Порта Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/porta-evropa/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 14:08:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Порта Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/porta-evropa/ 32 32 Шест млади автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик ја сочинуваат едицијата „Порта Европа“ https://republika.mk/vesti/kultura/shest-mladi-avtori-dobitnitsi-na-evropskata-nagrada-za-knizhevnost-prevedeni-na-makedonski-jazik-ja-sochinuvaat-editsijata-porta-evropa/ Fri, 31 May 2024 14:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=783590

Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчеравечер (30 мај), во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, го заокружи проектот „Порта Европа“. На настанот, кој беше во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, беа претставени сите фази на проектот: победничките креативни решенија на кориците и избор од тие што влегоа во потесен избор на конкурсот, реализираните активности, постери, како и разделници за книги на рачно изработена хартија. Книжевната едиција „Порта Европа“ е сочинета од шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик од најдобрите преведувачи во Македонија.

На средбата беше истакнато дека, иако со овој настан се означува финалето на овој амбициозен проект, кој „Арс Ламина“ го развиваше две и пол години, тој ќе продолжи да живее и да ја шири својата благородна мисија преку книгите од истоимената едиција и преку читателите.

Особено сме горди на овој проект, затоа што преку него промовираме и ќе продолжиме да промовираме високи книжевни вредности и професионални преводи на македонски јазик, да ги поттикнуваме и да ги промовираме младите креативци, да ја подигнуваме свеста за еколошките практики во книгоиздателството, да ги едуцираме учениците за важноста да се дејствува совесно во и кон животната средина, да ги поддржуваме малите бизниси чијашто дејност е поврзана со еден вид конзервирање на наследени традиции во процесот на производство на хартија и печатарски методи. Сето наведено погоре беше дел од реализацијата на концептот за проектот „Порта Европа“, во кој Европската унија препозна позитивен пристап со далекосежно влијание во заедницата. Затоа одлучи да го поддржи проектот „Порта Европа“ и да ја помогне неговата реализација – истакнуваат од „Арс Ламина“.

Кога се градела идејата за проектот, портите на светот сè уште не беа сосем отворени за новиот живот по непредвидената борба со вирусот Ковид-19. Преку оваа едиција, „Арс Ламина“ ги пречека и ги вдоми во огништето на македонскиот јазик, шесте извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекорија во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ – Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија.

За преводот на македонски јазик на сите шест книги од едицијата беа ангажирани угледни и докажани преведувачи што ги изработија преводите на високопрофесионално ниво од изворниот јазик на оригиналните дела. Станува збор за преведувачите: Искра Бадева [превод од дански и од норвешки јазик на романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“], Ермис Лафазановски (превод од романски јазик на романот „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак), Дејан Василевски (превод од хрватски јазик на расказите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ), Ксенија Чочкова (превод од германски јазик на романот „Приказна за духовите“) и Весела Моловска (превод од португалски јазик на романот „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира).

Прва активност при реализацијата на проектот „Порта Европа“ беше конкурсот за млади и домашни дизајнери и уметници во подем, кои требаше да понудат идејни решенија за кориците за шесте книги од едицијата „Порта Европа“. На конкурсот беа избрани идејните решенија на: Катерина Соколова (за романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ и „Лекцијата на месечарот“), Ивона Јанчевска [за расказите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ и за романот „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“], Лара Маринковиќ (за романот „Приказна за духовите“) и Андреј Лавчански (за романот „Градина од стакло“).

Секоја од шесте книги од „Порта Европа“ се изработени од ФСЦ сертифицирана хартија, што подразбира стандард за еколошки одговорно, општествено корисно и економски одржливо управување со шумските ресурси. Книгата е медиум што преживеал и времиња и невремиња низ историјата на човештвото и сè уште одолева на заканите за нејзиното исчезнување како физички артефакт. Особено во денешната дигитална ера, кога и самото читање како глагол доживува трансформација. Сепак, се чини дека тактилната навика и потреба на луѓето нема да ја заменат набрзо новите формати, затоа човештвото најде начин како помалку да ѝ наштетува на природата за производство на книги, а тоа е токму посочениот стандард што има широка примена низ целиот свет. И „Арс Ламина“ е дел од светскиот тренд – рекоа од издавачката куќа.

