потпишан Archives - Република https://republika.mk/tema/potpishan/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 14:27:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потпишан Archives - Република https://republika.mk/tema/potpishan/ 32 32 Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори – распределбата на средства за политички маркетинг главен проблем на помалите партии https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-kodeksot-za-fer-i-demokratski-parlamentarni-izbori-raspredelbata-na-sredstva-za-politichki-marketing-glaven-problem-na-pomalite-partii/ Wed, 17 Apr 2024 15:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=767208

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес.

– Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите, истакна претседателот на ДИК Даштевски.

Со потпишувањето, вели Даштевски, политичките партии се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

– Најголемиот дел од претставниците на политичките партии го потпишаа Кодексот и се надевам дека со потпишувањето ќе се грижат за спроведување на тие правила, бидејќи тоа не е нешто што е задолжително. Задолжително е да се организира настанот, меѓутоа почитувањето зависи од етиката која што ја применуваат. Што повеќе се почитуваат овие правила, тоа повеќе демократијата е на повисоко ниво во Република Македонија, бидејќи нашата основна цел е влез во ЕУ, а таму важат овие принципи, истакна Даштевски по потпишувањето на Кодексот.

 

По потпишувањето изјави за медиумите дадоа претставниците од политичките партии и коалициите кои беа присутни, при што беше нагласена неурамнотеженоста во распределувањето на државните средства за политички маркетинг меѓу големите и малите политички субјекти.

Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посочи дека во ек на претседателска кампања голем број на кандидати за Парламентот се директно инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати, по што ја повика Државна изборна комисија да го преиспита тоа.

– Големите политички субјекти од народни и државни пари ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат. Во полн ек е претседателската кампања за сите претседателски кандидати гледаме како се одвива, дека голем број на кандидати за Парламентот се директно вклучени инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати. Тоа ДИК треба да го преиспита, рече Димитриевски.

Претставникот на коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски, исто така укажа на начинот на државното финансирање на политичката кампања. Вели идејата на државното финансирање на изборната кампања е да го поттикне политичкиот плурализам, а не да се финансира само главната политичка власт и опозиција, затоа, истакна дека не го потпишал Кодексот.

– Огромни суми се издвојуваат само за четири коалиции или четири политички партии и како што рече претходниот мој говорник трошки за сите останати. Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес е да се поттикне политичкиот плурализам, рече Јакимовски.

Претставниците на двата најголеми македонски политички блока, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека ќе водат фер и позитивна кампања, базирана на нивните програмски ветувања и се обврзаа на почитување на етичките и морални стандарди и правила.

Изјави дека го потпишале Кодексот дадоа и претставниците на Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Твоја партија, доколку пак, претставниците на Демократи, Десна и Работничка партија изјавија дека не го потпишале Кодексот.

The post Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори – распределбата на средства за политички маркетинг главен проблем на помалите партии appeared first on Република.

]]>

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај. Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес. – Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите, истакна претседателот на ДИК Даштевски. Со потпишувањето, вели Даштевски, политичките партии се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања. – Најголемиот дел од претставниците на политичките партии го потпишаа Кодексот и се надевам дека со потпишувањето ќе се грижат за спроведување на тие правила, бидејќи тоа не е нешто што е задолжително. Задолжително е да се организира настанот, меѓутоа почитувањето зависи од етиката која што ја применуваат. Што повеќе се почитуваат овие правила, тоа повеќе демократијата е на повисоко ниво во Република Македонија, бидејќи нашата основна цел е влез во ЕУ, а таму важат овие принципи, истакна Даштевски по потпишувањето на Кодексот.   По потпишувањето изјави за медиумите дадоа претставниците од политичките партии и коалициите кои беа присутни, при што беше нагласена неурамнотеженоста во распределувањето на државните средства за политички маркетинг меѓу големите и малите политички субјекти. Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посочи дека во ек на претседателска кампања голем број на кандидати за Парламентот се директно инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати, по што ја повика Државна изборна комисија да го преиспита тоа. – Големите политички субјекти од народни и државни пари ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат. Во полн ек е претседателската кампања за сите претседателски кандидати гледаме како се одвива, дека голем број на кандидати за Парламентот се директно вклучени инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати. Тоа ДИК треба да го преиспита, рече Димитриевски. Претставникот на коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски, исто така укажа на начинот на државното финансирање на политичката кампања. Вели идејата на државното финансирање на изборната кампања е да го поттикне политичкиот плурализам, а не да се финансира само главната политичка власт и опозиција, затоа, истакна дека не го потпишал Кодексот. – Огромни суми се издвојуваат само за четири коалиции или четири политички партии и како што рече претходниот мој говорник трошки за сите останати. Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес е да се поттикне политичкиот плурализам, рече Јакимовски. Претставниците на двата најголеми македонски политички блока, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека ќе водат фер и позитивна кампања, базирана на нивните програмски ветувања и се обврзаа на почитување на етичките и морални стандарди и правила. Изјави дека го потпишале Кодексот дадоа и претставниците на Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Твоја партија, доколку пак, претставниците на Демократи, Десна и Работничка партија изјавија дека не го потпишале Кодексот.

