поскапувања Archives - Република https://republika.mk/tema/poskapuvanja/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 09:31:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапувања Archives - Република https://republika.mk/tema/poskapuvanja/ 32 32 ДД: Измама се намалените цени во време на постојано поскапување на горивата https://republika.mk/vesti/ekonomija/dd-izmama-se-namalenite-tseni-vo-vreme-na-postojano-poskapuvane-na-gorivata/ Thu, 21 Sep 2023 09:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=683712

Додека секојдневно се зголемуваат цените, особено цената на горивата, која е еден од доминантните фактори за формирање на цените на производите и услугите, Владата ја започнува кампањата за контролирани цени на основните прехранбени производи. Дека ова е само уште една измама на власта објавена од министерот Крешник Бектеши, зборуваат економските анализи, бидејќи во основа „чекорите“ за кои предупредува владата немаат економска логика, реагира Демократско движење.

Аргументите се следни, велат од партијата:

- Ниту една економска мерка не може да ги контролира цените на производите и да ја намали инфлацијата во период од 45 дена, значи неопходно е мерките да бидат од 6 месеци до една година,

- Што ќе се случи кога во екот на зимата ќе престанат мерките и граѓанинот ќе се соочи со неконтролирано поскапување на прехранбените производи, струјата, дрвата, пелетите.

- Дали власта со вештачки мерки се обидува да ги смири граѓаните за да не излезат на протести, по предупредувањата од повеќе сектори?

Целата оваа ситуација докажува дека ниту министерот за финансии Бесими, ниту министерот за економија Бектеши немаат капацитет да ја менаџираат состојбата со инфлацијата, нагласуваат од Демократско движење и велат, бидејќи замрзнувањето на цените се случува само во случаи на вонредни кризи, како што беше случајот со пандемијата или енергетската криза.

Додека Владата експериментира со континуирани мерки, констатираме дека куповната моќ на граѓаните е намалена за 46 отсто во однос на претходната година, а со тоа, од ден на ден граѓаните ќе продолжат да осиромашуваат, реагира партијата.

The post ДД: Измама се намалените цени во време на постојано поскапување на горивата appeared first on Република.

]]>

Додека секојдневно се зголемуваат цените, особено цената на горивата, која е еден од доминантните фактори за формирање на цените на производите и услугите, Владата ја започнува кампањата за контролирани цени на основните прехранбени производи. Дека ова е само уште една измама на власта објавена од министерот Крешник Бектеши, зборуваат економските анализи, бидејќи во основа „чекорите“ за кои предупредува владата немаат економска логика, реагира Демократско движење. Аргументите се следни, велат од партијата: - Ниту една економска мерка не може да ги контролира цените на производите и да ја намали инфлацијата во период од 45 дена, значи неопходно е мерките да бидат од 6 месеци до една година, - Што ќе се случи кога во екот на зимата ќе престанат мерките и граѓанинот ќе се соочи со неконтролирано поскапување на прехранбените производи, струјата, дрвата, пелетите. - Дали власта со вештачки мерки се обидува да ги смири граѓаните за да не излезат на протести, по предупредувањата од повеќе сектори? Целата оваа ситуација докажува дека ниту министерот за финансии Бесими, ниту министерот за економија Бектеши немаат капацитет да ја менаџираат состојбата со инфлацијата, нагласуваат од Демократско движење и велат, бидејќи замрзнувањето на цените се случува само во случаи на вонредни кризи, како што беше случајот со пандемијата или енергетската криза. Додека Владата експериментира со континуирани мерки, констатираме дека куповната моќ на граѓаните е намалена за 46 отсто во однос на претходната година, а со тоа, од ден на ден граѓаните ќе продолжат да осиромашуваат, реагира партијата.

The post ДД: Измама се намалените цени во време на постојано поскапување на горивата appeared first on Република.

]]>
Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари https://republika.mk/zivot/minimalnite-troshotsi-na-edno-semejstvo-vo-fevruari-50-909-denari-2/ Tue, 07 Mar 2023 13:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=616889

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.
Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари appeared first on Република.

