помфрит Archives - Република https://republika.mk/tema/pomfrit/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 08:57:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помфрит Archives - Република https://republika.mk/tema/pomfrit/ 32 32 Луѓето кои јадат помфрит двапати во неделата имаат двојно поголем ризик за прерана смрт https://republika.mk/zivot/zdravje/lugeto-koi-jadat-pomfrit-dvapati-vo-nedelata-imaat-dvojno-pogolem-rizik-za-prerana-smrt/ Sat, 29 Jun 2024 20:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=791928

Резултатите од неодамнешно истражување пронашле врска измеѓу пржените компири и зголемениот ризик од смртта.

Студијата покажала дека луѓето кои јадат пржени компири барем два пати во неделата имаат двојно поголем ризик по својот живот за разлика од оние кои ја немаат оваа навика во исхраната.

Иако резултатите не докажале дека компирите директно ги „убуваат“ луѓето, тие едноставно покажуваат врска измеѓу луѓето кои преминале и нивните прехрамбени навики.

Имено, истражувачите ги испитувале навиките на 4.440 луѓе на возраст од 45 до 79 години и тоа во период од осум години. Вкупно 236 учесници починале по завршување на истражувањето, а тоа всушност биле оние кои јаделе пржени компири минимум два пати неделно.

Нутриционистот Џесика Кординг изјавила дека не е изненадена со овие резултати.

Пржените компири се храна која обезбедува многу калории, соли, трансмасни киселини, а минимално допринесува со хранливите состојки кои ги поседува. На телото повеќе му прават штета отколку корист – рекла Кординг.

Таа истакнува дека е важно што уште се јаде со компирот. Пример, неколку компирчиња со салата ќе доведат до поинакви ефекти врз здравјето за разлика од 200 грама помфрит во хамбургер.

 

The post Луѓето кои јадат помфрит двапати во неделата имаат двојно поголем ризик за прерана смрт appeared first on Република.

]]>

Резултатите од неодамнешно истражување пронашле врска измеѓу пржените компири и зголемениот ризик од смртта. Студијата покажала дека луѓето кои јадат пржени компири барем два пати во неделата имаат двојно поголем ризик по својот живот за разлика од оние кои ја немаат оваа навика во исхраната. Иако резултатите не докажале дека компирите директно ги „убуваат“ луѓето, тие едноставно покажуваат врска измеѓу луѓето кои преминале и нивните прехрамбени навики. Имено, истражувачите ги испитувале навиките на 4.440 луѓе на возраст од 45 до 79 години и тоа во период од осум години. Вкупно 236 учесници починале по завршување на истражувањето, а тоа всушност биле оние кои јаделе пржени компири минимум два пати неделно. Нутриционистот Џесика Кординг изјавила дека не е изненадена со овие резултати. Пржените компири се храна која обезбедува многу калории, соли, трансмасни киселини, а минимално допринесува со хранливите состојки кои ги поседува. На телото повеќе му прават штета отколку корист – рекла Кординг. Таа истакнува дека е важно што уште се јаде со компирот. Пример, неколку компирчиња со салата ќе доведат до поинакви ефекти врз здравјето за разлика од 200 грама помфрит во хамбургер.  

The post Луѓето кои јадат помфрит двапати во неделата имаат двојно поголем ризик за прерана смрт appeared first on Република.

]]>
Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите https://republika.mk/vesti/svet/nedostig-na-omilenite-namirnici-vo-svetot-nema-kompiri-pukanki-zagrozeni-i-pivopiite/ Tue, 21 Jun 2022 13:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=518088

Поради војната во Украина, светот се соочува со недостиг од популарни прехранбени производи.

Во текот на изминатите неколку месеци, многу популарни и секојдневни намирници во продавниците станаа ужасно скапи или многу тешко да се најдат, пишува „Блумберг“.

Исто така, во овој труд се наведува дека многу компании мака мачат да најдат алтернативи за производи кои не се достапни или се сè помалку на пазарот.

Проблемот се припишува на растегнатиот глобален синџир на снабдување, со голем број фактори кои се движат од неповолни временски услови и пандемијата на корона вирусот до геополитички тензии и зголемена побарувачка, кои придонесуваат за проблемот.

