позитивна листа на лекови Archives - Република https://republika.mk/tema/pozitivna-lista-na-lekovi/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 12:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png позитивна листа на лекови Archives - Република https://republika.mk/tema/pozitivna-lista-na-lekovi/ 32 32 На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/na-pochetokot-na-idnata-godina-novo-proshiruvane-na-pozitivnata-lista-lekovi/ Mon, 16 Sep 2024 12:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=816772

Се надевам дека на почетокот на идната година ќе има уште едно проширување на позитивната листа, можеби не со девет лекови, но со неколку сигурно ќе имаме, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања, Таравари напомена дека тенденцијата е позитивната листа да се надополнува минимум два пати годишно.

Нови лекови на позитивната листа има од пред три недели, денеска во аптеките се веќе во оптек девет нови лекови. Се надевам дека во почетокот на идната година ќе има уште нови лекови, минимум два пати годишно ќе се обидеме да ја надополниме позитивната листа. Знам дека никогаш не е доволно и дека би било најдобро сите лекови да бидат на позитивна листа и ништо да не плаќаат граѓаните, но, ние, сепак, сме сиромашна држава и треба да рационализираме, истакна Таравари по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника.

Тој информира и дека интензивно се разговара да се покачи капитацијата за матичните доктори.

Се надевам идната година ќе има наш предлог да се покачи капитацијата што се плаќа за матичните доктори, со тоа ќе им дадеме и нови ингеренции. Се надевам дека на тој начин пациентите не ќе мора да одат на специјалист за одредени лекови кои рутински се пишуваат, ако успееме наскоро да ја развиеме и телемедицината за да има консултација меѓу матичниот лекар и специјалистот за продолжување на терапијата. Се надевам многу скоро и тоа ќе го обезбедиме, пациентите да не се заморуваат, одејќи од лекар на лекар само за препишување терапија, подвлече министерот.

Таравари ја коментираше и ситуацијата во Гевгелија каде докторка прво специјализирала, а потоа дипломирала.

Проверка на дипломите во здравствените установи има секогаш. За да вработите доктор и кога вработувате, барате лиценца за положен државен испит, уверение за завршен факултет. Некој секогаш може да фалсификува. Се случувало и во многу поразвиени држави по неколку години да се открие дека некој професионалец има фалсификувана диплома или лиценца. Секако, контролата ќе продолжи, но има контрола и при вработување, тоа е стандардна процедура, објасни Таравари.

Се согласи и дека било опасно тоа што недипломиран лекар бил во хируршки сали на специјализација седум години.

Тоа веќе не е работа на Министерството за здрваство, туку на Обвинителството - да преземе одредени мерки и да се казнат и да не се повторуваат вакви случаи. Ние ќе продолжиме со стандардната процедура - кога секој што се вработува, обврска на институцијата е да ги побара сите неопходни документи и тие да бидат оригинални, подвлече министерот.

The post На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови appeared first on Република.

]]>

Се надевам дека на почетокот на идната година ќе има уште едно проширување на позитивната листа, можеби не со девет лекови, но со неколку сигурно ќе имаме, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Одговорајќи на новинарски прашања, Таравари напомена дека тенденцијата е позитивната листа да се надополнува минимум два пати годишно.
Нови лекови на позитивната листа има од пред три недели, денеска во аптеките се веќе во оптек девет нови лекови. Се надевам дека во почетокот на идната година ќе има уште нови лекови, минимум два пати годишно ќе се обидеме да ја надополниме позитивната листа. Знам дека никогаш не е доволно и дека би било најдобро сите лекови да бидат на позитивна листа и ништо да не плаќаат граѓаните, но, ние, сепак, сме сиромашна држава и треба да рационализираме, истакна Таравари по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника.
Тој информира и дека интензивно се разговара да се покачи капитацијата за матичните доктори.
Се надевам идната година ќе има наш предлог да се покачи капитацијата што се плаќа за матичните доктори, со тоа ќе им дадеме и нови ингеренции. Се надевам дека на тој начин пациентите не ќе мора да одат на специјалист за одредени лекови кои рутински се пишуваат, ако успееме наскоро да ја развиеме и телемедицината за да има консултација меѓу матичниот лекар и специјалистот за продолжување на терапијата. Се надевам многу скоро и тоа ќе го обезбедиме, пациентите да не се заморуваат, одејќи од лекар на лекар само за препишување терапија, подвлече министерот.
Таравари ја коментираше и ситуацијата во Гевгелија каде докторка прво специјализирала, а потоа дипломирала.
Проверка на дипломите во здравствените установи има секогаш. За да вработите доктор и кога вработувате, барате лиценца за положен државен испит, уверение за завршен факултет. Некој секогаш може да фалсификува. Се случувало и во многу поразвиени држави по неколку години да се открие дека некој професионалец има фалсификувана диплома или лиценца. Секако, контролата ќе продолжи, но има контрола и при вработување, тоа е стандардна процедура, објасни Таравари.
Се согласи и дека било опасно тоа што недипломиран лекар бил во хируршки сали на специјализација седум години.
Тоа веќе не е работа на Министерството за здрваство, туку на Обвинителството - да преземе одредени мерки и да се казнат и да не се повторуваат вакви случаи. Ние ќе продолжиме со стандардната процедура - кога секој што се вработува, обврска на институцијата е да ги побара сите неопходни документи и тие да бидат оригинални, подвлече министерот.

