популизам Archives - Република https://republika.mk/tema/populizam/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 09:03:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png популизам Archives - Република https://republika.mk/tema/populizam/ 32 32 Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата https://republika.mk/vesti/kultura/damevski-drzhavata-mora-da-ja-nadmine-politikata-na-populizam-vo-kulturata/ Sun, 08 Sep 2024 09:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=814291

Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во интервју за МИА Симеон Мони Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава слави 45 години.

Како менаџер на Фестивалот во последните четири години, Дамевски вели дека неговата цел е „Браќа Манаки“ да го промовира и стави во фокусот на светската кинематограферска фела, обидувајќи се притоа преку привлекување на големи светски компании како спонзори да придонесе кон самоодржливост на манифестзцијата и да се намали зависноста од државното финансирање.

Буџетот на нашиот фестивал, 40 проценти доаѓа од Владата, преку Министерството за култура се префрлаат на Агенцијата за филм од каде ние преку конкурси обично добиваме околу 40 проценти, а околу 60 проценти се финасира со помош од Општина Битола и сопствени средства. Годинава, малку сме симнати на околу 30 проценти од Агенцијата за филм, ама разбираме дека состојбата во земјата е тешка, сите мора да ги стегнеме каишите. Тоа е мојата филозофија зашто јас не гледам од денес за утре, туку од сега за четири години, вели Дамевски.

Подвлекува дека „Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите“.

Ова што ќе го кажам ќе ме направи непопуларен кај некои од моите пријатели и колеги кои се занимаваат со филмски фестивали. Кај нас долги години се води една политика на популизам и ова не го кажувам како директор на фестивал затоа што јас веќе нема да бидам, ќе дојде некој друг. Ние се менуваме, некој не се согласува со политиката, директорот си оди. За парите некогаш е невкусно да се зборува, ова го правиме од љубов. Јас го видов потенцијалот на овој фестивал. Некој ќе верува, некој можеби нема да верува дека го правиме од љубов, но тројца луѓе го туркаме фестивалот цела година ..Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите. Да немаме илузии, не постои друга институција од овој тип во светот на филмската уметност или фестивали како овој, посочува Дамевски.

Укажува дека значајни културни манифестации, брендови на македонската култура, се изгубени поради популистичкиот пристап во распределувањето на финансиската поддршка во културата.

Агенцијата за филм дава пари на сите фестивали, но имате фестивали што се образовни, фестивали што се туристички, филозофски.... Разбирам дека сите мора да живеат, но мора да најдеме модус што е филмска уметност, што ќе финансираме. Изгубивме страшни државни манифестации, некои беа приватни, некои државни. Заради финансирање го изгубивме Џез фестивалот, ја изгубивме Универзална. Државата почна да ги секнува фондовите и ние немаме во Скопје каде духовно да се збогатуваме и надградуваме. Струшки вечери на поезијата, вториот наш голем фестивал, на кој што сум одел како дете, не е уништен, но можеби е деградиран. Ние бевме по мое знаење најголемиот фестивал на поезија во светот. Јас сум рецитирал поезија како студент. Биле Еуџенио Монтале, Алан Гинсберг.., значи најголемите поети во светот доаѓале во Струга, јас сега не можам да разберам кога има Струшки вечери на поезијата, вели Дамевски.

На прашањето што предлага, тој е категоричен дека државата мора да изнајде решение што ќе ги поддржи вистинските вредности.

Се разбира, државата мора да одлучи за ние да продолжиме по својот пат и да почнеме да го враќаме угледот во светот и да ги негуваме овие вредности. Вие можете дома кога ќе имате буџетот, парите да ги фрлите на јадење, на шетање, на гардероба но мора да мислите што ви е најважно во тој момент, што ќе даде плод в година да биде поголемо, позначајно и да бидете попознати, бидејќи зборуваме за култура. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите. Кога ќе распрснете тоа е ништо, само се разводнува, смета првиот човек на „Браќа Манаки“.

Прашан дали очекува поддршка и слух за овие сугестии кај најодговорните, кај министерот за култура кој доаѓа од фелата, тој одговара со воздржан оптимизам.

Имам големи надежи. Морам да признаам, не сум политички определен, но прв пат гледам некаква надеж во таа насока. Не би знаел да ви кажам што ќе се случи, сум бил изневеруван од политичарите во оваа земја, живеам од 2010-та, поконстантно од 2011-та година, значи 13 години. Нема гарнитура која не ме разочарала во своите ветувања и со тоа што го реализирале. Ова ми делува, морам да признаам, како најсериозната по тоа што го слушам. Оној момент кога ќе почнам да гледам, ќе ви кажам дали верувам или неверувам. Очекувам, вели Дамевски.

Dиректорот на ИФФК најавува меѓу 300 до 450 гости на годинашното 45. издание на Фестивалот. На Фестивалот се очекува да бидат присутни претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации (од САД, ОК, Италија, Франција, Шпанија, Австралија, ИМАГО...) реномирани светски познати кинематографери, кои работат со големи буџети.

