повлечени Archives - Република https://republika.mk/tema/povlecheni/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 10:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повлечени Archives - Република https://republika.mk/tema/povlecheni/ 32 32 „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ https://republika.mk/vesti/balkan/koka-kola-fanta-i-sprajt-povlecheni-od-pazarot-vo-bih/ Fri, 01 Nov 2024 10:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=833053

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалаци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.

Станува збор за производите „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliх.ba.

Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 4 декември 2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.

Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.

The post „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ appeared first on Република.

]]>

Наполитанките Кит Кат повлечени од пазарот https://republika.mk/vesti/balkan/napolitankite-kit-kat-povlecheni-od-pazarot/ Thu, 28 Mar 2024 08:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=759624

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

The post Наполитанките Кит Кат повлечени од пазарот appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна. Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр. Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

The post Наполитанките Кит Кат повлечени од пазарот appeared first on Република.

]]>
Македонските дипломати се извлечени од Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-diplomati-se-izvlecheni-od-ukraina/ Sat, 26 Feb 2022 12:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=464251

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира денеска дека пред половина час успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија.

Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Ние потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, рече Османи.

Министерот информира дека денеска успеале и да почнат процес на евакуација за 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив, како што кажа, во моментов се упатени кон Молдавија, а дел од нив кон Послка.

Само што се тргнати на пат, не можам да кажам кои се тие аранжмани од безбедносни причини, но веќе се тргнати во еден конвој за напуштање на Украина, рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи посочи дека членовите на семејствата на дипломатите ги вратиле пред две недели, додека дипломатите останале за да излезат последни, затоа што прво им било важно да излезат граѓаните, а потоа на крај и дипломатите.

Затоа до последен момент откако почнаа воените активности таму дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука тие да се евакуаираат на безбеден начин. Тоа успеаја да го направат денеска. Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.

Министерот додаде дека добиле барање од Украина за конркетна помош пред се во единции на крв, медицински помагала и лекови, но и други средства кои преку Механизмот на цивилна заштита на НАТО и на ЕУ се координаираат во државата.

Вчера бев во комуникација со министерот за здравство и со директорот на трансфузија, единици на крв имаме обезбедено. Сега разговараме како истите да ги префрлиме во Украина, но сето тоа ќе го направиме во координиран начин во кој сета помош ќе се аранжира во рамки на комуникацијата на цивилните механизми, рече Османи.

Имено, како што посочи, Македонија на завчерашната седница на Владата одлучи да се придружи на пакетот санкции на ЕУ кон таргетирани економски и политички цели во руската федерација, но одлучи и да се придружи на сите рестрективни мерки кои ЕУ ги воведе од 2014 наваму со што, како што нагласи, се постигна 100 отсто усогласување на надворешната и безбедносна политика на Македонија со ЕУ.

Таа политичка одлука беше донесена на седница на Влада, останува да се операционализира преку конкретни одлуки кои треба да се донесат наредните денови, дополни Османи.

The post Македонските дипломати се извлечени од Украина appeared first on Република.