The post На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови appeared first on Република.

]]>
Новите лекови на позитивната листа од денеска во аптеките https://republika.mk/vesti/makedonija/novite-lekovi-na-pozitivnata-lista-od-deneska-vo-aptekite/ Mon, 16 Sep 2024 07:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=816644

Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека на почетокот на следната година позитивната листа на лекови би можела да се дополни со уште некој лек.

- Од позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, изјави Таравари минатата недела.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

- Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата

The post Новите лекови на позитивната листа од денеска во аптеките appeared first on Република.

]]>

Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека на почетокот на следната година позитивната листа на лекови би можела да се дополни со уште некој лек. - Од позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, изјави Таравари минатата недела. Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека. - Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари. Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата

The post Новите лекови на позитивната листа од денеска во аптеките appeared first on Република.

]]>
Од 16 септември треба да бидат достапни новите лекови кои се на позитивната листа, најави директорот на ФЗО Сашо Клековски https://republika.mk/vesti/makedonija/od-16-septemvri-treba-da-bidat-dostapni-novite-lekovi-koi-se-na-pozitivnata-lista-najavi-direktorot-na-fzo-sasho-klekovski/ Wed, 04 Sep 2024 12:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=813109

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа да биде функционална до 16 септември.

Нагласи дека мандатот во ФЗО му е антикорупциски, за подобрување и проширување на здравствените услуги и за подобрување на условите за работа.

Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа која не беше обновена од 2014 година и само еден лек и беше додаден. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд лекови. Јавниот оглас е во тек, пријавени се Алкалоид, Крка, Белупо и други фирми како можни добавувачи. Очекуваме до 16 септември новите лекови да бидат достапни во системот и во аптеките и матичните доктори да можат да почнат да ги издаваат и да се користат, изјави Клековски по денешната средба со новинарите во ФЗО.

Порача дека во изминатите два месеци во ФЗО работеле на идентификација на сите проблеми и оствариле комуникација со сите чинители – Здружение на пациенти, Здружение на болници, синдикати,... и дека се во завршна фаза на планирањето за натамошниот период.

Многу брзо ќе информираме што планираме до крајот на годинава и што планираме во 2025 и во 2026 година, бидејќи дел од проблемите ќе мора да се решаваат на подолги стази. Приоритет е Онкологија каде мора да има подобри здравствени услуги за болните и мора да се растовари. Тоа не значи веднаш ставање во функција на сите регионалните центри, но некои од нив многу брзо ќе бидат ставени во функција. Растоварувањето може да биде и на други начини и работиме тој дел да биде обезбеден, рече Клековски.

Прецизира дека според состојбата на 3 јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава.

Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид. Долговите се настанати заради несоодветно планирање и буџетирање, посочи Клековски.

Нагласи дека иако во јавноста се тврди дека во буџетот имало доволно пари, тоа, како што рече, не е точно.

Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што им е одобрена за работа, а дел од долгот е заради по мое разбирање – дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите, прецизира Клековски.

Посочи дека има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми.

Има затекнати состојби за нејасно работење со набавки и управување со залихи. Системот во Фондот за здравство функционира, а софтверските системи во ФЗО се едни од најдобрите во земјава и навремено собираме информации за состојбата во здравството и во основа навреме алармиравме. Правиме тримесечни пресеци и ја следиме состојбата за секој поединечно и реагираме таму каде што можеме да реагираме. Ја информиравме Владата за состојбата со долговите и работиме на ребаланс за да обезбедиме дополнителни средства за функционирање на сите подрачја од јавен интерес, потенцира Клековски.

