посета Archives - Република https://republika.mk/tema/poseta/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 08:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посета Archives - Република https://republika.mk/tema/poseta/ 32 32 Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-poseta-na-zapaden-balkan-utre-doaga-vo-skopje/ Wed, 23 Oct 2024 06:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=830019

Започнувајќи ја својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е во Албанија, во четвроток доаѓа во Македонија, потоа Босна и Херцеговина, а завршува Со Црна Гора, Србија и Косово.

Ова е запишано во календарот објавен на веб-страницата на Европската комисија.

Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Потоа, ќе отпатува Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави од каде ќе замине во Србија на состанок со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а на крај во Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

The post Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Започнувајќи ја својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е во Албанија, во четвроток доаѓа во Македонија, потоа Босна и Херцеговина, а завршува Со Црна Гора, Србија и Косово. Ова е запишано во календарот објавен на веб-страницата на Европската комисија. Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Потоа, ќе отпатува Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави од каде ќе замине во Србија на состанок со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ. На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а на крај во Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

The post Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vo-rabotna-poseta-na-solun-ke-gi-pretstavi-investitsiskite-planovi-na-vladata-za-razvoj-na-infrastrukturata/ Mon, 21 Oct 2024 17:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=829551

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан - “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги.

Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка. Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас.

Во рамки на дводневниот форум, се вели во соопштението, покрај министерот Николоски и министрите од владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, Стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции.

The post Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан - “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги. Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка. Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас. Во рамки на дводневниот форум, се вели во соопштението, покрај министерот Николоски и министрите од владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, Стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции.

The post Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата appeared first on Република.

]]>
Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-i-srpskiot-patrijarh-porfirij-vo-poseta-na-nishkata-eparhija/ Mon, 14 Oct 2024 17:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=826773

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со српскиот патријарх Порфириј се во посета на Нишката епархија, каде денеска на празникот Покров на Пресвета Богородица ќе отслужат света литургија во Богородичниот манастир во Ѓунис.

Свечен пречек на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан во Ниш беше организиран вчера во Соборниот храм „Слегувањето на Светиот Дух на апостолите“, а по тој повод во соборниот храм во Ниш се служеше свечен чин на доксологија.

Митрополитот Нишки г. Арсеније ја изрази својата голема радост затоа што првпат архиепископот Охридски и Македонски официјално ги посетува Ниш и Нишката епархија, донесувајќи го благословот на светите Климент и Наум Охридски, Гаврил Лесновски и Јоаким Осоговски, а воедно и братски љубовта на македонскиот народ.

Силно ја чувствуваме љубовта на Вашиот народ, но и со сето срце возвраќаме, рече митрополитот Арсеније, се наведува на порталот на СПЦ.

Архиепископот Стефан потоа одржа беседа исполнета со благодарност за топлиот и братски пречек во Нишкиот соборен храм.

Колку е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно! Денеска не ми паѓа друга мисла освен оваа. Ви благодариме за љубовта и гостопримството што секогаш ни ги покажувате. Овде се чувствувам како дома, бидејќи служев војска во Ниш, кога го посетував овој храм, кој денес е поубав и повеличенствен од тогаш, во 1983 година, рече архиепископот Стефан, благословувајќи ги многубројните граѓани на Ниш кои дојдоа во Соборниот храм да ги поздрават драгите гости, се наведува во соопштенеито на СПЦ.

На вчерашниот свечен чин на доксологија, чиноначалствуваше архимандрит Серафим, игумен на Суковскиот манастир, а присуствуваа и Високопреосветените митрополити дебарско-кичевскиот Петар, преспанско-пелагонски Тимотеј, како и пакрачкиот и славонски епископ Јован, никшиќкиот Методиј и хераклејскиот Климент.

The post Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија appeared first on Република.

