“порше“ Archives - Република https://republika.mk/tema/porshe/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 12:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png “порше“ Archives - Република https://republika.mk/tema/porshe/ 32 32 Фатен Косовец кој со „порше“ возел 207 километри на час на автопатот Тетово – Скопје https://republika.mk/vesti/faten-kosovets-koj-so-porshe-vozel-207-kilometri-na-chas-na-avtopatot-tetovo-skopje/ Fri, 15 Mar 2024 12:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=755141

Со употреба на ноќен радар сообраќајната полиција од Тетово фатила возач кој се движел со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје.

Тој бил откриен во период од 20 до 22 часот, кога полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра, информира за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При контролата биле констатирани вкупно седум пречекорувања на максимално дозволената брзина.

 

The post Фатен Косовец кој со „порше“ возел 207 километри на час на автопатот Тетово – Скопје appeared first on Република.

]]>

Со употреба на ноќен радар сообраќајната полиција од Тетово фатила возач кој се движел со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје. Тој бил откриен во период од 20 до 22 часот, кога полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра, информира за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
При контролата биле констатирани вкупно седум пречекорувања на максимално дозволената брзина.  

The post Фатен Косовец кој со „порше“ возел 207 километри на час на автопатот Тетово – Скопје appeared first on Република.

]]>
Косовар со „порше“ фатен како возел над 200км/час на автопатот Скопје – Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovar-so-porshe-faten-kako-vozel-nad-200km-chas-na-avtopatot-skopje-tetovo/ Fri, 15 Mar 2024 11:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=755100

Вчера од 20.00 до 22.00 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“.

При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. При едно од пречекорувањата на дозволената брзина, регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е сооодветен поднесок, велат од МВР.

Тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра.

The post Косовар со „порше“ фатен како возел над 200км/час на автопатот Скопје – Тетово appeared first on Република.

]]>

Вчера од 20.00 до 22.00 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“.
При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. При едно од пречекорувањата на дозволената брзина, регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е сооодветен поднесок, велат од МВР.
Тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра.

The post Косовар со „порше“ фатен како возел над 200км/час на автопатот Скопје – Тетово appeared first on Република.

]]>
Со „порше“ превезувал шест мигранти https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-porshe-prevezuval-shest-migranti/ Sat, 09 Mar 2024 15:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=753055

Денеска, околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина.

На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица. Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.

Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава.

 

The post Со „порше“ превезувал шест мигранти appeared first on Република.

]]>

Денеска, околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина. На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица. Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош. Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава.  

The post Со „порше“ превезувал шест мигранти appeared first on Република.

]]>
Порше расклопено поради лед светла од 3500 евра https://republika.mk/zivot/tehnologija/porshe-rasklopeno-poradi-led-svetla-od-3500-evra/ Mon, 29 Jan 2024 11:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=738101

Во Дизелдорф во Германија крадците исекле  „Porsche Taycan Sport Turismo“ за да ги извадат скапите светла.Овој електричен автомобил чини 100.000 евра вреден автомобил.

Крадците го исекле целиот преден дел за да украдат н „LED Matrix“ светла кои на црниот пазар чинат 3500 евра.

The post Порше расклопено поради лед светла од 3500 евра appeared first on Република.

]]>

Во Дизелдорф во Германија крадците исекле  „Porsche Taycan Sport Turismo“ за да ги извадат скапите светла.Овој електричен автомобил чини 100.000 евра вреден автомобил.
Крадците го исекле целиот преден дел за да украдат н „LED Matrix“ светла кои на црниот пазар чинат 3500 евра.

The post Порше расклопено поради лед светла од 3500 евра appeared first on Република.

]]>
19 годишен возач од Скопје излета со „Поршето“, се враќале во три изутрина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/19-godishen-vozach-od-skopje-izleta-so-porsheto/ Sun, 26 Nov 2023 11:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=716347

Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 19 годишен возач од Скопје излета со „Поршето“, се враќале во три изутрина appeared first on Република.

]]>

Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 19 годишен возач од Скопје излета со „Поршето“, се враќале во три изутрина appeared first on Република.

