потпишување Archives - Република https://republika.mk/tema/potpishuvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 12:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потпишување Archives - Република https://republika.mk/tema/potpishuvanje/ 32 32 Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/potpishan-dogovorot-za-70-milioni-evra-grant-od-eu-za-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje/ Wed, 22 Mar 2023 12:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=622432

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје за чија изградба, денеска, со ЕУ грантот од 70 милиони евра, се заокружи финансиската рамка вредна над 200 милиони евра.

Договорот за грантот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“.

По денешното заокружување на финансиската рамка, останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“.

Овој проект е над сите политички интереси во земјава и императив ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, но и уште една потврда за конкретната поддршка што и ја дава ЕУ на земјава, беше истакнато пред потпишувањето на Договорот.

Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме да бидеме дел од промената која подразбира одговорен однос и заштита на водите. Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодавството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан - потенцира вицепремиерот Маричиќ.

Како што рече министерот Бесими, грантот доаѓа во време кога финансиските пазари се значително скапи.

За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 000 жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ - подвлече Бесими.

Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отпадни води.

Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите - „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистелната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела - рече Шукова.

И евроамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за  Македонија.

Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена - посочи Гир.

Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

Мора да ги чуваме водените природни ресурси и внимателно да ги користиме. Овој проект е од витална важност за скопјани, но и за Македонија воопшто. Се работи за најголем инвестициски грант за  Македонија во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан - рече Павлова.

Осврнувајќи се на статистиките, таа укажа дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода.

Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво - подвлече Павлова.

The post Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје за чија изградба, денеска, со ЕУ грантот од 70 милиони евра, се заокружи финансиската рамка вредна над 200 милиони евра. Договорот за грантот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“. По денешното заокружување на финансиската рамка, останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“. Овој проект е над сите политички интереси во земјава и императив ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, но и уште една потврда за конкретната поддршка што и ја дава ЕУ на земјава, беше истакнато пред потпишувањето на Договорот.
Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме да бидеме дел од промената која подразбира одговорен однос и заштита на водите. Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодавството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан - потенцира вицепремиерот Маричиќ.
Како што рече министерот Бесими, грантот доаѓа во време кога финансиските пазари се значително скапи.
За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 000 жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ - подвлече Бесими.
Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отпадни води.
Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите - „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистелната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела - рече Шукова.
И евроамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за  Македонија.
Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена - посочи Гир.
Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.
Мора да ги чуваме водените природни ресурси и внимателно да ги користиме. Овој проект е од витална важност за скопјани, но и за Македонија воопшто. Се работи за најголем инвестициски грант за  Македонија во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан - рече Павлова.
Осврнувајќи се на статистиките, таа укажа дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода.
Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво - подвлече Павлова.

The post Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Денеска во Владата потпишување на договор за коридорите 8 и 10 Д https://republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-vo-vladata-potpishuvane-na-dogovor-za-koridorite-8-i-10-d/ Wed, 08 Mar 2023 08:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=617135

Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за коридорите 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“.

На настанот по овој повод ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон.

Владата на вчерашната седница го одобри склучувањето на договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д. Како што рече синоќа во телевизиско гостување првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, се работи за изградба на автопатишта од 110 километри, што ќе чини 1,3 милијарди евра или два милиони евра по километар.

The post Денеска во Владата потпишување на договор за коридорите 8 и 10 Д appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за коридорите 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. На настанот по овој повод ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон. Владата на вчерашната седница го одобри склучувањето на договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д. Како што рече синоќа во телевизиско гостување првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, се работи за изградба на автопатишта од 110 километри, што ќе чини 1,3 милијарди евра или два милиони евра по километар.

The post Денеска во Владата потпишување на договор за коридорите 8 и 10 Д appeared first on Република.