]]>
Кога владата не сака, време е граѓаните да ги стават на Ѕид на срамот сите фирми кои неоправдано подигнуваат цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/koga-vladata-ne-saka-vreme-e-graganite-da-gi-stavat-na-zid-na-sramot-site-firmi-koi-neopravdano-podignuvaat-tseni/ Wed, 11 Jan 2023 09:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=595704

Најновите податоци покажуваат дека цените во декември имаат мало намалување во однос на ноември, од 0,2 отсто, што е позитивно, затоа што е прво намалување по скоро година и половина континуиран раст. Сепак, намалувањето е минимално и се должи на мерката на Владата за субвенционирање на цената на струјата на одредени компании од прехранбената индустрија. Поради фактот што ова намалување од декември е од еднократна природа, односно поради владината мерка за струјата, очекувањата за наредниот период се дека цените ќе продолжат да растат, оцени за МИА Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски односи.

Конкретно, цената на храната во декември е намалена за 1,5 отсто во однос на ноември, што е многу помалку од оние 10 отсто што ги најавуваше Владата. Ова значи дека фирмите повторно ја злоупотребуваат ситуацијата, и наместо да ги намалат своите цени поради поевтината струја, повторно ги зголемуваат своите профити. И да бидам искрен, воопшто не сум зачуден од ова, затоа што не гледам апсолутно ниту една причина зошто фирмите не би се однесувале вака, кога веќе цела година го прават истото, изјави Јовановиќ за МИА.

Очекувањата за наредниот период, како што вели, се дека цените ќе продолжат да растат, но дека тоа ќе биде со побавна динамика во однос на 2022 година.

Но, сите очекувања се дека инфлацијата и во 2023 година ќе биде доста висока. Нашиот институт, конкретно, проектира дека инфлацијата во Македонија ќе изнесува 10 отсто за цела 2023 година, што е можеби малку пониско од овие 14,2 отсто од 2022, но е сепак исклучително високо ниво, оценува Јовановиќ.

Препорачува Владата да преземе две групи на мерки за да ја ублажи ситуацијата. Првата се однесува на ставање под контрола на инфлацијата, а втората на покачување на примањата поради повисоките цени.

За да ја стави под контрола инфлацијата, Владата треба да испрати инспекции во сите поголеми фирми од бизнисот со храната, вклучувајќи ги производителите, трговците на големо и супермаркетите, и да ги казни строго сите оние кои не ги почитувале мерките. Вакво нешто моментално се случува во Хрватска, каде многу фирми го искористија воведувањето на еврото за да ги кренат цените, и како што може тамошната влада да биде строга, така можат и нашите. Втората опција, која е подобра, но и помалку реална во Македонија, е Владата да ги ограничи цените на прехранбените производи, кога е веќе повеќе од очигледно дека сите други мерки се неефективни, потенцира Јовановиќ.

Паралелно со ова, според него, Владата треба да преземе сет на мерки за да ги покачи примањата на граѓаните, како резултат на повисоките цени.

Треба да се зголеми минималната плата, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата, да се покачат платите во јавниот сектор за исто толку, и да се зголемат пензиите и сите видови на социјална помош. Ако ова не се направи, десетици илјади граѓани ќе потонат во сиромаштија. Освен Владата, мислам дека е време и самите граѓани да преземат нешто поради поскапувањата, и повторно мислам дека Хрватска моментално дава добри примери. Луѓето таму почнаа да прават ѕидови на срамот, односно листи на фирми кои неоправдано ги покачиле цените. Би било добро и во Македонија некој да почне да го прави ова, а сигурен сум дека ако некој почне, многумина брзо ќе се приклучат, истакнува Јовановиќ.

Државниот завод за статистика вечера објави дека трошоците на животот во 2022 година, во однос на претходната година забележале пораст од 14,2  отсто, а цените на мало од 12,6  отсто. При тоа индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележал пораст од 18,7  отсто, а индексот на цените на мало пораст од 15,1  отсто.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, вчера објави дека на едно четиричлено семејство во декември 2022 година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Според нивните пресметки на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни  43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираа од ССМ.

The post Кога владата не сака, време е граѓаните да ги стават на Ѕид на срамот сите фирми кои неоправдано подигнуваат цени appeared first on Република.

