постапка Archives - Република https://republika.mk/tema/postapka/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 09:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png постапка Archives - Република https://republika.mk/tema/postapka/ 32 32 Постапка против началници и полицaјци што не санкционираа возач кој возеше 272 км/час https://republika.mk/vesti/crna-hronika/postapka-protiv-nachalnitsi-i-politsajtsi-shto-ne-sanktsioniraa-vozach-koj-vozeshe-272-km-chas/ Wed, 07 Aug 2024 09:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=804180

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил само предупреден.

По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак. Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог, имајќи предвид дека за ваков вид на прекршок согласно член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок.
Началникот на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Оддел за униформирана полиција - Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок, поради што началникот на Оддел за униформирана полиција - Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување, соопшти денес МВР.

Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Интегритетот и професионалноста на полициските службеници се темелот на довербата што ја градиме кај граѓаните. Никој не треба да биде подложен на незаконски влијанија или наредби, без разлика од кого доаѓаат. Ги охрабрувам сите наши полициски службеници да останат доследни и решителни во одбивањето на незаконските наредби и притисоци. Секој од нас има одговорност да одржува високи професионални стандарди и да постапува исклучиво согласно законите, вели за случајот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

The post Постапка против началници и полицaјци што не санкционираа возач кој возеше 272 км/час appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил само предупреден.
По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак. Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог, имајќи предвид дека за ваков вид на прекршок согласно член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок. Началникот на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Оддел за униформирана полиција - Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок, поради што началникот на Оддел за униформирана полиција - Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување, соопшти денес МВР.
Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина.
Интегритетот и професионалноста на полициските службеници се темелот на довербата што ја градиме кај граѓаните. Никој не треба да биде подложен на незаконски влијанија или наредби, без разлика од кого доаѓаат. Ги охрабрувам сите наши полициски службеници да останат доследни и решителни во одбивањето на незаконските наредби и притисоци. Секој од нас има одговорност да одржува високи професионални стандарди и да постапува исклучиво согласно законите, вели за случајот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

The post Постапка против началници и полицaјци што не санкционираа возач кој возеше 272 км/час appeared first on Република.

]]>
ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги https://republika.mk/vesti/svet/ek-zapochna-postapka-protiv-aliekspres-poradi-somnezh-za-krshene-na-zakonot-za-digitalni-uslugi/ Thu, 14 Mar 2024 15:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=754848

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК реши да започне постапка против „АлиЕкспрес“ врз основа на претходно спроведената прелиминарна истрага за сомнежите за прекршување на ДСА, анализата на извештајот за проценката на ризикот од август 2023 година, како и одговорите на компанијата на нејзините барања за информации од 6 ноември минатата и 18 јануари оваа година.

Постапката ќе се фокусира на проверка на усогласеноста со обврските на Законот за дигитални услуги поврзани со системските ризици од ширење на илегална содржина, како и реалните или предвидливите негативни ефекти во заштитата на потрошувачите од одредени производи кои претставуваат ризик по здравјето, од пристап до порнографски материјали и незаконски содржини или од намерна манипулација.

Исто така ќе се истражува и усогласеноста со можноста на корисниците да известуваат за нелегални содржини и пристапот до јавно достапните податоци, обезбедувањето ефикасен внатрешен систем за постапување по жалби и транспарентност и оценувањето на веродостојноста и комплетноста на информациите за трговците кои го користат „АлиЕкспрес“.

Доколку се докажат овие сомнежи, тоа би значело дека „АлиЕкспрес“ прекршува десетина членови на Законот.

Со формалното отворање на постапката, Комисијата ќе продолжи да собира докази, но сега ќе може да преземе и дополнителни чекори, како што се изрекување на привремени мерки за отстранување на неусогласеноста.

Со ДСА не се предвидува законски рок во кој треба за заврши покренатата постапка. Нејзиното времетраење ќе зависи од сложеноста на случајот, степенот на соработка од страна на „АлиЕкспрес“, како и од можноста компанијата да го користи правото на одбрана.