Според него, бидејќи состојбата ескалира мора да се анализира кои се генераторите на состојбите, зошто, како што вели, само покривање на долгови не води кон никаде. Потсети дека во 2007 година се стартуваше со нула долгови, бидејќи тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги плати сите долгови во здравството.

Прашан од каде ќе најде пари Онкологија до крајот на годинава ако до јуни го потрошила цел буџет за 2024 година, Клековски рече дека ФЗО работи на обезбедување на дополнителни средства.

Веднаш по објавувањето на новиот директор на Онкологија почнавме разговори зашто се случило да нема лекови и кои се приоритетните подрачја да ги обезбедиме потребните средства за набавки на лекови и за намалување на долгот, бидејќи Онкологија должи околу 650 милиони денари или 10 милиони евра. Таму не е доволно само да обезбедиме пари за до крај на годината, мора да направиме санација на постојниот долг, посочи Клековски.

Како пример за другите недоследности кои ги затекнале, Клековски ја посочи Струмичката болница од 6.000 квадратни метри делумно опремена и една од најсовремените болници во земјава со малку кревети во соба и соби адаптирани за тешки пациенти и за лица со посебни потреби за која се неопходни 1,5 милиони евра за да се пушти во работа, а веќе три години не се презема ништо. Болницата не се пушта во работа, како што рече, и заради тоа што со трафостаницата е споена со несоодветен кабел поради што ЕВН Македонија одбива да го прими во употреба и да ја поврзе болницата на енергетската мрежа.

Таму три години е „статус кво“ и ништо не се решава. Имаме случаи на крајна неодговорност. Во Штип, пак, имаме акцелератор од два милиони евра кој 10 години стои надвор од употреба, а Клиничката болница нема функционирачка магнетна резонанца, јасноскоп и колоноскоп кои би биле основни потреби за некоја болница да се нарече клиничка универзитетска болница. Има центар за гангрена формално одлучен да биде во Кочани, но не функционира. Моментално четири клиники вклучувајќи ги „8 Септември“, Пластика и Торакална ги згрижуваат овие пациенти кои се високо инфективни и претставуваа ризик. Ова го допира и Министерство за здравство, но го допира и работењето на ФЗО, бидејќи ние мораме да обезбедиме квалитетни услуги таму и затоа не интересира во какви услови се одвиваат работите, прецизира Клековски.

 