]]>

Најновите податоци покажуваат дека цените во декември имаат мало намалување во однос на ноември, од 0,2 отсто, што е позитивно, затоа што е прво намалување по скоро година и половина континуиран раст. Сепак, намалувањето е минимално и се должи на мерката на Владата за субвенционирање на цената на струјата на одредени компании од прехранбената индустрија. Поради фактот што ова намалување од декември е од еднократна природа, односно поради владината мерка за струјата, очекувањата за наредниот период се дека цените ќе продолжат да растат, оцени за МИА Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски односи.
Конкретно, цената на храната во декември е намалена за 1,5 отсто во однос на ноември, што е многу помалку од оние 10 отсто што ги најавуваше Владата. Ова значи дека фирмите повторно ја злоупотребуваат ситуацијата, и наместо да ги намалат своите цени поради поевтината струја, повторно ги зголемуваат своите профити. И да бидам искрен, воопшто не сум зачуден од ова, затоа што не гледам апсолутно ниту една причина зошто фирмите не би се однесувале вака, кога веќе цела година го прават истото, изјави Јовановиќ за МИА.
Очекувањата за наредниот период, како што вели, се дека цените ќе продолжат да растат, но дека тоа ќе биде со побавна динамика во однос на 2022 година.
Но, сите очекувања се дека инфлацијата и во 2023 година ќе биде доста висока. Нашиот институт, конкретно, проектира дека инфлацијата во Македонија ќе изнесува 10 отсто за цела 2023 година, што е можеби малку пониско од овие 14,2 отсто од 2022, но е сепак исклучително високо ниво, оценува Јовановиќ.
Препорачува Владата да преземе две групи на мерки за да ја ублажи ситуацијата. Првата се однесува на ставање под контрола на инфлацијата, а втората на покачување на примањата поради повисоките цени.
За да ја стави под контрола инфлацијата, Владата треба да испрати инспекции во сите поголеми фирми од бизнисот со храната, вклучувајќи ги производителите, трговците на големо и супермаркетите, и да ги казни строго сите оние кои не ги почитувале мерките. Вакво нешто моментално се случува во Хрватска, каде многу фирми го искористија воведувањето на еврото за да ги кренат цените, и како што може тамошната влада да биде строга, така можат и нашите. Втората опција, која е подобра, но и помалку реална во Македонија, е Владата да ги ограничи цените на прехранбените производи, кога е веќе повеќе од очигледно дека сите други мерки се неефективни, потенцира Јовановиќ.
Паралелно со ова, според него, Владата треба да преземе сет на мерки за да ги покачи примањата на граѓаните, како резултат на повисоките цени.
Треба да се зголеми минималната плата, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата, да се покачат платите во јавниот сектор за исто толку, и да се зголемат пензиите и сите видови на социјална помош. Ако ова не се направи, десетици илјади граѓани ќе потонат во сиромаштија. Освен Владата, мислам дека е време и самите граѓани да преземат нешто поради поскапувањата, и повторно мислам дека Хрватска моментално дава добри примери. Луѓето таму почнаа да прават ѕидови на срамот, односно листи на фирми кои неоправдано ги покачиле цените. Би било добро и во Македонија некој да почне да го прави ова, а сигурен сум дека ако некој почне, многумина брзо ќе се приклучат, истакнува Јовановиќ.
Државниот завод за статистика вечера објави дека трошоците на животот во 2022 година, во однос на претходната година забележале пораст од 14,2  отсто, а цените на мало од 12,6  отсто. При тоа индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележал пораст од 18,7  отсто, а индексот на цените на мало пораст од 15,1  отсто. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, вчера објави дека на едно четиричлено семејство во декември 2022 година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Според нивните пресметки на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.
Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни  43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираа од ССМ.

The post Кога владата не сака, време е граѓаните да ги стават на Ѕид на срамот сите фирми кои неоправдано подигнуваат цени appeared first on Република.

]]>
Оризот, лебот, брашното, свинското и пилешкото месо во Бугарија за една година пораснале за 50 отсто https://republika.mk/vesti/balkan/orizot-lebot-brashnoto-svinskoto-i-pileshkoto-meso-vo-bugarija-za-edna-godina-porasnale-za-50-otsto/ Sun, 25 Dec 2022 13:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=589700

Дваесетте основни прехранбени производи  во Бугарија, за секојдневна употреба и од кои голем дел се присутни на божиќната трпеза, за една година поскапеле за близу 50 отсто, покажуваат податоците на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).