The post Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата appeared first on Република.

]]>

Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во интервју за МИА Симеон Мони Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава слави 45 години. Како менаџер на Фестивалот во последните четири години, Дамевски вели дека неговата цел е „Браќа Манаки“ да го промовира и стави во фокусот на светската кинематограферска фела, обидувајќи се притоа преку привлекување на големи светски компании како спонзори да придонесе кон самоодржливост на манифестзцијата и да се намали зависноста од државното финансирање.
Буџетот на нашиот фестивал, 40 проценти доаѓа од Владата, преку Министерството за култура се префрлаат на Агенцијата за филм од каде ние преку конкурси обично добиваме околу 40 проценти, а околу 60 проценти се финасира со помош од Општина Битола и сопствени средства. Годинава, малку сме симнати на околу 30 проценти од Агенцијата за филм, ама разбираме дека состојбата во земјата е тешка, сите мора да ги стегнеме каишите. Тоа е мојата филозофија зашто јас не гледам од денес за утре, туку од сега за четири години, вели Дамевски.
Подвлекува дека „Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите“.
Ова што ќе го кажам ќе ме направи непопуларен кај некои од моите пријатели и колеги кои се занимаваат со филмски фестивали. Кај нас долги години се води една политика на популизам и ова не го кажувам како директор на фестивал затоа што јас веќе нема да бидам, ќе дојде некој друг. Ние се менуваме, некој не се согласува со политиката, директорот си оди. За парите некогаш е невкусно да се зборува, ова го правиме од љубов. Јас го видов потенцијалот на овој фестивал. Некој ќе верува, некој можеби нема да верува дека го правиме од љубов, но тројца луѓе го туркаме фестивалот цела година ..Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите. Да немаме илузии, не постои друга институција од овој тип во светот на филмската уметност или фестивали како овој, посочува Дамевски.
Укажува дека значајни културни манифестации, брендови на македонската култура, се изгубени поради популистичкиот пристап во распределувањето на финансиската поддршка во културата.
Агенцијата за филм дава пари на сите фестивали, но имате фестивали што се образовни, фестивали што се туристички, филозофски.... Разбирам дека сите мора да живеат, но мора да најдеме модус што е филмска уметност, што ќе финансираме. Изгубивме страшни државни манифестации, некои беа приватни, некои државни. Заради финансирање го изгубивме Џез фестивалот, ја изгубивме Универзална. Државата почна да ги секнува фондовите и ние немаме во Скопје каде духовно да се збогатуваме и надградуваме. Струшки вечери на поезијата, вториот наш голем фестивал, на кој што сум одел како дете, не е уништен, но можеби е деградиран. Ние бевме по мое знаење најголемиот фестивал на поезија во светот. Јас сум рецитирал поезија како студент. Биле Еуџенио Монтале, Алан Гинсберг.., значи најголемите поети во светот доаѓале во Струга, јас сега не можам да разберам кога има Струшки вечери на поезијата, вели Дамевски.
На прашањето што предлага, тој е категоричен дека државата мора да изнајде решение што ќе ги поддржи вистинските вредности.
Се разбира, државата мора да одлучи за ние да продолжиме по својот пат и да почнеме да го враќаме угледот во светот и да ги негуваме овие вредности. Вие можете дома кога ќе имате буџетот, парите да ги фрлите на јадење, на шетање, на гардероба но мора да мислите што ви е најважно во тој момент, што ќе даде плод в година да биде поголемо, позначајно и да бидете попознати, бидејќи зборуваме за култура. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите. Кога ќе распрснете тоа е ништо, само се разводнува, смета првиот човек на „Браќа Манаки“.
Прашан дали очекува поддршка и слух за овие сугестии кај најодговорните, кај министерот за култура кој доаѓа од фелата, тој одговара со воздржан оптимизам.
Имам големи надежи. Морам да признаам, не сум политички определен, но прв пат гледам некаква надеж во таа насока. Не би знаел да ви кажам што ќе се случи, сум бил изневеруван од политичарите во оваа земја, живеам од 2010-та, поконстантно од 2011-та година, значи 13 години. Нема гарнитура која не ме разочарала во своите ветувања и со тоа што го реализирале. Ова ми делува, морам да признаам, како најсериозната по тоа што го слушам. Оној момент кога ќе почнам да гледам, ќе ви кажам дали верувам или неверувам. Очекувам, вели Дамевски.
Dиректорот на ИФФК најавува меѓу 300 до 450 гости на годинашното 45. издание на Фестивалот. На Фестивалот се очекува да бидат присутни претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации (од САД, ОК, Италија, Франција, Шпанија, Австралија, ИМАГО...) реномирани светски познати кинематографери, кои работат со големи буџети.

The post Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата appeared first on Република.