The post ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги appeared first on Република.

]]>

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК реши да започне постапка против „АлиЕкспрес“ врз основа на претходно спроведената прелиминарна истрага за сомнежите за прекршување на ДСА, анализата на извештајот за проценката на ризикот од август 2023 година, како и одговорите на компанијата на нејзините барања за информации од 6 ноември минатата и 18 јануари оваа година. Постапката ќе се фокусира на проверка на усогласеноста со обврските на Законот за дигитални услуги поврзани со системските ризици од ширење на илегална содржина, како и реалните или предвидливите негативни ефекти во заштитата на потрошувачите од одредени производи кои претставуваат ризик по здравјето, од пристап до порнографски материјали и незаконски содржини или од намерна манипулација. Исто така ќе се истражува и усогласеноста со можноста на корисниците да известуваат за нелегални содржини и пристапот до јавно достапните податоци, обезбедувањето ефикасен внатрешен систем за постапување по жалби и транспарентност и оценувањето на веродостојноста и комплетноста на информациите за трговците кои го користат „АлиЕкспрес“. Доколку се докажат овие сомнежи, тоа би значело дека „АлиЕкспрес“ прекршува десетина членови на Законот. Со формалното отворање на постапката, Комисијата ќе продолжи да собира докази, но сега ќе може да преземе и дополнителни чекори, како што се изрекување на привремени мерки за отстранување на неусогласеноста. Со ДСА не се предвидува законски рок во кој треба за заврши покренатата постапка. Нејзиното времетраење ќе зависи од сложеноста на случајот, степенот на соработка од страна на „АлиЕкспрес“, како и од можноста компанијата да го користи правото на одбрана.

The post ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори истражна постапка и побара притвор за возачот на Палевски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-otvori-istrazhna-postapka-i-pobara-pritvor-za-vozachot-na-palevski/ Thu, 07 Dec 2023 15:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=720805

Основното јавно обвинителство Скопје известува дека донесе наредба за спроведување истражна постапка за возачот кој го возел првоосомничениот за убиството на младата Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски – Палчо, кој го превел од Србија до Турција.

Како што информираат од ОЈО Скопје, во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на Палевски да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.

Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран, велат од ОЈО Скопје.

Оттаму исто така информираат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат, известуваат од ОЈО Скопје.

The post ОЈО отвори истражна постапка и побара притвор за возачот на Палевски appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје известува дека донесе наредба за спроведување истражна постапка за возачот кој го возел првоосомничениот за убиството на младата Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски – Палчо, кој го превел од Србија до Турција. Како што информираат од ОЈО Скопје, во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на Палевски да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил. Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран, велат од ОЈО Скопје. Оттаму исто така информираат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат, известуваат од ОЈО Скопје.

The post ОЈО отвори истражна постапка и побара притвор за возачот на Палевски appeared first on Република.

]]>
МВР со дисциплинска постапка за нивен вработен, го критикувал Израел, а ги бранел Палестинците https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-so-distsiplinska-postapka-za-niven-vraboten-go-kritikuval-izrael-a-gi-branel-palestintsite/ Tue, 10 Oct 2023 12:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=689880

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции.

Во соопштението на МВР се вели:

Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир.

Случајот во текот на денот претходно го откри Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, кој е поранешен министер за внатрешни работи.

The post МВР со дисциплинска постапка за нивен вработен, го критикувал Израел, а ги бранел Палестинците appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции. Во соопштението на МВР се вели: Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир. Случајот во текот на денот претходно го откри Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, кој е поранешен министер за внатрешни работи.

The post МВР со дисциплинска постапка за нивен вработен, го критикувал Израел, а ги бранел Палестинците appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за онкологија ќе се инсталира нов акцелератор https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-onkologija-ke-se-instalira-nov-aktselerator/ Tue, 19 Sep 2023 14:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=683195

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира линеарен акцелератор за потребите на онколошките пациенти.

