повисоки цени Archives - Република https://republika.mk/tema/povisoki-ceni/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 09:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повисоки цени Archives - Република https://republika.mk/tema/povisoki-ceni/ 32 32 Од денеска повисоки цени на витамините, суплементите за деца, пробиотиците, антидепресивите https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-povisoki-tseni-na-vitaminite-suplementite-za-detsa-probiotitsite-antidepresivite/ Fri, 13 Oct 2023 09:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=690794

Суплеменетите за исхрана, витамините и антидепресивите од денеска со повисока цена. На дополнителни 500 производи се зголемува ДДВ од 5 на 10%.

Меѓу нив се витамините за трудници, додатоци на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца, мултивитамински препарати кои содржат Б, Д и Е витамин, магнезиум, витамин Ц од 1.000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидратација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.

По однос на поскапувањето на цигарите, од Министерството за финансии појаснуваат дека зголемената акциза ќе се применува од 1 јануари, со што тие нема да поскапат од денеска.

Кај дел од прехранбените производи пак, кои беа ставени на листата луксузни, данокот ќе се врати на 5%. Од власта признаваат дека имале пропусти во одлуките.

The post Од денеска повисоки цени на витамините, суплементите за деца, пробиотиците, антидепресивите appeared first on Република.

]]>

Суплеменетите за исхрана, витамините и антидепресивите од денеска со повисока цена. На дополнителни 500 производи се зголемува ДДВ од 5 на 10%. Меѓу нив се витамините за трудници, додатоци на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца, мултивитамински препарати кои содржат Б, Д и Е витамин, магнезиум, витамин Ц од 1.000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидратација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница. По однос на поскапувањето на цигарите, од Министерството за финансии појаснуваат дека зголемената акциза ќе се применува од 1 јануари, со што тие нема да поскапат од денеска. Кај дел од прехранбените производи пак, кои беа ставени на листата луксузни, данокот ќе се врати на 5%. Од власта признаваат дека имале пропусти во одлуките.

The post Од денеска повисоки цени на витамините, суплементите за деца, пробиотиците, антидепресивите appeared first on Република.

]]>
Ново поскапување на цигарите, но и на витамините и антидепресивите https://republika.mk/vesti/ekonomija/novo-poskapuvane-na-tsigarite-no-i-na-vitaminite-i-antidepresivite/ Thu, 12 Oct 2023 09:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=690418

Со зголемување на акцизата за цигарите од утре ново поскапување за 5 денари по кутија, а со него Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. Но со оглед на динамиката на зголемување на акцизата согласно законот кое ќе трае до 2030 година или во наредните 6 години ново поскапување за пушачите со уште 5 денари се очекува веќе на почетокот на новата година, објавува телевизија Телма.

Но тоа не е единствениот производ кој поскапува… Денеска се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВто од 5 на 10 отсто, а на сила стапува во петок.

Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница.

The post Ново поскапување на цигарите, но и на витамините и антидепресивите appeared first on Република.

]]>

Со зголемување на акцизата за цигарите од утре ново поскапување за 5 денари по кутија, а со него Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. Но со оглед на динамиката на зголемување на акцизата согласно законот кое ќе трае до 2030 година или во наредните 6 години ново поскапување за пушачите со уште 5 денари се очекува веќе на почетокот на новата година, објавува телевизија Телма. Но тоа не е единствениот производ кој поскапува… Денеска се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВто од 5 на 10 отсто, а на сила стапува во петок. Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца. По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница.

The post Ново поскапување на цигарите, но и на витамините и антидепресивите appeared first on Република.

]]>
Од септември нови цени на дел од поштенските услуги https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-septemvri-novi-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ Fri, 18 Aug 2023 11:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=673405

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари.

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари.

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари...

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени.

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември нови цени на дел од поштенските услуги appeared first on Република.

]]>

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.
За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември нови цени на дел од поштенските услуги appeared first on Република.

