Прајснер Archives - Република https://republika.mk/tema/prajsner/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 10:30:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прајснер Archives - Република https://republika.mk/tema/prajsner/ 32 32 Прајснер: Се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас https://republika.mk/scena/film/prajsner-se-nadevam-deka-naskoro-ke-mozham-da-dojdam-vo-skopje-i-da-ja-spodelam-muzikata-so-publikata-bidejki-ne-ja-komponirav-muzikata-samo-za-filmovite-tuku-i-za-vas/ Tue, 02 Jul 2024 10:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=792724

Синоќа со видео порака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер беше отворена филмската програма на 10. издание на Скопје Синема Сити. Во своето обраќање тој се заблагодари на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела.

https://www.youtube.com/watch?v=RNK5NTlZges

Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката.

Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.

Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“.

Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување каде што ги споделуваа впечатоците од филмот.

Програмата продолжува вечерва со со филмовите за една џез и една панк икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“.

„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин

Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги.

„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“

Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash.  Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.

The post Прајснер: Се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас appeared first on Република.

]]>

Синоќа со видео порака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер беше отворена филмската програма на 10. издание на Скопје Синема Сити. Во своето обраќање тој се заблагодари на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела. https://www.youtube.com/watch?v=RNK5NTlZges Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката.  
Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.
  Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“. Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување каде што ги споделуваа впечатоците од филмот. Програмата продолжува вечерва со со филмовите за една џез и една панк икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“. „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги. „Џо Страмер: Иднината е ненапишана“ Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash.  Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.

The post Прајснер: Се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас appeared first on Република.

]]>
За новото раководство на Филхармонија присуството на Збигњев Прајснер во Скопје е непотребно https://republika.mk/vesti/kultura/za-novoto-rakovodstvo-na-filharmonija-prisustvoto-na-zbignev-prajsner-vo-skopje-e-nepotrebno/ Thu, 19 Oct 2023 08:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=692707

Во рамките на програмата на Филхармонија, вечерва ќе биде изведен концерт со дел од маестралните творби на славниот полски композитор Збигњев Прајснер. Концертот носи наслов „Круг”, а заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе диригира маестро Николас Чалмерс од Англија. Гости се сопранот Филипа Бојл од Англија и хорот „ПроАрс”, кој го подготви маестро Сашо Татарчевски.

За жал, и покрај тоа што веќе било договорено гостување на врвниот композитор во Филхармонија, тоа било откажано. За новиот в.д. директор Даниел Лазаревски, очигледно името на Прајснер не значи ништо. Редакцијата на „Република“ пред два дена се обрати до директорот со прашање зошто е откажано гостувањето на полскиот композитор, кој е еден од најдобрите филмски композитори во светот, а голем дел од неговото творештво е создавано за филмските остварувања на генијалниот Кшиштоф Кишловски, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор.

Неговото присуство во Скопје како почесен гостин, немаше да ја збогати само музичката архива и сцена на Филхармонија, туку ќе беше од несомнено големо значење за целокупната култура во Македонија. Вистинска реткост е вакви имиња кои оставиле силен печат во музичката историја во светот, да го посетат Скопје. Но, недостигот на знаење, познавање на материјата, на општата култура, недостигот од чувство за тоа што и колку е вредно и каков културолошки растеж и престиж државата ќе добие ако биде домаќин на име како што е маестро Прајснер, ја доведува во прашање целокупната програмска политика на Филхармонија, која во пресрет на 80 годишнината од одбележувањето од нејзиното формирање, ќе потклекне под знакот на неписменоста.

https://republika.mk/vesti/kultura/muzika-na-prajsner-od-filmovite-na-kishlovski-vo-izvedba-na-filharmonija/