The post Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори – распределбата на средства за политички маркетинг главен проблем на помалите партии appeared first on Република.

]]>
Потпишан меморандум за партнерство помеѓу универзитетските клиники на Македонија и Украина https://republika.mk/zivot/zdravje/potpishan-memorandum-za-partnerstvo-pomegu-univerzitetskite-kliniki-na-makedonija-i-ukraina/ Mon, 11 Sep 2023 08:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=680776

Заменик-министерката д-р Маја Манолева, имаше чест да биде дел од третиот „Summit of First Ladies and Gentlemen“ што се одржа на 6 септември во Киев, Украина.

Под мотото „Спасување животи низ целиот свет“, на овој самит беа потпишани 25 меморандуми за партнерство помеѓу медицинските институции на Украина и различни земји од светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Д-р Манолева имаше свое онлајн учество на министерскиот состанок посветен на зајакнување на меѓународните партнерства во областа на здравството. Во името на Министерството за здравство на Република Македонија, таа ја прифати изјавата за потпишување на меморандум за градење отпорни меѓународни здравствени партнерства, кои ги поддржуваат здравствените работници.

Здравствени установи кои се приклучуваат кон меѓународно медицинско партнерство од нашата држава се Универзитетската клиника за психијатрија и Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. Верувам дека универзитетските клиники кои се приклучуваат на партнерството од нашата држава ќе дадат суштински придонес, имајќи ја предвид спецификата на нивната дејност, Клиниката за ТОАРИЛУЦ, со посебен фокус на трауматологија, ортопедија, анестезиологија и интензивно лекување со Ургентен центар, додека Клиниката за психијатрија во насока на унапредување на областа на менталното здравје“, истакна д-р Маја Манолева преку своето онлајн обраќање на самитот.

Колку за потсетување, Министерството за здравство на Република Македонија уште од 2005 година има потпишано Спогодба за соработка со Министерството за здравство на Република Украина, што опфаќа соработка во областа на здравството и медицинските науки, со посебен фокус на размена на информации, искуства, како и размена на специјалисти од повеќе различни области.

За време на нападите од Русија, во Украина беа оштетени 1427 здравствени установи, па затоа многу е важно Република Македонија како солидарна држава да биде дел од пријателите што ќе помогнат и ќе дадат поддршка со здравствена опрема и помош за Украина. Покрај нашата држава, осум медицински установи во Франција станаа партнери на украинските болници, две медицински установи во Литванија, Латвија и Молдавија, како и водечки болници во Полска, Австрија, Данска, Естонија, Ирска, Шведска, Шпанија, Канада, Израел и Холандија. Украинските детски болници склучија партнерства со Данска, Холандија, Израел, Шпанија, Латвија, Полска и Франција. Установите за ментално здравје во Украина ќе соработуваат со Франција, Македонија и Канада, а универзитетски и мултидисциплинарни болници – со Австрија, Ирска, Естонија, Македонија и Молдавија, објави Министерството.

„Ние како министерство за здравство ќе продолжиме да бидеме посветени на развивањето и унапредувањето на нашите меѓународни здравствени партнерства. Ова не е само потпис на меморандум, туку потпис на нашата непоколеблива решеност за одржување на животите и за обновување на здравствениот систем во Украина. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да вложуваме во меѓународните здравствени односи како начин за поддршка на сите оние што им се потребни“, заклучи д-р Манолева на министерскиот состанок.

 

