позорникари Archives - Република https://republika.mk/tema/pozornikari/ За подобро да се разбереме Thu, 26 May 2022 09:01:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png позорникари Archives - Република https://republika.mk/tema/pozornikari/ 32 32 Скопје доби позорникари во реонот на Зелено пазарче https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-dobi-pozornikari-vo-reonot-na-zeleno-pazarche/ Thu, 26 May 2022 09:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=507149

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, беше на средба со граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар.

На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и совет секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.

Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нѐ заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност, изјави градоначалникот Герасимовски.

Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192.

Инаку, маалските полицајци-позорникари најпрво ќе се вратат во општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, лична сигурност и зашти на имотот на граѓаните, спречување на извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

The post Скопје доби позорникари во реонот на Зелено пазарче appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, беше на средба со граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и совет секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.
Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нѐ заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност, изјави градоначалникот Герасимовски.
Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192. Инаку, маалските полицајци-позорникари најпрво ќе се вратат во општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, лична сигурност и зашти на имотот на граѓаните, спречување на извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

The post Скопје доби позорникари во реонот на Зелено пазарче appeared first on Република.

]]>