]]>

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со српскиот патријарх Порфириј се во посета на Нишката епархија, каде денеска на празникот Покров на Пресвета Богородица ќе отслужат света литургија во Богородичниот манастир во Ѓунис. Свечен пречек на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан во Ниш беше организиран вчера во Соборниот храм „Слегувањето на Светиот Дух на апостолите“, а по тој повод во соборниот храм во Ниш се служеше свечен чин на доксологија. Митрополитот Нишки г. Арсеније ја изрази својата голема радост затоа што првпат архиепископот Охридски и Македонски официјално ги посетува Ниш и Нишката епархија, донесувајќи го благословот на светите Климент и Наум Охридски, Гаврил Лесновски и Јоаким Осоговски, а воедно и братски љубовта на македонскиот народ.
Силно ја чувствуваме љубовта на Вашиот народ, но и со сето срце возвраќаме, рече митрополитот Арсеније, се наведува на порталот на СПЦ.
Архиепископот Стефан потоа одржа беседа исполнета со благодарност за топлиот и братски пречек во Нишкиот соборен храм.
Колку е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно! Денеска не ми паѓа друга мисла освен оваа. Ви благодариме за љубовта и гостопримството што секогаш ни ги покажувате. Овде се чувствувам како дома, бидејќи служев војска во Ниш, кога го посетував овој храм, кој денес е поубав и повеличенствен од тогаш, во 1983 година, рече архиепископот Стефан, благословувајќи ги многубројните граѓани на Ниш кои дојдоа во Соборниот храм да ги поздрават драгите гости, се наведува во соопштенеито на СПЦ.
На вчерашниот свечен чин на доксологија, чиноначалствуваше архимандрит Серафим, игумен на Суковскиот манастир, а присуствуваа и Високопреосветените митрополити дебарско-кичевскиот Петар, преспанско-пелагонски Тимотеј, како и пакрачкиот и славонски епископ Јован, никшиќкиот Методиј и хераклејскиот Климент.  

The post Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија appeared first on Република.

]]>
Ердоган во дводневна посета на Србија https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-vo-dvodnevna-poseta-na-srbija/ Thu, 10 Oct 2024 09:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=825128

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска попладне и утре ќе престојува во официјална посета на Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според програмата на посетата, претседателите Вучиќ и Ердоган утре ќе одржат состанок по што ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција. По средбите предвидено е свечено потпишување на договори и изјави за медиумите, а Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.

Ердоган пред да пристигне во Белград денеска ќе ја посети Тирана.

Според турските медиуми ова ќе биде почеток на „дипломатски маратон“ на Ердоган, бидејќи по Белград тој на 22 октомври ќе отпатува за Казан, Русија, каде што ќе се одржи 16. Самит на БРИКС, каде е предвидено да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Ова е трета посета на Ердоган на Србија во изминатите пет години. Тој последен пат ја посети Србија во септември 2022 година.

Вучиќ тогаш побара од турскиот претседател помош за испорака на струја од Азербејџан во Србија и изјави дека со Ердоган разговарал за поголема воена соработка и поголема соработка помеѓу наменските индустрии на Србија и Турција. Тој повтори дека Србија сака да купи турски беспилотни летала „Бајрактар“, но набавката никогаш не е реализирана. Тогаш беше потпишан и протокол со кој им се овозможува на државјани на Србија и на Турција патување само со лична карта.

The post Ердоган во дводневна посета на Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска попладне и утре ќе престојува во официјална посета на Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според програмата на посетата, претседателите Вучиќ и Ердоган утре ќе одржат состанок по што ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција. По средбите предвидено е свечено потпишување на договори и изјави за медиумите, а Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум. Ердоган пред да пристигне во Белград денеска ќе ја посети Тирана. Според турските медиуми ова ќе биде почеток на „дипломатски маратон“ на Ердоган, бидејќи по Белград тој на 22 октомври ќе отпатува за Казан, Русија, каде што ќе се одржи 16. Самит на БРИКС, каде е предвидено да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Ова е трета посета на Ердоган на Србија во изминатите пет години. Тој последен пат ја посети Србија во септември 2022 година. Вучиќ тогаш побара од турскиот претседател помош за испорака на струја од Азербејџан во Србија и изјави дека со Ердоган разговарал за поголема воена соработка и поголема соработка помеѓу наменските индустрии на Србија и Турција. Тој повтори дека Србија сака да купи турски беспилотни летала „Бајрактар“, но набавката никогаш не е реализирана. Тогаш беше потпишан и протокол со кој им се овозможува на државјани на Србија и на Турција патување само со лична карта.

The post Ердоган во дводневна посета на Србија appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена https://republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-na-otvoraneto-na-golemata-izlozhba-na-rembrant-vo-viena/ Tue, 08 Oct 2024 10:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=824168

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.

Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.

На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.

Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

The post Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија. Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен. На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност. Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

The post Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена appeared first on Република.

