поскапени Archives - Република https://republika.mk/tema/poskapeni/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 13:52:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапени Archives - Република https://republika.mk/tema/poskapeni/ 32 32 Цените на угостителските услуги не престануваат да растат https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-ugostitelskite-uslugi-ne-prestanuvaat-da-rastat/ Tue, 05 Nov 2024 13:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=834395

Во октомври споредено со септември пораснале цените за угостителските услуги за 1,1 процент, додека пак во однос на октомври минатата година се зголемени за 6.1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистиска.

Според пресметките кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.

Податоците покажуваат дека на годишно ниво ноќевањата поскапеле за 21,3%, алкохолот за 4,9% и храната за 2,1%.

На месечно ниво ноќевањата поскапеле за 5,9%, алкохолот за 0,3%, а храната за 0,2%.

Кумулативно за периодот јануари-октомври најмногу поскапеле ноќевањата за 13,5% и алкохолот за 5,6%. Храната што се нуди во овие објекти во истиот период поскапела за 3,4%.

 

The post Цените на угостителските услуги не престануваат да растат appeared first on Република.

]]>

Во октомври споредено со септември пораснале цените за угостителските услуги за 1,1 процент, додека пак во однос на октомври минатата година се зголемени за 6.1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистиска.

Според пресметките кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.

Податоците покажуваат дека на годишно ниво ноќевањата поскапеле за 21,3%, алкохолот за 4,9% и храната за 2,1%.

На месечно ниво ноќевањата поскапеле за 5,9%, алкохолот за 0,3%, а храната за 0,2%.

Кумулативно за периодот јануари-октомври најмногу поскапеле ноќевањата за 13,5% и алкохолот за 5,6%. Храната што се нуди во овие објекти во истиот период поскапела за 3,4%.

 

The post Цените на угостителските услуги не престануваат да растат appeared first on Република.

]]>
Поскапеа зеленчукот и овошјето, а цената на житата се намали за 24,1 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskapea-zelenchukot-i-ovoshjeto-a-tsenata-na-zhitata-se-namali-za-24-1-otsto/ Tue, 16 Jul 2024 11:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=797353

Цените на производите и услугите кои се користат во земјоделското производство (препарат, ѓубриво, работна сила итн.) во јуни се намалени за 0,1% додека цените на произведеното (вкупната вредност на сите добра и услуги произведени во земјоделството) се зголемени за 0,3%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството е намалено за 0,6% додека цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството се зголемени за 6,5%.

Во јуни годинава споредено со јуни лани цените на семињата се намалени за 6,8%, на минералните ѓубрива за 12,8%, додека цените на добиточната храна се намалени за 12,8%. Во истиот период енергијата била поскапа за 4,8%, а одржувањето на зградите поскапо за 5,2%. Цените на ветеринарните услуги останале исти.

Во периодот од една година јуни годинава – лански јуни главно поскапеле: зеленчукот за о,6 %, компирот за 5,6%, овошјето и грозјето поскапеле за 2,8 %, а вината за 3,0%. Во истиот период цените на растителното производство се намалени за 2,2%. Цената на житата и на оризот за една година се намалила за 24,1%.

Од јуни лани до годинашниов јуни добиточното производство е поскапо за 7,6 %, и тоа добитокот за колење за 8,4%, додека производите од живинско потекло поскапеле за 7,2%.

The post Поскапеа зеленчукот и овошјето, а цената на житата се намали за 24,1 отсто appeared first on Република.

]]>

Цените на производите и услугите кои се користат во земјоделското производство (препарат, ѓубриво, работна сила итн.) во јуни се намалени за 0,1% додека цените на произведеното (вкупната вредност на сите добра и услуги произведени во земјоделството) се зголемени за 0,3%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството е намалено за 0,6% додека цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството се зголемени за 6,5%. Во јуни годинава споредено со јуни лани цените на семињата се намалени за 6,8%, на минералните ѓубрива за 12,8%, додека цените на добиточната храна се намалени за 12,8%. Во истиот период енергијата била поскапа за 4,8%, а одржувањето на зградите поскапо за 5,2%. Цените на ветеринарните услуги останале исти. Во периодот од една година јуни годинава – лански јуни главно поскапеле: зеленчукот за о,6 %, компирот за 5,6%, овошјето и грозјето поскапеле за 2,8 %, а вината за 3,0%. Во истиот период цените на растителното производство се намалени за 2,2%. Цената на житата и на оризот за една година се намалила за 24,1%. Од јуни лани до годинашниов јуни добиточното производство е поскапо за 7,6 %, и тоа добитокот за колење за 8,4%, додека производите од живинско потекло поскапеле за 7,2%.

