поштенско гласање Archives - Република https://republika.mk/tema/poshtensko-glasane/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 12:15:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поштенско гласање Archives - Република https://republika.mk/tema/poshtensko-glasane/ 32 32 Грчката Влада ќе воведе поштенско гласање и за парламентарните избори https://republika.mk/vesti/balkan/grchkata-vlada-ke-vovede-poshtensko-glasane-i-za-parlamentarnite-izbori/ Fri, 31 May 2024 12:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=783563

Поштенското гласање во Грција што сега важи само за евроизбори и референдуми, грчката Влада планира да го воведе и за парламентарните избори, како што најави премиерот Кирјакос Мицотакис, додека пак според „Катимерини“ се разгледува можноста и за поедноставување на гласачките ливчиња, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во интервјуто за радиото „Параполитика“ вчера рече дека поштенското гласање и на парламентарните избори ќе биде една од нивните први законски иницијативи изразувајќи желба пред крајот на годината да биде усвоена, објасни дека неопходно е двотретинско мнозинство, но и посочи дека треба да се надмине и уставното толкување.

Весникот „Катимерини“ денеска анализира дека за Грците кои живеат во странство да можат да гласаат по пошта на парламентарните избори, секако ќе биде потребно зголемено мнозинство, но за да се спроведе и во внатрешноста на земјата, тогаш постојат три сценарија во однос на уставното толкување, а не е исклучена можноста да биде потребна и ревизија на Уставот.

Паралелно, повикувајќи се на свои извори, „Катимерини“ пишува дека грчката Влада размислува воведување едно гласачко ливче на парламентарните избори, а не како досега секоја партија да има посебно, со што „ќе се заштедат огромни количини хартија и пари“.

На претстојните европски избори на 9 јуни за првпат се воведува поштенското гласање во земјата, а според медиумите, пријавени биле над 150.000 граѓани.

The post Грчката Влада ќе воведе поштенско гласање и за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Поштенското гласање во Грција што сега важи само за евроизбори и референдуми, грчката Влада планира да го воведе и за парламентарните избори, како што најави премиерот Кирјакос Мицотакис, додека пак според „Катимерини“ се разгледува можноста и за поедноставување на гласачките ливчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис во интервјуто за радиото „Параполитика“ вчера рече дека поштенското гласање и на парламентарните избори ќе биде една од нивните први законски иницијативи изразувајќи желба пред крајот на годината да биде усвоена, објасни дека неопходно е двотретинско мнозинство, но и посочи дека треба да се надмине и уставното толкување. Весникот „Катимерини“ денеска анализира дека за Грците кои живеат во странство да можат да гласаат по пошта на парламентарните избори, секако ќе биде потребно зголемено мнозинство, но за да се спроведе и во внатрешноста на земјата, тогаш постојат три сценарија во однос на уставното толкување, а не е исклучена можноста да биде потребна и ревизија на Уставот. Паралелно, повикувајќи се на свои извори, „Катимерини“ пишува дека грчката Влада размислува воведување едно гласачко ливче на парламентарните избори, а не како досега секоја партија да има посебно, со што „ќе се заштедат огромни количини хартија и пари“. На претстојните европски избори на 9 јуни за првпат се воведува поштенското гласање во земјата, а според медиумите, пријавени биле над 150.000 граѓани.

The post Грчката Влада ќе воведе поштенско гласање и за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
За два дена над 8.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите https://republika.mk/vesti/balkan/za-dva-dena-nad-8-000-grtsi-se-prijavile-za-poshtensko-glasane-na-evroizborite/ Thu, 22 Feb 2024 08:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=746819

За само два дена откако беше отворена платформата за пријавување за поштенско гласање во Грција, до Министерството за внатрешни работи пристигнале над 8.000 барања, соопшти надлежната министерка Ники Керамеос, говорејќи за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

Керамеос објасни дека сите оние кои се запишани во избирачките списоци до крајот на април можат да одберат гласање преку пошта на европските избори на 9 јуни, без разлика дали се во странство или живеат во Грција.

-Во рок од 48 часа, веќе имаме над 8.000 пријави и од внатрешноста и од странство. Пријавите се од 62 различни земји. Гласачи од Кенија, Казахстан, Ангола, Папуа Нова Гвинеја. Овие луѓе се грчки државјани, кои инаку немаше да можат да гласаат. Сакаме гласот на Грците да се слуша гласно, каде и да се наоѓаат, истакна министерката за внатрешни работи на Грција.

Посочи дека поштенското гласање е промена што има за цел да им го олесни остварувањето на правото на глас на сите грчки граѓани, без да биде потребно да патуваат.