The post Од 16 септември треба да бидат достапни новите лекови кои се на позитивната листа, најави директорот на ФЗО Сашо Клековски appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа да биде функционална до 16 септември. Нагласи дека мандатот во ФЗО му е антикорупциски, за подобрување и проширување на здравствените услуги и за подобрување на условите за работа.
Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа која не беше обновена од 2014 година и само еден лек и беше додаден. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд лекови. Јавниот оглас е во тек, пријавени се Алкалоид, Крка, Белупо и други фирми како можни добавувачи. Очекуваме до 16 септември новите лекови да бидат достапни во системот и во аптеките и матичните доктори да можат да почнат да ги издаваат и да се користат, изјави Клековски по денешната средба со новинарите во ФЗО.
Порача дека во изминатите два месеци во ФЗО работеле на идентификација на сите проблеми и оствариле комуникација со сите чинители – Здружение на пациенти, Здружение на болници, синдикати,... и дека се во завршна фаза на планирањето за натамошниот период.
Многу брзо ќе информираме што планираме до крајот на годинава и што планираме во 2025 и во 2026 година, бидејќи дел од проблемите ќе мора да се решаваат на подолги стази. Приоритет е Онкологија каде мора да има подобри здравствени услуги за болните и мора да се растовари. Тоа не значи веднаш ставање во функција на сите регионалните центри, но некои од нив многу брзо ќе бидат ставени во функција. Растоварувањето може да биде и на други начини и работиме тој дел да биде обезбеден, рече Клековски.
Прецизира дека според состојбата на 3 јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава.
Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид. Долговите се настанати заради несоодветно планирање и буџетирање, посочи Клековски.
Нагласи дека иако во јавноста се тврди дека во буџетот имало доволно пари, тоа, како што рече, не е точно.
Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што им е одобрена за работа, а дел од долгот е заради по мое разбирање – дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите, прецизира Клековски.
Посочи дека има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми.
Има затекнати состојби за нејасно работење со набавки и управување со залихи. Системот во Фондот за здравство функционира, а софтверските системи во ФЗО се едни од најдобрите во земјава и навремено собираме информации за состојбата во здравството и во основа навреме алармиравме. Правиме тримесечни пресеци и ја следиме состојбата за секој поединечно и реагираме таму каде што можеме да реагираме. Ја информиравме Владата за состојбата со долговите и работиме на ребаланс за да обезбедиме дополнителни средства за функционирање на сите подрачја од јавен интерес, потенцира Клековски.
Според него, бидејќи состојбата ескалира мора да се анализира кои се генераторите на состојбите, зошто, како што вели, само покривање на долгови не води кон никаде. Потсети дека во 2007 година се стартуваше со нула долгови, бидејќи тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги плати сите долгови во здравството. Прашан од каде ќе најде пари Онкологија до крајот на годинава ако до јуни го потрошила цел буџет за 2024 година, Клековски рече дека ФЗО работи на обезбедување на дополнителни средства.
Веднаш по објавувањето на новиот директор на Онкологија почнавме разговори зашто се случило да нема лекови и кои се приоритетните подрачја да ги обезбедиме потребните средства за набавки на лекови и за намалување на долгот, бидејќи Онкологија должи околу 650 милиони денари или 10 милиони евра. Таму не е доволно само да обезбедиме пари за до крај на годината, мора да направиме санација на постојниот долг, посочи Клековски.
Како пример за другите недоследности кои ги затекнале, Клековски ја посочи Струмичката болница од 6.000 квадратни метри делумно опремена и една од најсовремените болници во земјава со малку кревети во соба и соби адаптирани за тешки пациенти и за лица со посебни потреби за која се неопходни 1,5 милиони евра за да се пушти во работа, а веќе три години не се презема ништо. Болницата не се пушта во работа, како што рече, и заради тоа што со трафостаницата е споена со несоодветен кабел поради што ЕВН Македонија одбива да го прими во употреба и да ја поврзе болницата на енергетската мрежа.
Таму три години е „статус кво“ и ништо не се решава. Имаме случаи на крајна неодговорност. Во Штип, пак, имаме акцелератор од два милиони евра кој 10 години стои надвор од употреба, а Клиничката болница нема функционирачка магнетна резонанца, јасноскоп и колоноскоп кои би биле основни потреби за некоја болница да се нарече клиничка универзитетска болница. Има центар за гангрена формално одлучен да биде во Кочани, но не функционира. Моментално четири клиники вклучувајќи ги „8 Септември“, Пластика и Торакална ги згрижуваат овие пациенти кои се високо инфективни и претставуваа ризик. Ова го допира и Министерство за здравство, но го допира и работењето на ФЗО, бидејќи ние мораме да обезбедиме квалитетни услуги таму и затоа не интересира во какви услови се одвиваат работите, прецизира Клековски.
 

The post Од 16 септември треба да бидат достапни новите лекови кои се на позитивната листа, најави директорот на ФЗО Сашо Клековски appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Позитивната листа на лекови е надополета благодарение на нас https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-pozitivnata-lista-na-lekovi-e-nadopoleta-blagodarenie-na-nas/ Wed, 21 Aug 2024 10:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=808624

Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ.

Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн.

После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните.

Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници,велат оттаму.

Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми.

На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.

https://republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularnite-zaboluvana-se-najzastapeni-vo-nashata-zemja-zatoa-dominiraat-na-novata-pozitivna-lista-velat-od-komisijata-za-lekovi/

Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза.  За жал процесот не е комплетиран до крај.

За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови.

The post СДСМ: Позитивната листа на лекови е надополета благодарение на нас appeared first on Република.

]]>

Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ. Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн. После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните.
Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници,велат оттаму.
Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми. На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата. https://republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularnite-zaboluvana-se-najzastapeni-vo-nashata-zemja-zatoa-dominiraat-na-novata-pozitivna-lista-velat-od-komisijata-za-lekovi/ Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза.  За жал процесот не е комплетиран до крај. За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови.

The post СДСМ: Позитивната листа на лекови е надополета благодарение на нас appeared first on Република.

]]>
Кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата земја, затоа доминираат на новата позитивна листа, велат од Комисијата за лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularnite-zaboluvana-se-najzastapeni-vo-nashata-zemja-zatoa-dominiraat-na-novata-pozitivna-lista-velat-od-komisijata-za-lekovi/ Wed, 21 Aug 2024 09:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=808543

Кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата земја, затоа доминираат на новата позитивна листа, изјави д-р Мерием Хаџи Хамза, советничка за фармацевтски политики во Агенцијата за лекови и медицински средства во Македонија (МАЛМЕД), која е дел од Комисијата за позитивна листа.