Во Германија луѓето што пијат пиво се соочуваат со недостиг од шишиња, делумно поради војната во Украина, која ги снабдува пиварите со стакло. Националните пиварници, кои веќе плаќаат повеќе за струја и јачмен, ги повикуваат клиентите да ги враќаат празните шишиња, пишуваат медиумите.

Во САД, пуканките станаа извор на загриженост за кинољубителите бидејќи фармерите размислуваат да се откажат од пченката во корист на попрофитабилните култури.

Проблемите не го поштедија ниту зеленчукот, а недостигот на зелена салата во Австралија го натера „КФЦ“ да става зелка во бургерите. Во Велика Британија, „Мекдоналдс“ поради недостиг, мораше да ги рационализира доматите, користејќи едно парче наместо две.

Гигантот за брза храна исто така мораше да престане да продава голем помфрит во неколку земји поради бавната испорака и глобалниот недостиг на компири.

Во меѓувреме, рестораните „КФЦ“ во Сингапур, наводно, го замениле помфритот со некаква мешавина од вафли. Во Кенија, корисниците на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на синџирот за брза храна бидејќи не користат компири од локално потекло.

Исто така, недостигот на храна ја погоди и Јапонија, што доведе до тоа рестораните да повлечат одредени јадења од своето мени.

Како што истакнува Мадхав Дурба, потпретседател за стратегија за синџирот на снабдување во „Coupa Software“, деловните лидери треба повторно да размислат од каде да увезуваат стоки.

Тој за „Блумверг“ вели дека, преку нови технологии и подобро планирање, тие можат да ги намалат потенцијалните доцнења, изгубените приходи и „постојаното гаснење пожари“ за да се справат со недостигот.

The post Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите appeared first on Република.

]]>

Поради војната во Украина, светот се соочува со недостиг од популарни прехранбени производи. Во текот на изминатите неколку месеци, многу популарни и секојдневни намирници во продавниците станаа ужасно скапи или многу тешко да се најдат, пишува „Блумберг“. Исто така, во овој труд се наведува дека многу компании мака мачат да најдат алтернативи за производи кои не се достапни или се сè помалку на пазарот. Проблемот се припишува на растегнатиот глобален синџир на снабдување, со голем број фактори кои се движат од неповолни временски услови и пандемијата на корона вирусот до геополитички тензии и зголемена побарувачка, кои придонесуваат за проблемот. Во Германија луѓето што пијат пиво се соочуваат со недостиг од шишиња, делумно поради војната во Украина, која ги снабдува пиварите со стакло. Националните пиварници, кои веќе плаќаат повеќе за струја и јачмен, ги повикуваат клиентите да ги враќаат празните шишиња, пишуваат медиумите. Во САД, пуканките станаа извор на загриженост за кинољубителите бидејќи фармерите размислуваат да се откажат од пченката во корист на попрофитабилните култури. Проблемите не го поштедија ниту зеленчукот, а недостигот на зелена салата во Австралија го натера „КФЦ“ да става зелка во бургерите. Во Велика Британија, „Мекдоналдс“ поради недостиг, мораше да ги рационализира доматите, користејќи едно парче наместо две. Гигантот за брза храна исто така мораше да престане да продава голем помфрит во неколку земји поради бавната испорака и глобалниот недостиг на компири. Во меѓувреме, рестораните „КФЦ“ во Сингапур, наводно, го замениле помфритот со некаква мешавина од вафли. Во Кенија, корисниците на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на синџирот за брза храна бидејќи не користат компири од локално потекло. Исто така, недостигот на храна ја погоди и Јапонија, што доведе до тоа рестораните да повлечат одредени јадења од своето мени. Како што истакнува Мадхав Дурба, потпретседател за стратегија за синџирот на снабдување во „Coupa Software“, деловните лидери треба повторно да размислат од каде да увезуваат стоки. Тој за „Блумверг“ вели дека, преку нови технологии и подобро планирање, тие можат да ги намалат потенцијалните доцнења, изгубените приходи и „постојаното гаснење пожари“ за да се справат со недостигот.

The post Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите appeared first on Република.