Поштенското гласање на крајот на јануари беше изгласано од Парламентот, ќе важи само за европски избори и референдуми, за првпат се воведува во Грција и се однесува на сите грчки граѓани, запишани во избирачките списоци и сакаат да го остварат своето право на глас по пошта, без разлика дали живеат во Грција или во странство.

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Пријавувањето е до 29 април преку платформа што беше отворена во понеделникот, избирачкиот материјал ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл.

The post За два дена над 8.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите appeared first on Република.

]]>

За само два дена откако беше отворена платформата за пријавување за поштенско гласање во Грција, до Министерството за внатрешни работи пристигнале над 8.000 барања, соопшти надлежната министерка Ники Керамеос, говорејќи за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. Керамеос објасни дека сите оние кои се запишани во избирачките списоци до крајот на април можат да одберат гласање преку пошта на европските избори на 9 јуни, без разлика дали се во странство или живеат во Грција.
-Во рок од 48 часа, веќе имаме над 8.000 пријави и од внатрешноста и од странство. Пријавите се од 62 различни земји. Гласачи од Кенија, Казахстан, Ангола, Папуа Нова Гвинеја. Овие луѓе се грчки државјани, кои инаку немаше да можат да гласаат. Сакаме гласот на Грците да се слуша гласно, каде и да се наоѓаат, истакна министерката за внатрешни работи на Грција.
Посочи дека поштенското гласање е промена што има за цел да им го олесни остварувањето на правото на глас на сите грчки граѓани, без да биде потребно да патуваат. Поштенското гласање на крајот на јануари беше изгласано од Парламентот, ќе важи само за европски избори и референдуми, за првпат се воведува во Грција и се однесува на сите грчки граѓани, запишани во избирачките списоци и сакаат да го остварат своето право на глас по пошта, без разлика дали живеат во Грција или во странство. Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта. Пријавувањето е до 29 април преку платформа што беше отворена во понеделникот, избирачкиот материјал ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите. Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл.

The post За два дена над 8.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите appeared first on Република.

]]>
Од денеска Грците може да се пријават за поштенско гласање на евроизборите https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-grtsite-mozhe-da-se-prijavat-za-poshtensko-glasane-na-evroizborite/ Mon, 19 Feb 2024 11:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=745669

Грците, кои на европските избори на 9 јуни ќе одберат гласање преку пошта, од денеска можат да се пријават на соодветната платформа, која ќе остане отворена до крајот на април, јави дописничката на МИА од Атина.

Поштенското гласање, кое на крајот на јануари беше изгласано од Парламентот и ќе важи само за европски избори и референдуми, за првпат се воведува во земјата и се однесува на сите грчки граѓани, кои се запишани во избирачките списоци и сакаат да го остварат своето право на глас по пошта, без разлика дали живеат во Грција или во странство.

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта, под услов навремено да се пријават, а паралелно не постојат критериуми кои ја ограничуваат конкретната можноста.

Пријавувањето е преку платформа, избирачкиот материјал ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл, а трошоците нема дс бидат на товар на граѓаните.

Министерката за внатрешни работи на Грција Ники Керамеос истакна дека „гласањето по пошта е реформа од историско и национално значење“, но и дека веќе нема да има никаква пречка за учество на сите во изборниот процес.

Законот за поштенско гласање се однесува само на европските избори и на референдумите, а не и на парламентарните избори.

The post Од денеска Грците може да се пријават за поштенско гласање на евроизборите appeared first on Република.

]]>

Грците, кои на европските избори на 9 јуни ќе одберат гласање преку пошта, од денеска можат да се пријават на соодветната платформа, која ќе остане отворена до крајот на април, јави дописничката на МИА од Атина. Поштенското гласање, кое на крајот на јануари беше изгласано од Парламентот и ќе важи само за европски избори и референдуми, за првпат се воведува во земјата и се однесува на сите грчки граѓани, кои се запишани во избирачките списоци и сакаат да го остварат своето право на глас по пошта, без разлика дали живеат во Грција или во странство. Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта, под услов навремено да се пријават, а паралелно не постојат критериуми кои ја ограничуваат конкретната можноста. Пријавувањето е преку платформа, избирачкиот материјал ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите. Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл, а трошоците нема дс бидат на товар на граѓаните. Министерката за внатрешни работи на Грција Ники Керамеос истакна дека „гласањето по пошта е реформа од историско и национално значење“, но и дека веќе нема да има никаква пречка за учество на сите во изборниот процес. Законот за поштенско гласање се однесува само на европските избори и на референдумите, а не и на парламентарните избори.

The post Од денеска Грците може да се пријават за поштенско гласање на евроизборите appeared first on Република.

]]>