посебен штаб во МВР Archives - Република https://republika.mk/tema/poseben-shtab-vo-mvr/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Dec 2022 08:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посебен штаб во МВР Archives - Република https://republika.mk/tema/poseben-shtab-vo-mvr/ 32 32 НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб https://republika.mk/vesti/makedonija/nato-informiran-za-dojavite-za-bombi-vo-mvr-formiran-poseben-shtab/ Sat, 17 Dec 2022 07:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=586738

Повеќе објекти во државава и вчера беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите, во МВР веќе е формиран посебен штаб, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност.

Во текот на вчерашниот ден цел на дојави за бомби беа десет скопски и пет битолски училишта, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Националната арена „Тоше Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели.

Од објектот на хотелот „Александар палас“ беше откажана годишната конференција на Стопанската комора на Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера истакна дека за да се работи на случајот со дојавите за бомби формиран е посебен штаб во МВР.

Очекувам да се свика и Советот за координација на кој што ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Агeецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата, потенцираше Спасовски.

Тој рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.

The post НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб appeared first on Република.

]]>

Повеќе објекти во државава и вчера беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите, во МВР веќе е формиран посебен штаб, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност. Во текот на вчерашниот ден цел на дојави за бомби беа десет скопски и пет битолски училишта, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Националната арена „Тоше Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели. Од објектот на хотелот „Александар палас“ беше откажана годишната конференција на Стопанската комора на Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера истакна дека за да се работи на случајот со дојавите за бомби формиран е посебен штаб во МВР.