]]>
Пешевска: Дојде моментот кога СДСМ ќе покаже дали зголемувањето на минималната плата е со искрена намера која ќе важи за сите или е популизам https://republika.mk/vesti/ekonomija/peshevska-dojde-momentot-koga-sdsm-kje-pokaze-dali-zgolemuvanjeto-na-minimalnata-plata-e-so-iskrena-namera-koja-kje-vazi-za-site-ili-e-populizam/ Thu, 17 Feb 2022 11:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=459819

Дојде моментот кога СДСМ ќе покаже дали зголемувањето на минималната плата е со искрена намера која ќе важи за сите или пак тоа е само нова и селективна популистичка мерка, истакна Жаклина Пешевска, пратенички на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, денес на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е предлог законот за минимална плата. За таа цел, како што најавивме претходно, како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе интервенираме амандмански со што ќе бараме да не се дозволи урамниловка односно изедначување на платите и демотивација кај вработените кои имаат поголеми работни обврски и сложеност на работните места.

Со овој амандман ќе побараме износот на коефициентите и вредноста на бодовите на Колективните договори на сите нивоа и во сите области во јавниот сектор да биде усогласен со порастот на минималната плата т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната плата.

Во изминативе денови се изнаслушавме од владејачкото мнозинство разни напади и обвинувања дека пратениците на опозицијата го кочат законот за зголемување на минималната плата. Но, во СДСМ очигледно забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што првично го воведе концептот за минимална плата во Република Македонија, но за разлика од сега, наместо да чекаме преговори меѓу засегнатите страни до последен момент да не се знае колкава ќе биде минималната плата, тогаш минималната плата се знаеше однапред најмалку една година. На тој начин покажувавме грижа за стопанствениците бидејќи таквата политика доведуваше до предвидливост кај стопанските субјекти за идните трошоци кои ќе ги имаат за вработените.

Оттука, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сакаме да им порачаме на колегите пратеници од мнозинството дека за незадоволството кај синдикатите од селективноста на нивното решение се виновни само СДСМ и никој друг. Залудни и досадни се обвинувањата на СДСМ дека секогаш некој друг е виновен за нивната неспособност. Јавноста многу добро знае кој е во право, а кој само се обидува да најде изговори и ништо да не работи.

На крајот, апелираме до владејачкото мнозинство да излезат во пресрет на барањата на сите вработени и засегнати со зголемувањето на минималната плата и конечно да покажат дека нивната искрена цел е подобар стандард и живот за граѓаните, а не популистички краткотрајни мерки кои ќе купат неколку месечен мир во власта, подвлече Пешевска.

The post Пешевска: Дојде моментот кога СДСМ ќе покаже дали зголемувањето на минималната плата е со искрена намера која ќе важи за сите или е популизам appeared first on Република.

]]>

Дојде моментот кога СДСМ ќе покаже дали зголемувањето на минималната плата е со искрена намера која ќе важи за сите или пак тоа е само нова и селективна популистичка мерка, истакна Жаклина Пешевска, пратенички на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. -Имено, денес на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е предлог законот за минимална плата. За таа цел, како што најавивме претходно, како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе интервенираме амандмански со што ќе бараме да не се дозволи урамниловка односно изедначување на платите и демотивација кај вработените кои имаат поголеми работни обврски и сложеност на работните места. Со овој амандман ќе побараме износот на коефициентите и вредноста на бодовите на Колективните договори на сите нивоа и во сите области во јавниот сектор да биде усогласен со порастот на минималната плата т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната плата. Во изминативе денови се изнаслушавме од владејачкото мнозинство разни напади и обвинувања дека пратениците на опозицијата го кочат законот за зголемување на минималната плата. Но, во СДСМ очигледно забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што првично го воведе концептот за минимална плата во Република Македонија, но за разлика од сега, наместо да чекаме преговори меѓу засегнатите страни до последен момент да не се знае колкава ќе биде минималната плата, тогаш минималната плата се знаеше однапред најмалку една година. На тој начин покажувавме грижа за стопанствениците бидејќи таквата политика доведуваше до предвидливост кај стопанските субјекти за идните трошоци кои ќе ги имаат за вработените. Оттука, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сакаме да им порачаме на колегите пратеници од мнозинството дека за незадоволството кај синдикатите од селективноста на нивното решение се виновни само СДСМ и никој друг. Залудни и досадни се обвинувањата на СДСМ дека секогаш некој друг е виновен за нивната неспособност. Јавноста многу добро знае кој е во право, а кој само се обидува да најде изговори и ништо да не работи. На крајот, апелираме до владејачкото мнозинство да излезат во пресрет на барањата на сите вработени и засегнати со зголемувањето на минималната плата и конечно да покажат дека нивната искрена цел е подобар стандард и живот за граѓаните, а не популистички краткотрајни мерки кои ќе купат неколку месечен мир во власта, подвлече Пешевска.

The post Пешевска: Дојде моментот кога СДСМ ќе покаже дали зголемувањето на минималната плата е со искрена намера која ќе важи за сите или е популизам appeared first on Република.

]]>