„Повторното обединување на двете Кореи“ Archives - Република https://republika.mk/tema/povtornoto-obedinuvane-na-dvete-korei/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:45:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Повторното обединување на двете Кореи“ Archives - Република https://republika.mk/tema/povtornoto-obedinuvane-na-dvete-korei/ 32 32 Премиера на провокативната претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ во Народен театар Битола https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-provokativnata-pretstavata-povtornoto-obedinuvane-na-dvete-korei-vo-naroden-teatar-bitola/ Wed, 27 Nov 2024 11:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=842244

„Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот.

Младиот словенечки режисер првпат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.

На текстот му пристапивме крајно лично. Ние не изведуваме луѓе од високата француска буржоаска класа, тоа не е театар на ликови, туку за разоткривање на човечката несигурност, за потрага по делумни вистини во фрагментиран свет. Претставата е емотивно патување во длабочините на човечката интимност и потрагата по љубовта како вертикала која му дава смисла на краткото време од нашиот земен живот. Тоа е шоу што го остава отворен просторот на надворешната сценска слика да се доврши во имагинацијата на гледачот, посочи режисерот Зидар на денешната прес-конференција.

Во претставата настапуваат актерките Викторија Степановска Јанкуловска и Валентина Грамосли, како и актерите Никола Стефанов и Иван Јерчиќ.

Сметам дека направивме една нежна, суптилна претстава која на еден ненаметлив начин ја кани публиката да партиципира во создавањето на комплетната слика, доживување и реобмислување на сопствените чувства, стравови, живот...Оваа претстава ја доживувам како светло кое на дискретен начин од под затворена врата, продира од просцениумот кон публиката и која се надевам ќе разбуди силни чувства, истакна Јерчиќ.

„Повторното обединување на двете Кореи“ е петта премиерна претстава на битолскиот театар во 2024 година.

The post Премиера на провокативната претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

„Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот. Младиот словенечки режисер првпат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.