]]>
Во Поршето на групата на Веља невоља со пристискање копче излегувал пиштол https://republika.mk/vesti/balkan/vo-porsheto-na-grupata-na-vela-nevola-so-pristiskane-kopche-izleguval-pishtol/ Sat, 30 Sep 2023 19:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=686693

На судењето на кланот Вељко Беливук и Марко Миљковиќ беше испрашан  сведокот Александар Нуждиќ, инаку пријател на Горан Михајловиќ, кој е осомничен дека е убиен на 02.04.2019 година во Ритопек. Прашања поставуваа токму Вељко и Марко.

Миљковиќ: Од каде Горан го доби Поршето?

Нуждиќ: Му даде две жолти (дрога)

Михајловиќ секогаш бил вооружен, а во својот автомобил „порше“ имал копче кое при притискање излегувал пиштол.

The post Во Поршето на групата на Веља невоља со пристискање копче излегувал пиштол appeared first on Република.

]]>

На судењето на кланот Вељко Беливук и Марко Миљковиќ беше испрашан  сведокот Александар Нуждиќ, инаку пријател на Горан Михајловиќ, кој е осомничен дека е убиен на 02.04.2019 година во Ритопек. Прашања поставуваа токму Вељко и Марко. Миљковиќ: Од каде Горан го доби Поршето? Нуждиќ: Му даде две жолти (дрога) Михајловиќ секогаш бил вооружен, а во својот автомобил „порше“ имал копче кое при притискање излегувал пиштол.

The post Во Поршето на групата на Веља невоља со пристискање копче излегувал пиштол appeared first on Република.

]]>
Особено барани биле теренските возила: Скок на продажбата на „Порше“ во првото полугодие од годинава https://republika.mk/zivot/tehnologija/osobeno-barani-bile-terenskite-vozila-skok-na-prodazhbata-na-porshe-vo-prvoto-polugodie-od-godinava/ Wed, 12 Jul 2023 20:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=660613

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ објави голем скок во продажбата во првата половина од годината, благодарение на засилената побарувачка на домашниот и странскиот пазар воопшто. Тоа значи - од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, што е 15 отсто повеќе од истиот период лани, соопштија од компанијата.

Најмногу е зголемена продажбата во Германија, па во другите европски земји, за 24 и 23 отсто, соодветно. Во Кина, бројката е за околу осум насто поголема, а во Cеверна Америка - околу 12 насто повеќе од лани.

По првите шест месеци (од оваа година) може да бидеме задоволни со испораките, соопшти шефот на продажба, Детлев фон Платен.

Особено барани биле теренските возила - со 26 отсто повеќе продадени „Мекени“ и 12 насто повеќе „Кајени“. Се издвојува и спортскиот автомобил „911“, со зголемување на продажбата за 21 отсто.

Продажбата на електричниот „Тајкан“, од друга страна, е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, објавија од компанијата.

The post Особено барани биле теренските возила: Скок на продажбата на „Порше“ во првото полугодие од годинава appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ објави голем скок во продажбата во првата половина од годината, благодарение на засилената побарувачка на домашниот и странскиот пазар воопшто. Тоа значи - од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, што е 15 отсто повеќе од истиот период лани, соопштија од компанијата. Најмногу е зголемена продажбата во Германија, па во другите европски земји, за 24 и 23 отсто, соодветно. Во Кина, бројката е за околу осум насто поголема, а во Cеверна Америка - околу 12 насто повеќе од лани.
По првите шест месеци (од оваа година) може да бидеме задоволни со испораките, соопшти шефот на продажба, Детлев фон Платен.
Особено барани биле теренските возила - со 26 отсто повеќе продадени „Мекени“ и 12 насто повеќе „Кајени“. Се издвојува и спортскиот автомобил „911“, со зголемување на продажбата за 21 отсто.
Продажбата на електричниот „Тајкан“, од друга страна, е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, објавија од компанијата.

The post Особено барани биле теренските возила: Скок на продажбата на „Порше“ во првото полугодие од годинава appeared first on Република.

