позитивен извештај Archives - Република https://republika.mk/tema/pozitiven-izveshtaj/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Oct 2022 16:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png позитивен извештај Archives - Република https://republika.mk/tema/pozitiven-izveshtaj/ 32 32 Маричиќ: Очекувам позитивен Извештај од Европската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ochekuvam-pozitiven-izveshtaj-od-evropskata-komisija/ Mon, 03 Oct 2022 16:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=556952

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека следната недела ќе пристигне Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и дека истиот очекува да биде позитивен.

Очекуваме позитивен Извештај кој несомнено ќе биде наш водич за следните реформи и активности, со сите негови добри и помалку добри оценки. Ова ќе биде прв Извештај од почетокот на преговорите и не очекувам да има некакви изненадувања, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ брифираше и дека од 7 ноември, со почетокот на билатералните состаноци, ќе има разделување со албанскиот преговарачки тим, и дека одделно ќе го продолжиме билатералниот скрининг.

Маричиќ навести дека во фокус на скринингот ќе бидат владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократските институции во земјава, за што се очекуваат патокази за сите три области до март идната година. Првите два се задолжителни и без нив не може да се отвори Кластерот, додека пак патоказот за функционирањето на демократските институции е доброволен, но е добро да го имаме и него изготвено, вели тој.

На прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, Маричиќ истакна дека тоа е обврска која сме ја презеле и дека не би било добро да го завршиме скринингот, а да не ги имаме завршено останатите обврски, додавајќи дека тоа би значело и прекин на преговорите со Унијата.

 

The post Маричиќ: Очекувам позитивен Извештај од Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека следната недела ќе пристигне Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и дека истиот очекува да биде позитивен.
Очекуваме позитивен Извештај кој несомнено ќе биде наш водич за следните реформи и активности, со сите негови добри и помалку добри оценки. Ова ќе биде прв Извештај од почетокот на преговорите и не очекувам да има некакви изненадувања, рече вицепремиерот Маричиќ.
Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ брифираше и дека од 7 ноември, со почетокот на билатералните состаноци, ќе има разделување со албанскиот преговарачки тим, и дека одделно ќе го продолжиме билатералниот скрининг. Маричиќ навести дека во фокус на скринингот ќе бидат владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократските институции во земјава, за што се очекуваат патокази за сите три области до март идната година. Првите два се задолжителни и без нив не може да се отвори Кластерот, додека пак патоказот за функционирањето на демократските институции е доброволен, но е добро да го имаме и него изготвено, вели тој. На прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, Маричиќ истакна дека тоа е обврска која сме ја презеле и дека не би било добро да го завршиме скринингот, а да не ги имаме завршено останатите обврски, додавајќи дека тоа би значело и прекин на преговорите со Унијата.  

The post Маричиќ: Очекувам позитивен Извештај од Европската комисија appeared first on Република.

]]>