помош од ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/pomosh-od-eu/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 17:49:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помош од ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/pomosh-od-eu/ 32 32 Маричиќ: Со заемот од 100 милиони евра ќе се финансираат борбата со корупцијата, енергетската ефикасност, даночната политика https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-so-zaemot-od-100-milioni-evra-ke-se-finansiraat-borbata-so-koruptsijata-energetskata-efikasnost-danochnata-politika/ Mon, 06 Feb 2023 17:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=605603

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ објави на својот Фејсбук профил дека Европската комисија денеска дала предлог да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија.

Со оваа помош до 100 милиони евра уште еднаш се докажува кој стои до Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи, вели Маричиќ.

Помошта ќе дојде во форма на заеми, а нивното спроведување ќе биде дефинирано заеднички со ЕУ, преку Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција. Плаќањата, исто така, би биле условени од позитивното искуство во спроведувањето на програмата на Меѓународниот монетарен фонд.

Сите овие реформи всушност ќе ја поддржат Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече: „Ние стоиме покрај Македонија во овие времиња на предизвици. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-predlagame-pomosh-od-100-milioni-evra-za-ekonomijata-vo-slednite-dve-godini/

Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните партнери и партнерите за проширување, и е наменета како исклучителен инструмент за одговор на кризи за партнерите кои се соочуваат со сериозни проблеми со платниот биланс. Тоа ја покажува солидарноста на ЕУ со овие партнери и поддршката на ефективни политики во време на криза без преседан. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, која формално ги отвори пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година. На 22 април 2020 година, Комисијата усвои предлог финансиски пакет од 3 милијарди евра за десет партнери од проширувањето и соседството, за да им помогне да ги ублажат економските последици од пандемијата на коронавирус, од кои 160 милиони евра доби Македонија. Првата рата од 80 милиони евра беше исплатена во октомври 2020 година. Втората рата од 80 милиони евра беше исплатена во јуни 2021 година, по позитивната оценка од Комисијата за напредокот постигнат во однос на исполнувањето на условите на политиката поврзани со оваа помош.

Денешниот предлог, кој следува после грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, ја придружува 24-месечната програма за поддршка, склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 530 милиони евра.

The post Маричиќ: Со заемот од 100 милиони евра ќе се финансираат борбата со корупцијата, енергетската ефикасност, даночната политика appeared first on Република.

]]>

Фон дер Лајен: Предлагаме помош од 100 милиони евра за економијата во следните две години https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-predlagame-pomosh-od-100-milioni-evra-za-ekonomijata-vo-slednite-dve-godini/ Mon, 06 Feb 2023 17:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=605596

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Со овој предлог, како што истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување и доседска политика Оливер Вархеји, се покажува дека Брисел стои до Македонија во тешки времиња, потенцирајќи ја енергетската криза.

Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи. Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Македонија. Денешниот предлог е во рамки на 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 530 милиони евра.

Ние стоиме покрај Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме макрофинансиска помош до 100 милиони евра за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

И Вархеји во објава на Твитер наведува дека „во овие предизвикувачки социо-економски времиња, Комисијата стои на страна СевернаМакедонија со својот предлог да обезбеди макрофинансиска помош до 100 милиони евра за земјата“.

Тоа е уште еден доказ за нашата посветеност дека стоиме со нашите партнери, нагласува Вархеји.

Од Европската комисија информираат дека помошта би била во форма на заеми, што ќе се исплатат на две рати.

Овие две плаќања би биле условени со спроведување на политичките мерки кои треба да се договорат меѓу Македонија и ЕУ со Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, судските реформи и борбата против корупцијата. Плаќањата, исто така, би биле условени со позитивни резултати во спроведувањето на програмата на ММФ. Овие реформи ќе ја поддржат Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, велат од ЕК.

Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните партнери и партнерите за проширување, и е наменета како инструмент за одговор на кризи. Со неа се покажува солидарноста на ЕУ со овие партнери и поддршката на ефективни политики во време на криза. Следува предлогот да биде одобрен од Европскиот совет.