]]>
Порше ќе инвестира во Штутгарт 100 милиони евра https://republika.mk/sport/fudbal/porshe-ke-investira-vo-shtutgart-100-milioni-evra/ Wed, 28 Jun 2023 07:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=655902

Германскиот фудбалски клуб Штутгарт договори спонзорски договор со локалниот производител на автомобили Порше и консултантската компанија МХП, кој би можел да донесе повеќе од 100 милиони евра.

Мерцедес Бенц ќе остане главен спонзор на Штутгарт, но компанијата ќе се откаже од правото на името на стадионот, соопшти денеска бундеслигашот.

МХП, консултантска компанија за менаџмент и информатичка технологија, е член на групацијата на Порше и ќе го преземе правото на името на стадионот за почетен период од десет години.

„Планираната соработка со Порше, МХП и Мерцедес Бенц ветува долгорочно јакнење на клубот и компаниите кои стојат зад него. Тука инвеститорите во Лигата на шампиони се собираат под еден покрив“, изјави претседателот на Штутгарт, Клаус Фогт.

Штутгарт минатата сезона одвај избегна испаѓање од Бундеслигата, откако во двата бараж дуели беше поуспешен од второлигашот Хамбургер.

The post Порше ќе инвестира во Штутгарт 100 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Германскиот фудбалски клуб Штутгарт договори спонзорски договор со локалниот производител на автомобили Порше и консултантската компанија МХП, кој би можел да донесе повеќе од 100 милиони евра. Мерцедес Бенц ќе остане главен спонзор на Штутгарт, но компанијата ќе се откаже од правото на името на стадионот, соопшти денеска бундеслигашот. МХП, консултантска компанија за менаџмент и информатичка технологија, е член на групацијата на Порше и ќе го преземе правото на името на стадионот за почетен период од десет години. „Планираната соработка со Порше, МХП и Мерцедес Бенц ветува долгорочно јакнење на клубот и компаниите кои стојат зад него. Тука инвеститорите во Лигата на шампиони се собираат под еден покрив“, изјави претседателот на Штутгарт, Клаус Фогт. Штутгарт минатата сезона одвај избегна испаѓање од Бундеслигата, откако во двата бараж дуели беше поуспешен од второлигашот Хамбургер.

The post Порше ќе инвестира во Штутгарт 100 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Турчин во „порше“ со голема сума евра фатен на „Табановце“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/turchin-vo-porshe-so-golema-suma-evra-faten-na-tabanovtse/ Sat, 01 Apr 2023 09:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=626024

Вчера на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција.

При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

The post Турчин во „порше“ со голема сума евра фатен на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Вчера на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција. При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра. Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

The post Турчин во „порше“ со голема сума евра фатен на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
Новото „Порше“ ќе чини половина милион евра https://republika.mk/zivot/tehnologija/novoto-porshe-kje-chini-polovina-milion-evra/ Mon, 14 Nov 2022 13:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=573676

Порше 911 ГТ2 РС“ од претходната серија 991 сѐ уште е најмоќниот сериски „елфер“ досега, но тоа германската тјунинг-компанија „Манхарт“, сепак, го направи уште помоќен.

Меѓу најновите проекти зад познатата компанија за модифицирање возила, е проект заснован на „Порше 911 ГТ2 РС“, придвижуван од 3,8-литарски 6-цилиндричен би-турбо мотор со вообичаените 700 коњски сили. Новиот „суперавтомобил“ означен со „ТР 900“, од друга страна, има бројни нови карбонски елементи на каросеријата, сепак засенети од фактот дека речиси тркачкото купе на „Порше“ го придвижуваат 945 коњски сили и 1.050 њутн-метри во вртежи.

За значително поголемиот „столб“ над задната оска, стандардните турбополначи се заменети со поголеми и помоќни турбополначи „ТТХ 1000“. Ладилниците се, исто така, поголеми, интеркулерот е различен, а електронската контролна единица на моторот е прекалибрирана заедно со поотворениот издувен систем.

Податоците за перформансите не се објавени, а „ТР 900“ ќе чини 550.000 евра

The post Новото „Порше“ ќе чини половина милион евра appeared first on Република.

