помошник државен секретар Archives - Република https://republika.mk/tema/pomoshnik-drzhaven-sekretar/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 07:25:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помошник државен секретар Archives - Република https://republika.mk/tema/pomoshnik-drzhaven-sekretar/ 32 32 Џејмс О’Брајан е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија https://republika.mk/vesti/svet/dhejms-o-brajan-e-noviot-pomoshnik-drzhaven-sekretar-na-sad-za-evropa-i-evroazija/ Thu, 05 Oct 2023 07:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=688027

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О'Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

За именувањето на О'Брајан гласаа 67 сенатори, а против беа 31 сенатор, соопшти Сенатот.

О'Брајан ќе ја замени Јури Ким, некогашна американска амбасадорка во Албанија, на местото помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

О'Брајан, кој за таа функција беше предложен пред неколку месеци од американскиот претседател Џо Бајден, ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Пред гласањето за номинацијата, претседателот на Комитетот за надворешна политика на Сенатот, сенаторот Бен Кардин, потсети дека О'Брајан пред таа комисија зборувал за важноста на американското лидерство кога станува збор за интеграцијата на Западен Балкан, Украина и Јужен Кавказ во „трансатлантски економски и политички структури“.

„Со оглед на тоа што тој беше главен заменик-директор за планирање и претседателски специјален пратеник за Балканот, тој ќе биде целосно информиран доколку повторно избие конфликт на Косово. Нема да се двоуми да ги повика на ред лошите актери во БиХ, ниту да соработува со оние кои промовираат мир, транспарентност и просперитет“, рече Кардин.

О'Брајан служел во две американски администрации како специјален пратеник на американскиот претседател, објави Белата куќа.

„Периодот од 1989 до 2001 година го помина како висок советник на поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт, заменик директор за планирање политика, како и претставник на американската администрација за Балканот“, се наведува меѓу другото во најава на Белата куќа кога тој беше номиниран минатата пролет.

О'Брајан беше дел од американската делегација и за време на преговорите меѓу косовските Албанци и српските власти во Рамбуе во 1999 година

The post Џејмс О’Брајан е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија appeared first on Република.

]]>

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О'Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. За именувањето на О'Брајан гласаа 67 сенатори, а против беа 31 сенатор, соопшти Сенатот. О'Брајан ќе ја замени Јури Ким, некогашна американска амбасадорка во Албанија, на местото помошник државен секретар за Европа и Евроазија. О'Брајан, кој за таа функција беше предложен пред неколку месеци од американскиот претседател Џо Бајден, ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Пред гласањето за номинацијата, претседателот на Комитетот за надворешна политика на Сенатот, сенаторот Бен Кардин, потсети дека О'Брајан пред таа комисија зборувал за важноста на американското лидерство кога станува збор за интеграцијата на Западен Балкан, Украина и Јужен Кавказ во „трансатлантски економски и политички структури“. „Со оглед на тоа што тој беше главен заменик-директор за планирање и претседателски специјален пратеник за Балканот, тој ќе биде целосно информиран доколку повторно избие конфликт на Косово. Нема да се двоуми да ги повика на ред лошите актери во БиХ, ниту да соработува со оние кои промовираат мир, транспарентност и просперитет“, рече Кардин. О'Брајан служел во две американски администрации како специјален пратеник на американскиот претседател, објави Белата куќа. „Периодот од 1989 до 2001 година го помина како висок советник на поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт, заменик директор за планирање политика, како и претставник на американската администрација за Балканот“, се наведува меѓу другото во најава на Белата куќа кога тој беше номиниран минатата пролет. О'Брајан беше дел од американската делегација и за време на преговорите меѓу косовските Албанци и српските власти во Рамбуе во 1999 година

The post Џејмс О’Брајан е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија appeared first on Република.

]]>