Меѓу тие производи се ориз, леб, брашно, мелено месо, свинско и пилешко месо.

Виолета Иванова, заменик-директор на Институтот за социјални и синдикални истражувања при КНСБ, изјави за бугарски медиуми дека во декември продолжиле да растат цените на главните 20 стоки и услуги во државата, „што доведува до поскапување на животниот стандард“.

Податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија таа потрошувачка кошничка од 20 стоки може да се купи 7 пати, додека во Германија – 31.

„За тие 20 стоки лани во септември требаше да се плати 65 лева, а сега 95 лева, односно зголемувањето е за 45 отсто“, прецизираше Иванова, пренесоа бугарскикте медиуми

The post Оризот, лебот, брашното, свинското и пилешкото месо во Бугарија за една година пораснале за 50 отсто appeared first on Република.

]]>

Дваесетте основни прехранбени производи  во Бугарија, за секојдневна употреба и од кои голем дел се присутни на божиќната трпеза, за една година поскапеле за близу 50 отсто, покажуваат податоците на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ). Меѓу тие производи се ориз, леб, брашно, мелено месо, свинско и пилешко месо. Виолета Иванова, заменик-директор на Институтот за социјални и синдикални истражувања при КНСБ, изјави за бугарски медиуми дека во декември продолжиле да растат цените на главните 20 стоки и услуги во државата, „што доведува до поскапување на животниот стандард“. Податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија таа потрошувачка кошничка од 20 стоки може да се купи 7 пати, додека во Германија – 31. „За тие 20 стоки лани во септември требаше да се плати 65 лева, а сега 95 лева, односно зголемувањето е за 45 отсто“, прецизираше Иванова, пренесоа бугарскикте медиуми

The post Оризот, лебот, брашното, свинското и пилешкото месо во Бугарија за една година пораснале за 50 отсто appeared first on Република.

]]>
Пилешкиот стек поскап за 125 ден, говедската кртина за 134 денари – неверојатен скок на цените https://republika.mk/vesti/ekonomija/pileshkiot-stek-poskap-za-125-den-govedskata-krtina-za-134-denari-neverojaten-skok-na-cenite/ Wed, 19 Oct 2022 20:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=563309

Екипата на Ценометар.мк на терен ги забележа следните, досега најголеми поскапувања во одредени маркети на следните производи:

Краставицата поскапела за 39 денари!
Кромидот поскапел за 8 денари во просек!
Печурки свежи поскапеле за 33 денари!
Јајца 10/1 – поскапеле за 18 денари!
Млеко 3.2% масленост поскапело за 12 денари!
Путерот за 100 грама поскапел во просек за 23 денари!
Ајдамерот поскапел за 124 денари во просек!
Гаудата поскапела до 135 денари!
Мелено месо – поскапо за 60 денари!
Свинска кременадла – во некои маркети поскапа за 90 денари!
Свинска кртина – поскапа за 30 денари!
Говедска кртина поскапела до 134 денари!
Пиле свежо – поскапело во просек за 34 денари!
Пилешки стек замрзнат – страшен скок од 125 денари во поединечни маркети!
Замрзнат батак – поскап за 84 денари!
Чајна за 45 денари поскапа!
Туна – 8 денари за 100 грама – поскапа!
Нескафе лименка од 200г – 50 денари поскапо!
Овие поскапувања се однесуваат за периодот од месец Август до сега, значи околу 2 месеци!

Досега нашиот сервис, немаше забележано поскапувања со овој интензитет – никогаш досега, велат од ценометар.

Ценометар.мк

The post Пилешкиот стек поскап за 125 ден, говедската кртина за 134 денари – неверојатен скок на цените appeared first on Република.