]]>
Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-na-bjb-janev-vo-rabotna-poseta-na-svr-tetovo/ Sat, 05 Oct 2024 16:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=823200

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Тетово, Полициската станица за безбедност на сообраќајот Тетово, полициските одделенија Групчин и Јегуновце како и Граничен премин Јажинце.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека директорот Јанев разговорал со колегите за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење и условите во кои работат.

Од исклучителна важност е полициските службеници да имаат добри услови за работа и дека приоритет е подобрувањето на условите за работа во полициските станици и набавка на потребната опрема. При посетите од особена важност е и остварената средба со началничката на Регионалниот центар Север на која се разговараше за важноста и потребата од блиска соработка, односно продлабочување на соработката помеѓу Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за внатрешни работи Тетово со цел зацврстување на позицијата во обезбедување на сигурност за ефикасно решавање на транснационалниот криминал, миграции и борба со корупцијата, истакна Јанев.

Директорот на БЈБ информира дека во иднина ваквите посети ќе станат редовна пракса, со цел увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото се со цел подобрување на условите и создавање на функционална полиција, која ќе биде во служба на граѓаните и спроведување на законот кој еднакво важи за сите.

The post Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Тетово, Полициската станица за безбедност на сообраќајот Тетово, полициските одделенија Групчин и Јегуновце како и Граничен премин Јажинце. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека директорот Јанев разговорал со колегите за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење и условите во кои работат.
Од исклучителна важност е полициските службеници да имаат добри услови за работа и дека приоритет е подобрувањето на условите за работа во полициските станици и набавка на потребната опрема. При посетите од особена важност е и остварената средба со началничката на Регионалниот центар Север на која се разговараше за важноста и потребата од блиска соработка, односно продлабочување на соработката помеѓу Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за внатрешни работи Тетово со цел зацврстување на позицијата во обезбедување на сигурност за ефикасно решавање на транснационалниот криминал, миграции и борба со корупцијата, истакна Јанев.
Директорот на БЈБ информира дека во иднина ваквите посети ќе станат редовна пракса, со цел увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото се со цел подобрување на условите и создавање на функционална полиција, која ќе биде во служба на граѓаните и спроведување на законот кој еднакво важи за сите.  

The post Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово appeared first on Република.

]]>
Македонија има што да понуди: Мицкоски и Орбан ја посетија Св. Богородица Перивлепта во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ima-shto-da-ponudi-mitskoski-i-orban-ja-posetija-sv-bogoroditsa-perivlepta-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 14:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=820335

Македонија има што да понуди. Ја посетивме црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид. Место преполно со историја и духовно наследство, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

The post Македонија има што да понуди: Мицкоски и Орбан ја посетија Св. Богородица Перивлепта во Охрид appeared first on Република.

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristignuva-vo-dvodnevna-ofitsijalna-poseta-na-zemjava/ Thu, 26 Sep 2024 07:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=819675

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски, како што информира владината прес-служба, в петок ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

Во петок ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Во Охрид полицијата презема неопходни безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ денеска и утре ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, долж булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум.

Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.

Сопствениците на патнички и други моторни возила треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“.

За време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември законот за унгарскиот кредит беше изгласан во Собранието, по скратена постапка.

Заемот од Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Опозицијата во Собранието, тогаш обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството.

Орбан во 2013 година бил во официјална посета на земјава, кога и е одликуван со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија. Орденот му го врачил тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а имал средби и со тогашниот премиер Никола Груевски.

The post Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски, како што информира владината прес-служба, в петок ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. Во петок ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери. Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид. Во Охрид полицијата презема неопходни безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ денеска и утре ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, долж булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум. Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава. Сопствениците на патнички и други моторни возила треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“. За време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември законот за унгарскиот кредит беше изгласан во Собранието, по скратена постапка. Заемот од Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Опозицијата во Собранието, тогаш обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството. Орбан во 2013 година бил во официјална посета на земјава, кога и е одликуван со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија. Орденот му го врачил тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а имал средби и со тогашниот премиер Никола Груевски.

The post Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава appeared first on Република.

]]>
Унгарскиот премиер Орбан ќе ја посети Македонија кон крајот на септември, најави Муцунски https://republika.mk/vesti/makedonija/ungarskiot-premier-orban-ke-ja-poseti-makedonija-kon-krajot-na-septemvri-najavi-mutsunski/ Mon, 16 Sep 2024 20:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=816907

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември.