На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20 години.

Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат“, соопштуваат од МЗ.

Оттаму додаваат дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.

The post На Клиниката за онкологија ќе се инсталира нов акцелератор appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира линеарен акцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20 години.
Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат“, соопштуваат од МЗ.
Оттаму додаваат дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.  

The post На Клиниката за онкологија ќе се инсталира нов акцелератор appeared first on Република.

]]>
Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povedena-postapka-za-uzurpatsija-na-prostorot-vo-blizina-na-poliklinikata-bit-pazar/ Sun, 14 May 2023 07:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=640579

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти утрово Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи, наведува ЈО.

Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело.

Според ЈО, судијата на претходна постапка ги разгледа околностите и за првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето определи мерка притвор во траење од осум дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

The post Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти утрово Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината. Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи, наведува ЈО. Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело. Според ЈО, судијата на претходна постапка ги разгледа околностите и за првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето определи мерка притвор во траење од осум дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

The post Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО ја прошири постапката за уште 10 лица осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ja-proshiri-postapkata-za-ushte-10-litsa-osomnicheni-za-seksualna-zloupotreba-i-izgotvuvane-na-pornografski-materijal/ Thu, 30 Mar 2023 13:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=625499

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка ја прошири постапката уште против десет лица, осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​.

Имено, во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал.

Со дејствијата опишани во Наредбата за спроведување истражна постапка, шестмина се осомничени дека сториле кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.3 од КЗ, две лица се товарат за сторено кривично дело Полова злоупотреба на немоќно лице од чл.187 ст.2 в.в. со ст.1 и две лица за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193 ст.3 од КЗ.

Имено, во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција. Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, додека еден осомничен се наоѓа надвор од државата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осуммина осомничени и мерки на претпазливост за две лица осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија.

За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.​

The post ОЈО ја прошири постапката за уште 10 лица осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка ја прошири постапката уште против десет лица, осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​. Имено, во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. Со дејствијата опишани во Наредбата за спроведување истражна постапка, шестмина се осомничени дека сториле кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.3 од КЗ, две лица се товарат за сторено кривично дело Полова злоупотреба на немоќно лице од чл.187 ст.2 в.в. со ст.1 и две лица за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193 ст.3 од КЗ. Имено, во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција. Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, додека еден осомничен се наоѓа надвор од државата, се вели во соопштението од ЈОРСМ. Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осуммина осомничени и мерки на претпазливост за две лица осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија. За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.​

The post ОЈО ја прошири постапката за уште 10 лица осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ appeared first on Република.

]]>
Семејството на бебето кое почина од туберкулоза живее во добри услови, Обдусманот отвори случај и ќе ја води постапката https://republika.mk/vesti/makedonija/semejstvoto-na-bebeto-koe-pochina-od-tuberkuloza-zhivee-vo-dobri-uslovi-obdusmanot-otvori-sluchaj-i-ke-ja-vodi-postapkata/ Mon, 06 Mar 2023 13:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=616440

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот правобранител отворил случај и посочи дека наодите, мислењето и записникот којшто е направен од Центарот за социјални работи ќе му биде доставен на Омбудсманот и тој согласно нивните надлежности ќе си ја води постапката.

Центарот за социјални работи, односно стручниот тим веднаш по излегувањето на информациите во јавноста направи увид во состојбата на семејството во рамки на надлежноста на Центарот, односно во рамки на надлежноста на МТСП. Она што е утврдено од увидот на лице место е дека семејството живее во добри услови, хигиената е на завидно ниво, како семејство не се корисници ниту на едно право од социјална и детска заштита. Единствено додека живееле во Скопје, бидејќи мајката е од Шуто Оризари, биле корисници на надомест за трето дете. Во разговорите со едниот родител, таткото, бидејќи мајката беше во болница со најмалото дете, е утврдено дека и тој и мајката се грижливи, рече Тренчевска и додаде дека не се утврдено пропусти во делот на грижата на родителите за детето.

