прашање Archives - Република https://republika.mk/tema/prashanje/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Dec 2022 10:17:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прашање Archives - Република https://republika.mk/tema/prashanje/ 32 32 Освен леб, Ковачевски доби и прашање тешко за голтање: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме? https://republika.mk/vesti/makedonija/osven-leb-kovachevski-dobi-i-prashanje-teshko-za-goltanje-do-koga-vashite-sovetnici-kje-n-prashuvaat-shto-kje-ve-prashame/ Wed, 14 Dec 2022 10:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=585493

Премиере, недозволиво е ваши советници, ваши луѓе од пи-ар тимот, пред секоја прес-конференција во Владата да нѐ прашуваат нас новинарите, што ќе ве прашаме, кои прашања ќе ви ги поставиме, му порача новинарот Мефаил Исмаили на премиерот Димитар Ковачевски на синоќешната прес-конференција.

Ние не доаѓаме на прес-конференција само за да држиме микрофони, туку и за да прашаме, а не да бидеме испрашувани, му рече Исмаили, предложувајќи му на премиерот да си ги испрати луѓето од неговите служби на обука за правилно и добро однесување, зошто нивното однесување не може да биде оправдано бидејќи се платени од буџетот, меѓу другото и со парите од новинарите во приватните медиуми.

Тој потоа, на премиерот му однесе спакуван сецкан леб, каков што го купил 10 минути пред прес-конференцијата, со прашање зошто неговата цена не е намалена за најмалку 10 проценти, колку што беа најавите од Владата како резултгат на антикризните мерки.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-dobi-fiskalna-i-leb-kako-dokaz-deka-cenata-ne-e-namalena/

The post Освен леб, Ковачевски доби и прашање тешко за голтање: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме? appeared first on Република.

]]>

Премиере, недозволиво е ваши советници, ваши луѓе од пи-ар тимот, пред секоја прес-конференција во Владата да нѐ прашуваат нас новинарите, што ќе ве прашаме, кои прашања ќе ви ги поставиме, му порача новинарот Мефаил Исмаили на премиерот Димитар Ковачевски на синоќешната прес-конференција.
Ние не доаѓаме на прес-конференција само за да држиме микрофони, туку и за да прашаме, а не да бидеме испрашувани, му рече Исмаили, предложувајќи му на премиерот да си ги испрати луѓето од неговите служби на обука за правилно и добро однесување, зошто нивното однесување не може да биде оправдано бидејќи се платени од буџетот, меѓу другото и со парите од новинарите во приватните медиуми.
Тој потоа, на премиерот му однесе спакуван сецкан леб, каков што го купил 10 минути пред прес-конференцијата, со прашање зошто неговата цена не е намалена за најмалку 10 проценти, колку што беа најавите од Владата како резултгат на антикризните мерки. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-dobi-fiskalna-i-leb-kako-dokaz-deka-cenata-ne-e-namalena/

The post Освен леб, Ковачевски доби и прашање тешко за голтање: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме? appeared first on Република.

]]>
Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото https://republika.mk/vesti/balkan/radev-francuskiot-predlog-e-chekor-vo-pravilna-nasoka-no-treba-da-se-razjasnat-nekoi-prashanja-pred-da-se-krene-vetoto/ Sat, 18 Jun 2022 08:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=516593

Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС.

Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија, наведува Радев, мора да се направи пред почетокот на преговорите.

Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство.., вели Радев и дополнува дека очекува бугарската Влада да ги разјасни тие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.

Бугарскиот претседател воедно порачува дека премиерот не може да поднесе странски предлог без да каже свој став.

Кабинетот не успеа да подготви бугарски предлог, а сега поднесува француски, обвинувајќи го Националното собрание без да каже свој став. Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, посочува Радев, пишува БГНЕС.

 

The post Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото appeared first on Република.

]]>

Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС. Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија, наведува Радев, мора да се направи пред почетокот на преговорите.
Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство.., вели Радев и дополнува дека очекува бугарската Влада да ги разјасни тие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.
Бугарскиот претседател воедно порачува дека премиерот не може да поднесе странски предлог без да каже свој став.
Кабинетот не успеа да подготви бугарски предлог, а сега поднесува француски, обвинувајќи го Националното собрание без да каже свој став. Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, посочува Радев, пишува БГНЕС.
 

The post Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото appeared first on Република.

]]>
Генчовска: Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/genchovska-prashanjeto-za-makedonija-ne-moze-da-se-reshi-do-krajot-na-francuskoto-pretsedavanje-so-eu/ Wed, 01 Jun 2022 14:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=509830

Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

Таа нагласи по минатонеделната средба по лидерите на владината коалиција од Кабинетот на премиерот Кирил Петков посочиле дека „се потпираат“ на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини“.

Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ, ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но од маргините дознавме дека и советници на премиерот водат паралелни разговори, рече шефицата на бугарската дипломатијата.

На прашањето дали Петков би можел „да го прескокне“ Министерството за надворешни работи во врска со прашањето за Македонија, Генчовска одговори дека „нема шанси“ тоа да биде заобиколено.

На прашањето дали бугарското МНР треба да подготви извештај за напредокот во односите меѓу двете земји, Генчовска рече дека тоа може да се случи доколку се одржи Консултативниот совет за национална безбедност, што треба да го закаже претседателот на Бугарија и тој да побара таков извештај од Министерството.

The post Генчовска: Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија. Таа нагласи по минатонеделната средба по лидерите на владината коалиција од Кабинетот на премиерот Кирил Петков посочиле дека „се потпираат“ на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини“.
Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ, ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но од маргините дознавме дека и советници на премиерот водат паралелни разговори, рече шефицата на бугарската дипломатијата.
На прашањето дали Петков би можел „да го прескокне“ Министерството за надворешни работи во врска со прашањето за Македонија, Генчовска одговори дека „нема шанси“ тоа да биде заобиколено. На прашањето дали бугарското МНР треба да подготви извештај за напредокот во односите меѓу двете земји, Генчовска рече дека тоа може да се случи доколку се одржи Консултативниот совет за национална безбедност, што треба да го закаже претседателот на Бугарија и тој да побара таков извештај од Министерството.

The post Генчовска: Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ appeared first on Република.

]]>