The post Потпишан меморандум за партнерство помеѓу универзитетските клиники на Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката д-р Маја Манолева, имаше чест да биде дел од третиот „Summit of First Ladies and Gentlemen“ што се одржа на 6 септември во Киев, Украина. Под мотото „Спасување животи низ целиот свет“, на овој самит беа потпишани 25 меморандуми за партнерство помеѓу медицинските институции на Украина и различни земји од светот, вклучувајќи ја и Македонија. Д-р Манолева имаше свое онлајн учество на министерскиот состанок посветен на зајакнување на меѓународните партнерства во областа на здравството. Во името на Министерството за здравство на Република Македонија, таа ја прифати изјавата за потпишување на меморандум за градење отпорни меѓународни здравствени партнерства, кои ги поддржуваат здравствените работници.
Здравствени установи кои се приклучуваат кон меѓународно медицинско партнерство од нашата држава се Универзитетската клиника за психијатрија и Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. Верувам дека универзитетските клиники кои се приклучуваат на партнерството од нашата држава ќе дадат суштински придонес, имајќи ја предвид спецификата на нивната дејност, Клиниката за ТОАРИЛУЦ, со посебен фокус на трауматологија, ортопедија, анестезиологија и интензивно лекување со Ургентен центар, додека Клиниката за психијатрија во насока на унапредување на областа на менталното здравје“, истакна д-р Маја Манолева преку своето онлајн обраќање на самитот.
Колку за потсетување, Министерството за здравство на Република Македонија уште од 2005 година има потпишано Спогодба за соработка со Министерството за здравство на Република Украина, што опфаќа соработка во областа на здравството и медицинските науки, со посебен фокус на размена на информации, искуства, како и размена на специјалисти од повеќе различни области.
За време на нападите од Русија, во Украина беа оштетени 1427 здравствени установи, па затоа многу е важно Република Македонија како солидарна држава да биде дел од пријателите што ќе помогнат и ќе дадат поддршка со здравствена опрема и помош за Украина. Покрај нашата држава, осум медицински установи во Франција станаа партнери на украинските болници, две медицински установи во Литванија, Латвија и Молдавија, како и водечки болници во Полска, Австрија, Данска, Естонија, Ирска, Шведска, Шпанија, Канада, Израел и Холандија. Украинските детски болници склучија партнерства со Данска, Холандија, Израел, Шпанија, Латвија, Полска и Франција. Установите за ментално здравје во Украина ќе соработуваат со Франција, Македонија и Канада, а универзитетски и мултидисциплинарни болници – со Австрија, Ирска, Естонија, Македонија и Молдавија, објави Министерството.
„Ние како министерство за здравство ќе продолжиме да бидеме посветени на развивањето и унапредувањето на нашите меѓународни здравствени партнерства. Ова не е само потпис на меморандум, туку потпис на нашата непоколеблива решеност за одржување на животите и за обновување на здравствениот систем во Украина. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да вложуваме во меѓународните здравствени односи како начин за поддршка на сите оние што им се потребни“, заклучи д-р Манолева на министерскиот состанок.  

The post Потпишан меморандум за партнерство помеѓу универзитетските клиники на Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>
Франција ќе гори: Макрон го потпиша Законот за пензиски реформи, синдикатите ќе ги интензивираат протестите https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-ke-gori-makron-go-potpisha-zakonot-za-penziski-reformi-sindikatite-ke-gi-intenziviraat-protestite/ Sat, 15 Apr 2023 10:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=631011

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го потпиша Законот за пензиската реформа откако вчера истиот беше одобрен од Уставниот совет.

Францускиот министер за труд Оливие Дусопт изјави дека очекува реформите да стапат во сила на почетокот на септември.

Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година и најмалку 43 години работен стаж за целосна пензија.

Членовите на Уставниот совет вчера цензурираа низа помалку важни аспекти од реформата, но не ја отфрлија главната мерка – зголемување на старосната граница за пензионирање. По нивната одлука уследија протести во Париз, при што се приведени 112 луѓе.

Протестите во Франција почнаа откако Влада во јануари ги претстави реформите. Еден месец подоцна почна расправата во Парламентот. Во март, Владата искористувајќи специјални уставни овластувања го протурка Законот без да се гласа во Парламентот.

Макрон тврди дека се неопходни реформи за да се спречи колапсот на пензискиот систем.

Синдикатите најавија продолжување на протестите и ги повикаа работниците да се вратат на улиците на 1 мај.

И главните француски опозициски партии денеска најавија дека се решени да ја продолжат борбата против непопуларната пензиска реформа одобрена од Уставниот совет.

Борбата продолжува, реагираше лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, додека лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен оцени дека „политичката судбина на пензиската реформа не е запечатена“ по одлуката на Уставен совет.

Лидерот на Комунистичката партија Фабијен Русел изјави дека стравува од социјални немири

 

The post Франција ќе гори: Макрон го потпиша Законот за пензиски реформи, синдикатите ќе ги интензивираат протестите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го потпиша Законот за пензиската реформа откако вчера истиот беше одобрен од Уставниот совет. Францускиот министер за труд Оливие Дусопт изјави дека очекува реформите да стапат во сила на почетокот на септември. Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година и најмалку 43 години работен стаж за целосна пензија. Членовите на Уставниот совет вчера цензурираа низа помалку важни аспекти од реформата, но не ја отфрлија главната мерка – зголемување на старосната граница за пензионирање. По нивната одлука уследија протести во Париз, при што се приведени 112 луѓе. Протестите во Франција почнаа откако Влада во јануари ги претстави реформите. Еден месец подоцна почна расправата во Парламентот. Во март, Владата искористувајќи специјални уставни овластувања го протурка Законот без да се гласа во Парламентот. Макрон тврди дека се неопходни реформи за да се спречи колапсот на пензискиот систем. Синдикатите најавија продолжување на протестите и ги повикаа работниците да се вратат на улиците на 1 мај. И главните француски опозициски партии денеска најавија дека се решени да ја продолжат борбата против непопуларната пензиска реформа одобрена од Уставниот совет. Борбата продолжува, реагираше лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, додека лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен оцени дека „политичката судбина на пензиската реформа не е запечатена“ по одлуката на Уставен совет. Лидерот на Комунистичката партија Фабијен Русел изјави дека стравува од социјални немири  

The post Франција ќе гори: Макрон го потпиша Законот за пензиски реформи, синдикатите ќе ги интензивираат протестите appeared first on Република.

]]>