повластена цена Archives - Република https://republika.mk/tema/povlastena-cena/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 14:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повластена цена Archives - Република https://republika.mk/tema/povlastena-cena/ 32 32 Бектеши: Ќе ја укинеме повластената цена на струјата на компаниите што не ги поевтиниле производите https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ke-ja-ukineme-povlastenata-tsena-na-strujata-na-kompaniite-shto-ne-gi-poevtinile-proizvodite/ Fri, 10 Feb 2023 14:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=607448

Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност.

На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече Бектеши на средба со новинари.

Посочувајќи дека намалувањето би требало да се движи од седум до 13 отсто, потенцираше дека одредени компании ги намалиле цените, а за жал одредени не.

Би требало до крајот на месецов да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и согласно тоа да се донесат одредени одлуки. Согласно прогласената кризна состојба одлуките може да бидат и селективни, па за компаниите кои не ги намалиле цените да не важи оваа мерка, а за тие што ги намалиле и навистина се потрудиле да направат максимум да излезат во пресрет на потрошувачите, да продолжи, рече Бектеши.

The post Бектеши: Ќе ја укинеме повластената цена на струјата на компаниите што не ги поевтиниле производите appeared first on Република.

]]>

Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност.
На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече Бектеши на средба со новинари.
Посочувајќи дека намалувањето би требало да се движи од седум до 13 отсто, потенцираше дека одредени компании ги намалиле цените, а за жал одредени не.
Би требало до крајот на месецов да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и согласно тоа да се донесат одредени одлуки. Согласно прогласената кризна состојба одлуките може да бидат и селективни, па за компаниите кои не ги намалиле цените да не важи оваа мерка, а за тие што ги намалиле и навистина се потрудиле да направат максимум да излезат во пресрет на потрошувачите, да продолжи, рече Бектеши.

The post Бектеши: Ќе ја укинеме повластената цена на струјата на компаниите што не ги поевтиниле производите appeared first on Република.

]]>
Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена https://republika.mk/vesti/ekonomija/utre-istekuva-rokot-za-apliciranje-za-snabduvanje-so-struja-po-povlastena-cena/ Tue, 22 Nov 2022 11:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=576873

Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија, рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции.

Според Бектеши, почнал трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави дека ќе бара нивно дополнително намалување од 1 декември, а во случај да нема намалување, како што најави и претходно, ќе следат казни.

Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.

Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта.

За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи

The post Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена appeared first on Република.

]]>

Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија, рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции. Според Бектеши, почнал трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави дека ќе бара нивно дополнително намалување од 1 декември, а во случај да нема намалување, како што најави и претходно, ќе следат казни. Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период. Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта. За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи

The post Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена appeared first on Република.

]]>