потпретседател Archives - Република https://republika.mk/tema/potpretsedatel/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 20:44:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потпретседател Archives - Република https://republika.mk/tema/potpretsedatel/ 32 32 Трамп и формално номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија, сенаторот Ванс негов потпретседател https://republika.mk/vesti/svet/tramp-i-formalno-nominiran-za-pretsedatelski-kandidat-na-republikanskata-partija-senatorot-vans-negov-potpretsedatel/ Tue, 16 Jul 2024 05:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=797185

Републиканската партија денеска официјално го номинираше Доналд Трамп за свој кандидат за претседател на САД на ноемвриските избори.

Доналд Трамп стана официјален републикански претседателски кандидат откако ги доби гласовите од доволен број делегати на Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, Висконсин.

Делегатите од уште 29 држави сè уште го даваат својот глас, но поранешниот претседател го помина прагот за победа.

Трамп го достигна потребниот праг за номинација со гласовите од неговата родна држава Флорида.

Поранешниот американски претседател претходно на својата социјална мрежа Truth Social објави дека негов потпретседател ќе биде сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс.

По долго размислување и разгледување, и имајќи ги предвид огромните таленти на многу други, решив дека личноста која е најпогодна да ја преземе позицијата на потпретседател на Соединетите Американски Држави е сенаторот Џ.Д. Венс од Големата држава Охајо, соопшти Трамп во објава на неговата социјална мрежа, додека во Милвоки започна републиканската национална конвенција.

Џејмс Дејвид Венс беше жесток критичар на Доналд Трамп во 2016 година. Тогаш тој јавно го нарече Трамп „идиот“ и „за осуда“, додека приватно го споредува со Адолф Хитлер.

Но, подоцна стана еден од најжестоките бранители на Трамп, и додека некои демократи велат дека тоа е опортунизам, многу од неговите советници сметаат дека неговата трансформација е вистинска.

Политичките убедувања на Венс, како што пишува Скај њуз, се мешавина од изолационизам и економски популизам, во спротивност со старата гарда на Републиканската партија, каде што владеат надворешнополитичките јастреби и евангелистите на слободниот пазар.

39-годишниот сенатор од Охајо гласно се противи на американската помош за Украина во војната со Русија - на задоволство на сојузниците на Трамп.

Венс, исто така, го минимизираше нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година изведен од страна на поддржувачите на Трамп.

Како сенатор од Охајо со скромно потекло, неговиот избор може да помогне во зајакнувањето на трката на кампањата на Трамп во државите каде ќе се води изборната битка, како што се блиските Пенсилванија и Мичиген.

Откако служел во Маринскиот корпус, посетувајќи го Правниот факултет Јеил и работејќи како бизнисмен во Сан Франциско, Венс стана познат на јавноста благодарение на неговата книга од 2016 година „Hillbilly Elegy“.

Во тие мемоари, тој ги истражува социо-економските проблеми со кои се соочува неговиот роден град и се обиде да ја објасни популарноста на Трамп меѓу сиромашните бели Американци.

The post Трамп и формално номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија, сенаторот Ванс негов потпретседател appeared first on Република.

]]>

Републиканската партија денеска официјално го номинираше Доналд Трамп за свој кандидат за претседател на САД на ноемвриските избори. Доналд Трамп стана официјален републикански претседателски кандидат откако ги доби гласовите од доволен број делегати на Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, Висконсин. Делегатите од уште 29 држави сè уште го даваат својот глас, но поранешниот претседател го помина прагот за победа. Трамп го достигна потребниот праг за номинација со гласовите од неговата родна држава Флорида. Поранешниот американски претседател претходно на својата социјална мрежа Truth Social објави дека негов потпретседател ќе биде сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс.
По долго размислување и разгледување, и имајќи ги предвид огромните таленти на многу други, решив дека личноста која е најпогодна да ја преземе позицијата на потпретседател на Соединетите Американски Држави е сенаторот Џ.Д. Венс од Големата држава Охајо, соопшти Трамп во објава на неговата социјална мрежа, додека во Милвоки започна републиканската национална конвенција.
Џејмс Дејвид Венс беше жесток критичар на Доналд Трамп во 2016 година. Тогаш тој јавно го нарече Трамп „идиот“ и „за осуда“, додека приватно го споредува со Адолф Хитлер. Но, подоцна стана еден од најжестоките бранители на Трамп, и додека некои демократи велат дека тоа е опортунизам, многу од неговите советници сметаат дека неговата трансформација е вистинска. Политичките убедувања на Венс, како што пишува Скај њуз, се мешавина од изолационизам и економски популизам, во спротивност со старата гарда на Републиканската партија, каде што владеат надворешнополитичките јастреби и евангелистите на слободниот пазар. 39-годишниот сенатор од Охајо гласно се противи на американската помош за Украина во војната со Русија - на задоволство на сојузниците на Трамп. Венс, исто така, го минимизираше нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година изведен од страна на поддржувачите на Трамп. Како сенатор од Охајо со скромно потекло, неговиот избор може да помогне во зајакнувањето на трката на кампањата на Трамп во државите каде ќе се води изборната битка, како што се блиските Пенсилванија и Мичиген. Откако служел во Маринскиот корпус, посетувајќи го Правниот факултет Јеил и работејќи како бизнисмен во Сан Франциско, Венс стана познат на јавноста благодарение на неговата книга од 2016 година „Hillbilly Elegy“. Во тие мемоари, тој ги истражува социо-економските проблеми со кои се соочува неговиот роден град и се обиде да ја објасни популарноста на Трамп меѓу сиромашните бели Американци.

The post Трамп и формално номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија, сенаторот Ванс негов потпретседател appeared first on Република.

]]>
Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-nikoloski-izbran-za-potpretsedatel-na-evropskata-narodna-partija-vo-ps-na-sovet-na-evropa/ Mon, 24 Jan 2022 09:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=448632

Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.

ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка. Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото. ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>