поминат рок Archives - Република https://republika.mk/tema/pominat-rok/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Feb 2023 14:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поминат рок Archives - Република https://republika.mk/tema/pominat-rok/ 32 32 Арачиновец фатен со 200кг храна со поминат рок, во магацин пронајдени нови абалажи за да ја пакува https://republika.mk/vesti/crna-hronika/arachinovets-faten-so-200kg-hrana-so-pominat-rok-vo-magatsin-pronajdeni-novi-abalazhi-za-da-ja-pakuva/ Thu, 02 Feb 2023 15:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=603900

Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на ул.„Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ.

Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Арачиновец фатен со 200кг храна со поминат рок, во магацин пронајдени нови абалажи за да ја пакува appeared first on Република.

]]>

Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење. Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на ул.„Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите. Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Арачиновец фатен со 200кг храна со поминат рок, во магацин пронајдени нови абалажи за да ја пакува appeared first on Република.

]]>
СПМ до Спасовски: Со конзерва грав во 3 наутро не се создава задоволна полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-do-spasovski-so-konzerva-grav-vo-3-nautro-ne-se-sozdava-zadovolna-policija/ Sun, 17 Apr 2022 14:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=489590

Реакција од Синдикатот на полицијата во Македонија до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, насловена „Со конзерва грав во 03 наутро не се создава задоволна полиција“, која ви ја пренесуваме во целост:

Некои од нас, кои беа во средното полициско училиште, се сеќаваат на Др. Ѓоко Този, тогашен директор на ЦОКБОС. Тој имаше една навика, многупати да дојде на ручек во кујната и да руча заедно со нас. Тогаш како деца, не ни беше важно, но гледајќи од денешна преспектива, човекот беше навистина човек и со таа негова навика ни даваше на значење, а и тоа дека никој не е повеќе од некој туку дека сме сите исти како луѓе, не дели само искуството и образованието.

Гледајќи што денес се случува со нашиот најголем старешина(читај Министер) и неговите единствени привезоци, таа теорија на Др. Този изгледа одамна не важи.

Гледајќи можност за тендер, а со тоа и да спречат исплата на средствата за храна за ноќна смена, си измислија правилник со кој одредуваат некаква достава на исхрана. Ама каква? Најверојатно не е за луѓе бидејќи нормален човек не јаде грав во 3 часот наутро и тоа од конзерва, па и на улица. Не јаде леб од пред 15 дена. А уште помалку храна за да се затруе. А што е и многу интересно, полицаецот треба да си носи прибор за јадење и плинско, небаре е некаде на преживување, а не во урбана средина.

Но да го прашаме прво Министерот:

Дали министре и вие би пробале од таа храна, дали и вие би поделиле оброк со нас, на улица во 3 наутро? Да знаете само колку е вкусен оброкот во друштво на улица, бидејќи со правилник, со телеграми ни забранивте да јадеме како луѓе.

Дали министре и вие со вашиот привезок имате конзерва грав за јадење во вашето бесплатно мени во МВР? ИЛИ ЛЕБ ОД ПРЕД 15 ДЕНА? ИЛИ ПАШТЕТА СО СОМНИТЕЛНО ПОТЕКЛО И ИЗМИНАТ РОК? ИЛИ ПАК ШИШЕ ВОДА КОЕ ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ САМО АКО ГО СОБЕРЕ ВО КАМИОНОТ ЗА ПРЕВОЗ???

А можеби и ручате во влада каде има зготвена храна и мени поефтино и од приготвено дома???

Реалноста е сурова во овој случај и се покажува на тоталната негрижа Ваша и полтронството на МПС со самото тоа што одобриле и се потпишале да се донесе овој правилник.

А замислете ја и дискриминацијата што колегите муслимани ни "лифкаат" на гравот со колбас додека јадат само пилешки паштети. Како за нив да нема грав со говедски колбас, ама тој изгледа е малку поскап, па паштетата е идеално решение.

Нека е и правилник Министре, ама барем овој пат да не третиравте како луѓе а не како стока, барем храна да ни се поделеше што барем ќе може да се јаде и нема да не затруе.

И ова е можеби премногу што бараме, нели? Нити ви било нити ќе ви биде гајле за твојата ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Затоа што таа е само во главите Ваши, ЈА НЕМА ВО РЕАЛНОСТА.

Ова е уште еден доказ за тоа!!!

The post СПМ до Спасовски: Со конзерва грав во 3 наутро не се создава задоволна полиција appeared first on Република.