На денешната прес-конфенциија министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставинци од Комисијата говореа за воведувањето на девет генерици претставени преку 87 лекови.

Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, изјави Таравари.

Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

[caption id="attachment_808550" align="alignnone" width="807"] Д-р Мерием Хаџихамза, советничка за фармацевтски политики во МАЛМЕД/Фото: принтскрин од видео[/caption]

На листата доминираат лекови претежно да кардиоваскуларни заболувања. Критериумите кои се воспоставени во правилникот за позитивната листа се европски пракси коишто ги опфаќаат сите аспекти на употребата на лекот, поаѓајќи од терапевтското значење на лекот, од аспект на јавното здравје, економски, социјален, етички аспект.  Самиот факт што кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата држава, ја наметнува потребата овие лекови во моментов да се приоритет. Се работи за генерички лекови кои во овој момент ќе генерираат трошоци толку колку што Фондот за здравство може да ги покрие. Со овие лекови се поодбрува кавлитетот на животот на тие пациенти, а тоа е бенефит и за државата, оти здрави пациенти нема да ви земаат боледувања и индиректно го штедат државниот буџет, изјави д-р Хаџи Хамза.

Министерот Таравари кажа дека ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа и ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа. Тој најави дека во иднина на листата ќе се најдат и иновативни лекови и повеќе онколошки препарати.

Ставањето на нови лекови на позитивната листа значи дека пациентите ќе добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт, на товар на државата, наместо да ги купуваат од џеб и поскапо.

Позитивната листа на лекови не беше ажурирана повеќе од една деценија.

The post Кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата земја, затоа доминираат на новата позитивна листа, велат од Комисијата за лекови appeared first on Република.

]]>

Кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата земја, затоа доминираат на новата позитивна листа, изјави д-р Мерием Хаџи Хамза, советничка за фармацевтски политики во Агенцијата за лекови и медицински средства во Македонија (МАЛМЕД), која е дел од Комисијата за позитивна листа. На денешната прес-конфенциија министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставинци од Комисијата говореа за воведувањето на девет генерици претставени преку 87 лекови.
Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, изјави Таравари.
Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа. [caption id="attachment_808550" align="alignnone" width="807"] Д-р Мерием Хаџихамза, советничка за фармацевтски политики во МАЛМЕД/Фото: принтскрин од видео[/caption]
На листата доминираат лекови претежно да кардиоваскуларни заболувања. Критериумите кои се воспоставени во правилникот за позитивната листа се европски пракси коишто ги опфаќаат сите аспекти на употребата на лекот, поаѓајќи од терапевтското значење на лекот, од аспект на јавното здравје, економски, социјален, етички аспект.  Самиот факт што кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата држава, ја наметнува потребата овие лекови во моментов да се приоритет. Се работи за генерички лекови кои во овој момент ќе генерираат трошоци толку колку што Фондот за здравство може да ги покрие. Со овие лекови се поодбрува кавлитетот на животот на тие пациенти, а тоа е бенефит и за државата, оти здрави пациенти нема да ви земаат боледувања и индиректно го штедат државниот буџет, изјави д-р Хаџи Хамза.
Министерот Таравари кажа дека ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа и ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа. Тој најави дека во иднина на листата ќе се најдат и иновативни лекови и повеќе онколошки препарати. Ставањето на нови лекови на позитивната листа значи дека пациентите ќе добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт, на товар на државата, наместо да ги купуваат од џеб и поскапо. Позитивната листа на лекови не беше ажурирана повеќе од една деценија.

The post Кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата земја, затоа доминираат на новата позитивна листа, велат од Комисијата за лекови appeared first on Република.

]]>
Позитивната листа проширана за девет нови лекови, за шест месеци ќе има ново проширување, најави министерот Арбен Таравари https://republika.mk/vesti/makedonija/pozitivnata-lista-proshirana-za-devet-novi-lekovi-za-shest-mesetsi-ke-ima-novo-proshiruvane-najavi-ministerot-arben-taravari/ Fri, 16 Aug 2024 11:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=807213

Денеска ќе ја потпишам одлуката на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО ) за проширување на позитивната листа на лекови со девет нови лекови, изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на ЈЗУ УК Дигестивната хирургија во Скопје.

Позитивна листа последен пат била проширена во 2014 година, со само еден лек.

Ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска штом се вратам од тука, ќе ја потпишам, бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест која што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме вака, рече министерот и додаде дека за 6 месеци повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите.

После 6 месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме што се можности уште неколку лекови да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти, изјави Таравари.

 

 

The post Позитивната листа проширана за девет нови лекови, за шест месеци ќе има ново проширување, најави министерот Арбен Таравари appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе ја потпишам одлуката на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО ) за проширување на позитивната листа на лекови со девет нови лекови, изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на ЈЗУ УК Дигестивната хирургија во Скопје. Позитивна листа последен пат била проширена во 2014 година, со само еден лек.
Ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска штом се вратам од тука, ќе ја потпишам, бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест која што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме вака, рече министерот и додаде дека за 6 месеци повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите. После 6 месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме што се можности уште неколку лекови да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти, изјави Таравари.
   

The post Позитивната листа проширана за девет нови лекови, за шест месеци ќе има ново проширување, најави министерот Арбен Таравари appeared first on Република.

]]>
За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години, најави Таравари https://republika.mk/zivot/zdravje/za-dve-nedeli-ke-bide-objavena-nova-pozitivna-lista-na-lekovi-shto-ne-e-azhurirana-15-godini-najavi-taravari/ Mon, 01 Jul 2024 12:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=792432

За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на брифинг со новинарите.

Тој кажа дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.

Ќе имаме и нов Закон за лекови со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата но и ќе побараме рационално користење и препишување на лековите за да има лекови секаде, но и да бидеме внимателни да нема злоупотреба на лековите, рече денеска министерот за здравство.

Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките.

Посебно внимание во следниот период посветуваме на регионализација на здравствените услуги и на мотивирање и стимулирање на докторите од клиниките да работат во болниците во другите градови. Исто така, планираме стратегија во соработка со Медицинскиот факултет за стимулирање на докторите да се запишуваат на дефицитарните специјализации, како што се педијатрија, анестезиологија, радиологија и друг дефицитарен кадар, рече министерот Таравари.

Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.

Таравари најави и дека секоја среда ќе биде отворен телефонски број на кој граѓаните ќе може да се јавуваат и да пријавуваат кај министерот за проблеми и неправилности во здравствениот систем. Концептот е насловен „Пријави кај министерот“, сличен на „Ало, Таравари“ кој го промовираше во 2017 година кога првпат беше назначен за министер за здравство.

Ќе има и ненајавени контроли во јавното и во приватното здравство од страна на државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Клиничкиот центар да биде организиран по терк на Словенија, планира Таравари, да има еден генерален директор, еден економски директор и двајца помошници директори.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-taravari-predlaga-privatnite-spetsijalizanti-da-dobijat-reshenie-a-da-rabotat-kade-shto-ima-defitsit-na-kadar/

The post За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години, најави Таравари appeared first on Република.

]]>

За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на брифинг со новинарите. Тој кажа дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.
Ќе имаме и нов Закон за лекови со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата но и ќе побараме рационално користење и препишување на лековите за да има лекови секаде, но и да бидеме внимателни да нема злоупотреба на лековите, рече денеска министерот за здравство.
Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките.
Посебно внимание во следниот период посветуваме на регионализација на здравствените услуги и на мотивирање и стимулирање на докторите од клиниките да работат во болниците во другите градови. Исто така, планираме стратегија во соработка со Медицинскиот факултет за стимулирање на докторите да се запишуваат на дефицитарните специјализации, како што се педијатрија, анестезиологија, радиологија и друг дефицитарен кадар, рече министерот Таравари.
Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура. Таравари најави и дека секоја среда ќе биде отворен телефонски број на кој граѓаните ќе може да се јавуваат и да пријавуваат кај министерот за проблеми и неправилности во здравствениот систем. Концептот е насловен „Пријави кај министерот“, сличен на „Ало, Таравари“ кој го промовираше во 2017 година кога првпат беше назначен за министер за здравство. Ќе има и ненајавени контроли во јавното и во приватното здравство од страна на државниот здравствен и санитарен инспекторат. Клиничкиот центар да биде организиран по терк на Словенија, планира Таравари, да има еден генерален директор, еден економски директор и двајца помошници директори. https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-taravari-predlaga-privatnite-spetsijalizanti-da-dobijat-reshenie-a-da-rabotat-kade-shto-ima-defitsit-na-kadar/

The post За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години, најави Таравари appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора и здруженијата на пациенти потпишаа Меморандум за соработка, приоритет е измена на Позитивната листа на лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-i-zdruzhenijata-na-patsienti-potpishaa-memorandum-za-sorabotka-prioritet-e-izmena-na-pozitivnata-lista-na-lekovi/ Fri, 24 Nov 2023 12:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=715916

Со цел унапредување на заедничката соработка во насока на создавање на подобри услови за лекување на пациентите и работа на лекарите Лекарската комора потпиша Меморандум за соработка со здруженијата на пациенти.