]]>
Млекото, брашното и лебот во Германија поевтини од Македонија, единствено зејтинот е поскап https://republika.mk/vesti/ekonomija/mlekoto-brashnoto-i-lebot-vo-germanija-poevtini-od-makedonija-edinstveno-zejtinot-e-poskap/ Sat, 01 Oct 2022 07:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=556203

Цените на основните животни намирници во Германија се поевтини или исти како во Македонија. „Република" на лице место провери какви се цените. Производите кои можат да се наречат луксуз нема да ги коментираме иако и тие се попристапни од кај нас, туку ќе се задржиме само на оние секојдневните.

Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30. Има и поскапи но тие се лебовите кои се печат во пекарите во самите маркети.

Кашкавалот, кој стана недостижен за многу македонски семејства е во просек 8 евра за килограм. Пакувано пиле спремно за печење чини 4.29 евра.

Брашното и покрај војната во Украина од каде Германија набавува жито чини 0.69 за килограм или пет евра за пакување од пет килограми.

Она што во Германија е навистина поскапо од кај нас е зеленчукот и овошјето. Како пример ќе наведеме дека половина килограм домати чини 1.6 евра. Држи цена и сончогледовото масло кое се движи од 3 до 4 евра во зависност од производителот.

На сиве овие цени вреди да се напомене дека минималната плата во Германија е 1200 евра па и луѓето со ниски примања можат да ја наполнат кошничката.

The post Млекото, брашното и лебот во Германија поевтини од Македонија, единствено зејтинот е поскап appeared first on Република.

]]>

Цените на основните животни намирници во Германија се поевтини или исти како во Македонија. „Република" на лице место провери какви се цените. Производите кои можат да се наречат луксуз нема да ги коментираме иако и тие се попристапни од кај нас, туку ќе се задржиме само на оние секојдневните. Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30. Има и поскапи но тие се лебовите кои се печат во пекарите во самите маркети. Кашкавалот, кој стана недостижен за многу македонски семејства е во просек 8 евра за килограм. Пакувано пиле спремно за печење чини 4.29 евра. Брашното и покрај војната во Украина од каде Германија набавува жито чини 0.69 за килограм или пет евра за пакување од пет килограми. Она што во Германија е навистина поскапо од кај нас е зеленчукот и овошјето. Како пример ќе наведеме дека половина килограм домати чини 1.6 евра. Држи цена и сончогледовото масло кое се движи од 3 до 4 евра во зависност од производителот. На сиве овие цени вреди да се напомене дека минималната плата во Германија е 1200 евра па и луѓето со ниски примања можат да ја наполнат кошничката.

The post Млекото, брашното и лебот во Германија поевтини од Македонија, единствено зејтинот е поскап appeared first on Република.

]]>
Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-ogranicheni-marzi-namesto-zamrznati-ceni-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 01 Mar 2022 07:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=465581

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава.

Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.

Во наредниот период, според најавите од надлежните, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека со одлуката за ограничување на маржите ќе се стабилизира пазарот и не верува дека ќе има нов ценовен шок.

Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи да предизвика намалување на нивните цени. Ние не очекуваме големо намалување на цените. Во случај да останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, очекуваме да има намалување од пет до 10 проценти на постоечките цени. Во случај да се зголеми цената на суровините, тогаш минимум што може да направиме е да имаме стабилизација на цените, вели Бектеши.

Тој смета дека со претходната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поголемиот товар паднал врз производителите, отколку врз трговците на големо и мало. Во време на пандемија, поточно во 2020 година, како што истакна, дел од супермаркетите во земјава имале нето профит кој се движел од три до 8,5 милиони евра. Токму затоа одлуката за ограничување на маржите важи до крајот на мај кога се очекува да биде донесен законот за нефер трговски пракси со кој меѓу другото се предвидува категоризација на супермаркетите.

Во делот на маржите за основните прехранбени производи мислам дека нефер практики се одредени чинители на ланецот на трговија во државата да добијат маржи над 30, па до 50 отсто, посебно нефер е во време на пандемија и во време на вакви кризни состојби. Убеден сум дека и во делот на купопродажните договори кои ги склучуваат трговците на мало со производителите или со увозниците имаат начин како да се направат такви договори за да нема вакви големи маржи кои моментално ги има во некои од ланците од супермаркети во нашата држава, порача Бектеши.