„Арс Ламина“, исто така, организираше и спроведе две едукативни посети за основци, и тоа во печатницата „Бранко Гапо“ и во Националната работилница за рачна изработка на хартија во Охрид.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Шест млади автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик ја сочинуваат едицијата „Порта Европа“ appeared first on Република.

]]>

Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчеравечер (30 мај), во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, го заокружи проектот „Порта Европа“. На настанот, кој беше во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, беа претставени сите фази на проектот: победничките креативни решенија на кориците и избор од тие што влегоа во потесен избор на конкурсот, реализираните активности, постери, како и разделници за книги на рачно изработена хартија. Книжевната едиција „Порта Европа“ е сочинета од шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик од најдобрите преведувачи во Македонија. На средбата беше истакнато дека, иако со овој настан се означува финалето на овој амбициозен проект, кој „Арс Ламина“ го развиваше две и пол години, тој ќе продолжи да живее и да ја шири својата благородна мисија преку книгите од истоимената едиција и преку читателите.
Особено сме горди на овој проект, затоа што преку него промовираме и ќе продолжиме да промовираме високи книжевни вредности и професионални преводи на македонски јазик, да ги поттикнуваме и да ги промовираме младите креативци, да ја подигнуваме свеста за еколошките практики во книгоиздателството, да ги едуцираме учениците за важноста да се дејствува совесно во и кон животната средина, да ги поддржуваме малите бизниси чијашто дејност е поврзана со еден вид конзервирање на наследени традиции во процесот на производство на хартија и печатарски методи. Сето наведено погоре беше дел од реализацијата на концептот за проектот „Порта Европа“, во кој Европската унија препозна позитивен пристап со далекосежно влијание во заедницата. Затоа одлучи да го поддржи проектот „Порта Европа“ и да ја помогне неговата реализација – истакнуваат од „Арс Ламина“.
Кога се градела идејата за проектот, портите на светот сè уште не беа сосем отворени за новиот живот по непредвидената борба со вирусот Ковид-19. Преку оваа едиција, „Арс Ламина“ ги пречека и ги вдоми во огништето на македонскиот јазик, шесте извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекорија во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ – Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија. За преводот на македонски јазик на сите шест книги од едицијата беа ангажирани угледни и докажани преведувачи што ги изработија преводите на високопрофесионално ниво од изворниот јазик на оригиналните дела. Станува збор за преведувачите: Искра Бадева [превод од дански и од норвешки јазик на романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“], Ермис Лафазановски (превод од романски јазик на романот „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак), Дејан Василевски (превод од хрватски јазик на расказите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ), Ксенија Чочкова (превод од германски јазик на романот „Приказна за духовите“) и Весела Моловска (превод од португалски јазик на романот „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира). Прва активност при реализацијата на проектот „Порта Европа“ беше конкурсот за млади и домашни дизајнери и уметници во подем, кои требаше да понудат идејни решенија за кориците за шесте книги од едицијата „Порта Европа“. На конкурсот беа избрани идејните решенија на: Катерина Соколова (за романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ и „Лекцијата на месечарот“), Ивона Јанчевска [за расказите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ и за романот „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“], Лара Маринковиќ (за романот „Приказна за духовите“) и Андреј Лавчански (за романот „Градина од стакло“).
Секоја од шесте книги од „Порта Европа“ се изработени од ФСЦ сертифицирана хартија, што подразбира стандард за еколошки одговорно, општествено корисно и економски одржливо управување со шумските ресурси. Книгата е медиум што преживеал и времиња и невремиња низ историјата на човештвото и сè уште одолева на заканите за нејзиното исчезнување како физички артефакт. Особено во денешната дигитална ера, кога и самото читање како глагол доживува трансформација. Сепак, се чини дека тактилната навика и потреба на луѓето нема да ја заменат набрзо новите формати, затоа човештвото најде начин како помалку да ѝ наштетува на природата за производство на книги, а тоа е токму посочениот стандард што има широка примена низ целиот свет. И „Арс Ламина“ е дел од светскиот тренд – рекоа од издавачката куќа.
„Арс Ламина“, исто така, организираше и спроведе две едукативни посети за основци, и тоа во печатницата „Бранко Гапо“ и во Националната работилница за рачна изработка на хартија во Охрид. Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Шест млади автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик ја сочинуваат едицијата „Порта Европа“ appeared first on Република.

