популарно Archives - Република https://republika.mk/tema/popularno/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 10:10:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png популарно Archives - Република https://republika.mk/tema/popularno/ 32 32 Промената на бојата на очите станува многу полуларна, процедурата чини 12.000 долари https://republika.mk/zivot/zdravje/promenata-na-bojata-na-ochite-stanuva-mnogu-polularna-protsedurata-chini-12-000-dolari/ Fri, 22 Nov 2024 10:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=840737

Во САД се зголемува популарноста на ласерската процедура наречена кератопигментација, која подразбира промена на бојата на очите. Оваа процедура, која досега се користела само за медицински цели, сега се нуди и за естетски разлоги. Лекарите предупредуваат дека вмешувањето во природната боја на очите може да доведе до проблеми како зголемена чувствителност на светлина, нарушен вид, па дури и слепило.

Кератопигментацијата се изведува со ласер, при што се прават мали тунели во рожницата на окото, кои потоа се полнат со пигментирана боја. Процедурата трае од 30 до 60 минути, а резултатите се видливи веднаш. Лекарот кој ја нуди оваа услуга во Њујорк е д-р Александар Мовшович, кој е еден од ретките специјалисти во САД што ја применува за козметички цели. Тој наплаќа 12.000 долари за една процедура, која не се покрива со осигурување.

Некои пациенти, како агентот за недвижности Џејсон Хименез, ја менуваат бојата на очите за да изгледаат поубаво и да се чувствуваат посамоуверено. Но, многу офталмолози се загрижени за потенцијалните здравствени ризици, нагласувајќи дека оваа процедура треба да се користи со внимателност, особено кај луѓе со здрави очи.

 

The post Промената на бојата на очите станува многу полуларна, процедурата чини 12.000 долари appeared first on Република.

]]>

Во САД се зголемува популарноста на ласерската процедура наречена кератопигментација, која подразбира промена на бојата на очите. Оваа процедура, која досега се користела само за медицински цели, сега се нуди и за естетски разлоги. Лекарите предупредуваат дека вмешувањето во природната боја на очите може да доведе до проблеми како зголемена чувствителност на светлина, нарушен вид, па дури и слепило. Кератопигментацијата се изведува со ласер, при што се прават мали тунели во рожницата на окото, кои потоа се полнат со пигментирана боја. Процедурата трае од 30 до 60 минути, а резултатите се видливи веднаш. Лекарот кој ја нуди оваа услуга во Њујорк е д-р Александар Мовшович, кој е еден од ретките специјалисти во САД што ја применува за козметички цели. Тој наплаќа 12.000 долари за една процедура, која не се покрива со осигурување. Некои пациенти, како агентот за недвижности Џејсон Хименез, ја менуваат бојата на очите за да изгледаат поубаво и да се чувствуваат посамоуверено. Но, многу офталмолози се загрижени за потенцијалните здравствени ризици, нагласувајќи дека оваа процедура треба да се користи со внимателност, особено кај луѓе со здрави очи.  

The post Промената на бојата на очите станува многу полуларна, процедурата чини 12.000 долари appeared first on Република.

]]>