]]>

Екипата на Ценометар.мк на терен ги забележа следните, досега најголеми поскапувања во одредени маркети на следните производи: Краставицата поскапела за 39 денари! Кромидот поскапел за 8 денари во просек! Печурки свежи поскапеле за 33 денари! Јајца 10/1 – поскапеле за 18 денари! Млеко 3.2% масленост поскапело за 12 денари! Путерот за 100 грама поскапел во просек за 23 денари! Ајдамерот поскапел за 124 денари во просек! Гаудата поскапела до 135 денари! Мелено месо – поскапо за 60 денари! Свинска кременадла – во некои маркети поскапа за 90 денари! Свинска кртина – поскапа за 30 денари! Говедска кртина поскапела до 134 денари! Пиле свежо – поскапело во просек за 34 денари! Пилешки стек замрзнат – страшен скок од 125 денари во поединечни маркети! Замрзнат батак – поскап за 84 денари! Чајна за 45 денари поскапа! Туна – 8 денари за 100 грама – поскапа! Нескафе лименка од 200г – 50 денари поскапо! Овие поскапувања се однесуваат за периодот од месец Август до сега, значи околу 2 месеци! Досега нашиот сервис, немаше забележано поскапувања со овој интензитет – никогаш досега, велат од ценометар. Ценометар.мк

The post Пилешкиот стек поскап за 125 ден, говедската кртина за 134 денари – неверојатен скок на цените appeared first on Република.

]]>
Во два дена од секоја плата Ковачевски зеде по 3.000 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-dva-dena-od-sekoja-plata-kovachevski-zede-po-3-000-denari/ Mon, 06 Jun 2022 07:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=511589

Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во два дена со покачувањата на цените на горивата и храната и за 15 денари, Ковачевски уништи десетици илјади семејства, кои нема да знаат како да го поминат месецот.

Во само два дена, лебот, брашното и шеќерот се искачија на 60 денари, а маслото за јадење над 160 денари, велат од партијата.

Потенцираат дека основните намирници за живот на граѓаните се енормно скапи, и на исто ниво како во земјите од Западна Европа, каде платите се и за 10 пати поголеми од тие во Македонија.

На ваквиот ценовен шок, кој се случи пред се затоа што Ковачевски не сака да се откаже од 50 милиони евра кои доаѓаат од покачената акциза, сега ќе му се приклучи ново поскапување, исто така во режија на Ковачевски, кое исто се готви во РКЕ под превезот покачување на цената на струјата.

Ковачевски и СДСМ буквално го прават животот на граѓаните се потежок и невозможен. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Во два дена од секоја плата Ковачевски зеде по 3.000 денари appeared first on Република.

]]>

Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во два дена со покачувањата на цените на горивата и храната и за 15 денари, Ковачевски уништи десетици илјади семејства, кои нема да знаат како да го поминат месецот. Во само два дена, лебот, брашното и шеќерот се искачија на 60 денари, а маслото за јадење над 160 денари, велат од партијата.
Потенцираат дека основните намирници за живот на граѓаните се енормно скапи, и на исто ниво како во земјите од Западна Европа, каде платите се и за 10 пати поголеми од тие во Македонија.
На ваквиот ценовен шок, кој се случи пред се затоа што Ковачевски не сака да се откаже од 50 милиони евра кои доаѓаат од покачената акциза, сега ќе му се приклучи ново поскапување, исто така во режија на Ковачевски, кое исто се готви во РКЕ под превезот покачување на цената на струјата. Ковачевски и СДСМ буквално го прават животот на граѓаните се потежок и невозможен. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Во два дена од секоја плата Ковачевски зеде по 3.000 денари appeared first on Република.

]]>
Зејтинот стигна до 163 денари! https://republika.mk/vesti/ekonomija/zejtinot-stigna-do-163-denari/ Wed, 01 Jun 2022 11:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=509746

Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март.

Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот и оризот.

Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство  93 денари.

Зголемените цени на храната уследија откако од денеска престанаа да важат антикризните мерки со кои ДДВ-то на основните прехранбени производи беше намалено од 5 на нула проценти, а на енергенсите од 18 на 10 проценти. Се укина и ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи. Антикризните мерки беа воведени во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.

The post Зејтинот стигна до 163 денари! appeared first on Република.

]]>

Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март. Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот и оризот. Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство  93 денари. Зголемените цени на храната уследија откако од денеска престанаа да важат антикризните мерки со кои ДДВ-то на основните прехранбени производи беше намалено од 5 на нула проценти, а на енергенсите од 18 на 10 проценти. Се укина и ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи. Антикризните мерки беа воведени во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.

