потпалувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/potpaluvachi/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 09:58:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потпалувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/potpaluvachi/ 32 32 23-годишник фатен како потпалува семејна куќа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/23-godishnik-faten-kako-potpaluva-semejna-kuka/ Thu, 30 May 2024 09:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=783111

Вчера во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post 23-годишник фатен како потпалува семејна куќа appeared first on Република.

]]>

Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-potpaluvachi-na-kabli-vo-naselba-zlokukjani/ Thu, 21 Apr 2022 11:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=491733

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено.

Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.

The post Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани appeared first on Република.

]]>

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено. Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.

The post Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани appeared first on Република.

]]>