праизведба Archives - Република https://republika.mk/tema/praizvedba/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 11:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png праизведба Archives - Република https://republika.mk/tema/praizvedba/ 32 32 В сабота во Драмски театар празведба на „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска https://republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-vo-dramski-teatar-prazvedba-na-parovi-od-ana-ristoska-trpenoska-vo-rezhija-na-ivana-angelovska/ Fri, 17 May 2024 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=779167

В сабота, на 18 мај, во Драмски театар Скопје во 20 часот, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе се одигра праизведбата на „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска.

Со текстот од македонската авторка Ристоска Трпеноска Драмски театар ја продолжува традиција да им дава простор на домашните автори, кажа денеска на прес-конференцијата директорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска.

Рангелова Петровска потсети дека во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска („Ждрело“), Благица Секуловска („Безљубни“), Миа Николовска („Така зборуваше Гертруда“) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со „Мојот маж од Румена Бужаровска.

Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен, кажа Рангелова Петровска.

На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноскаи и дел од актерската екипа.

Ристовска Трпеноска кажа дека текстот е за пет дисфункционани парови и нивната потреба за љубов и немоќ да ги сменат работите.

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ, кажа авторката Ристоска - Трпеноска.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

The post В сабота во Драмски театар празведба на „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 18 мај, во Драмски театар Скопје во 20 часот, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе се одигра праизведбата на „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска.
Со текстот од македонската авторка Ристоска Трпеноска Драмски театар ја продолжува традиција да им дава простор на домашните автори, кажа денеска на прес-конференцијата директорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска.
Рангелова Петровска потсети дека во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска („Ждрело“), Благица Секуловска („Безљубни“), Миа Николовска („Така зборуваше Гертруда“) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со „Мојот маж од Румена Бужаровска.
Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен, кажа Рангелова Петровска.
На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноскаи и дел од актерската екипа. Ристовска Трпеноска кажа дека текстот е за пет дисфункционани парови и нивната потреба за љубов и немоќ да ги сменат работите.
Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ, кажа авторката Ристоска - Трпеноска.
Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.  

The post В сабота во Драмски театар празведба на „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска appeared first on Република.

]]>
Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-pretstavata-henging-araund-vo-mnt/ Mon, 15 Apr 2024 10:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=766277

Во Македонскиот народен театар на 19 април со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.

Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна...

Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

The post Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот народен театар на 19 април со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна... Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

The post Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ appeared first on Република.

]]>
Праизведба на комедијата „Лагата“ на сцената на МНТ в сабота https://republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-komedijata-lagata-na-scenata-na-mnt-v-sabota/ Mon, 10 Oct 2022 07:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=559310

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 15 октомври премиерно ќе биде одиграна комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, соопштија од националниот театар.

Во комедијата, која во нашата земја се поставува првпат, играат: Јордан Симонов (Павле), Габриела Петрушевска (Родна), Оливер Митковски (Михаил) и Драгана Левенска (Јована).

Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при првиот контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и нашата претстава, е лагата како феномен.

Живееме во „лажно време“, односно во време кога лажењето е општо прифатена пракса, без разлика дали станува збор за бели лаги, лажно претставување на социјалните мрежи, лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти, градби, политики... ние секојдневно сме изложени на лаги од најразлични размери. Оттаму и идејата да се работи токму овој текст, при што преку еден комичен пристап ќе се фокусираме на ваквите општествени појави кои, за жал, се сѐ почести до мера што лажењето е развиено на ниво на општествено прифатлива норма.

Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска.

Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата на МНТ.

The post Праизведба на комедијата „Лагата“ на сцената на МНТ в сабота appeared first on Република.

]]>

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 15 октомври премиерно ќе биде одиграна комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, соопштија од националниот театар. Во комедијата, која во нашата земја се поставува првпат, играат: Јордан Симонов (Павле), Габриела Петрушевска (Родна), Оливер Митковски (Михаил) и Драгана Левенска (Јована). Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при првиот контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и нашата претстава, е лагата како феномен. Живееме во „лажно време“, односно во време кога лажењето е општо прифатена пракса, без разлика дали станува збор за бели лаги, лажно претставување на социјалните мрежи, лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти, градби, политики... ние секојдневно сме изложени на лаги од најразлични размери. Оттаму и идејата да се работи токму овој текст, при што преку еден комичен пристап ќе се фокусираме на ваквите општествени појави кои, за жал, се сѐ почести до мера што лажењето е развиено на ниво на општествено прифатлива норма. Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска. Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата на МНТ.

The post Праизведба на комедијата „Лагата“ на сцената на МНТ в сабота appeared first on Република.

]]>
Праизведба на „Јазли“ во Албанскиот театар https://republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-jazli-vo-albanskiot-teatar/ Sat, 29 Jan 2022 19:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=451340

„ Јазли“ е драма , која го прикажува современиот човекот како креатор, но и жртва на изместени вредности, кои потекнуваат од амбициите да стигне повисоко во општествената хиерархија.

Во таква една слобода или во таков еден систем на вредности тие злобни амбиции не може да функционираат. Бидејќи обично тој мрачниот дел во нас сака да плива во матно, тој не сака чиста вода, вели  Рефет Абази- автор на текстот и актер

Распадот на бракот меѓу лекарот Дрен и неговата сопруга, архитектката Леа, низ фрагментарна драматургија ја отвора Пандорината кутија на конфликти и ситуации меѓу бројните ликови, како од поширокото семејство, така и во општеството. На тој начин доаѓа до израз  општиот безизлез, неможноста да се препознае депресијата како болест на денешницата, но и потребата да бидеме хумани, правични и да не посегаме по туѓата сопственост. Покрај допирот до реалноста, претставата оди и до метафизика, низ судирот на доброто и злото, доловен преку два фиктивни лика.

Како естетика или стил на игра, тоа е магичен реализам. Нешто што ми е многу блиску и во книжевноста. Таа насока, тој правец го обожувам. Така што сè е реално, ама нешто е изместено од реалноста, смета Куштрим Бектеши- режисер

The post Праизведба на „Јазли“ во Албанскиот театар appeared first on Република.