The post Зејтинот стигна до 163 денари! appeared first on Република.

]]>
Големи поскапувања во Европа – само една од поразвиените земји може да се пофали со ниска инфлација https://republika.mk/vesti/svet/golemi-poskapuvanja-vo-evropa-samo-edna-od-porazvienite-zemji-moze-da-se-pofali-so-niska-inflacija/ Tue, 24 May 2022 18:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=506123

Растот на цените на производите се чуствува насекаде, а последните податоци на европската статистичка канцеларија потврдуваат дека инфлацијата забрзано расте практично во сите земји од Унијата.

Голем број земји членки на Европската Унија бележат високи стапки на инфлација, а меѓу најголемите поскапувања забележа Естонија, која води со рекордни 19,1 отсто инфлација во месец април во споредба со минатата година. Изразито висока стапка на инфлација имаат и Литванија каде за период од една година била регистрирана 16,6 проценти инфлација, како и Чешка со 13,2 отсто.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 7,4 проценти во април 2022 година. Една година претходно, стапката беше 1,6 отсто. Годишната инфлација на Европската Унија беше 8,1 проценти во април 2022 година, од 7,8 отсто во март. Една година порано, стапката изнесуваше 2 проценти - објави „Евростат“.

Најниски годишни стапки или најмал пораст на цените од земјите членки на Унијата е забележан во Франција и Малта, каде инфлацијата достигнала 5,4 проценти, а слична стапка имала и Финска со 5,8 отсто.

Убедливо најмал раст на цените на производите од земјите во Европа има една од најбогатите земји, Швајцарија. На годишно ниво во Швајцарија била регистрирана инфлација од само 2,3 проценти. Но, Швајцарија останува една од земјите која важи за најскапа.

Според „Евростат“, mеѓу земјите ченки на Унијата во нашето соседво, во Бугарија на годишно ниво е забележана стапка од 12,1 отсто, а инфлација над десет проценти регистрираше и Романија – 11,7 проценти.

Од „Евростат“ посочуваат дека најголем притисок врз цените имала енергетиката, услугите, хранатата, алкохолот и тутунот и неенергетските индустриски стоки.

The post Големи поскапувања во Европа – само една од поразвиените земји може да се пофали со ниска инфлација appeared first on Република.

]]>

Растот на цените на производите се чуствува насекаде, а последните податоци на европската статистичка канцеларија потврдуваат дека инфлацијата забрзано расте практично во сите земји од Унијата. Голем број земји членки на Европската Унија бележат високи стапки на инфлација, а меѓу најголемите поскапувања забележа Естонија, која води со рекордни 19,1 отсто инфлација во месец април во споредба со минатата година. Изразито висока стапка на инфлација имаат и Литванија каде за период од една година била регистрирана 16,6 проценти инфлација, како и Чешка со 13,2 отсто.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 7,4 проценти во април 2022 година. Една година претходно, стапката беше 1,6 отсто. Годишната инфлација на Европската Унија беше 8,1 проценти во април 2022 година, од 7,8 отсто во март. Една година порано, стапката изнесуваше 2 проценти - објави „Евростат“.
Најниски годишни стапки или најмал пораст на цените од земјите членки на Унијата е забележан во Франција и Малта, каде инфлацијата достигнала 5,4 проценти, а слична стапка имала и Финска со 5,8 отсто. Убедливо најмал раст на цените на производите од земјите во Европа има една од најбогатите земји, Швајцарија. На годишно ниво во Швајцарија била регистрирана инфлација од само 2,3 проценти. Но, Швајцарија останува една од земјите која важи за најскапа. Според „Евростат“, mеѓу земјите ченки на Унијата во нашето соседво, во Бугарија на годишно ниво е забележана стапка од 12,1 отсто, а инфлација над десет проценти регистрираше и Романија – 11,7 проценти. Од „Евростат“ посочуваат дека најголем притисок врз цените имала енергетиката, услугите, хранатата, алкохолот и тутунот и неенергетските индустриски стоки.  

The post Големи поскапувања во Европа – само една од поразвиените земји може да се пофали со ниска инфлација appeared first on Република.