The post Поскапеа зеленчукот и овошјето, а цената на житата се намали за 24,1 отсто appeared first on Република.

]]>
Поскапени поштенските и курирските услуги https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskapeni-poshtenskite-i-kurirskite-uslugi/ Fri, 31 May 2024 12:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=783576

Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0,7 проценти во одделот Телекомуникации.

The post Поскапени поштенските и курирските услуги appeared first on Република.

]]>

Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0,7 проценти во одделот Телекомуникации.

The post Поскапени поштенските и курирските услуги appeared first on Република.

]]>
Поскапеа геодетските услуги, на сила е нов тарифник https://republika.mk/vesti/makedonija/poskapea-geodetskite-uslugi-na-sila-e-nov-tarifnik/ Mon, 19 Feb 2024 20:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=745890

Во сила е нов Тарифник за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, со кој, како што изјавија денеска за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се врши изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги.

Причините за зголемување на цените е поради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

- “Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници“, изјавија од АКН за МИА.

Новините и промените во Тарифникот за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи главно се однесуваат на коригирање на цените.

- “Со овој Тарифник се утврдува надоместот за геодетско катастарски услуги кои го наплаќаат Трговците поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи на Република Македонија за да се испорача квалитет на конкретна услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат. Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско катастарските работи, согласно Законот за катастар на недвижности. Зголемувањето на цените се јави како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи“, појаснуваат од АКН.

Во висината на надоместоците од правилникот не се пресметани трошоците за користење податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додена вредност.

Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи надоместот за извршените геодтески работи пропишан со овој тарифник можат да го намалат најмногу до 50 проценти.

The post Поскапеа геодетските услуги, на сила е нов тарифник appeared first on Република.

]]>

Во сила е нов Тарифник за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, со кој, како што изјавија денеска за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се врши изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги. Причините за зголемување на цените е поради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.
- “Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници“, изјавија од АКН за МИА. Новините и промените во Тарифникот за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи главно се однесуваат на коригирање на цените. - “Со овој Тарифник се утврдува надоместот за геодетско катастарски услуги кои го наплаќаат Трговците поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи на Република Македонија за да се испорача квалитет на конкретна услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат. Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско катастарските работи, согласно Законот за катастар на недвижности. Зголемувањето на цените се јави како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи“, појаснуваат од АКН. Во висината на надоместоците од правилникот не се пресметани трошоците за користење податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додена вредност. Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи надоместот за извршените геодтески работи пропишан со овој тарифник можат да го намалат најмногу до 50 проценти.

The post Поскапеа геодетските услуги, на сила е нов тарифник appeared first on Република.

]]>
Од лани цените во кафеаните поскапеле за 12.3 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-lani-tsenite-vo-kafeanite-poskapele-za-12-3-protsenti/ Fri, 05 May 2023 11:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=637278

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %.

Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот
период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %

The post Од лани цените во кафеаните поскапеле за 12.3 проценти appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %. Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %

The post Од лани цените во кафеаните поскапеле за 12.3 проценти appeared first on Република.

]]>
Цигарите поскапи за 10 денари https://republika.mk/vesti/tsigarite-poskapi-za-10-denari/ Fri, 24 Mar 2023 14:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=623272

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза.

Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока.

Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично.

Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак.

Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи.

 

The post Цигарите поскапи за 10 денари appeared first on Република.

]]>

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза. Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе. Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока. Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично. Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак. Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи.  

The post Цигарите поскапи за 10 денари appeared first on Република.

]]>
Нов ценовен шок: Цигарите во Македонија повторно поскапеа https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-cenoven-shok-cigarite-vo-makedonija-povtorno-poskapea/ Wed, 16 Feb 2022 11:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=459286

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација.

Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари.

Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.

Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

The post Нов ценовен шок: Цигарите во Македонија повторно поскапеа appeared first on Република.

]]>

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација. Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари. Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија. Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

The post Нов ценовен шок: Цигарите во Македонија повторно поскапеа appeared first on Република.

]]>