повреден пожарникар Archives - Република https://republika.mk/tema/povreden-pozharnikar/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 09:45:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повреден пожарникар Archives - Република https://republika.mk/tema/povreden-pozharnikar/ 32 32 Повредени пожарникари кршеле шофершајбна за да излезат од возилото додека огнот беснеел кон нив https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeni-pozharnikari-krshele-shofershajbna-za-da-izlezat-od-voziloto-dodeka-ognot-besneel-kon-niv/ Thu, 01 Aug 2024 06:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=802134

Пожарникари од Кавадарци кои биле вклучени во гаснењето на пожарот во светиниколското село Орел се повредиле откако нивното возило се превртило.

Откако евакуиравме постари луѓе од селото Орел светиниколско, додека го браневме селото од огнот, пожарот ни се доближи толку многу што моравме да го избегнеме. Согледувајќи дека не можеме против природната стихија, моравме да се повлечеме пред неа. Јасно ни беше дека ако останеме, ќе ги жртвуваме сопствените животи, бидејќи пламените јазици голтаа се пред себе. Тргнавме со камионот и најверојатно малку забрзавме за да го избегнеме огнениот обрач. Патот беше лош и одеднаш камионот се преврте, раскажува 41-годишниот Ѓорѓи Вчков, еден од повредените пожарникари.

Во изјава за МИА тој посочува дека неговиот помлад колега успеал да ја скрши шофершајбната и го извлекол.

Ни притрчаа на помош колеги пожарникари од другите градови. Веднаш повикаа Итна медицинска помош што не транспортираше до кавадаречката Болница. Таму ни дадоа првична медицинска нега, ни направија испитувања. Бидејќи имав повеќе повреди, вечерта ја поминав во болницата, а сега сум на домашно лекување, раскажува Вчков.

Тој има повреди на главата, раката, ногата, ребрата, а се здобил и со исеченици, додека неговиот колега Никола Сакалиев се здобил со повреди на ногата.

Изминатите неколку дена двајцата учествувале во гаснењето на пожарите во неколку општини. Вчков во светиниколско и кумановско, а неговиот колега и во неготинско и росоманско.

Вчков апелира до сите за поголема внимателност и превенција, со цел избегнување на појава на нови жаришта. 

The post Повредени пожарникари кршеле шофершајбна за да излезат од возилото додека огнот беснеел кон нив appeared first on Република.

]]>

Пожарникари од Кавадарци кои биле вклучени во гаснењето на пожарот во светиниколското село Орел се повредиле откако нивното возило се превртило.
Откако евакуиравме постари луѓе од селото Орел светиниколско, додека го браневме селото од огнот, пожарот ни се доближи толку многу што моравме да го избегнеме. Согледувајќи дека не можеме против природната стихија, моравме да се повлечеме пред неа. Јасно ни беше дека ако останеме, ќе ги жртвуваме сопствените животи, бидејќи пламените јазици голтаа се пред себе. Тргнавме со камионот и најверојатно малку забрзавме за да го избегнеме огнениот обрач. Патот беше лош и одеднаш камионот се преврте, раскажува 41-годишниот Ѓорѓи Вчков, еден од повредените пожарникари.
Во изјава за МИА тој посочува дека неговиот помлад колега успеал да ја скрши шофершајбната и го извлекол.
Ни притрчаа на помош колеги пожарникари од другите градови. Веднаш повикаа Итна медицинска помош што не транспортираше до кавадаречката Болница. Таму ни дадоа првична медицинска нега, ни направија испитувања. Бидејќи имав повеќе повреди, вечерта ја поминав во болницата, а сега сум на домашно лекување, раскажува Вчков.
Тој има повреди на главата, раката, ногата, ребрата, а се здобил и со исеченици, додека неговиот колега Никола Сакалиев се здобил со повреди на ногата. Изминатите неколку дена двајцата учествувале во гаснењето на пожарите во неколку општини. Вчков во светиниколско и кумановско, а неговиот колега и во неготинско и росоманско. Вчков апелира до сите за поголема внимателност и превенција, со цел избегнување на појава на нови жаришта. 

The post Повредени пожарникари кршеле шофершајбна за да излезат од возилото додека огнот беснеел кон нив appeared first on Република.

]]>
Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот кај старата штипска депонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeni-dvajtsa-pozharnikari-pri-gasnene-na-pozharot-kaj-starata-shtipska-deponija/ Tue, 23 Jul 2024 13:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=799558

Повредени се двајца вработени од Тертиторијалната противпожарна единица во Штип при вчерашното гаснење на пожарот кај старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, дополнуваат од Општина Штип. МИА претходно информираше дека командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Синоќа заедно со него во болницата е хоспитализиран уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, по падот командирот на ТППЕ-Штип Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака.

Во штипска Клиничка болница се хоспитализирани синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран. Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.

The post Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот кај старата штипска депонија appeared first on Република.

]]>

Повредени се двајца вработени од Тертиторијалната противпожарна единица во Штип при вчерашното гаснење на пожарот кај старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, дополнуваат од Општина Штип. МИА претходно информираше дека командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце. Синоќа заедно со него во болницата е хоспитализиран уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, по падот командирот на ТППЕ-Штип Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака. Во штипска Клиничка болница се хоспитализирани синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран. Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.

The post Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот кај старата штипска депонија appeared first on Република.

]]>