Запрашан за коментар на наводите дека Унгарија делува како параван на Кина во заемот од 500 милион евра за земјава, Муцунски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека не видел кредибилни докази за ваквото тврдење и дека заемот е од земја членка на Европската Унија, која во моментов претседава со ЕУ.

Унгарија е земја чиј премиер редовно одржува билатерални средби со највисоките претставници на дел од земјите кои ги набројавте. Дури од нив е примен во нивните главни градови, со кои врши трговија, со кои има одлична дипломатска и економска соработка, така што ако сакаме да го гледаме низ призмата на одредени предизвици кои ги има, секогаш ќе има. Една земја членка нема да се согласува со друга, втора нема да се согласува со трета. Но, што би значело тоа, ако на Чешка или Словачка утре им се отвори некаков спор, ние треба да бираме со кој да соработуваме. Ние ќе соработуваме и со Германија и со Унгарија и Австрија и Франција, вели Муцунски.

Во однос на прашањето зошто Унгарија би имала интерес да и даде кредит на земјава во ситуација кога нејзините макроекономските показатели се далеку од сјајни – со огромен јавен долг и многу висок дефицит – Муцунски вели тоа е грижа на унгарскиот премиер и оти договорот е јавно објавен.

Најголемата критика е дека за тој заем има адвокатски услуги кои се природни. Ако критиката е дека се плаќаат 70 илјади евра за заем кој е под сите пазарни услови, тогаш таа критика не држи. Која е позадината? Унгарија како земја која е најблиска до регионот на Западен Балкан, сака стабилност и препознава потенцијал во новата влада. Ако не можеме да обезбедиме заем под добри услови, не критикуваат дека земаме големи заеми. Сега проблемот е заемот доаѓал од земја членка на ЕУ и НАТО, но таа моментално имала несогласувања со ЕК и со неколку земји членки, рече Муцунски.

Муцунски вели дека тој како министер еднакво ќе ги третира сите потенцијални инвеститори без разлика дали доаѓаат од Унгарија, Словачка, Чешка или од САД, бидејќи тој како министер имал обврска да соработува со сите, да гради односи и да не биде селективен.

The post Унгарскиот премиер Орбан ќе ја посети Македонија кон крајот на септември, најави Муцунски appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември. Запрашан за коментар на наводите дека Унгарија делува како параван на Кина во заемот од 500 милион евра за земјава, Муцунски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека не видел кредибилни докази за ваквото тврдење и дека заемот е од земја членка на Европската Унија, која во моментов претседава со ЕУ.
Унгарија е земја чиј премиер редовно одржува билатерални средби со највисоките претставници на дел од земјите кои ги набројавте. Дури од нив е примен во нивните главни градови, со кои врши трговија, со кои има одлична дипломатска и економска соработка, така што ако сакаме да го гледаме низ призмата на одредени предизвици кои ги има, секогаш ќе има. Една земја членка нема да се согласува со друга, втора нема да се согласува со трета. Но, што би значело тоа, ако на Чешка или Словачка утре им се отвори некаков спор, ние треба да бираме со кој да соработуваме. Ние ќе соработуваме и со Германија и со Унгарија и Австрија и Франција, вели Муцунски.
Во однос на прашањето зошто Унгарија би имала интерес да и даде кредит на земјава во ситуација кога нејзините макроекономските показатели се далеку од сјајни – со огромен јавен долг и многу висок дефицит – Муцунски вели тоа е грижа на унгарскиот премиер и оти договорот е јавно објавен.
Најголемата критика е дека за тој заем има адвокатски услуги кои се природни. Ако критиката е дека се плаќаат 70 илјади евра за заем кој е под сите пазарни услови, тогаш таа критика не држи. Која е позадината? Унгарија како земја која е најблиска до регионот на Западен Балкан, сака стабилност и препознава потенцијал во новата влада. Ако не можеме да обезбедиме заем под добри услови, не критикуваат дека земаме големи заеми. Сега проблемот е заемот доаѓал од земја членка на ЕУ и НАТО, но таа моментално имала несогласувања со ЕК и со неколку земји членки, рече Муцунски.
Муцунски вели дека тој како министер еднакво ќе ги третира сите потенцијални инвеститори без разлика дали доаѓаат од Унгарија, Словачка, Чешка или од САД, бидејќи тој како министер имал обврска да соработува со сите, да гради односи и да не биде селективен.

