помошник државниот секретар Archives - Република https://republika.mk/tema/pomoshnik-drzhavniot-sekretar/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 10:03:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помошник државниот секретар Archives - Република https://republika.mk/tema/pomoshnik-drzhavniot-sekretar/ 32 32 О’ Брајан: Сите шест земји од Западен Балкан треба да работат заедно за поскоро да станат дел од ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/o-brajan-site-shest-zemji-od-zapaden-balkan-treba-da-rabotat-zaedno-za-poskoro-da-stanat-del-od-eu/ Mon, 22 Jan 2024 10:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=735377

Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар. Секоја влада од шесте земји од Западен Балкан се согласи дека ќе работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ, изјави Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД пред почетокот на лидерскиот состанок за Планот за раст на ЕУ во Скопје.

САД секогаш стојат зад Македонија и ја поддржуваат Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Тоа е суштината на заедничкиот пазар, затоа сум задоволен што сум тука со Јан Копман кој ја дизајнираше оваа програма, вели О’ Брајан.

Тој изрази задоволство што е во посета на земјава втор пат за два месеца, и што ќе има можност да разговара за оваа важна иницијатива која треба да ја забрза евроинтеграцијата на земјава и регионот.

Имаме претставници од шесте земји на Западен Балкан. Денеска ќе работиме на две прашања – практични идеи кои ќе им овозможат на луѓето слобода да ги развиваат нивните економии и практики кои треба да ги следиме. Овој регион има многу иницијативи, а тоа што е важно е што ќе биде реализирано помеѓу состаноноците, и ние имаме план за тоа. Она што сакаме да го видиме е луѓето да добијат повеќе можности, за сите политички проблеми низ регионот секоја влада се согласи и сега јавно се согласуваат дека сите шест земји ќе мора да работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ. Денеска е добар момент и ќе се обидеме да постигнеме напредок, рече О’ Брајан.

На состанокот чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски присуствуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџиќ, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија.

The post О’ Брајан: Сите шест земји од Западен Балкан треба да работат заедно за поскоро да станат дел од ЕУ appeared first on Република.

]]>