]]>
Од потпишувањето договор за Коридорите 8 и 10-Д: Вложуваме во инфраструктурата, Македонија станува важна транспортна рута https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-potpishuvaneto-dogovor-za-koridorite-8-i-10-d-vlozhuvame-vo-infrastrukturata-makedonija-stanuva-vazhna-transportna-ruta/ Thu, 02 Feb 2023 11:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=603769

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на потпишувањето на Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д, каде имаше обраќање. Договорот е потпишан со компанијата „IRD ENGINEERING“ која е избрана за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д. На настанот присуствуваа и имаа обраќање и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини.

Со потпишувањето на овој Договор, отпочнуваат активностите за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10-Д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.

Со потпишувањето на овој Договор, продолжуваме да ја зацврстуваме нашата определба како Влада дека автопатските делници, патиштата и инфраструктурата во нашата држава се еден од главните приоритети на кои ќе продолжиме да се фокусираме и годинава“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи дека Владата е силно фокусирана на капиталните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, додавајќи дека за 5 години се реализирани 1.300 км патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, во која се инвестирани над 1 милијарда евра.

Изградбата на автопатските делници на Коридорите 8 и 10 е од клучно значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура и сообраќај, со што уште повеќе ќе ја истакнеме гео-стратешката позиција на Република Македонија, која, преку овие проекти ќе стане неизбежна транспортна рута од значење за регионот, но и пошироко“, истакна премиерот Ковачевски.

Првиот вицепремиер  и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби посочи дека ова е најголемиот капитален проект.

Денеска навистина е историски ден за Република Македонија, како што рече и премиерот, започнуваме изградба на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на независна Република Македонија, кој што ќе биде многу значаен за сите наши граѓани, за целата наша економија и за регионалното поврзување“, рече вицепремиерот Груби, додавајќи дека веќе е закажана седница на Управувачкиот комитет, каде што ќе се донесе одлуката за да почнат преговорите помеѓу избраниот консултант и надзор ИРД и конзорциумот „Бехтел“ и „Енка“, кој што ќе ги гради двата Коридора 8 и 10-Д.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, посочи дека инфраструктурата е врвен приоритет на оваа Влада, а потпишувањето на овој Договор е уште еден доказ дека Република Македонија останува на вистинскиот правец за европска модерна држава.

Од денеска па во наредниот период, работната група во соработка со консултантот, кој истовремено е и надзор, ќе го започнат преговарачкиот процес со изведувачот „Бехтел“ и „Енка“ со цел да се постигне квалитетен договор за изградба на преку 120 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д. Веќе напролет очекуваме да ја почнеме силната градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8, рече министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми изрази огромна чест и задоволство што го потпишува Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10 Д со Група на „IRD INGINEERING Srl“, од Италија.

По потпишување на Договорот за градежни работи на автопатските делници ќе започне втората фаза од Договорот со вршење на стручен надзор над имплементацијата на четирите делници и тоа: изградба на автопат Тетово – Гостивар; изградба на автопат Гостивар – Букојчани; изградба на автопат Требениште – Струга – Ќафасан и изградба на автопат Прилеп – Битола“, рече директорот Рустеми.

Директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини истакна дека е „чест е и привилегија да се биде дел од овој настан во Владата“.

ИРД Инженеринг се присутни во Македонија за инженерски услуги во последниве 20 години. Една од нашите конкурентски предности е и ќе биде нашето локално присуство со комбинација на меѓународно искуство и експертиза. Заедно со нашите локални партнери во овој проект ние ќе ги вложиме сите потребни напори за да ги изградиме 4-те делници со највисок стандард и квалитет којшто одговараат на квалитетот на патиштата кои се градат во ЕУ,  потенцираше Орсини.

The post Од потпишувањето договор за Коридорите 8 и 10-Д: Вложуваме во инфраструктурата, Македонија станува важна транспортна рута appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на потпишувањето на Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д, каде имаше обраќање. Договорот е потпишан со компанијата „IRD ENGINEERING“ која е избрана за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д. На настанот присуствуваа и имаа обраќање и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини. Со потпишувањето на овој Договор, отпочнуваат активностите за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10-Д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.