Како приоритена активност во наредниот период се идентификуваше потребата од заедничко вклучување во процесот на измени и дополнување на Позитивната листа на лекови.

Потписниците на Меморандумот, исто така, ќе одржуваат и редовни координативни состаноци, а во овие активности ќе може да се приклучат и други здруженија на пациенти кои ги делат истите цели и интереси.

Документот во име на Комората го потпиша претседателката проф. д-р Калина Гривчева Старделова со претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Здружението на граѓани за ретки болести “Живот со предизвици”, Хепар центар Битола, Здружението на граѓани со хронична миелоична леукемија, Здружението за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружението на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА-ОНКО” и “ФЕМИНА М” здружение за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања.

Претседателката на Комората, проф. д-р Гривчева Старделова истакна дека меморандумот е израз на добра волја на двете страна за понатамошна поблиска соработка.

Ова е важен настан за сите нас, бидејќи испраќаме јасен сигнал до јавноста дека лекарите и пациентите не се две спротиставени страни, како што тоа најчесто се перцепира, туку напротив, тие се вистински сојузници со заедничка цел, а тоа е овозможување на што подобар третман за пациентите, што е тесно поврзано со обезбедување на подобри условите за работа на докторите“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Заедничките активности ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на соработка и комуникација меѓу пациентите и лекарите за зајакнување на довербата и воспоставување на партнерски однос, давање меѓусебна поддршка за прашања од взаемен интерес преку заеднички соопштенија, прес - конференции, форуми, реализација на заеднички активности насочени кон подигнување на нивото на општото здравје, како и заеднички настап пред надлежните институции за предлагање на решенија за прашања од заеднички интерес.

 

The post Лекарската комора и здруженијата на пациенти потпишаа Меморандум за соработка, приоритет е измена на Позитивната листа на лекови appeared first on Република.

]]>

Со цел унапредување на заедничката соработка во насока на создавање на подобри услови за лекување на пациентите и работа на лекарите Лекарската комора потпиша Меморандум за соработка со здруженијата на пациенти. Како приоритена активност во наредниот период се идентификуваше потребата од заедничко вклучување во процесот на измени и дополнување на Позитивната листа на лекови. Потписниците на Меморандумот, исто така, ќе одржуваат и редовни координативни состаноци, а во овие активности ќе може да се приклучат и други здруженија на пациенти кои ги делат истите цели и интереси. Документот во име на Комората го потпиша претседателката проф. д-р Калина Гривчева Старделова со претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Здружението на граѓани за ретки болести “Живот со предизвици”, Хепар центар Битола, Здружението на граѓани со хронична миелоична леукемија, Здружението за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружението на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА-ОНКО” и “ФЕМИНА М” здружение за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања. Претседателката на Комората, проф. д-р Гривчева Старделова истакна дека меморандумот е израз на добра волја на двете страна за понатамошна поблиска соработка.
Ова е важен настан за сите нас, бидејќи испраќаме јасен сигнал до јавноста дека лекарите и пациентите не се две спротиставени страни, како што тоа најчесто се перцепира, туку напротив, тие се вистински сојузници со заедничка цел, а тоа е овозможување на што подобар третман за пациентите, што е тесно поврзано со обезбедување на подобри условите за работа на докторите“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.
Заедничките активности ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на соработка и комуникација меѓу пациентите и лекарите за зајакнување на довербата и воспоставување на партнерски однос, давање меѓусебна поддршка за прашања од взаемен интерес преку заеднички соопштенија, прес - конференции, форуми, реализација на заеднички активности насочени кон подигнување на нивото на општото здравје, како и заеднички настап пред надлежните институции за предлагање на решенија за прашања од заеднички интерес.  

The post Лекарската комора и здруженијата на пациенти потпишаа Меморандум за соработка, приоритет е измена на Позитивната листа на лекови appeared first on Република.