The post Унгарскиот премиер Орбан ќе ја посети Македонија кон крајот на септември, најави Муцунски appeared first on Република.

]]>
Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-odlichno-e-shto-pretsedatelkata-silanovska-davkova-odi-vo-bugarija-2/ Fri, 13 Sep 2024 08:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=815917

Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека е добро што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе оди во Софија каде, според бугарските медиуми, се очекува да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Агелер во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека колку државите соработуваат како соседи, толку поголем ќе биде напредокот за сите граѓани.

Според мене е одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на претседателот Радев. Овие врски во регионот се многу важни, бидејќи сте соседи. Колку се посилни односите меѓу соседите, толку побезбедна, попросперитетна и стабилна може да биде секоја земја, рече Агелер.

Во однос на именувањето на нови членови на Историската комисија со Бугарија, Агелер вели дека историјата е важна, но дека исто толку е важно да се разговара и за иднината.

Една од работите што ги разговарав и со претходната влада и сега со оваа нова Влада е тоа дека историјата е многу важна, таа не дефинира сите нас. Нашата историја како држави не донесе таму каде што сме денеска. Не само што е важно да се разговара за историјата, знам дека ова е дел од билатералните и меѓународните договори, исто така е важно да се разговара и за иднината. Мојата основна надеж е дека како што зборуваме за споделената историја која Македонија ја има со своите соседи, посебно со Бугарија, исто така зборуваат како ќе одиме напред во однос на транспортот, енергетиката, образовните размени… се надевам дека не гледаат само во историјата, туку дека гледаат и кон иднината, рече Агелер.

Во однос на изборите во САД и каква ќе биде поддршката по изборот на новиот американски претседател, Агелер рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава.

Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте дури од независноста, рече Агелер.

The post Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека е добро што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе оди во Софија каде, според бугарските медиуми, се очекува да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Агелер во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека колку државите соработуваат како соседи, толку поголем ќе биде напредокот за сите граѓани.
Според мене е одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на претседателот Радев. Овие врски во регионот се многу важни, бидејќи сте соседи. Колку се посилни односите меѓу соседите, толку побезбедна, попросперитетна и стабилна може да биде секоја земја, рече Агелер.
Во однос на именувањето на нови членови на Историската комисија со Бугарија, Агелер вели дека историјата е важна, но дека исто толку е важно да се разговара и за иднината.
Една од работите што ги разговарав и со претходната влада и сега со оваа нова Влада е тоа дека историјата е многу важна, таа не дефинира сите нас. Нашата историја како држави не донесе таму каде што сме денеска. Не само што е важно да се разговара за историјата, знам дека ова е дел од билатералните и меѓународните договори, исто така е важно да се разговара и за иднината. Мојата основна надеж е дека како што зборуваме за споделената историја која Македонија ја има со своите соседи, посебно со Бугарија, исто така зборуваат како ќе одиме напред во однос на транспортот, енергетиката, образовните размени… се надевам дека не гледаат само во историјата, туку дека гледаат и кон иднината, рече Агелер.
Во однос на изборите во САД и каква ќе биде поддршката по изборот на новиот американски претседател, Агелер рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава.
Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте дури од независноста, рече Агелер.
 
The post Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-na-pushtane-vo-upotreba-na-dogradbata-na-gradinkata-gotse-delchev-vo-opshtina-ilinden/ Tue, 03 Sep 2024 07:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=812512

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградба на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

Како што информира владината прес-служба, изградбата на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“ траеше 10 месеци. Проектот чини 15 000 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината, додека средства за опремата обезбеди Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Капацитетот на доградбата е за 60 деца и опфаќа 280 квадрати, со две отворени и две затворени занимални, три тоалети, тријажа, чајна кујна и посебен влез со хол.

Во моментот ќе се згрижат децата од најмалата група, но има можност во иднина да се згрижат и деца до шест годишна возраст.

Со отворање на овој оддел во Општина Илинден се реши проблемот и повеќе нема листи на чекање за згрижување на деца во детските градинки, наведуваат од Владата.