The post За новото раководство на Филхармонија присуството на Збигњев Прајснер во Скопје е непотребно appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмата на Филхармонија, вечерва ќе биде изведен концерт со дел од маестралните творби на славниот полски композитор Збигњев Прајснер. Концертот носи наслов „Круг”, а заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе диригира маестро Николас Чалмерс од Англија. Гости се сопранот Филипа Бојл од Англија и хорот „ПроАрс”, кој го подготви маестро Сашо Татарчевски. За жал, и покрај тоа што веќе било договорено гостување на врвниот композитор во Филхармонија, тоа било откажано. За новиот в.д. директор Даниел Лазаревски, очигледно името на Прајснер не значи ништо. Редакцијата на „Република“ пред два дена се обрати до директорот со прашање зошто е откажано гостувањето на полскиот композитор, кој е еден од најдобрите филмски композитори во светот, а голем дел од неговото творештво е создавано за филмските остварувања на генијалниот Кшиштоф Кишловски, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор. Неговото присуство во Скопје како почесен гостин, немаше да ја збогати само музичката архива и сцена на Филхармонија, туку ќе беше од несомнено големо значење за целокупната култура во Македонија. Вистинска реткост е вакви имиња кои оставиле силен печат во музичката историја во светот, да го посетат Скопје. Но, недостигот на знаење, познавање на материјата, на општата култура, недостигот од чувство за тоа што и колку е вредно и каков културолошки растеж и престиж државата ќе добие ако биде домаќин на име како што е маестро Прајснер, ја доведува во прашање целокупната програмска политика на Филхармонија, која во пресрет на 80 годишнината од одбележувањето од нејзиното формирање, ќе потклекне под знакот на неписменоста. https://republika.mk/vesti/kultura/muzika-na-prajsner-od-filmovite-na-kishlovski-vo-izvedba-na-filharmonija/

The post За новото раководство на Филхармонија присуството на Збигњев Прајснер во Скопје е непотребно appeared first on Република.

]]>
„Реквием за мојот пријател“ на Збигњев Прајснер, посветен на Кшиптоф Кишловски во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/rekviem-za-mojot-prijatel-na-zbignjev-prajsner-posveten-na-kshiptof-kishlovski-vo-filharmonija/ Mon, 21 Feb 2022 08:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=461244

Оркестарот на Филхармонија во четврток, во 20 часот премиерно ќе го изведе „Реквием за мојот пријател“ на композиторот Збигњев Прајснер, посветен на режисерот Кшиптоф Кишловски.

Диригент е Емил Табаков, а како солисти ќе настапат вокалистите Билјана ЈосифовЕнди Шен Лиу (Кина/Англија)Бојан Булатовиќ (Србија)Ѓорѓи Цуцковски, Александар СтефаноскиЗолтан Борбељ (Србија) на оргулиКаролина Бетер (Германија/Србија) на соло блок флејта и мешаниот хор „Про Арс“.

Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика, и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“, трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава.

Токму за неговиот близок пријател и соработник Кишловски го пишува првото поголемо дело – „Реквием за мојот пријател“ што го издава во 1998 година за „Ворнер класикс“. Истата година делото ја доживува и својата светска премиера во Варшава. Делото е издадено и на цеде и на винил од издавачката куќа „Сони Поланд“.

„Реквиемот“ е напишан во девет ставови. Типичен е за музичкиот стил на Прајснер, полн е со експресивни вибрата, а во него употребува и мал машки хор, гудачки квартет, органа и перкусии. Вториот дел е спротивен на првиот, помасовен е во употребата на музичките инструменти, тука Прајснер употребува голем оркестар и голем хор за да ја пренесе својата тонска визија.

Самиот композитор својата музика ја опишува како „гранична линија“. Дека не е ниту филмска музика, ниту класична. Нешто помеѓу.

Создавам креации, правам креативна музика. Во „Реквиемот“ зедов голем дел од аспектите кои се типични за мојата филмска музика. Мојата музика има имиња, наслови кои ја дефинираат – „Тишина“, „Мир“... „Живот“ е приказна за нашето постоење, за она што поминало и она што допрва доаѓа. Размислувам и за смртта, за мене е важно прашањето „како да живееме и да умреме достоинствено?“ – вели Прајснер.

Прајснер, првиот дел од „Реквиемот“ го напишал додека Кишловски лежел во болница, на смртна постела.

Имаше операција на срцето и се шегуваше што ќе направи кога ќе излезе од болница. Но, никогаш не излезе. Напишав музика и за неговиот погреб, само за органа и глас кој потоа го проширив во „Реквием“. Финалниот дел е молитва за надеж, молитва за сила да продолжи животот. Делото е многу лично. Преку музиката, токму јас барам сила да продолжам да живеам во таа тажна ситуација. Во мојот живот имав малку луѓе со кои сакав да го минувам времето. Еден од нив беше Кшиштоф. „Реквиемот“ е молитва, но и барање, вакво пријателство да ми се повтори барем уште еднаш во животот – вели Прајснер.

The post „Реквием за мојот пријател“ на Збигњев Прајснер, посветен на Кшиптоф Кишловски во Филхармонија appeared first on Република.