]]>
Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански победија на конкурсот за дизајн на корици „Порта Европа“ https://republika.mk/vesti/kultura/katerina-sokolova-ivona-janchevska-lara-marinkovikj-i-andrej-lavchanski-pobedija-na-konkursot-za-dizajn-na-korici-porta-evropa/ Fri, 23 Sep 2022 10:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=553475

Креативните решенија на четворица млади македонски дизајнери за шест книжевни дела од европски писатели се избрани за победнички на конкурсот „Порта Европа“. На конкурсот што го распиша издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, за најдобри се прогласени предлог-дизајните на Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански.
На отворениот повик, кој траеше од 14 јули до 11 септември 2022 година, наменет за илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години, се пријавија 18 кандидати. Тие аплицираа со едно или со повеќе решенија за понудените романи.

Според дизајн на Катерина Соколова ќе бидат уредени две корици: за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и за „Лекција за месечарот“ на Фредерико Педреира. Две решенија и на 20-годишната Ивона Јанчевска ќе бидат публикувани. Станува збор за корици за романите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ и „Книга на жалоста (Приказната за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер. Предлогот на Лара Маринковиќ за корицата на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер и решението на Андреј Лавчански за „Градината од стакло“ од Татјана Цибуљак, исто така ќе бидат дел од оваа едиција. Сите романи вклучени во проектот се добитници на престижната Европска награда за литература.

Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела. Исто така, објавувањето на оваа едиција е во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Во насока на остварување на зацртаните цели, предвидени се повеќе активности, меѓу кои и ангажман на локални визуелни уметници во подем и печатење на книгите на хартија со FSC-сертификат за рационално користење на шумите.

Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина – публикации“ ги покани младите илустратори и дизајнери да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 39.000 денари (односно 6.500 денари за едно решение).

Проектот е во рамките на програмата „Креативна Европа“ наменета за циркулација на европска литература. Издавањето на едицијата „Порта Европа“ e кофинансирано од Европската унија.

Катерина Соколова (1988 г., Кочани) е дипломиран ликовен уметник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, катедра – сликарство. Нејзините уметнички интереси досега вклучуваат изработка на макети за сценографија, експериментален графички дизајн, уметнички книги, илустрации, инсталации, сликарски перформанси и мурали. Досега имала реализирано четири самостојни изложби, учествувала на повеќе групни презентации и работела на уметнички колаборативни проекти. Моментално работи во модната куќа „ИНТ“ во Кочани, како графички дизајнер на модни додатоци.

Ивона Јанчевска е родена во 2002 година во Куманово. По завршување на гимназијата се дообразува на Академијата за графички дизајн „Бреинстер“. Ова ќе биде нејзин прв професионален ангажман. Вели дека нејзина цел во кариерата е да создава дизајни што ќе мотивираат и ќе ги инспирираат луѓето, оставајќи траен печат.

Лара Маринковиќ е 24-годишна графичка дизајнерка од Скопје. Дипломирала на Факултетот по уметност и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет, каде што добила и признание за најдобар студент. Има завршено и графички дизајн на академијата „Семос“. Зад себе има петгодишно работно искуство во маркетинг-агенции, а работи и самостојно на различни проекти. Била асистент на часови по 2Д-анимација.

Андреј Лавчански е роден во 1993 година во Скопје. Високо образование има завршено на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, така што студиите го вовеле во илустрацијата. Има работено и дигитална илустрација. Работи како професионален графички дизајнер повеќе од четири години.

The post Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански победија на конкурсот за дизајн на корици „Порта Европа“ appeared first on Република.