]]>

Порше 911 ГТ2 РС“ од претходната серија 991 сѐ уште е најмоќниот сериски „елфер“ досега, но тоа германската тјунинг-компанија „Манхарт“, сепак, го направи уште помоќен. Меѓу најновите проекти зад познатата компанија за модифицирање возила, е проект заснован на „Порше 911 ГТ2 РС“, придвижуван од 3,8-литарски 6-цилиндричен би-турбо мотор со вообичаените 700 коњски сили. Новиот „суперавтомобил“ означен со „ТР 900“, од друга страна, има бројни нови карбонски елементи на каросеријата, сепак засенети од фактот дека речиси тркачкото купе на „Порше“ го придвижуваат 945 коњски сили и 1.050 њутн-метри во вртежи. За значително поголемиот „столб“ над задната оска, стандардните турбополначи се заменети со поголеми и помоќни турбополначи „ТТХ 1000“. Ладилниците се, исто така, поголеми, интеркулерот е различен, а електронската контролна единица на моторот е прекалибрирана заедно со поотворениот издувен систем. Податоците за перформансите не се објавени, а „ТР 900“ ќе чини 550.000 евра

The post Новото „Порше“ ќе чини половина милион евра appeared first on Република.

]]>
Oва Порше е „две во едно“, и кабриолет и купе https://republika.mk/zivot/tehnologija/ova-porshe-e-dve-vo-edno-i-kabriolet-i-kupe/ Wed, 02 Nov 2022 14:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=568850

Порше“ двоецот „Бокстер / Кајман“ од „Серијата 718“ ќе им биде достапен на клиентите од следната година во ново специјално издание „Стајл едишн“.

„Порше“ го избра својот популарен двоец со средишно поставен мотор како основа за најновото во серијата специјални изданија оваа година, а купувачите кои ќе се одлучат за кабрио или купе, ќе може да сметаат на неколку елементи својствени за кабриолетот-двосед. Натаму, две опции се достапни со бандажите што брендот првпат ги прикажа на моделот „718 спајдер“, а меѓу познимливите подробности е и една од понудените бои на каросеријата (тн. „Руби стар нео“), што потсетува на бојата што некогаш се нудеше со „911 карера РС“.

Новитетот содржи доста од стандардната опрема, вклучувајќи адаптивни биксенонски светла (ПДЛС), двозонски клима-уред, греење на седиштата, сензори за паркирање…

Зад седиштата на оваа „Стајл едишн“ понуда има дволитарски четирицилиндричен турбо-бензински боксер-мотор кој развива 300 коњски сили и максимални 380 њутн-метри вртежи, што се распределуваат на задната оска со рачен менувач со шест степени. Како опција има и седумстепен автоматски ПДК-менувач.

Без третата педала и со опцискиот „Спорт кроно“ пакет, двете верзии развиваат од 0 до 100 км/ч одат за 4,7 секунди, а максималната брзина им е 275 км/ч

The post Oва Порше е „две во едно“, и кабриолет и купе appeared first on Република.

]]>

Порше“ двоецот „Бокстер / Кајман“ од „Серијата 718“ ќе им биде достапен на клиентите од следната година во ново специјално издание „Стајл едишн“. „Порше“ го избра својот популарен двоец со средишно поставен мотор како основа за најновото во серијата специјални изданија оваа година, а купувачите кои ќе се одлучат за кабрио или купе, ќе може да сметаат на неколку елементи својствени за кабриолетот-двосед. Натаму, две опции се достапни со бандажите што брендот првпат ги прикажа на моделот „718 спајдер“, а меѓу познимливите подробности е и една од понудените бои на каросеријата (тн. „Руби стар нео“), што потсетува на бојата што некогаш се нудеше со „911 карера РС“. Новитетот содржи доста од стандардната опрема, вклучувајќи адаптивни биксенонски светла (ПДЛС), двозонски клима-уред, греење на седиштата, сензори за паркирање… Зад седиштата на оваа „Стајл едишн“ понуда има дволитарски четирицилиндричен турбо-бензински боксер-мотор кој развива 300 коњски сили и максимални 380 њутн-метри вртежи, што се распределуваат на задната оска со рачен менувач со шест степени. Како опција има и седумстепен автоматски ПДК-менувач. Без третата педала и со опцискиот „Спорт кроно“ пакет, двете верзии развиваат од 0 до 100 км/ч одат за 4,7 секунди, а максималната брзина им е 275 км/ч

The post Oва Порше е „две во едно“, и кабриолет и купе appeared first on Република.

