поставка Archives - Република https://republika.mk/tema/postavka/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Jul 2022 07:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поставка Archives - Република https://republika.mk/tema/postavka/ 32 32 Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар https://republika.mk/vesti/kultura/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/ Tue, 05 Jul 2022 07:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=523997

Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти.

Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка.

Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од културното наследство на државата наспроти отсуството на историски личности на предната или задната страна, специфика која ја имаат многу малку европски држави.

Постои една општа констатација кај истражувачите на овој вид на специфичен дизајн дека нашите пари со својот колорит, со својата динамичност се можеби едни од најубавите банкноти испечатени на европската територија, вели Христовска.

Борче Тодороски, кој ги дизајнираше првите македонски пари во сеќавање како го изработил дизајнот за првите македонски денари, вели дека својата работа ја извршувал во тајност, но со голема посветеност и пасија.

Се работеше рачно, немаше помошни средства како сега, компјутери. Работев со перца на кои менував тушеви во боја. Многу непроспиени ноќи и многу работа, вели Тодороски.

Од Народната банка најавија дека по свеченото отворање во четврток, поставката ќе биде достапна за јавноста од следниот ден, секој работен ден од 9 до 15 часот, во следните шест месеци.

The post Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка. Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од културното наследство на државата наспроти отсуството на историски личности на предната или задната страна, специфика која ја имаат многу малку европски држави.