Од здравствен аспект, дополни министерката, треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби.

Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“ потенцира дека останатите три деца се во добра состојба. Таа рече дека тоа што е нивна обврска е сега во овој момент да работат со семејството, со училиштето и со фирмата каде што работи таткото, за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и да се врати таткото на работа.

Наша обврска како Центар за социјална работа во овој момент е да работиме на интеграцијата на децата во образованието, да се грижиме да се вратат во процесот на образование, таткото да се врати на работно место затоа што само тој работи во семејството, а навистина работел и се грижел во економскиот дел и економската состојба на самото семејство, додека мајката се грижела за своите деца. Наша обврска е сега во овој момент да работиме со семејството, со училиштето и со фирмата кај што работи таткото за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и тој да се врати на работа. Она што морам да го истакнам е дека другите три деца се во добра состојба, со развиени хигиенски навики, добри ученици во училиштето. Значи, не се работи за запоставување на децата од страна на семејството. Семејството е стигматизирано во моментов и децата и мора да работиме на тој сегмент за да можеме да ги заштитиме од секакви понатамошни стигми од околината.

The post Семејството на бебето кое почина од туберкулоза живее во добри услови, Обдусманот отвори случај и ќе ја води постапката appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот правобранител отворил случај и посочи дека наодите, мислењето и записникот којшто е направен од Центарот за социјални работи ќе му биде доставен на Омбудсманот и тој согласно нивните надлежности ќе си ја води постапката.
Центарот за социјални работи, односно стручниот тим веднаш по излегувањето на информациите во јавноста направи увид во состојбата на семејството во рамки на надлежноста на Центарот, односно во рамки на надлежноста на МТСП. Она што е утврдено од увидот на лице место е дека семејството живее во добри услови, хигиената е на завидно ниво, како семејство не се корисници ниту на едно право од социјална и детска заштита. Единствено додека живееле во Скопје, бидејќи мајката е од Шуто Оризари, биле корисници на надомест за трето дете. Во разговорите со едниот родител, таткото, бидејќи мајката беше во болница со најмалото дете, е утврдено дека и тој и мајката се грижливи, рече Тренчевска и додаде дека не се утврдено пропусти во делот на грижата на родителите за детето.
Од здравствен аспект, дополни министерката, треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби. Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“ потенцира дека останатите три деца се во добра состојба. Таа рече дека тоа што е нивна обврска е сега во овој момент да работат со семејството, со училиштето и со фирмата каде што работи таткото, за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и да се врати таткото на работа.
Наша обврска како Центар за социјална работа во овој момент е да работиме на интеграцијата на децата во образованието, да се грижиме да се вратат во процесот на образование, таткото да се врати на работно место затоа што само тој работи во семејството, а навистина работел и се грижел во економскиот дел и економската состојба на самото семејство, додека мајката се грижела за своите деца. Наша обврска е сега во овој момент да работиме со семејството, со училиштето и со фирмата кај што работи таткото за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и тој да се врати на работа. Она што морам да го истакнам е дека другите три деца се во добра состојба, со развиени хигиенски навики, добри ученици во училиштето. Значи, не се работи за запоставување на децата од страна на семејството. Семејството е стигматизирано во моментов и децата и мора да работиме на тој сегмент за да можеме да ги заштитиме од секакви понатамошни стигми од околината.
 
The post Семејството на бебето кое почина од туберкулоза живее во добри услови, Обдусманот отвори случај и ќе ја води постапката appeared first on Република.

]]>
Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-sprechuvane-diskriminatsija-povede-prekrshochna-postapka-protiv-ministerstvoto-za-pravda/ Tue, 31 Jan 2023 14:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=603041

Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупанчевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како  надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија, oбјави Телма.

Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.

Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите.

Целиоте текст овде.

The post Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупанчевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како  надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија, oбјави Телма. Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар. Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите. Целиоте текст овде.

The post Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда appeared first on Република.