]]>
„Порше“ е на берзата https://republika.mk/vesti/svet/porshe-e-na-berzata/ Thu, 29 Sep 2022 13:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=555697

Производителот на спортски автомобили „Порше“ од денеска е на берза со иницијална јавна понуда (ИПО), вредна околу 75 милијарди евра, со којашто се надева дека ќе дојде до околу 19,5 милијарди евра свеж капитал. Според тоа, пазарната капитализација се проценува речиси на ниво на „Фолксваген“, неговата матична компанија, која вреди околу 84 милијарди евра. Ги надмина и соперниците како „Ферари“.

ИПО на „Порше“ е меѓу најголемите во Европа и е втора по големина во Германија, по излегувањто на „Дојче телеком“ на берзата во 1996 година.

Цената на акција на „Порше“ на отворањето вредеше 84 евра, што е блиску до опсегот од 76,5 до 82,5 евра што фирмата го објави овој месец.

Компаниите во континентална Европа годинава собраа најмал капитал на берзата од Глобалната финансиска криза во 2009 година, или приближно 44 милијарди долари. Само 4,5 милијарди долари беа собрани во ИПО.

The post „Порше“ е на берзата appeared first on Република.

]]>

Производителот на спортски автомобили „Порше“ од денеска е на берза со иницијална јавна понуда (ИПО), вредна околу 75 милијарди евра, со којашто се надева дека ќе дојде до околу 19,5 милијарди евра свеж капитал. Според тоа, пазарната капитализација се проценува речиси на ниво на „Фолксваген“, неговата матична компанија, која вреди околу 84 милијарди евра. Ги надмина и соперниците како „Ферари“. ИПО на „Порше“ е меѓу најголемите во Европа и е втора по големина во Германија, по излегувањто на „Дојче телеком“ на берзата во 1996 година. Цената на акција на „Порше“ на отворањето вредеше 84 евра, што е блиску до опсегот од 76,5 до 82,5 евра што фирмата го објави овој месец. Компаниите во континентална Европа годинава собраа најмал капитал на берзата од Глобалната финансиска криза во 2009 година, или приближно 44 милијарди долари. Само 4,5 милијарди долари беа собрани во ИПО.

The post „Порше“ е на берзата appeared first on Република.

]]>
Со Порше од 200.000 евра со шатор во Грција https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-porshe-od-200-000-evra-so-shator-vo-grcija/ Thu, 04 Aug 2022 13:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=536720

Приказните за патлиџан туристите  ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да донесат храна од дома. На социјалните мрежи се појави фотографија од Порше, вредно околу 200.000 евра, на кое има шатор.

Се има се може, велат нашите луѓе

The post Со Порше од 200.000 евра со шатор во Грција appeared first on Република.

]]>

Приказните за патлиџан туристите  ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да донесат храна од дома. На социјалните мрежи се појави фотографија од Порше, вредно околу 200.000 евра, на кое има шатор. Се има се може, велат нашите луѓе

The post Со Порше од 200.000 евра со шатор во Грција appeared first on Република.

]]>
Германец возеше со Порше низ Србија со 236 километри на час https://republika.mk/vesti/balkan/germanec-vozeshe-so-porshe-niz-srbija-so-236-kilometri-na-chas/ Sat, 14 May 2022 18:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=502326

Сообраќајната полиција на автопатот Ниш-Белград запрела германски државјанин (28), кој возел 236 километри на час на делот од патот на кој била границата од 130 километри на час, соопшти денеска МВР.

Германски државјанин кој управувал „порше“ бил запрен и исклучен од сообраќај со пресретнувач кај Михајловац, се наведува во соопштението.

Поради насилното возење возачот е приведен кај магистрат за насилно возење, а возилото е привремено одземено за понатамошен преглед.