]]>
СДСМ живеат во паралелен универзум – ги убедуваат граѓаните дека заштедиле, а основните намирници се поскапени од 30-110% https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ziveat-vo-paralelen-univerzum-gi-ubeduvaat-gragjanite-deka-zashtedile-a-osnovnite-namirnici-se-poskapeni-od-30-110/ Sat, 09 Apr 2022 11:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=485808

СДСМ не живеат во паралелен свет, туку живеат во паралелен универзум, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Розевите прес конференции на СДСМ немаат врска со реалноста која ја живеат граѓаните.

Народот се соочува со инфлација од 8,8% во месец март.

Граѓаните се соочуваат со повисоки цени на горивата од 70% во споредба со пред година дена. Цената на лебот е зголемена  за 110%, маслото за јадење е поскапено за над 30%, струјата за 30%, парното за 15%, сите основни намирници се поскапени за 30-50%, а СДСМ ги убедуваат граѓаните дека семејствата заштедиле и дека е спасен стандардот на граѓаните. Платите и пензиите ја изгубија трката со поскапувањата и инфлацијата.

Да не е тажно би било смешно.

Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, а функционерите на власт во криминални зделки плаќаат милион евра за семинарски труд.

Ете до каде забега оваа власт. Поради нивните погрешни економски политики растот на БДП на Македонија е убедливо најнизок во споредба со земјите од регионот.  Поради нивните погрешни економски политики долгот достигна 61% од БДП и ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра.

Народот ја виде негрижата и апашлукот на оваа власт на СДСМ и ДУИ. Народот бара промени.

The post СДСМ живеат во паралелен универзум – ги убедуваат граѓаните дека заштедиле, а основните намирници се поскапени од 30-110% appeared first on Република.

Големи поскапувања во Хрватска: Гасот и струјата вртоглаво растат, месото ќе стане луксуз само за богатите https://republika.mk/vesti/balkan/golemi-poskapuvanja-vo-hrvatska-gasot-i-strujata-vrtoglavo-rastat-mesoto-kje-stane-luksuz-samo-za-bogatite/ Sat, 02 Apr 2022 15:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=482318

Од петокот Хрватите плаќаат поскап гас за најмалку 16 отсто, струјата поскапе за 9,6 отсто, а најавени се и 50 отсто повисоки цени на месото. За нив утеха може да биде тоа што владината интервенција спречи уште подрастично поскапување на гасот, бидејќи цената требаше да поскапи за 77 проценти.

Тоа е само дел од поскапувањето што ги очекува хрватските граѓани во април, додека изминатав недела цената на литар дизел надмина 2 евра. Се очекува и драстично поскапување на храната, што веќе може да се забележи во продавниците. Во моментов ништо не недостасува на рафтовите, но цените растат.

Од денеска е намален и ДДВ-то на прехранбените производи, кој сега изнесува 5 отсто, но без разлика на тоа, месните производители најавуваат драстично повисоки цени. Килограм свинско месо наскоро во Хрватска ќе чини од 15 до 20 евра, а телешко над 30 евра.

Превозниците најавуваат и многу повисоки цени, а значително ќе се зголемат и комуналиите. Некои градови најавија зголемување на цените на комуналиите за 50 отсто. Засега цените во туризмот не поскапеа бидејќи и онака се високи, но туристичките работници тврдат дека новиот бран поскапувања не може да ги заобиколува хотелите и рестораните до лето.

Хрватска од поскапување на енергенсите не ја спасува ни домашното производство, бидејќи од година во година опаѓа. Пред пет години, Хрватска произведуваше 54 отсто од сопствениот гас, а лани само 25 отсто. Не помогна многу ниту изградбата на терминалот за ЛНГ на островот Крк, затоа што Унгарија откупи најголем дел од течниот гас.

The post Големи поскапувања во Хрватска: Гасот и струјата вртоглаво растат, месото ќе стане луксуз само за богатите appeared first on Република.