The post Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградба на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Како што информира владината прес-служба, изградбата на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“ траеше 10 месеци. Проектот чини 15 000 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината, додека средства за опремата обезбеди Министерството за социјална политика, демографија и млади. Капацитетот на доградбата е за 60 деца и опфаќа 280 квадрати, со две отворени и две затворени занимални, три тоалети, тријажа, чајна кујна и посебен влез со хол. Во моментот ќе се згрижат децата од најмалата група, но има можност во иднина да се згрижат и деца до шест годишна возраст.
Со отворање на овој оддел во Општина Илинден се реши проблемот и повеќе нема листи на чекање за згрижување на деца во детските градинки, наведуваат од Владата.

The post Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>
Мицкоски-Пленковиќ: Имаше многу неправди кон Македонија, созреа времето кога сето тоа треба да се респектира https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-plenkovik-imashe-mnogu-nepravdi-kon-makedonija-sozrea-vremeto-koga-seto-toa-treba-da-se-respektira/ Thu, 29 Aug 2024 11:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=811206

Хрватска останува подготвена да и помогне на Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска.

На прес-конференцијата одржана по тет а тет средбата во владината зграда во Загреб, Пленковиќ рече дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Македонија кон Европската унија.

Темата која го оптеретува европскиот пат на Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.

Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.

Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја поотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.

На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.

Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство, рече Мицкоски.

Изрази убедување дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека „нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија“.

Двајцата премиери разговараа и за унапредување на билатерланата соработка на сите нивоа особено на економски план со оглед на тоа што постојат можности за унапредување иако трговската размена сега на годишно ниво е 300 милиони долари.

За време на првата билатерална посета на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска, денеска во Загреб беа потпишани билатерални договори помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје со кои што, како што беше истакнато на прес-конференцијата, значително ќе се подобрат односите на двете земји.

Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави, рече Мицкоски.

Во тек е средбата на премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, а попладне, според агендата, премиерот ќе ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

The post Мицкоски-Пленковиќ: Имаше многу неправди кон Македонија, созреа времето кога сето тоа треба да се респектира appeared first on Република.

]]>

Хрватска останува подготвена да и помогне на Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска. На прес-конференцијата одржана по тет а тет средбата во владината зграда во Загреб, Пленковиќ рече дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Македонија кон Европската унија.
Темата која го оптеретува европскиот пат на Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.
Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.
Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја поотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.
На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.
Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство, рече Мицкоски.
Изрази убедување дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека „нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија“. Двајцата премиери разговараа и за унапредување на билатерланата соработка на сите нивоа особено на економски план со оглед на тоа што постојат можности за унапредување иако трговската размена сега на годишно ниво е 300 милиони долари. За време на првата билатерална посета на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска, денеска во Загреб беа потпишани билатерални договори помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје со кои што, како што беше истакнато на прес-конференцијата, значително ќе се подобрат односите на двете земји.
Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави, рече Мицкоски.
Во тек е средбата на премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, а попладне, според агендата, премиерот ќе ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

The post Мицкоски-Пленковиќ: Имаше многу неправди кон Македонија, созреа времето кога сето тоа треба да се респектира appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-blagodarnost-do-hrvatska-i-plenkovik-za-poddrshkata-na-makedonija-kon-eu-vo-idnina-prodolzhuva-sorabotkata-megu-dvete-drzhavi/ Thu, 29 Aug 2024 10:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=811178

За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски, рече Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Загреб.

Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави.

Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство.

Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија.

И сосема на крај би сакал да напоменам дека се осврнавме уште на неколку заеднички теми, коишто се од огромно значење за двете држави, меѓу кои и економската соработка којашто во овој момент изнесува нешто повеќе од три стотини милиони долари на годишно ниво. Има простор за напредок, голем број македонски, голем број хрватски фирми се присутни на заедничките пазари, а зошто да не во иднина заедно настапуваат на трети пазари. Тоа е суштината на пријателските односи, кога покрај политичките и граѓанските релации ќе имаме и бизнис релации кога заедно ќе настапуваме во конзорциум на трети пазари и на тој начин ќе можеме да додадеме вредност во економиите на двете земји.

Јас апсолутно верувам дека заедно со мојот драг пријател Андреј ќе направиме многу за нашите две братски нации и дека тоа што до сега е ниво постигнато во нашите меѓусебни односи само ќе биде еден почеток на уште подобро градење на заедничките односи.

Во таа насока се заблагодарувам многу за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства.

Уште еднаш претседателе Пленковиќ ви благодарам на прекрасниот пречек овде во Загреб.

The post Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави appeared first on Република.