The post Германец возеше со Порше низ Србија со 236 километри на час appeared first on Република.

]]>

Сообраќајната полиција на автопатот Ниш-Белград запрела германски државјанин (28), кој возел 236 километри на час на делот од патот на кој била границата од 130 километри на час, соопшти денеска МВР. Германски државјанин кој управувал „порше“ бил запрен и исклучен од сообраќај со пресретнувач кај Михајловац, се наведува во соопштението. Поради насилното возење возачот е приведен кај магистрат за насилно возење, а возилото е привремено одземено за понатамошен преглед.

The post Германец возеше со Порше низ Србија со 236 километри на час appeared first on Република.

]]>
Постојат автомобили и постои „Порше“ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/postojat-avtomobili-i-postoi-porshe/ Sun, 24 Apr 2022 19:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=492325

Да возиш автомобил и да возиш „Порше“ не е исто. Во ова се увери екипата на „Република“ при посетата на германскиот производител на „бесни“ автомобили во Штутгарт.

Да возиш „Порше“ било кој модел треба да имаш многу пари но и стил. Така било изминативе сто години откако Фернинад Порше ја основал фабриката па се до денеска.

Во музејот се зачувани првите модели од 1900 година кои датираат верувале или не возеле 30 километри на час колку денешните тротинети.

Во музејот се поставени речиси сите модели низ годините „Карера“, „Тајкан“, „919“, „904“. Не само што може да се видат туку и може да се слушнат каков звук испуштаат.

Тука се и моделите на „Порше“ во релито „Ле Ман“, „Дакар“ но и во Формула 1 кога за нив возеше легендарниот Алан Прост.

Не залудно компанијата „Порше“ вреди 28,7 билиони евра. За нив немаше ни корона криза бидејќи богатите клиенти не прашуваат за цена за новите модели кои во просек чинат 100.000 евра.

The post Постојат автомобили и постои „Порше“ appeared first on Република.

]]>

Да возиш автомобил и да возиш „Порше“ не е исто. Во ова се увери екипата на „Република“ при посетата на германскиот производител на „бесни“ автомобили во Штутгарт. Да возиш „Порше“ било кој модел треба да имаш многу пари но и стил. Така било изминативе сто години откако Фернинад Порше ја основал фабриката па се до денеска. Во музејот се зачувани првите модели од 1900 година кои датираат верувале или не возеле 30 километри на час колку денешните тротинети. Во музејот се поставени речиси сите модели низ годините „Карера“, „Тајкан“, „919“, „904“. Не само што може да се видат туку и може да се слушнат каков звук испуштаат. Тука се и моделите на „Порше“ во релито „Ле Ман“, „Дакар“ но и во Формула 1 кога за нив возеше легендарниот Алан Прост. Не залудно компанијата „Порше“ вреди 28,7 билиони евра. За нив немаше ни корона криза бидејќи богатите клиенти не прашуваат за цена за новите модели кои во просек чинат 100.000 евра.

The post Постојат автомобили и постои „Порше“ appeared first on Република.

]]>
846 „ауди“, 589 „порше“, 190 „бентли“ завршија на дното на океанот засекогаш https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/846-audi-589-porshe-190-bentli-zavrshija-na-dnoto-na-okeanot-zasekogash/ Thu, 07 Apr 2022 07:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=484489

Конечно е објавена листата на автомобили кои кон крајот на февруари потонаа со товарниот брод Фелисити Ејс сред Атлантски Океан. Според „Топ гиар“, најголема штета претрпеле „Ауди“, „Бентли“, „Ламборџини“ и „Фолсваген“.

Поточно, на дното на океанот има 846 „ауди“ (A5, e-Tron, e-Tron GT, Q2, Q3, TT), 589 „порше“ (Cayenne, Macan, Panamera, 718 Boxster), 523 „фолсваген“ (Golf, ID .4, Taigo, Caddy, Transporter), 190 „бентли“ (Bentayga, Flying Spur, Continental GT) и 85 „ламборџини“ (Urus, Huracan, Aventador).

