Попаметен град Archives - Република https://republika.mk/tema/popameten-grad/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 11:08:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Попаметен град Archives - Република https://republika.mk/tema/popameten-grad/ 32 32 Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса? https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-i-dokumentarets-na-akto-18-popameten-grad-3-0-feniks-ili-apokalipsa/ Wed, 11 Oct 2023 11:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=690137

Програмата на фестивалот АКТО 18 за октомври, под името: Попаметен град 3.0 - Феникс или Апокалипса? предвидува едукација, изложба, проекција на филм и разговори и сето тоа испреплетено низ архитектурата, уметноста, филмот, театарот... а инспирирани од нашата грижа кон другиот и просторите помеѓу.

На 13 октомври (петок) во 19 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет ќе биде прикажан документарниот филм „Витиќ танцува“ на концептуалниот интермедијален уметник Борис Бакал и уметничката организација „Фрлачи на сенки“ посветен на дваесетгодишната борба на станарите за обновување на Витиќевиот облакодер во Загреб, инаку ремек-дело на модернистичката архитектура, која на тој начин станува метафора на целото општество.

Филмот преку архивски снимки и сведоштва на поранешни и сегашни жители на Витиќевиот облакодер, архитекти, активисти и други инволвирани се обидува да воспостави свест за инфраструктурата во служба на заедницата. Тоа е зграда во која се рефлектираа сите клучни општествени моменти и несогласувања. Вреден и долго запоставен споменик на културата, Витиќевиот облакодер истовремено е и показател за систематска негрижа кон социјалистичкото наследство, но и за парадоксот на поранешниот систем. Нормализацијата на клиентелизмот и корупцијата, недоволниот капацитет за домување во Загреб, систематското запоставување на јавните простори и отсуството на урбанистичко планирање се теми што се рефлектираат во филмот.

На 21 октомври (сабота) во 12 часот, во Киното на Железничка станица, ќе биде отворена изложбата „Попаметен град 3.0 – Феникс или апокалипса?

Потпирајќи се на претходното разбирање на архитектурата како метафора на општеството, со „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“ „Фрлачите на сенки“ нè провоцираат со прашањата: „Како да се ангажираат луѓето и нивните заедници за време на природни катастрофи?“, „Каде да се најде солидарност за време на катастрофа?“ и „Што ако отсуствува таков човечки однос?“ Користејќи го Скопје како референтна точка, изложбата прикажува фотоколажи од градот – каков е денес и каков беше пред земјотресот, архивски филмови за периодот по земјотресот и многубројни монографии и книги за скопската „апокалипса“, како и неговиот подем како „феникс“.

Партнери на АКТО 18 се Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА –Киев, Украина, Shadow Casters (Загреб), Архитектонски факултет – УКИМ Скопје.

АКТО 18 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Trust for Mutual Understanding New York, Фондацијата „Хајнрих Бол“,Институтот „Гете“, Европската Унија – проект „Острови на сродство“, проектот „Активен ГРА(Д)/ѓани“ и проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди туку делови од соѕвездија“

 

The post Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса? appeared first on Република.

]]>

Програмата на фестивалот АКТО 18 за октомври, под името: Попаметен град 3.0 - Феникс или Апокалипса? предвидува едукација, изложба, проекција на филм и разговори и сето тоа испреплетено низ архитектурата, уметноста, филмот, театарот... а инспирирани од нашата грижа кон другиот и просторите помеѓу. На 13 октомври (петок) во 19 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет ќе биде прикажан документарниот филм „Витиќ танцува“ на концептуалниот интермедијален уметник Борис Бакал и уметничката организација „Фрлачи на сенки“ посветен на дваесетгодишната борба на станарите за обновување на Витиќевиот облакодер во Загреб, инаку ремек-дело на модернистичката архитектура, која на тој начин станува метафора на целото општество. Филмот преку архивски снимки и сведоштва на поранешни и сегашни жители на Витиќевиот облакодер, архитекти, активисти и други инволвирани се обидува да воспостави свест за инфраструктурата во служба на заедницата. Тоа е зграда во која се рефлектираа сите клучни општествени моменти и несогласувања. Вреден и долго запоставен споменик на културата, Витиќевиот облакодер истовремено е и показател за систематска негрижа кон социјалистичкото наследство, но и за парадоксот на поранешниот систем. Нормализацијата на клиентелизмот и корупцијата, недоволниот капацитет за домување во Загреб, систематското запоставување на јавните простори и отсуството на урбанистичко планирање се теми што се рефлектираат во филмот. На 21 октомври (сабота) во 12 часот, во Киното на Железничка станица, ќе биде отворена изложбата „Попаметен град 3.0 – Феникс или апокалипса? Потпирајќи се на претходното разбирање на архитектурата како метафора на општеството, со „Попаметен град 3.0 – феникс или апокалипса?“ „Фрлачите на сенки“ нè провоцираат со прашањата: „Како да се ангажираат луѓето и нивните заедници за време на природни катастрофи?“, „Каде да се најде солидарност за време на катастрофа?“ и „Што ако отсуствува таков човечки однос?“ Користејќи го Скопје како референтна точка, изложбата прикажува фотоколажи од градот – каков е денес и каков беше пред земјотресот, архивски филмови за периодот по земјотресот и многубројни монографии и книги за скопската „апокалипса“, како и неговиот подем како „феникс“. Партнери на АКТО 18 се Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА –Киев, Украина, Shadow Casters (Загреб), Архитектонски факултет – УКИМ Скопје. АКТО 18 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Trust for Mutual Understanding New York, Фондацијата „Хајнрих Бол“,Институтот „Гете“, Европската Унија – проект „Острови на сродство“, проектот „Активен ГРА(Д)/ѓани“ и проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди туку делови од соѕвездија“  

The post Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса? appeared first on Република.

]]>