]]>

Реакција од Синдикатот на полицијата во Македонија до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, насловена „Со конзерва грав во 03 наутро не се создава задоволна полиција“, која ви ја пренесуваме во целост: Некои од нас, кои беа во средното полициско училиште, се сеќаваат на Др. Ѓоко Този, тогашен директор на ЦОКБОС. Тој имаше една навика, многупати да дојде на ручек во кујната и да руча заедно со нас. Тогаш како деца, не ни беше важно, но гледајќи од денешна преспектива, човекот беше навистина човек и со таа негова навика ни даваше на значење, а и тоа дека никој не е повеќе од некој туку дека сме сите исти како луѓе, не дели само искуството и образованието. Гледајќи што денес се случува со нашиот најголем старешина(читај Министер) и неговите единствени привезоци, таа теорија на Др. Този изгледа одамна не важи. Гледајќи можност за тендер, а со тоа и да спречат исплата на средствата за храна за ноќна смена, си измислија правилник со кој одредуваат некаква достава на исхрана. Ама каква? Најверојатно не е за луѓе бидејќи нормален човек не јаде грав во 3 часот наутро и тоа од конзерва, па и на улица. Не јаде леб од пред 15 дена. А уште помалку храна за да се затруе. А што е и многу интересно, полицаецот треба да си носи прибор за јадење и плинско, небаре е некаде на преживување, а не во урбана средина. Но да го прашаме прво Министерот: Дали министре и вие би пробале од таа храна, дали и вие би поделиле оброк со нас, на улица во 3 наутро? Да знаете само колку е вкусен оброкот во друштво на улица, бидејќи со правилник, со телеграми ни забранивте да јадеме како луѓе. Дали министре и вие со вашиот привезок имате конзерва грав за јадење во вашето бесплатно мени во МВР? ИЛИ ЛЕБ ОД ПРЕД 15 ДЕНА? ИЛИ ПАШТЕТА СО СОМНИТЕЛНО ПОТЕКЛО И ИЗМИНАТ РОК? ИЛИ ПАК ШИШЕ ВОДА КОЕ ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ САМО АКО ГО СОБЕРЕ ВО КАМИОНОТ ЗА ПРЕВОЗ??? А можеби и ручате во влада каде има зготвена храна и мени поефтино и од приготвено дома??? Реалноста е сурова во овој случај и се покажува на тоталната негрижа Ваша и полтронството на МПС со самото тоа што одобриле и се потпишале да се донесе овој правилник. А замислете ја и дискриминацијата што колегите муслимани ни "лифкаат" на гравот со колбас додека јадат само пилешки паштети. Како за нив да нема грав со говедски колбас, ама тој изгледа е малку поскап, па паштетата е идеално решение. Нека е и правилник Министре, ама барем овој пат да не третиравте како луѓе а не како стока, барем храна да ни се поделеше што барем ќе може да се јаде и нема да не затруе. И ова е можеби премногу што бараме, нели? Нити ви било нити ќе ви биде гајле за твојата ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Затоа што таа е само во главите Ваши, ЈА НЕМА ВО РЕАЛНОСТА. Ова е уште еден доказ за тоа!!!

The post СПМ до Спасовски: Со конзерва грав во 3 наутро не се создава задоволна полиција appeared first on Република.

]]>
Во депо за отпад во Косово откриени 36 тони месо со истечен рок https://republika.mk/vesti/balkan/vo-depo-za-otpad-vo-kosovo-otkrieni-36-toni-meso-so-istechen-rok/ Wed, 16 Mar 2022 11:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=473688

Косовската полиција уапсила две лица и запленила 36.180 килограми месо со истечен рок во месноста Захаќ во градот Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, се работи за телешко и пилешко месо и риба по потекло од Бразил, Италија и Полска. Месото, кое е откриено во депо за отпадоци, е конфискувано и ќе биде уништено.

Во врска со случајот се уапсени лицата А.Х., менаџер на пет деловни единици и А.А., заменик директор на депото за отпадоци.

Тие се сомничат за кривичното дело „производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени производи“. На А.Х.му е одреден 48-часовен притвор, додека А.А. е пуштeн во редовна процедура.

The post Во депо за отпад во Косово откриени 36 тони месо со истечен рок appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција уапсила две лица и запленила 36.180 килограми месо со истечен рок во месноста Захаќ во градот Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението, се работи за телешко и пилешко месо и риба по потекло од Бразил, Италија и Полска. Месото, кое е откриено во депо за отпадоци, е конфискувано и ќе биде уништено. Во врска со случајот се уапсени лицата А.Х., менаџер на пет деловни единици и А.А., заменик директор на депото за отпадоци. Тие се сомничат за кривичното дело „производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени производи“. На А.Х.му е одреден 48-часовен притвор, додека А.А. е пуштeн во редовна процедура.

The post Во депо за отпад во Косово откриени 36 тони месо со истечен рок appeared first on Република.

]]>
Се даваат вакицни „фајзер“ со поминат рок https://republika.mk/vesti/makedonija/se-davaat-vakicni-fajzer-so-pominat-rok/ Thu, 06 Jan 2022 16:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=441376

Рокот на „фајзер“ вакцините истекол на 31 декември, но истите продолжуваат да се аплицираат, пренесува Телма.

Медицинските лица на вакциналните пунктови ги известуваат граѓаните, но уверуваат дека добиле дозвола од компанијата, а и од македонското регулаторно тело за лекови МАЛМЕД, дека вакцините се добри и можат да се користат три месеци и по истекот на рокот.

https://youtu.be/WqQ6GlN06h8

The post Се даваат вакицни „фајзер“ со поминат рок appeared first on Република.

]]>

Рокот на „фајзер“ вакцините истекол на 31 декември, но истите продолжуваат да се аплицираат, пренесува Телма. Медицинските лица на вакциналните пунктови ги известуваат граѓаните, но уверуваат дека добиле дозвола од компанијата, а и од македонското регулаторно тело за лекови МАЛМЕД, дека вакцините се добри и можат да се користат три месеци и по истекот на рокот. https://youtu.be/WqQ6GlN06h8

The post Се даваат вакицни „фајзер“ со поминат рок appeared first on Република.

]]>