помрачување Archives - Република https://republika.mk/tema/pomrachuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Oct 2022 17:58:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помрачување Archives - Република https://republika.mk/tema/pomrachuvanje/ 32 32 За точно 10 дена следи последното помрачување за 2022, најмногу ќе влијае врз финансиите https://republika.mk/zivot/astro/za-tochno-10-dena-sledi-poslednoto-pomrachuvanje-za-2022-najmnogu-kje-vlijae-vrz-finansiite/ Sat, 15 Oct 2022 18:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=561001

Затемнувањето на Сонцето се смета за важен настан во астрологијата бидејќи носи важни промени. На 25 октомври нè очекува последното затемнување на Сонцето за 2022 година, а се во сезоната на Скорпија. Како еден од најмистериозните знаци на Зодијакот кој носи трансформации, периодот од  23 октомври до 21 ноември, кога Сонцето ќе влезе во знакот Скорпија, ќе биде многу моќен и ќе донесе многу промени.

Скорпијата е знак на интимност и екстремни чувства, па затоа треба да очекуваме вакви теми да се појавуваат често во овој период. Ќе сакаме да откриеме што е длабоко, што е скриено во нас и потиснато. Ќе имаме желба да ги откриеме сите скриени и тајни нешта, а соочувањето со вистината понекогаш нема да биде едноставно и пријатно чувство.

Во моментот Сонцето е во знакот Вага, а тоа значи дека се стремиме кон правда и апсолутна рамнотежа, но кога ќе премине во Скорпија повеќе ќе се раководиме од интуицијата. Скорпијата е страсна, има силна волја и знае што сака да добие. Таа се бори за тоа со сите сили. Затемнувањето на Сонцето во Скорпија ќе им донесе таква трансформативна енергија на сите знаци. Но, во овој период може да се појават и негативни импулси, како што се љубомора, манипулации и желба за одмазда. Можеме да ги контролираме, само треба да имаме силна волја.

Со други зборови, овој период ќе нè поттикне целосно да се вратиме кон себе, да го откриеме нашиот потенцијал и да ги препознаеме нашите силни страни. Затемнувањето на Сонцето во Скорпија нè поттикнува да се запознаеме подлабоко и подобро, да ги прифатиме своите емоции и да станеме свесни од кои треба да се ослободиме, а кои да ги прифатиме и развиеме. Во овој период, неопходно е да најдеме начин како да ги трансформираме нашите чувства во самољубие и самоприфаќање со помош на сопствената сила и мудрост.

Поставете си одредени прашања, погледнете во своето срце и нека вашиот ум биде отворен за нови знаења. Сега е вистинското време да ја дознаете вистината по која копнеевте долго време.

Не плашете се да ги изразите своите чувства, не срамете се од она што е внатре во вас и што ви ја топли душата. Кажете ѝ нешто убаво на саканата личност; кажете им на оние кои ве лажеле и повредиле дека ја знаете вистината; заблагодарете им се на оние кои ве воспитале… Нека проговори вашата душа за време на затемнувањето на Сонцето во Скорпија!

The post За точно 10 дена следи последното помрачување за 2022, најмногу ќе влијае врз финансиите appeared first on Република.

]]>

Затемнувањето на Сонцето се смета за важен настан во астрологијата бидејќи носи важни промени. На 25 октомври нè очекува последното затемнување на Сонцето за 2022 година, а се во сезоната на Скорпија. Како еден од најмистериозните знаци на Зодијакот кој носи трансформации, периодот од  23 октомври до 21 ноември, кога Сонцето ќе влезе во знакот Скорпија, ќе биде многу моќен и ќе донесе многу промени. Скорпијата е знак на интимност и екстремни чувства, па затоа треба да очекуваме вакви теми да се појавуваат често во овој период. Ќе сакаме да откриеме што е длабоко, што е скриено во нас и потиснато. Ќе имаме желба да ги откриеме сите скриени и тајни нешта, а соочувањето со вистината понекогаш нема да биде едноставно и пријатно чувство. Во моментот Сонцето е во знакот Вага, а тоа значи дека се стремиме кон правда и апсолутна рамнотежа, но кога ќе премине во Скорпија повеќе ќе се раководиме од интуицијата. Скорпијата е страсна, има силна волја и знае што сака да добие. Таа се бори за тоа со сите сили. Затемнувањето на Сонцето во Скорпија ќе им донесе таква трансформативна енергија на сите знаци. Но, во овој период може да се појават и негативни импулси, како што се љубомора, манипулации и желба за одмазда. Можеме да ги контролираме, само треба да имаме силна волја. Со други зборови, овој период ќе нè поттикне целосно да се вратиме кон себе, да го откриеме нашиот потенцијал и да ги препознаеме нашите силни страни. Затемнувањето на Сонцето во Скорпија нè поттикнува да се запознаеме подлабоко и подобро, да ги прифатиме своите емоции и да станеме свесни од кои треба да се ослободиме, а кои да ги прифатиме и развиеме. Во овој период, неопходно е да најдеме начин како да ги трансформираме нашите чувства во самољубие и самоприфаќање со помош на сопствената сила и мудрост. Поставете си одредени прашања, погледнете во своето срце и нека вашиот ум биде отворен за нови знаења. Сега е вистинското време да ја дознаете вистината по која копнеевте долго време. Не плашете се да ги изразите своите чувства, не срамете се од она што е внатре во вас и што ви ја топли душата. Кажете ѝ нешто убаво на саканата личност; кажете им на оние кои ве лажеле и повредиле дека ја знаете вистината; заблагодарете им се на оние кои ве воспитале… Нека проговори вашата душа за време на затемнувањето на Сонцето во Скорпија!

The post За точно 10 дена следи последното помрачување за 2022, најмногу ќе влијае врз финансиите appeared first on Република.

]]>