Ппетар и волкот Archives - Република https://republika.mk/tema/ppetar-i-volkot/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 10:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ппетар и волкот Archives - Република https://republika.mk/tema/ppetar-i-volkot/ 32 32 Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, https://republika.mk/vesti/kultura/simfoniska-bajka-za-detsa-petar-i-volkot/ Thu, 03 Oct 2024 10:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=822161

Утре, в петок, на 4 октомври, на сцената на Центарот за Култура во Тетово ќе се изведе Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, концерт наменет за најмладата публика. Камерен оркестар под палката на диригентите Агона Чупи и Ангел Спироски заедно со нараторот Рахим Рамадани ќе ги водат најмладите во прекрасниот свет на класичната музика на Сергеј Прокофиев, во две претстави на македонски и албански јазик.

Симфониската бајка „Петар и волкот“ е интересна и хумористична приказна за храброто момче Петар кое со помош на животни и ловци се обидува да го фати лошиот волк.

Секој лик во приказната е претставен со еден инструмент, кои заедно формираат весела и храбра музичка дружина.

Овој едукативен концерт на уникатен начин ги запознава децата со класичната музика, со музичките инструменти, нивниот тон и можност да ги доживеат ликовите опишани преку музика.

Живописниот наратив ги привлекува младите слушатели во авантура, истакнувајќи теми како што се: храброста, пријателството и важноста на критичкото размислување.

Симфониската бајка „Петар и волкот“ на албански јазик ќе се изведува на ден 04.10.20204 (петок) од 16:00 часот, а на македонски јазик од 17:00 часот.

Влезот е бесплатен. Концертот е наменет за деца од рана училишна возраст над 6 години.

 

The post Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, appeared first on Република.

]]>

Утре, в петок, на 4 октомври, на сцената на Центарот за Култура во Тетово ќе се изведе Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, концерт наменет за најмладата публика. Камерен оркестар под палката на диригентите Агона Чупи и Ангел Спироски заедно со нараторот Рахим Рамадани ќе ги водат најмладите во прекрасниот свет на класичната музика на Сергеј Прокофиев, во две претстави на македонски и албански јазик. Симфониската бајка „Петар и волкот“ е интересна и хумористична приказна за храброто момче Петар кое со помош на животни и ловци се обидува да го фати лошиот волк. Секој лик во приказната е претставен со еден инструмент, кои заедно формираат весела и храбра музичка дружина. Овој едукативен концерт на уникатен начин ги запознава децата со класичната музика, со музичките инструменти, нивниот тон и можност да ги доживеат ликовите опишани преку музика. Живописниот наратив ги привлекува младите слушатели во авантура, истакнувајќи теми како што се: храброста, пријателството и важноста на критичкото размислување. Симфониската бајка „Петар и волкот“ на албански јазик ќе се изведува на ден 04.10.20204 (петок) од 16:00 часот, а на македонски јазик од 17:00 часот. Влезот е бесплатен. Концертот е наменет за деца од рана училишна возраст над 6 години.  

The post Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, appeared first on Република.

]]>