Во морето модели што производителите имаа намера да им ги испорачаат на купувачите, имаше и автомобили во приватна сопственост. Така, Kia Soul 2014, Volkswagen Jetta (2017), BMW 750 (2007), Ford Mustang (2015), Honda Prelude (1996) и Land Rover Santana од 1977 година потонале на бродот за време на транспортот во Америка.

The post 846 „ауди“, 589 „порше“, 190 „бентли“ завршија на дното на океанот засекогаш appeared first on Република.

]]>

Конечно е објавена листата на автомобили кои кон крајот на февруари потонаа со товарниот брод Фелисити Ејс сред Атлантски Океан. Според „Топ гиар“, најголема штета претрпеле „Ауди“, „Бентли“, „Ламборџини“ и „Фолсваген“. Поточно, на дното на океанот има 846 „ауди“ (A5, e-Tron, e-Tron GT, Q2, Q3, TT), 589 „порше“ (Cayenne, Macan, Panamera, 718 Boxster), 523 „фолсваген“ (Golf, ID .4, Taigo, Caddy, Transporter), 190 „бентли“ (Bentayga, Flying Spur, Continental GT) и 85 „ламборџини“ (Urus, Huracan, Aventador). Во морето модели што производителите имаа намера да им ги испорачаат на купувачите, имаше и автомобили во приватна сопственост. Така, Kia Soul 2014, Volkswagen Jetta (2017), BMW 750 (2007), Ford Mustang (2015), Honda Prelude (1996) и Land Rover Santana од 1977 година потонале на бродот за време на транспортот во Америка.

The post 846 „ауди“, 589 „порше“, 190 „бентли“ завршија на дното на океанот засекогаш appeared first on Република.

]]>
Сообраќајка во Аеродром: Порше заврши со речиси откинато тркало https://republika.mk/vesti/crna-hronika/soobrakjajka-vo-aerodrom-porshe-zavrshi-so-rechisi-otkinato-trkalo/ Tue, 05 Apr 2022 19:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=483771

Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случи сообраќајка откако автомобил „порше“ според неофицијални информации најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало.

За среќа нема повредени во несреќата.

На местото се насобраа голем број на граѓани, а полицијата врши увид.

 

The post Сообраќајка во Аеродром: Порше заврши со речиси откинато тркало appeared first on Република.

]]>

Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случи сообраќајка откако автомобил „порше“ според неофицијални информации најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало. За среќа нема повредени во несреќата. На местото се насобраа голем број на граѓани, а полицијата врши увид.  

The post Сообраќајка во Аеродром: Порше заврши со речиси откинато тркало appeared first on Република.

]]>
Гори брод товарен со над илјада автомобили „порше“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/gori-brod-tovaren-so-nad-iljada-avtomobili-porshe/ Fri, 18 Feb 2022 10:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=460367

Теретниот бродот  на Фелисити Ејс, кој превезувал 2.500 автомобили „порше“ и „фолксваген“ во САД, се запалил и залутал во Средниот Атлантик на 16 февруари, соопшти португалската морнарица.

Додека 22 членови на екипажот беа евакуирани, неизвесна е судбината на возилото во него. Во соопштението на „Фолксваген“ се наведува дека бродот може да носи 4.000 возила.

Транспортниот брод бил на пат од Емден во Германија кон пристаништето Дејвисвил на Род Ајленд кога дал сигнал за помош во врска со пријавениот пожар на една од товарните палуби.

Спасените членови на екипажот се пренесени на португалскиот остров Фаилал. Во меѓувреме, Фелисити Ас плови во средината на Атлантикот, чекајќи да биде одвлечен до најблиското засолниште, според веб-страницата за следење ФлитМон.

Набргу по пријавувањето на несреќата, автомобилскиот блогер Мет Фарах изјавил дека му се јавил дилер на автомобили кој го известил дека гори неговото „порше“ што тој го нарачал. Купувачите на овие автомобили на интернет форумите исто така почнаа да шпекулираат дека нивните нарачки се погодени.

Групацијата „Фолксваген“, која е сопственик на „Порше“, објави во соопштението дека бродот ги превезува нивните возила, но компанијата не прецизираше како тоа ќе влијае на американските клиенти.