]]>
Крцкав и вкусен: Направете помфрит како во „Мегдоналдс“ https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/krckav-i-vkusen-napravete-pomfrit-kako-vo-megdonalds/ Fri, 17 Jun 2022 06:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=516184

Поранешниот член на тимот „Mythbusters“ Грант Имахара ја посети фабриката на Мекдоналдс во Ајдахо за да открие како се прави нивниот најпопуларен производ - помфрит. Постојат неколку фази на правење помфрит, па така по берењето компирот се лупи, бланшира и се сече со воден топ со пукање под притисок преку машина за сечење со брзина од 100 километри на час.

- Фала му на Бога, од компири е. Тоа е добар почеток – се шегува Имахара

Toj  откри уште 18 состојки кои се ставаат во омилениот прилог на сите

Целиот процес на подготовка на компири е исклучително едноставен. На самиот почеток се лупи и сече во потребната форма. Потоа се потопува во декстроза (природен шеќер) за да ја задржи својата златна боја, пред да се третира со динатриум пирофосфат, кој спречува компирот да стане сив на патот кон ресторан за брза храна.

Погледнете го видеото

https://www.youtube.com/watch?v=4WrqbDFGiuc

The post Крцкав и вкусен: Направете помфрит како во „Мегдоналдс“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот член на тимот „Mythbusters“ Грант Имахара ја посети фабриката на Мекдоналдс во Ајдахо за да открие како се прави нивниот најпопуларен производ - помфрит. Постојат неколку фази на правење помфрит, па така по берењето компирот се лупи, бланшира и се сече со воден топ со пукање под притисок преку машина за сечење со брзина од 100 километри на час.
- Фала му на Бога, од компири е. Тоа е добар почеток – се шегува Имахара
Toj  откри уште 18 состојки кои се ставаат во омилениот прилог на сите Целиот процес на подготовка на компири е исклучително едноставен. На самиот почеток се лупи и сече во потребната форма. Потоа се потопува во декстроза (природен шеќер) за да ја задржи својата златна боја, пред да се третира со динатриум пирофосфат, кој спречува компирот да стане сив на патот кон ресторан за брза храна. Погледнете го видеото https://www.youtube.com/watch?v=4WrqbDFGiuc

The post Крцкав и вкусен: Направете помфрит како во „Мегдоналдс“ appeared first on Република.

]]>
Компирчињта биле потемнети и крцкави: Кога ја реновирале куќата нашле помфрит од Мекдоналдс стар 60 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kompirchinjta-bile-potemneti-i-krckavi-koga-ja-renovirale-kukjata-nashle-pomfrit-od-mekdonalds-star-60-godini/ Mon, 02 May 2022 17:18:44 +0000 https://republika.mk/?p=496324

Брачниот пар Грејс и Роб Џонс неодамна при реновирање на својата куќа нашле помфрит од Мекдоналдс во обвивка стара 60 години.

Добро сочуваните компирчиња наводно се направени меѓу 1955 и 1961 година, а биле најдени сокриени зад ѕидот од бањата во семејната куќа.

На ќесичката се наоѓа логото на Мекдоналдс од тоа време, односно „Спиди“ - оригиналната маскота на овој ланец на брза храна.

При реновирањето во ѕидот пронашле мистериозна ќеса во која имало две обвивки за хамбургер и пакување помфрит кој не бил дојаден.

Кога го пронајдовме, со сопругот се погледнавме и се прашувавме дали да повикаме полиција бидејќи можеби сме откриле докази од место на злосторство - вели Грејс.

Како што појаснуваат Грејс и Роб, помфритот бил крцкав со кафеава боја и не бил расипан иако е направен пред повеќе од шест децении.

По ваквото откритие парот вели дека го пронашле човекот кој го јадел оброкот додека ја преправал бањата. Грејс и Роб велат дека планираат да го продадат оброкот на вистинскиот купец.

The post Компирчињта биле потемнети и крцкави: Кога ја реновирале куќата нашле помфрит од Мекдоналдс стар 60 години appeared first on Република.