]]>

Креативните решенија на четворица млади македонски дизајнери за шест книжевни дела од европски писатели се избрани за победнички на конкурсот „Порта Европа“. На конкурсот што го распиша издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, за најдобри се прогласени предлог-дизајните на Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански. На отворениот повик, кој траеше од 14 јули до 11 септември 2022 година, наменет за илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години, се пријавија 18 кандидати. Тие аплицираа со едно или со повеќе решенија за понудените романи. Според дизајн на Катерина Соколова ќе бидат уредени две корици: за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и за „Лекција за месечарот“ на Фредерико Педреира. Две решенија и на 20-годишната Ивона Јанчевска ќе бидат публикувани. Станува збор за корици за романите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ и „Книга на жалоста (Приказната за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер. Предлогот на Лара Маринковиќ за корицата на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер и решението на Андреј Лавчански за „Градината од стакло“ од Татјана Цибуљак, исто така ќе бидат дел од оваа едиција. Сите романи вклучени во проектот се добитници на престижната Европска награда за литература. Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела. Исто така, објавувањето на оваа едиција е во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Во насока на остварување на зацртаните цели, предвидени се повеќе активности, меѓу кои и ангажман на локални визуелни уметници во подем и печатење на книгите на хартија со FSC-сертификат за рационално користење на шумите. Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина – публикации“ ги покани младите илустратори и дизајнери да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 39.000 денари (односно 6.500 денари за едно решение). Проектот е во рамките на програмата „Креативна Европа“ наменета за циркулација на европска литература. Издавањето на едицијата „Порта Европа“ e кофинансирано од Европската унија. Катерина Соколова (1988 г., Кочани) е дипломиран ликовен уметник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, катедра – сликарство. Нејзините уметнички интереси досега вклучуваат изработка на макети за сценографија, експериментален графички дизајн, уметнички книги, илустрации, инсталации, сликарски перформанси и мурали. Досега имала реализирано четири самостојни изложби, учествувала на повеќе групни презентации и работела на уметнички колаборативни проекти. Моментално работи во модната куќа „ИНТ“ во Кочани, како графички дизајнер на модни додатоци. Ивона Јанчевска е родена во 2002 година во Куманово. По завршување на гимназијата се дообразува на Академијата за графички дизајн „Бреинстер“. Ова ќе биде нејзин прв професионален ангажман. Вели дека нејзина цел во кариерата е да создава дизајни што ќе мотивираат и ќе ги инспирираат луѓето, оставајќи траен печат. Лара Маринковиќ е 24-годишна графичка дизајнерка од Скопје. Дипломирала на Факултетот по уметност и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет, каде што добила и признание за најдобар студент. Има завршено и графички дизајн на академијата „Семос“. Зад себе има петгодишно работно искуство во маркетинг-агенции, а работи и самостојно на различни проекти. Била асистент на часови по 2Д-анимација. Андреј Лавчански е роден во 1993 година во Скопје. Високо образование има завршено на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, така што студиите го вовеле во илустрацијата. Има работено и дигитална илустрација. Работи како професионален графички дизајнер повеќе од четири години.

The post Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански победија на конкурсот за дизајн на корици „Порта Европа“ appeared first on Република.

]]>
Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“ https://republika.mk/vesti/kultura/konkurs-za-dizajn-na-korici-za-romani-od-edicijata-porta-evropa/ Thu, 14 Jul 2022 12:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=528734

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги поканува илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години да достават предлог-дизајни на корици за шест романи од едицијата „Порта Европа“.

Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела. Исто така, објавувањето на оваа едиција е во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Во насока на остварување на зацртаните цели, предвидени се повеќе активности, меѓу кои и ангажман на локални визуелни уметници во подем и печатење на книгите на хартија со FSC-сертификат за рационално користење на шумите.

Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина – публикации“ ги поканува младите илустратори и дизајнери да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото.

Заинтересираните можат да аплицираат со едно или со повеќе решенија за корици, за еден или за повеќе романи од шесте понудени. Информации за романите, авторите и воопшто за проектот можат да се најдат на следниот линк: https://bit.ly/3IRj0vT
или на страницата на „Фејсбук“ – „Порта Европа“.

Решенијата во .jpg или .png формат, заедно со кратка биографија на кандидатот, треба да бидат испратени на е-адресата [email protected], со назнака „Конкурс за дизајн на корици“, најдоцна до 11 септември 2022 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 28 септември 2022 година. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 39.000 денари (односно 6.500 денари за едно решение).