]]>
ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200 000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-go-zapre-postapuvanjeto-za-nabavka-na-200-000-kineski-antikovid-vakcini-so-posrednichka-firma-od-hong-kong/ Tue, 25 Oct 2022 10:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=565378

Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200 000 вакцини против КОВИД-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг.

Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија тогаш немаше законска основа. Владата донела одлука на затворена седница и го задолжила министерот за здравство Венко Филипче. Тој постапил, префрлени се парите за набавка на вакцини, но по реакција на кинеската страна, парите се вратени. Нема штета на буџет и ние како комисија нема што повеќе да правиме односно немаме основ да доставиме во Јавното обвинителство. Затоа предлагам Комисијата да го запре постапувањето по овој предмет - рече Горан Трпеноски, член на ДКСК.

Антикорупциската се обратила до Владата и Министерството за здравство за да им ја достават целата документација од која се потврдило дека бил склучен договор со посредничка фирма за набавка 200 000 дози вакцина од „Синофарм“.

Од документацијата може да се заклучи дека Владата преку министерот за здравство има склучено договор со „Стабри интернешенл“ и се исплатени средства на „Стабри“. Но, кинеското МНР не дозволува склучување договори преку посредници односно приватни компании, а ние дури во април ги донесовме измените за да може да се набавуваат вакцини преку фирми кои немаат претставништво во Македонија. Парите биле платени во февруари, но по реакција на кинеската страна, парите се вратени на сметка на Министерството за здравство до 1 март. Владата на 16 март го задолжила Министерството за здравство да ги прекине сите активности поврзани со набавката на кинеските вакцини преку посредничката фирма од Хонг Конг - појасни Трпеноски.

За сумата колку е платено, рече, јавно не може да каже бидејќи Министерството за здравство договорот го има како класифициран, но ако се реализирал, како што рече, тогаш вакцините ќе чинеле дупло.

За наводите во однос на банкарската гаранција издадена од „Дојче банк“ за склучување на договорот за купување на кинескикте вакцини преку посредничкото правно лице Трансбордер во име на „Стабри интернешенл“, рече дека не можат, т.е. немаат алатки ниту ингеренции да проверат дали таа е фалсификат или не. СВИФТ-от што им го доставила опозициската партија и кој, наводно е од „Дојче банк“, ќе го достават до Финансовата полиција за да утврди дали е оригинал.

Со утврдување на оригиналноста, може да се потврди, рече Трпеноски, дека „12 и нешто милиони долари кои се дадени како банкарска гаранција, наводно од фирма во Германија, се платени на македонски граѓани односно не само на македонски граѓани туку беа обвинети и функционери“.

Инаку, откако Владата на 16 март 2021 го задолжила Министерството за здравство да ги прекине сите активности за набавка на вакцини од „Синофарм“ преку „Стабри интернешенал“, постапката течела по редовен пат со кинескиот производител и беа набавени вакцините.

Трпеноски во врска со овој предмет додаде и дека на тогашниот министер Венко Филипче и на тогашниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, им биле одредени прекршочни платни налози, кои се платени, поради тоа што не биле на време доставени бараните информации за достава на материјали од затворени владини седници во однос на набавката на вакцини преку договор со фирмата посредник.

