поројни дождови Archives - Република https://republika.mk/tema/porojni-dozdovi/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jun 2024 12:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поројни дождови Archives - Република https://republika.mk/tema/porojni-dozdovi/ 32 32 Од утре чести поројни дождови, со силен ветер и град https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-chesti-porojni-dozhdovi-so-silen-veter-i-grad/ Sun, 23 Jun 2024 12:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=789951

УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. УВ=8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

The post Од утре чести поројни дождови, со силен ветер и град appeared first on Република.

]]>

УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура. Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. УВ=8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

The post Од утре чести поројни дождови, со силен ветер и град appeared first on Република.

]]>
Доаѓа невреме во Македонија, се очекува силен град и локални поројни дождови https://republika.mk/zivot/servisi/doaga-nevreme-vo-makedonija-se-ochekuva-silen-grad-i-lokalni-porojni-dozhdovi/ Sun, 02 Jun 2024 16:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=784142

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови, како и утре во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.

Нашата алатка НОТАС за рано предупредување од невреме, за следните часови и за утре предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме:

И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.

 

The post Доаѓа невреме во Македонија, се очекува силен град и локални поројни дождови appeared first on Република.

]]>

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови, како и утре во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен. Нашата алатка НОТАС за рано предупредување од невреме, за следните часови и за утре предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме: И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме. Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.  

The post Доаѓа невреме во Македонија, се очекува силен град и локални поројни дождови appeared first on Република.

]]>
Поројни дождови во Германија, две брани попуштија https://republika.mk/vesti/svet/porojni-dozhdovi-vo-germanija-dve-brani-popushtija/ Sun, 02 Jun 2024 12:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=784161

Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена.

Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА.

Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД).

Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината.

Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри.

Слични вредности се пријавени низ целиот регион.

The post Поројни дождови во Германија, две брани попуштија appeared first on Република.

]]>

Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена. Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА. Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД). Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината. Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри. Слични вредности се пријавени низ целиот регион.

The post Поројни дождови во Германија, две брани попуштија appeared first on Република.

]]>