Портпаролот на „Порше“ изјави дека е во контакт со бродската компанија и дека се уште нема детали што се случило со автомобилите.

Тој рече дека е рано да се утврдат следните чекори на „Порше“, но додаде дека компанијата е посветена на поддршка на клиентите и дилерите со цел да се најде најдоброто можно решение.

Порталот Индекс наведува дека на бродот има дури 2.500 автомобили, од кои дури 1.100 се „порше“.

https://www.youtube.com/watch?v=3hGCaaWtuEQ

The post Гори брод товарен со над илјада автомобили „порше“ appeared first on Република.

]]>

Теретниот бродот  на Фелисити Ејс, кој превезувал 2.500 автомобили „порше“ и „фолксваген“ во САД, се запалил и залутал во Средниот Атлантик на 16 февруари, соопшти португалската морнарица. Додека 22 членови на екипажот беа евакуирани, неизвесна е судбината на возилото во него. Во соопштението на „Фолксваген“ се наведува дека бродот може да носи 4.000 возила. Транспортниот брод бил на пат од Емден во Германија кон пристаништето Дејвисвил на Род Ајленд кога дал сигнал за помош во врска со пријавениот пожар на една од товарните палуби. Спасените членови на екипажот се пренесени на португалскиот остров Фаилал. Во меѓувреме, Фелисити Ас плови во средината на Атлантикот, чекајќи да биде одвлечен до најблиското засолниште, според веб-страницата за следење ФлитМон. Набргу по пријавувањето на несреќата, автомобилскиот блогер Мет Фарах изјавил дека му се јавил дилер на автомобили кој го известил дека гори неговото „порше“ што тој го нарачал. Купувачите на овие автомобили на интернет форумите исто така почнаа да шпекулираат дека нивните нарачки се погодени. Групацијата „Фолксваген“, која е сопственик на „Порше“, објави во соопштението дека бродот ги превезува нивните возила, но компанијата не прецизираше како тоа ќе влијае на американските клиенти. Портпаролот на „Порше“ изјави дека е во контакт со бродската компанија и дека се уште нема детали што се случило со автомобилите. Тој рече дека е рано да се утврдат следните чекори на „Порше“, но додаде дека компанијата е посветена на поддршка на клиентите и дилерите со цел да се најде најдоброто можно решение. Порталот Индекс наведува дека на бродот има дури 2.500 автомобили, од кои дури 1.100 се „порше“. https://www.youtube.com/watch?v=3hGCaaWtuEQ

The post Гори брод товарен со над илјада автомобили „порше“ appeared first on Република.

]]>
„Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kje-go-tepam-40-godishnik-od-forino-so-noz-mu-izlegol-na-skopjanec-so-porshe/ Thu, 17 Feb 2022 10:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=459737

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 27 октомври минатата година на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може тешко да го повреди телото или тешко да го наруши здравјето.

Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.

The post „Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Како што информираат од Јавното обвинителство, на 27 октомври минатата година на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може тешко да го повреди телото или тешко да го наруши здравјето. Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.

The post „Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“ appeared first on Република.

]]>
Македонец уапсен на Прешево со луксузен часовник „Филип Патек“ од 115.000 евра и со Порше Карера https://republika.mk/vesti/balkan/makedonec-uapsen-na-preshevo-so-luksuzen-chasovnik-filip-patek-od-115-000-evra-i-so-porshe-karera/ Thu, 10 Feb 2022 15:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=456827

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари (9255.000 евра), соопштија од Царинската управа на Србија.

Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност.

Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средствата што се користела за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка што се водеше по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“).

Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети со прекршок ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш

The post Македонец уапсен на Прешево со луксузен часовник „Филип Патек“ од 115.000 евра и со Порше Карера appeared first on Република.

]]>

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград. Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари (9255.000 евра), соопштија од Царинската управа на Србија. Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења. Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност. Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средствата што се користела за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“. По судската постапка што се водеше по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“). Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети со прекршок ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш

The post Македонец уапсен на Прешево со луксузен часовник „Филип Патек“ од 115.000 евра и со Порше Карера appeared first on Република.

]]>