]]>
Позитивната листа е маркетинг на штета на граѓаните, власта да престане да полни приватните џебови на штета на народот https://republika.mk/zivot/zdravje/pozitivnata-lista-e-marketing-na-shteta-na-graganite-vlasta-da-prestane-da-polni-privatnite-dhebovi-na-shteta-na-narodot/ Sat, 23 Sep 2023 08:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=684278

Позитивната листа е маркетинг на штета на граѓаните, велат од Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ. Тие на својата фејсбук страница објавуваат дека додека за некои пациенти ги нема ниту основно потребните лекови во ЈЗУ и се приморани самите да си ги купуваат, додека Министерството за здравство помпезно ги најавуваше промените, сѐ уште ништо реално не направиле за народот, а министерот за здравство 10 дена се шета по Америка како да е министер за надворешни работи.

Прашуваме и бараме одговори
1. Зошто сеуште нема ниту еден нов лек на Позитивната листа?
2. Зошто нема детектирано лекови кои со вклучување на Позитивната листа на лекови, не само што не би направило дополнително оптеретување на буџетот, туку истовремено ќе овозможат и заштеди?
3. Зошто продолжува набавувањето на лекови со согласности од Министерство за здравство и Фондот за здравство според условни буџети и најчесто преку нетранспарентна постапка без правила?
4. Зошто нема државна евиденција и следење на употребените количини на лекови во сите здравствени установи што по закон е обврска на Агенцијата за лекови? Каде е министерството за здравство во оваа работа? Министерот е во САД тоа знаеме - коментираат кој Комисијата.

Според нив дека станува збор за маркетинг говорат карактеристиките на дефектниот здравствен систем

1. Набавка на фаворизирани скапи лекови што не се на позитивната листа во одредени ЈЗУ со нетранспарентно одобрување од МЗ и Фондот без примена на постапката за условна листа на лекови
2. Застарена терапија
3. Немање лекови за третман на пациенти

На крај упатуваат апел:

Поради лошата актуелна ситуација во оваа област, апелираме до властите, до Министерството за здравство, до Фондот за здравство и до Агенцијата за лекови - Направете нешто за народот! Ако не знаете како, прашајте!
На сите болни им требаат нови и модерни лекови на позитивната листа.
Престанете да ја користите моќта на вашите моментални позиции за да ги штитите и полните приватните џебови на штета на народот и државата.

The post Позитивната листа е маркетинг на штета на граѓаните, власта да престане да полни приватните џебови на штета на народот appeared first on Република.

]]>

Позитивната листа е маркетинг на штета на граѓаните, велат од Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ. Тие на својата фејсбук страница објавуваат дека додека за некои пациенти ги нема ниту основно потребните лекови во ЈЗУ и се приморани самите да си ги купуваат, додека Министерството за здравство помпезно ги најавуваше промените, сѐ уште ништо реално не направиле за народот, а министерот за здравство 10 дена се шета по Америка како да е министер за надворешни работи.
Прашуваме и бараме одговори 1. Зошто сеуште нема ниту еден нов лек на Позитивната листа? 2. Зошто нема детектирано лекови кои со вклучување на Позитивната листа на лекови, не само што не би направило дополнително оптеретување на буџетот, туку истовремено ќе овозможат и заштеди? 3. Зошто продолжува набавувањето на лекови со согласности од Министерство за здравство и Фондот за здравство според условни буџети и најчесто преку нетранспарентна постапка без правила? 4. Зошто нема државна евиденција и следење на употребените количини на лекови во сите здравствени установи што по закон е обврска на Агенцијата за лекови? Каде е министерството за здравство во оваа работа? Министерот е во САД тоа знаеме - коментираат кој Комисијата.
Според нив дека станува збор за маркетинг говорат карактеристиките на дефектниот здравствен систем
1. Набавка на фаворизирани скапи лекови што не се на позитивната листа во одредени ЈЗУ со нетранспарентно одобрување од МЗ и Фондот без примена на постапката за условна листа на лекови 2. Застарена терапија 3. Немање лекови за третман на пациенти
На крај упатуваат апел:
Поради лошата актуелна ситуација во оваа област, апелираме до властите, до Министерството за здравство, до Фондот за здравство и до Агенцијата за лекови - Направете нешто за народот! Ако не знаете како, прашајте! На сите болни им требаат нови и модерни лекови на позитивната листа. Престанете да ја користите моќта на вашите моментални позиции за да ги штитите и полните приватните џебови на штета на народот и државата.

The post Позитивната листа е маркетинг на штета на граѓаните, власта да престане да полни приватните џебови на штета на народот appeared first on Република.

]]>