Правила за учество
Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, да биде на возраст до 35 години и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следните услови за учество:

-„Арс Ламина“ има право да ги изложува на јавни настани креативните решенија поднесени од сите кандидати, како и да ги користи во промотивни цели, со цел популаризирање на креативноста и на проектот. „Арс Ламина“ се обврзува при изложувањето да го означи името на кандидатот кој го изработил решението. Кандидатот го задржува моралното авторско право врз идејното решение.
- Кандидатот чие креативно решение ќе биде наградено ги отстапува сите авторски права на „Арс Ламина“ доколку „Арс Ламина“ се одлучи да го објави како корица на некој од романите од едицијата, за што кандидатот и „Арс Ламина“ ќе склучат договор.
- Секој кандидат гарантира за оригиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото.
- Еден кандидат може да поднесе едно или повеќе решенија, за еден или за повеќе романи од понудените шест. Доколку повеќе кандидати го работат решението, еден од нив треба да биде назначен за носител на проектот.
- Дизајнерска задача
Целосно изработено креативно решение – дизајн на корицата на еден или на повеќе од понудените шест романи, по избор на кандидатот.
- Решението треба да биде оригинално авторско дело на кандидатот.
- Решението треба да биде изработено наменски за проектот и досега да не е користено за никаква друга намена.
- Заедно со решението/решенијата, кандидатот треба да достави и своја кратка биографија.

Насоки за доставување на предлозите

Формат на романите: 145 х 205 мм
Креативно решение: .jpg или .png
Корицата треба да го содржи логото на издавачот „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“), како и логото на едицијата „Порта Европа“, кои можат да се преземат на следниот линк: http://arslamina.com/public/Logoa_Porta_Evropa.zip

Предложените креативни решенија се доставуваат електронски на адресата [email protected], најдоцна до 11 септември 2022 година.

Издавањето на едицијата „Порта Европа“ e кофинансирано од Европската Унија.

The post Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги поканува илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години да достават предлог-дизајни на корици за шест романи од едицијата „Порта Европа“. Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела. Исто така, објавувањето на оваа едиција е во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Во насока на остварување на зацртаните цели, предвидени се повеќе активности, меѓу кои и ангажман на локални визуелни уметници во подем и печатење на книгите на хартија со FSC-сертификат за рационално користење на шумите. Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина – публикации“ ги поканува младите илустратори и дизајнери да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. Заинтересираните можат да аплицираат со едно или со повеќе решенија за корици, за еден или за повеќе романи од шесте понудени. Информации за романите, авторите и воопшто за проектот можат да се најдат на следниот линк: https://bit.ly/3IRj0vT или на страницата на „Фејсбук“ – „Порта Европа“. Решенијата во .jpg или .png формат, заедно со кратка биографија на кандидатот, треба да бидат испратени на е-адресата [email protected], со назнака „Конкурс за дизајн на корици“, најдоцна до 11 септември 2022 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 28 септември 2022 година. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 39.000 денари (односно 6.500 денари за едно решение). Правила за учество Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, да биде на возраст до 35 години и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следните услови за учество: -„Арс Ламина“ има право да ги изложува на јавни настани креативните решенија поднесени од сите кандидати, како и да ги користи во промотивни цели, со цел популаризирање на креативноста и на проектот. „Арс Ламина“ се обврзува при изложувањето да го означи името на кандидатот кој го изработил решението. Кандидатот го задржува моралното авторско право врз идејното решение. - Кандидатот чие креативно решение ќе биде наградено ги отстапува сите авторски права на „Арс Ламина“ доколку „Арс Ламина“ се одлучи да го објави како корица на некој од романите од едицијата, за што кандидатот и „Арс Ламина“ ќе склучат договор. - Секој кандидат гарантира за оригиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото. - Еден кандидат може да поднесе едно или повеќе решенија, за еден или за повеќе романи од понудените шест. Доколку повеќе кандидати го работат решението, еден од нив треба да биде назначен за носител на проектот. - Дизајнерска задача Целосно изработено креативно решение – дизајн на корицата на еден или на повеќе од понудените шест романи, по избор на кандидатот. - Решението треба да биде оригинално авторско дело на кандидатот. - Решението треба да биде изработено наменски за проектот и досега да не е користено за никаква друга намена. - Заедно со решението/решенијата, кандидатот треба да достави и своја кратка биографија. Насоки за доставување на предлозите Формат на романите: 145 х 205 мм Креативно решение: .jpg или .png Корицата треба да го содржи логото на издавачот „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“), како и логото на едицијата „Порта Европа“, кои можат да се преземат на следниот линк: http://arslamina.com/public/Logoa_Porta_Evropa.zip Предложените креативни решенија се доставуваат електронски на адресата [email protected], најдоцна до 11 септември 2022 година. Издавањето на едицијата „Порта Европа“ e кофинансирано од Европската Унија.

The post Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“ appeared first on Република.

]]>