пожар во Тетово Archives - Република https://republika.mk/tema/pozar-vo-tetovo/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 07:02:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожар во Тетово Archives - Република https://republika.mk/tema/pozar-vo-tetovo/ 32 32 Во судот во Тетово рочиште за пожарот во болницата, надвор протест за поддршка на д-р Вучевски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-sudot-vo-tetovo-rochishte-za-pozharot-vo-bolnitsata-nadvor-protest-za-poddrshka-na-d-r-vuchevski/ Thu, 02 Mar 2023 07:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=614888

Во Основниот суд во Тетово денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои биле на болничко лекување, како и тројца вештаци.

Судењето денеска треба да продолжи со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната.

Како и на речиси секое претходно рочиште повторно граѓаните преку социјалните мрежи се организираат на мирен протест пред судот за да му дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, за кого сметаат дека неоправдано е обвинет во овој судски процес.

-Мирен граѓански протест-Правда за д-р Бобан Вучевски. На ден 02.03.2023 четврток пред Основниот Суд во Тетово со почеток во 9.00 часот ќе започне мирен граѓански протест во знак на поддршка за д-р Бобан Вучевски, се вели во повикот по социјалните мрежи.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

The post Во судот во Тетово рочиште за пожарот во болницата, надвор протест за поддршка на д-р Вучевски appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Тетово денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои биле на болничко лекување, како и тројца вештаци.
Судењето денеска треба да продолжи со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната. Како и на речиси секое претходно рочиште повторно граѓаните преку социјалните мрежи се организираат на мирен протест пред судот за да му дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, за кого сметаат дека неоправдано е обвинет во овој судски процес. -Мирен граѓански протест-Правда за д-р Бобан Вучевски. На ден 02.03.2023 четврток пред Основниот Суд во Тетово со почеток во 9.00 часот ќе започне мирен граѓански протест во знак на поддршка за д-р Бобан Вучевски, се вели во повикот по социјалните мрежи. Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат. Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

The post Во судот во Тетово рочиште за пожарот во болницата, надвор протест за поддршка на д-р Вучевски appeared first on Република.

]]>
Се сетија: „Беса транс“ и пожарот во тетовската болница пред собраниска комисија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-setija-besa-trans-i-pozarot-vo-tetovskata-bolnica-pred-sobraniska-komisija/ Thu, 09 Jun 2022 05:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=512902

Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Република Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, се на дневен ред на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година

The post Се сетија: „Беса транс“ и пожарот во тетовската болница пред собраниска комисија appeared first on Република.

]]>

Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Република Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, се на дневен ред на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири. Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година

The post Се сетија: „Беса транс“ и пожарот во тетовската болница пред собраниска комисија appeared first on Република.

]]>