The post ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200 000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200 000 вакцини против КОВИД-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг.
Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија тогаш немаше законска основа. Владата донела одлука на затворена седница и го задолжила министерот за здравство Венко Филипче. Тој постапил, префрлени се парите за набавка на вакцини, но по реакција на кинеската страна, парите се вратени. Нема штета на буџет и ние како комисија нема што повеќе да правиме односно немаме основ да доставиме во Јавното обвинителство. Затоа предлагам Комисијата да го запре постапувањето по овој предмет - рече Горан Трпеноски, член на ДКСК.
Антикорупциската се обратила до Владата и Министерството за здравство за да им ја достават целата документација од која се потврдило дека бил склучен договор со посредничка фирма за набавка 200 000 дози вакцина од „Синофарм“.
Од документацијата може да се заклучи дека Владата преку министерот за здравство има склучено договор со „Стабри интернешенл“ и се исплатени средства на „Стабри“. Но, кинеското МНР не дозволува склучување договори преку посредници односно приватни компании, а ние дури во април ги донесовме измените за да може да се набавуваат вакцини преку фирми кои немаат претставништво во Македонија. Парите биле платени во февруари, но по реакција на кинеската страна, парите се вратени на сметка на Министерството за здравство до 1 март. Владата на 16 март го задолжила Министерството за здравство да ги прекине сите активности поврзани со набавката на кинеските вакцини преку посредничката фирма од Хонг Конг - појасни Трпеноски.
За сумата колку е платено, рече, јавно не може да каже бидејќи Министерството за здравство договорот го има како класифициран, но ако се реализирал, како што рече, тогаш вакцините ќе чинеле дупло. За наводите во однос на банкарската гаранција издадена од „Дојче банк“ за склучување на договорот за купување на кинескикте вакцини преку посредничкото правно лице Трансбордер во име на „Стабри интернешенл“, рече дека не можат, т.е. немаат алатки ниту ингеренции да проверат дали таа е фалсификат или не. СВИФТ-от што им го доставила опозициската партија и кој, наводно е од „Дојче банк“, ќе го достават до Финансовата полиција за да утврди дали е оригинал. Со утврдување на оригиналноста, може да се потврди, рече Трпеноски, дека „12 и нешто милиони долари кои се дадени како банкарска гаранција, наводно од фирма во Германија, се платени на македонски граѓани односно не само на македонски граѓани туку беа обвинети и функционери“. Инаку, откако Владата на 16 март 2021 го задолжила Министерството за здравство да ги прекине сите активности за набавка на вакцини од „Синофарм“ преку „Стабри интернешенал“, постапката течела по редовен пат со кинескиот производител и беа набавени вакцините. Трпеноски во врска со овој предмет додаде и дека на тогашниот министер Венко Филипче и на тогашниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, им биле одредени прекршочни платни налози, кои се платени, поради тоа што не биле на време доставени бараните информации за достава на материјали од затворени владини седници во однос на набавката на вакцини преку договор со фирмата посредник.

The post ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200 000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг appeared first on Република.

]]>
Град Скопје по иницијатива на ДКСК поднесе кривична пријава за организацијата за дочекот на Новата 2020 година https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-po-inicijativa-na-dksk-podnese-krivichna-prijava-za-organizacijata-za-dochekot-na-novata-2020-godina/ Thu, 20 Jan 2022 13:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=447155

Град Скопје, по иницијатива од  Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност поради неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот в.д. директор на ЈУ МКЦ, Русе Арсов.

Русе Арсов од Скопје во својство на в.д. директор на ЈУ МКЦ-Скопје на ден 14.12.2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од јавната установа биле донесени на 18.12.2019 година, односно по објавување на јавниот повик, и истите не се составен дел на јавниот повик. Поради необјавувањето на овие критериуми, потенцијалните учесници на јавниот повик не биле информирани на кој начин ќе се врши доделувањето на бодовите и изборот на најповолна понуда.  На објавениот јавен повик се пријавил еден единствен правен субјект и тоа Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје, при што на ден 19.12.2019 година Комисијата за избор на коорганизатор кој ќе ја организира избраната предлог-програма на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ согласно со Записник од одржан состанок на комисијата, утврдено е дека апликантот Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје ги исполнува условите предвидени во конкурсот, при што во записникот не е извршено поединечно бодување, односно не е нотирано за кој критериум колку бодови се доделуваат, туку бодовите се доделени збирно за критериумите од двата дела и од можните 60 бодови определени за критериумот – квалитет на проектот, на учесникот му се доделени 50 бода при што не може да се утврди по колку бодови за секоја ставка од овој критериум се доделени – информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

The post Град Скопје по иницијатива на ДКСК поднесе кривична пријава за организацијата за дочекот на Новата 2020 година appeared first on Република.