]]>

За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски, рече Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Загреб.  
Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави. Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство. Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија. И сосема на крај би сакал да напоменам дека се осврнавме уште на неколку заеднички теми, коишто се од огромно значење за двете држави, меѓу кои и економската соработка којашто во овој момент изнесува нешто повеќе од три стотини милиони долари на годишно ниво. Има простор за напредок, голем број македонски, голем број хрватски фирми се присутни на заедничките пазари, а зошто да не во иднина заедно настапуваат на трети пазари. Тоа е суштината на пријателските односи, кога покрај политичките и граѓанските релации ќе имаме и бизнис релации кога заедно ќе настапуваме во конзорциум на трети пазари и на тој начин ќе можеме да додадеме вредност во економиите на двете земји. Јас апсолутно верувам дека заедно со мојот драг пријател Андреј ќе направиме многу за нашите две братски нации и дека тоа што до сега е ниво постигнато во нашите меѓусебни односи само ќе биде еден почеток на уште подобро градење на заедничките односи. Во таа насока се заблагодарувам многу за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства. Уште еднаш претседателе Пленковиќ ви благодарам на прекрасниот пречек овде во Загреб.

The post Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-prva-ofitsijalna-poseta-na-hrvatska-prechekan-od-andrej-plenkovik/ Thu, 29 Aug 2024 08:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=811089

Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието, јави известувачот на МИА од Загреб.

Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти.

По средбата со Пленковиќ, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.

Во фокус на разговорите се евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка на тој пат, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план.

Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.

The post Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ appeared first on Република.

]]>

Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието, јави известувачот на МИА од Загреб. Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти. По средбата со Пленковиќ, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер. Во фокус на разговорите се евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка на тој пат, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план. Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.

The post Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ appeared first on Република.

]]>
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskiot-pretsedatel-makron-utre-i-zadutre-vo-poseta-na-belgrad/ Wed, 28 Aug 2024 15:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=810957

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре доаѓа во Белград, посета во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија. Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.

The post Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре доаѓа во Белград, посета во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија. Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција. Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.  

The post Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-poevtinuvaat-katastarskite-uslugi-za-shest-pati-do-milion-evra-godishno-ke-ostanuvaat-vo-parichnitsite-na-graganite/ Fri, 23 Aug 2024 12:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=809481

На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи. Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат - рече премиерот Христијан Мицкоски.

Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот.

Забележавте дека илјадници предмети биле не решени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага. Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав. Така што овие две работи се многу важни, дека четири, пет, шест па и повеќе се намалуваат услугите за граѓаните и она коешто е важно е дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот, како што впрочем и се ослободуваат сите институции со доаѓањето на новата Влада, главен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата којашто е на ниво на безбедносна закана - рече тој.

Мицкоски посочи дека се додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава.

Да го охрабрам директорот, раководството, сите овде коишто се дел од новиот раководен тим на катастарот да продолжат со ваков тип на реформи и да работат во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните се тие коишто се најважни, се останато е од споредна природа - истакна премиерот.

The post Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните appeared first on Република.

Таравари во посета на Клиниките за урологија и хематологија https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-vo-poseta-na-klinikite-za-urologija-i-hematologija/ Fri, 23 Aug 2024 09:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=809386

Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период, соопштија од Министерството.

Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

The post Таравари во посета на Клиниките за урологија и хематологија appeared first on Република.

]]>

Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период, соопштија од Министерството. Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

The post Таравари во посета на Клиниките за урологија и хематологија appeared first on Република.

]]>
Макрон доаѓа во Србија на 29 и 30 август https://republika.mk/vesti/balkan/makron-doaga-vo-srbija-na-29-i-30-avgust/ Thu, 22 Aug 2024 09:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=809005

Париз, 22 август 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во Белград на 29 и 30 август, при посетата во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија, соопшти денеска Елисејската палата.
По официјалната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Париз во април, посетата ќе биде можност шефовите на држави да разговараат за економијата, здравството, енергијата, културата и вештачката интелигенција, велат истите извори.

Поздравувајќи го Вучиќ во Франција, Макрон изјави дека иднината на Србија е во Европската унија и „никаде на друго место“, пренесе Бета.

Тој ги повика Белград и Приштина „секој да го направи својот дел“ и да постигнат напредок на патот кон нормализирање на односите.

The post Макрон доаѓа во Србија на 29 и 30 август appeared first on Република.