]]>

Од петокот Хрватите плаќаат поскап гас за најмалку 16 отсто, струјата поскапе за 9,6 отсто, а најавени се и 50 отсто повисоки цени на месото. За нив утеха може да биде тоа што владината интервенција спречи уште подрастично поскапување на гасот, бидејќи цената требаше да поскапи за 77 проценти. Тоа е само дел од поскапувањето што ги очекува хрватските граѓани во април, додека изминатав недела цената на литар дизел надмина 2 евра. Се очекува и драстично поскапување на храната, што веќе може да се забележи во продавниците. Во моментов ништо не недостасува на рафтовите, но цените растат. Од денеска е намален и ДДВ-то на прехранбените производи, кој сега изнесува 5 отсто, но без разлика на тоа, месните производители најавуваат драстично повисоки цени. Килограм свинско месо наскоро во Хрватска ќе чини од 15 до 20 евра, а телешко над 30 евра. Превозниците најавуваат и многу повисоки цени, а значително ќе се зголемат и комуналиите. Некои градови најавија зголемување на цените на комуналиите за 50 отсто. Засега цените во туризмот не поскапеа бидејќи и онака се високи, но туристичките работници тврдат дека новиот бран поскапувања не може да ги заобиколува хотелите и рестораните до лето. Хрватска од поскапување на енергенсите не ја спасува ни домашното производство, бидејќи од година во година опаѓа. Пред пет години, Хрватска произведуваше 54 отсто од сопствениот гас, а лани само 25 отсто. Не помогна многу ниту изградбата на терминалот за ЛНГ на островот Крк, затоа што Унгарија откупи најголем дел од течниот гас.

The post Големи поскапувања во Хрватска: Гасот и струјата вртоглаво растат, месото ќе стане луксуз само за богатите appeared first on Република.

]]>
Грците повеќе се загрижени за поскапувањата отколку за пандемијата https://republika.mk/vesti/balkan/grcite-povekje-se-zagrizeni-za-poskapuvanjata-otkolku-za-pandemijata/ Fri, 01 Apr 2022 10:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=481888

Грците, во нивното секојдневие, изразуваат поголема загриженост за зголемувањето на цените, отколку за пандемијата и мнозинството сметаат дека е потребно Владата да донесе дополнителни мерки за справување со поскапувањата, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анкетираните, 85 отсто изразиле загриженост за зголемувањата на цените на електричната енергија и на производите, за 45 проценти најголем проблем е струјата, додека пак мерките што досега ги воведе Владата, за 45 отсто се во погрешна насока, а за речиси четворица од десет (38 проценти) се во правилна насока, но потребни се и други мерки.

Пандемијата предизвикува загриженост за 54 отсто од анкетираните, а 77 отсто изразуваат загриженост за последиците од војната во Украина.

На политичката сцена, Нова демократија и понатаму е во предност пред СИРИЗА, но разликата е намалена на 8,5 отсто, додека пак 45 проценти од анкетираните се против предвремени парламентарни избори и сметаат дека изборите треба да се одржат регуларно, следната година, кога ѝ завршува мандатот на актуелната Влада, а тројца од десет одговориле дека подобро е избори да има до лето.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ било спроведено од 27 до 29 март, со анкетирани 1.207 граѓани со право на глас.

The post Грците повеќе се загрижени за поскапувањата отколку за пандемијата appeared first on Република.

]]>

Грците, во нивното секојдневие, изразуваат поголема загриженост за зголемувањето на цените, отколку за пандемијата и мнозинството сметаат дека е потребно Владата да донесе дополнителни мерки за справување со поскапувањата, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 85 отсто изразиле загриженост за зголемувањата на цените на електричната енергија и на производите, за 45 проценти најголем проблем е струјата, додека пак мерките што досега ги воведе Владата, за 45 отсто се во погрешна насока, а за речиси четворица од десет (38 проценти) се во правилна насока, но потребни се и други мерки. Пандемијата предизвикува загриженост за 54 отсто од анкетираните, а 77 отсто изразуваат загриженост за последиците од војната во Украина. На политичката сцена, Нова демократија и понатаму е во предност пред СИРИЗА, но разликата е намалена на 8,5 отсто, додека пак 45 проценти од анкетираните се против предвремени парламентарни избори и сметаат дека изборите треба да се одржат регуларно, следната година, кога ѝ завршува мандатот на актуелната Влада, а тројца од десет одговориле дека подобро е избори да има до лето. Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ било спроведено од 27 до 29 март, со анкетирани 1.207 граѓани со право на глас.

The post Грците повеќе се загрижени за поскапувањата отколку за пандемијата appeared first on Република.

]]>