмети за правната држава кога ни кажа дека ги молел СЈО и ОЈО да бараат, но не нашле криминал во ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Али Ахмети е ист или почнува да станува бледа копија на Зоран Заев, пишува Пресинг ТВ во анализа на последното интервју на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Осврнувајќи се на неговата изјава дека од се срце барал СЈО и ОЈО да отворат истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно до локално ниво, па уште и да почнат од него, Пресинг ТВ повлекува паралела со изјавите на Зоран Заев, кој рака на срце, за сѐ и во сѐ се колнеше кога лажеше. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-dui-ochigledno-nema-kriminal-i-korupcija-ahmeti-gi-molel-sjo-ojo-da-otvorat-sluchai-za-dui/
Потценувајќи ја интелигенцијата на народот, поранешниот премиер и лидер на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев, се утепа од ставање на десната рака на своето срце за милион поводи. Од промената на државното име, па преку промената на Уставот со цел промена на државното име, па во македонската жица на своите претци и деца, во 30.000 просечна месечна плата, за искрените намери во барањето гласови на македонските Албанци, за борба против корупцијата, за реформи во правосудниот систем… Кој ќе памети веќе што сѐ не ветуваше, што сѐ не излезе лага, важно левата рака му беше на срцето. Тоа не се заборава. Ама затоа и денес сме таму каде што бевме според сите релевантни показатели од сферата на економијата, па до реформите, особено во правосудството во кое довербата на населението е одвај 8%. А, тоа ни го соопшти никој друг, туку американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, пишува во анализата.

А, што, всушност, свесно или несвесно ни кажа Али Ахмети?

Многу е лошо кога човек од калибарот на Али Ахмети игра на картата на кратко паметење, а уште полошо е кога ќе сака да се претстави како причестена девица Марија. Али Ахмети ни кажа дека и обвинителството и судството се под длабока контрола на власта во која влегува и неговата партија. И што е уште поважно, дека неговата ДУИ, за жал, ја има издигнато корупцијата на многу повисоко, институционално ниво, при што од суштинско значење е партискиот настап од позиција на сила и моќ! Ајде да прашаме и да го потсетиме, на пример, зошто беа сменети судиите од процесот за изборни нерегуларности на претставници на ДУИ, што стана со дивоградбата наспроти амбасадата на САД, што стана со укажувањата на Антикорупциската комисија за автомобилот од 70.000 евра на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, што стана со дивоградбите во Сарај, што стана со дивоградбата кај Мавровка, што стана со намерното не плаќање од страна на бившата тетовска градоначалничка Теута Арифи по загубен судски спор, што на Општина Тетово ѝ донесе загуба од еден милион евра, што стана со цела зграда дивоградба во Општина Чаир, што стана со распределбата на буџетски пари за тетовските портали наклонети кон ДУИ, што стана со несудената конзулка во Њу Џерси во Њујорк, што стана со заменикот началник на БЈБ, кој ослободи лице кое пукало врз полицајци… Па, има ли подобар показател за злоупотребата на моќта на ДУИ од последните настани во Собранието на РМ?! Барањето за простотилакот на спикерот Талат Џафери, манифестиран преку пцости и омаловажување на вработените во највисокиот законодавен дом не стигна да се најде ни на дневен ред на собраниска седница! Големиот командант Форино, алијас претседател на Собранието на РМ, Талат Џафери, како жена се сокри во бурка! Колку да може само да гледа со очите, што се случува во Собранието. Ама, неговиот простотилак не може ни бурка да го сокрие. Ќе остане запаметено дека тој е првиот и единствен собраниски спикер, кој пцуел, навредувал и омаловажувал вработените! И тоа не може да го избрише никаква реторичка еквилибристика од типот дека не ги пцуел вработените, туку нивното неработење. Кога нема ништо попаметно да каже, подобро е Ахмети да молчи, барем за корупцијата. И аман веќе од рака на срце или со изјави од срце.

The post Што ни кажа Ахмети за правната држава кога ни кажа дека ги молел СЈО и ОЈО да бараат, но не нашле криминал во ДУИ? appeared first on Република.

]]>