Стопанската комора, пак, во петокот побара итна средба со министерот за економија за дополнителни консултации со цел наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало.

Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите членки на Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку не се направи корекција на листата, велат од Комората, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.

Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци, велат од компаниите.

Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година. Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.

The post Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. Во наредниот период, според најавите од надлежните, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ. Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека со одлуката за ограничување на маржите ќе се стабилизира пазарот и не верува дека ќе има нов ценовен шок.
Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи да предизвика намалување на нивните цени. Ние не очекуваме големо намалување на цените. Во случај да останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, очекуваме да има намалување од пет до 10 проценти на постоечките цени. Во случај да се зголеми цената на суровините, тогаш минимум што може да направиме е да имаме стабилизација на цените, вели Бектеши.
Тој смета дека со претходната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поголемиот товар паднал врз производителите, отколку врз трговците на големо и мало. Во време на пандемија, поточно во 2020 година, како што истакна, дел од супермаркетите во земјава имале нето профит кој се движел од три до 8,5 милиони евра. Токму затоа одлуката за ограничување на маржите важи до крајот на мај кога се очекува да биде донесен законот за нефер трговски пракси со кој меѓу другото се предвидува категоризација на супермаркетите.
Во делот на маржите за основните прехранбени производи мислам дека нефер практики се одредени чинители на ланецот на трговија во државата да добијат маржи над 30, па до 50 отсто, посебно нефер е во време на пандемија и во време на вакви кризни состојби. Убеден сум дека и во делот на купопродажните договори кои ги склучуваат трговците на мало со производителите или со увозниците имаат начин како да се направат такви договори за да нема вакви големи маржи кои моментално ги има во некои од ланците од супермаркети во нашата држава, порача Бектеши.
Стопанската комора, пак, во петокот побара итна средба со министерот за економија за дополнителни консултации со цел наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало. Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите членки на Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку не се направи корекција на листата, велат од Комората, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.
Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци, велат од компаниите.
Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година. Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.

The post Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonska-piperka-280-krastavici-259-ananas-120-denari/ Sat, 05 Feb 2022 17:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=454573

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните.

Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна!

Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари.

Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје.

Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“.

Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.

Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните. Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна! Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула. Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари. Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје. Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“. Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата. Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>
За една година маслото поскапело за 25%, лебот и шеќерот за 9,3%, месото за 5,7% https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-edna-godina-masloto-poskapelo-za-25-lebot-i-shekjerot-za-9-3-mesoto-za-5-7/ Tue, 11 Jan 2022 19:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=443362

Маслото за јадење „скокнало“ за 25 проценти во декември 2021 споредбено со декември 2020 година. Според Државниот завод за статистика, лебот и шеќерот пак поскапеле за 9,3 отсто, овошјето и зеленчукот за 6,5%, додека месото за 5,7 проценти за една година.

ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ ВО ДЕКЕМВРИ 2021 СПОРЕДЕНО СО ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА:

МАСЛО +25,1%

ЛЕБ +9,3%

ШЕЌЕР +9,3%

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК +6,5%

МЕСО +5,7%.

The post За една година маслото поскапело за 25%, лебот и шеќерот за 9,3%, месото за 5,7% appeared first on Република.

]]>

Маслото за јадење „скокнало“ за 25 проценти во декември 2021 споредбено со декември 2020 година. Според Државниот завод за статистика, лебот и шеќерот пак поскапеле за 9,3 отсто, овошјето и зеленчукот за 6,5%, додека месото за 5,7 проценти за една година. ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ ВО ДЕКЕМВРИ 2021 СПОРЕДЕНО СО ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА: МАСЛО +25,1% ЛЕБ +9,3% ШЕЌЕР +9,3% ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК +6,5% МЕСО +5,7%.

The post За една година маслото поскапело за 25%, лебот и шеќерот за 9,3%, месото за 5,7% appeared first on Република.

]]>