The post Фон дер Лајен: Предлагаме помош од 100 милиони евра за економијата во следните две години appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Со овој предлог, како што истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување и доседска политика Оливер Вархеји, се покажува дека Брисел стои до Македонија во тешки времиња, потенцирајќи ја енергетската криза. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи. Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Македонија. Денешниот предлог е во рамки на 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 530 милиони евра.
Ние стоиме покрај Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме макрофинансиска помош до 100 милиони евра за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
И Вархеји во објава на Твитер наведува дека „во овие предизвикувачки социо-економски времиња, Комисијата стои на страна СевернаМакедонија со својот предлог да обезбеди макрофинансиска помош до 100 милиони евра за земјата“.
Тоа е уште еден доказ за нашата посветеност дека стоиме со нашите партнери, нагласува Вархеји.
Од Европската комисија информираат дека помошта би била во форма на заеми, што ќе се исплатат на две рати.
Овие две плаќања би биле условени со спроведување на политичките мерки кои треба да се договорат меѓу Македонија и ЕУ со Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, судските реформи и борбата против корупцијата. Плаќањата, исто така, би биле условени со позитивни резултати во спроведувањето на програмата на ММФ. Овие реформи ќе ја поддржат Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, велат од ЕК.
Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните партнери и партнерите за проширување, и е наменета како инструмент за одговор на кризи. Со неа се покажува солидарноста на ЕУ со овие партнери и поддршката на ефективни политики во време на криза. Следува предлогот да биде одобрен од Европскиот совет.

The post Фон дер Лајен: Предлагаме помош од 100 милиони евра за економијата во следните две години appeared first on Република.

]]>
ЕК со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Македонија, Ковачевски посебно се израдува https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-so-predlog-za-nova-pomosh-do-100-milioni-evra-za-severna-makedonija-kovachevski-posebno-se-izraduva/ Mon, 06 Feb 2023 16:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=605583

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи. Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Македонија.

„Ние стоиме покрај Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата.

Со цел успешно справување со економската и енергетска криза, Македонија веќе доби помош од 80 милиони евра, кои се наменети за директна буџетска поддршка за оваа година.

Премиерот Димитар Ковачевски изрази неизмерна благодарност, нагласувајќи дека е посебно израдуван од предлог-финансиската помош.

Неизмерно ја цениме големата помош која Европската Унија постојано ни ја обезбедува на нашиот пат да станеме дел од европското семејство, посебно сега, кога се соочуваме со економска и енергетска криза.
Посебно ме израдува веста од Европската Комисија со која се предлага нова помош за Македонија до 100 милиони евра. Помошта, меѓу другото, ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во наредниве две години, поддржувајќи ја финансиската одржливост, но и за политиките и реформите со кои ќе се забрза и интеграцијата на земјата.
Со оваа помош, како и генерално со рамката за помош од ЕУ, ги подобруваме состојбите во одделни сфери на државата, создавајќи подобри услови за бизнис клима, претприемништво и воопшто, поквалитетен живот за нашите граѓани. Помошта од ЕУ, која се имплементира преку спроведување на нашите политики, е видлива и граѓаните го препознаваат тоа, напиша Ковачевски на Фејсбук.

The post ЕК со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Македонија, Ковачевски посебно се израдува appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи. Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Македонија. „Ние стоиме покрај Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата. Со цел успешно справување со економската и енергетска криза, Македонија веќе доби помош од 80 милиони евра, кои се наменети за директна буџетска поддршка за оваа година. Премиерот Димитар Ковачевски изрази неизмерна благодарност, нагласувајќи дека е посебно израдуван од предлог-финансиската помош.
Неизмерно ја цениме големата помош која Европската Унија постојано ни ја обезбедува на нашиот пат да станеме дел од европското семејство, посебно сега, кога се соочуваме со економска и енергетска криза. Посебно ме израдува веста од Европската Комисија со која се предлага нова помош за Македонија до 100 милиони евра. Помошта, меѓу другото, ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во наредниве две години, поддржувајќи ја финансиската одржливост, но и за политиките и реформите со кои ќе се забрза и интеграцијата на земјата. Со оваа помош, како и генерално со рамката за помош од ЕУ, ги подобруваме состојбите во одделни сфери на државата, создавајќи подобри услови за бизнис клима, претприемништво и воопшто, поквалитетен живот за нашите граѓани. Помошта од ЕУ, која се имплементира преку спроведување на нашите политики, е видлива и граѓаните го препознаваат тоа, напиша Ковачевски на Фејсбук.

The post ЕК со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Македонија, Ковачевски посебно се израдува appeared first on Република.

]]>