]]>

Париз, 22 август 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во Белград на 29 и 30 август, при посетата во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија, соопшти денеска Елисејската палата. По официјалната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Париз во април, посетата ќе биде можност шефовите на држави да разговараат за економијата, здравството, енергијата, културата и вештачката интелигенција, велат истите извори. Поздравувајќи го Вучиќ во Франција, Макрон изјави дека иднината на Србија е во Европската унија и „никаде на друго место“, пренесе Бета. Тој ги повика Белград и Приштина „секој да го направи својот дел“ и да постигнат напредок на патот кон нормализирање на односите.  

The post Макрон доаѓа во Србија на 29 и 30 август appeared first on Република.

]]>
Љутков: Ќе дадеме силна поддршка за локалитетот „Билазора“ да го добие местото што го заслужува https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ke-dademe-silna-poddrshka-za-lokalitetot-bilazora-da-go-dobie-mestoto-shto-go-zasluzhuva/ Wed, 21 Aug 2024 16:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=808735

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на археолошкиот локалитет Градиште – Билазора кој се наоѓа кај селото Кнежје, Светиниколско, истакна дека еден од најголемите и најзначајни раноантички градови во внатрешноста на Балканот има големо културно и научно значење и неискористен потенцијал за развивање културен туризам и затоа во наредниот период Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка за „Билазора“ да го добие местото што го заслужува.

– Археолошкиот локалитет „Билазора“ е еден од неколкуте најзначајни бисери на македонската археолошка мапа, затоа сакам да потсетам дека од 2008 до 2017 година овде се вршеа континуирани арехолошки истражувања, кои извесен период беа во категоријата капитални проекти како што прилега на еден локалитет каков што е „Билазора“, најголемиот град на Пајонците, еден од најстарите и најразвиени балкански народи – потенцираше Љутков, најавувајќи дека овие многу значајни истражувања ќе бидат довршени со поддршка од Министерството за култура и туризам, со што овој локалитет со огромни културни, научни и туристички потенцијали конечно ќе се стави во вистинска функција.

– Со реализирањето на последната фаза од истражувањата на кралската палата со  конзервацијата на откриените архитектонски остатоци на локалитетот ќе се отворат вратите за целосно афирмирање на „Билазора“  како еден од најзначајните археолошки, културни и туристички пунктови од раната антика на Балканот –  истакна министерот Љутков.

За време на посетата, министерот Љутков се сретна со директорот на Музејот на Свети Николе, Александар Нацев, со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, како и проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје и проф. д-р Драги Митревски, раководител на стручната екипа што ги реализира археолошките истражувања на овој локалитет, со кои се договори да ги разгледаат сите можности и сериозно да се обрне внимание на промоција на културното наследство на „Билазора“ во туристички цели.

При посетата беше потенцирано дека во наредниот период ќе се работи на заживување и збогатување на локалитетот со придружни културни, едукативни и комерцијални содржини, со цел поквалитетна промоција на културното наследство и поттикнување одржлив економски развој преку организирање театарски, филмски и литературни фестивали, ликовни колонии и концерти.

Од буџетот на Министерството за култура и туризам во 2024 година за локалитетот „Билазора“ се издвоени 844 000 денари. Годинашните систематски археолошки истражувања на „Билазора“, за кои се обезбедени се 304 000 денари, ќе се реализираат во септември, а во тек е непосредната заштита на пронајдените археолошки предмети, за што се издвоени 240 000 денари.

Во Музејот на Свети Николе веќе е изложена постојана археолошка поставка посветена на „Билазора“ каде што може да се видат сите движни наоди откриени на локалитетот и да се добијат сите информации за неговото значење.

The post Љутков: Ќе дадеме силна поддршка за локалитетот „Билазора“ да го добие местото што го заслужува appeared first on Република.

Сиљановска Давкова ќе ги посети војниците кои го гаснат пожарот на планината Серта https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ke-gi-poseti-vojnitsite-koi-go-gasnat-pozharot-na-planinata-serta/ Thu, 18 Jul 2024 09:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=797996

Гордана Сиљановска Давкова, претседателката на државата и командант на врховните сили денеска во 12 часот ќе ги посети припадниците на Армијата кои учестуваат во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта, кај неготинското село Калањево, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

The post Сиљановска Давкова ќе ги посети војниците кои го гаснат пожарот на планината Серта appeared first on Република.