]]>

Брачниот пар Грејс и Роб Џонс неодамна при реновирање на својата куќа нашле помфрит од Мекдоналдс во обвивка стара 60 години. Добро сочуваните компирчиња наводно се направени меѓу 1955 и 1961 година, а биле најдени сокриени зад ѕидот од бањата во семејната куќа. На ќесичката се наоѓа логото на Мекдоналдс од тоа време, односно „Спиди“ - оригиналната маскота на овој ланец на брза храна. При реновирањето во ѕидот пронашле мистериозна ќеса во која имало две обвивки за хамбургер и пакување помфрит кој не бил дојаден.
Кога го пронајдовме, со сопругот се погледнавме и се прашувавме дали да повикаме полиција бидејќи можеби сме откриле докази од место на злосторство - вели Грејс.
Како што појаснуваат Грејс и Роб, помфритот бил крцкав со кафеава боја и не бил расипан иако е направен пред повеќе од шест децении. По ваквото откритие парот вели дека го пронашле човекот кој го јадел оброкот додека ја преправал бањата. Грејс и Роб велат дека планираат да го продадат оброкот на вистинскиот купец.

The post Компирчињта биле потемнети и крцкави: Кога ја реновирале куќата нашле помфрит од Мекдоналдс стар 60 години appeared first on Република.

]]>
Зејтинот стана прескап, а и го нема: Германците во страв почнаа да го тргаат помфритот од менито https://republika.mk/vesti/svet/zejtinot-stana-preskap-a-i-go-nema-germancite-vo-strav-pochnaa-da-go-trgaat-pomfritot-od-menito/ Wed, 30 Mar 2022 07:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=480652

Поради украинската криза, Германците ги празнат рафтовите со сончогледово масло во продавниците, а веќе се појавија и првите угостители коишто го тргаат помфритот од менито поради недостигот на масло и високите цени.

Со оглед на тоа што Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка, но и земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците почнаа да се откажуваат од помфритот.

Еден од првите угостители, кој го избриша помфритот од менито е Фреди Балер од Дармштат.

Тој за дневниот весник „Билд“ вели дека има проблеми со зејтинот потребен за фритезите, како и дека сончогледовото масло многу поскапело.

Балер во јануари плаќал 90 евроценти за литар масло од репка, а денес тоа чини и до четири евра за литар. Тој вели дека тоа е прескапо и би било неизбежно драстично да се зголеми цената на помфритот.

Цените на маслото во германските супермаркети скокнаа за 29 отсто.

https://republika.mk/vesti/svet/incidenti-vo-germanija-poradi-golema-pobaruvachka-za-zejtin/

Во супермаркетите во соседна Австрија, пак, нема проблеми со снабдувањето со масло.

Во Австрија се нудат масло од репка и сончогледово масло од домашно производство, но угостителите го користеа многу поевтиното украинско масло, кое сега е заменето со тоа од домашно производство.

Австриските власти посочуваат дека снабдувањето со масло е обезбедено и дека граѓаните не мора да прават залихи.

The post Зејтинот стана прескап, а и го нема: Германците во страв почнаа да го тргаат помфритот од менито appeared first on Република.

]]>

Поради украинската криза, Германците ги празнат рафтовите со сончогледово масло во продавниците, а веќе се појавија и првите угостители коишто го тргаат помфритот од менито поради недостигот на масло и високите цени. Со оглед на тоа што Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка, но и земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците почнаа да се откажуваат од помфритот. Еден од првите угостители, кој го избриша помфритот од менито е Фреди Балер од Дармштат. Тој за дневниот весник „Билд“ вели дека има проблеми со зејтинот потребен за фритезите, како и дека сончогледовото масло многу поскапело. Балер во јануари плаќал 90 евроценти за литар масло од репка, а денес тоа чини и до четири евра за литар. Тој вели дека тоа е прескапо и би било неизбежно драстично да се зголеми цената на помфритот. Цените на маслото во германските супермаркети скокнаа за 29 отсто. https://republika.mk/vesti/svet/incidenti-vo-germanija-poradi-golema-pobaruvachka-za-zejtin/ Во супермаркетите во соседна Австрија, пак, нема проблеми со снабдувањето со масло. Во Австрија се нудат масло од репка и сончогледово масло од домашно производство, но угостителите го користеа многу поевтиното украинско масло, кое сега е заменето со тоа од домашно производство. Австриските власти посочуваат дека снабдувањето со масло е обезбедено и дека граѓаните не мора да прават залихи.

The post Зејтинот стана прескап, а и го нема: Германците во страв почнаа да го тргаат помфритот од менито appeared first on Република.

]]>