понуда Archives - Република https://republika.mk/tema/ponuda/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 12:47:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png понуда Archives - Република https://republika.mk/tema/ponuda/ 32 32 Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-ponuda-na-tenderot-za-kompresorskata-stanitsa-na-klinichkiot-tsentar-vo-skopje/ Thu, 12 Sep 2024 12:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=815758

Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.

По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.

Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, информираат од Министерството за здравство.

Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, потврди за МИА минатата недела Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.

Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

The post Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство. По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.
Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, информираат од Министерството за здравство.
Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, потврди за МИА минатата недела Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје. Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

The post Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-skandal-ad-vodostopanstvo-namesto-ponudata-so-najniska-tsena-izbralo-tri-pati-povisoka-ponuda/ Mon, 18 Dec 2023 16:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=724351

Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари, велат од KAZ Group.
По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата!
Нашата понуда изнесува 3.399.803,39,
(KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии), а избран е економски оператор чија понудена цена е 9.963.005,05 (трговско друштво со увозени странски производи и еден вработен - 3N Development Group) денари која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена.
АД Водостопанство на РМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари)

The post Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда appeared first on Република.

]]>

Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари, велат од KAZ Group. По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата! Нашата понуда изнесува 3.399.803,39, (KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии), а избран е економски оператор чија понудена цена е 9.963.005,05 (трговско друштво со увозени странски производи и еден вработен - 3N Development Group) денари која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена. АД Водостопанство на РМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари)

The post Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда appeared first on Република.

]]>